Су-07.бр.0102-2/15
Судскиот администратор на Управен суд, Виолета Василева, согласно со член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“бр.98/2008; бр.150/2010) и член 61 став 3 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“бр.66/2013 и бр.114/2014), а по донесениот распоред за работа на Управен суд од претседателот на Судот, на 14.01.2015 година, го донесе следниот:
РАСПОРЕД ЗА РАБОТА
на вработените во судската служба на Управен суд за 2015 година
Судскиот администратор, Виолета Василева, ќе ги извршува работите и работните задачи што се во нејзина надлежност согласно со одредбите од Законот за судска служба и Судскиот деловник.
Во случај на отсуство, судскиот администратор ќе го заменува стручниот судски службеник Јована Василевска Мициќ, виш судски соработник за решавање управни спорови, која ќе врши и информативно – документациски работи што се во надлежност на судската управа, а е определена и за лице за вршење на работите од областа на јавните набавки во Судот.
Стручниот судски службеник, Емилија Џоневска, советник за постапување по претставки и предлози, ќе постапува по доставените претставки и предлози во Судот, согласно со одредбите од Законот за постапување по претставки и предлози и одредбите од Судскиот деловник.
Администратор на АКМИС е судскиот службеник Сања Цветкова, советник – информатичар.
Судскиот службеник Драги Јосимовски, советник – информатичар, се распоредува да ги изработува сите месечни, периодични и годишни извештаи за работата на Судот, како и извештаите од Работното тело за управување со движењето на предметите во овој суд.
СТРУЧНИ СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
Стручните судски службеници Ирена Васовска, виш судски соработник за решавање управни спорови и Ајла Шех, помлад судски соработник за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Рахилка Стојковска, Благородна Аранѓелова и Анета Џигерова.
Стручните судски службеници Снежана Кипровска, виш судски соработник за решавање управни спорови, Елеонора Хамулиќ Ајро, судски соработник за решавање управни спорови и Сали Бајрами, помлад судски соработник за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Лулзим Салиу, Валентина Конеска, Ѓоко Живковски и Исмета Амет.
Стручните судски службеници Мирче Марковски, судски советник за решавање управни спорови, Љубица Стојковска Перковска, виш судски соработник за решавање управни спорови и Авдиљ Јонузи, помлад судски соработник за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Драгослав Радичевски, Габријела Михајловска, Тања Терзиева и Дрита Мемети.
Стручните судски службеници Сузана Стојановска, виш судски соработник за решавање управни спорови и Атеме Јакуповска, помлад судски соработник за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Нада Иванова, Мустафа Шахини, Весна Јовановска и Газменд Фејзуљи. Со наведените судии се распоредува да работи и стручниот судски службеник Незаат Реџепи, на која и завршува родителското отсуство во февруари оваа година, а до тогаш стручниот судски службеник Емилија Џоневска, се распоредува да работи со наведените судии, со половина норма определена за стручен судски службеник.
Стручните судски службеници Оливера Петковска, виш судски советник за решавање управни спорови и Мирјанка Тренчевска, виш судски соработник за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Лидија Ивановска, Снежана Трповска и Билјана Никодиновска Петровска.
Раководниот судски службеник Јован Трпевски, раководител на одделение и стручните судски службеници Роберт Јордев и Ана Николовска, судски соработници за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска, Даниела Антовска и Едита Насковска.
Стручните судски службеници Ивана Смугревска Петрески и Лепосава Веноска, виши судски соработници за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Димитрула Апостоловска, Есма Алибашиќ Јонуз и Бурим Сејдини, а со овие судии се распоредува да работи и стручниот судски службеник Илина Смичковска, судски соработник за решавање управни спорови, со половина норма определена за стручен судски службеник, а се распоредува и за извршување стручни работи во рамките на судската управа за потребите на претседателот на Судот.
Стручните судски службеници Добрила Бришкоска Арсова и Игорчо Точев, виши судски соработници за решавање управни спорови, се распоредуваат да работат со судиите Рамије Абдурахими – Цара, Марта Телегравчиска и Гордана Илиевска.
Стручниот судски службеник Биљана Димовска – помлад судски соработник за решавање управни спорови, се распоредува да извршува работни задачи поврзани со огласување правосилност на судските одлуки.
АДМИНИСТРАТИВНО - ТЕХНИЧКИ СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
Во приемната писарница се распоредуваат административно – техничките судски службеници: Анета Митиќ, самостоен судски референт за прием и експедиција на пошта, Елена Бојковска, виш судски референт – извршител во писарница и судските референти – доставувачи Лазар Николовски и Рахман Исуфи. Во приемната писарница се распоредува и операторот на телефонска централа Симе Арсовски.
Во судската писарница се распоредуваат административно – техничките судски службеници:
Наташа Кузмановска, виш судски референт – извршител во писарница, се распоредува како водител на судската писарница, која ќе постапува и по писмените барања за известување во врска со прашања за постапката по определени предмети, а по потреба ќе биде ангажирана и во приемната писарница.
Соња Величковска, самостоен судски референт – водител на писарница, ќе работи со предметите од имотно – правната област и други права.
Александра Петковска помлад судски референт – извршител во писарница, ќе работи со предметите од областа на урбанизмот, градежништвото и други права.
Ирина Дивјак и Жаклина Грујиќ, помлади судски референти – извршители во писарница ќе работат со предметите од областа на денационализацијата и други права.
Рухан Лимани и Диљавер Исени, помлади судски референти – извршители во писарница ќе работат со предметите од областа на пензиите, правата од пензиско и инвалидско осигурување и други права.
Весна Михајлова, виш судски референт – извршител во писарница и Драган Илиевски, помлад судски референт – извршител во писарница, ќе работат со предметите од областа на јавните набавки и други права.
Бујар Зибери, помлад судски референт – извршител во писарница, ќе работи со предметите од областа на царините и други права.
Нада Иванова, виш судски референт - извршител во писарница и
Решат Баки, се распоредуваат за експедиција на судските одлуки.
Вишите судски референти за обработка на документација – дактилографи, Славица Лазороска, Весна Коцевска, Александра Гоческа Крстевска, Ирена Карагонова и Рената Николовска, се распоредуваат да работат со сите судии во Судот, според претходно утврден месечен распоред за работа.
Нивната работа ќе ја ќе ја координира судскиот службеник Бојана Ѓаковска, виш судски референт за обработка на документација – дактилограф, која ќе го изработува и месечниот распоред за работа на дактилографите, а привремено ќе врши и работи што ги опфаќа непополнетото работно место – технички секретар на претседателот на Судот.
СУДСКИ АДМИНИСТРАТОР
Виолета Василева
Достарыңызбен бөлісу: |