РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВИШ УПРАВЕН СУД
0807 Су.бр.170/2015
25.08.2015 година
Скопје
Претседателот на Вишиот управен суд, Лидија Ивановска,согласно со член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“бр.58/2006; бр.150/2010) и член 113 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“бр.66/2013), на ден 25.08.2015 година, донесе го утврди следниот:
РАСПОРЕД ЗА измена И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
РАСПОРЕДОТ ЗА РАБОТА НА ВИШ УПРАВЕН СУД ЗА 2015 ГОДИНА
Во точка I на прва страна на местото , Претседателот на судот, Розалиа Кочковска, ќе стои Претседателот на судот, Лидија Ивановска,
Во точка III,со наслов ПОМОШНО ТЕЛО, на прва страна , став 2 ,се МЕНУВА И ГЛАСИ и ќе гласи
Помошното тело ќе го сочинуваат:
Лидија Ивановска - претседател на Вишиот управен суд
Анита Данилова– судија, претседател на совет, во рамките на I-от специјализиран судски оддел
Владанка Панчурова Сулејманова – судија, претседател на совет, во рамките на II–от специјализиран судски оддел
Виолета Илиевска– судија, претседател на совет, во рамките на III-от специјализиран судски оддел.
Во точка IV со наслов СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СУДСКИ ОДДЕЛИ, на втора страна , во став 2 и 3 ,се МЕНУВА И ГЛАСИ
I – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА
Во рамките на овој оддел се формира еден совет, во состав кој се распоредуваат судиите: , Анита Данилова претседател на совет Лидија Георгиевска– член на совет и Светлана Костова – член на совет.
Во овој оддел се одлучува за приватизација на градежно земјиште; трансформација на градежно земјиште; предимствено право на користење на градежно земјиште, доделување на градежно земјиште, одземање на градежно земјиште,трансформација; утврдување содржина на недвижности; запишување во катастар на недвижности; измена во катастарска евиденција; образование; работни односи од областа на образованието; мерки на инспекциски надзор од областа на работните односи од областа на образованието, и прекршоци; трансформација на претпријатија со општествен капитал; денационализација; експропријација; деекспропријација; одобрение за градење; мерки на инспекциски надзор од областа на одобрение за градење; одобрение за употреба на објект; мерки на инспекциски надзор; запирање на градба; уривање на објект; станбени; прекин на градба; мерки на инспекциски надзор од областа на прекин на градба; отстранување на градба, објект- времен објект; мерки на инцпекциски надзор од областа на отстранување на градба, објект- времен објект; одобрение за реконструкција, пренамена, адаптација; мерки на инспекциски надзор од областа на одобрение за реконструкција, пренамена, адаптација;решение за локациски услови; мерки на инспекциски надзор од областа на решение за локациски услови; воздухопловство; одобрение за вршење линиски превоз; мерки на инспекциски надзор од областа на линиски превоз; електронски комуникации; мерки на инспекциски надзор од областа на електронски комуникации; радиодифузија; мерки на инспекциски надзор од страна на Советот за радиодифузија; комунална дејност; мерки на инспекциски надзор од областа на комунална дејност; животна средина; мерки на инспекциски надзор од областа на животна средина; водостопанска согласност; одобрение за изградба на водостопански објект; мерки на инспекциски надзор од водостопанство; шумарство; одлука за раскинување на договор за закуп; мерки на инспекциски надзор од земјоделството; финансиска поддршка за рурален развој; надомест за заклан добиток; поврат на средства од субвенции; сточарство; мерки на инспекциски надзор од областа на сточарство; ветеринарство; мерки на инспекциски надзор од областа на ветеринарство; лов; мерки на инспекциски надзор од областа на лов; мерки на инспекциски надзор од областа на риболов; молчење на администрација на органите во овие области ,управни договори во овие области,како и други основи од оваа областа и сите прекршоци,освен царинските.
Во рамките на овој оддел, се формира судско одделение за имотно – правна област и други права
Распоредот на стручни судски службеници во ова одделение по екипирање на овој кадар, ќе биде конкретизиран.
II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права
Во рамките на овој оддел се формира еден совет. Во овој совет се распоредуваат судиите: Владанка Панчурова Сулејманова – претседател на совет, Дијана Димитрова- член на совет и Фани Илиевска – член на совет .
Во овој оддел се одлучува за правата на старосна пензија; инвалидска пензија; семејна пензија; земјоделска пензија; најнизок износ на пензија; усогласување на пензија; нов износ на пензија; распоредување на други соодветни работи, преквалификација, доквалификација и право на други надоместоци; права на паричен надоместок за телесно оштетување; професионална рехабилитација; утврдување на стаж на осигурување - пензиски стаж; право на социјална помош; додатоци на деца; регулирање на правото за остварување на односи,доделување и начин на видување на родителите со малолетните деца; право на посвојување на дете; старателство;родителски додаток; права за надомест на плата за скратено работно време поради нега на телесно или интелектуално попречено дете; право на здравствена заштита; еднократна помош; постојана парична помош; помош и нега на друго лице; мирновремена воена инвалиднина; надзорни мерки на инспекторот на трудот; други основи од областа и прекршоци; права од задолжително здравствено осигурување;право и надомест за лекување во земјата и во странство; право на надоместоци за набавени лекови и медицински помагала; права од здравствено - санитарен надзор и контрола; придонеси за пензиско и инвалидско осигурување од работни односи; придонес за здравствено осигурување, евиденција по основ на невработеност права по основ на невработеност; надоместок по основ на невработеност, лиценци за приватна здравствена организација; права од здравствено - санитарен надзор и контрола;молчење на администрација и управни договори од горе наведени области и други основи од областа,како и сите прекршоци,освен царинските. прекршоци.
Во рамките на овој оддел, се формира судско одделение за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права
Распоредот на стручни судски службеници во ова одделение по екипирање на овој кадар, ќе биде конкретизиран.
III – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА
Во рамките на овој оддел се формира еден совет, во кој се распоредуваат судиите: Виолета Илиевска – претседател на совет, Мирјана Василевска – член на совет и Загорка Тноковска – член на совет.
Во овој оддел ,се одлучува за јавни набавки; разрешување од должност - носители на јавна функција; обвинители, нотари; извршители, адвокати; разрешување од должност од областа на образованието; јавни давачки; данок на промет на производи и услуги; персонален данок; данок на добивка; данок на додадена вредност; данок на имот; контрола на данок; присилна наплата; молчење на администрација од областа на присилна наплата; одлагање на извршување, заштита на лични податоци; пристап до информации од јавен карактер (заштита на лични податоци); одобрение за вршење дејност; мерки на инспекциски надзор од областа на стопанството; забрана за вршење дејност; игри на среќа; дозвола од игри на среќа; дозвола од осигурување адвокати; класифицирани информации; сертификати; економија; конкуренција (доминитна позиција);централен регистар; пристап до информации од јавен карактер; права од индустриска сопственост; жиг; банкарски работи; концесии; акцизи; одбрана; деловен субјект; енергетика; заштита на споменици; авторски права; хартии од вредност; царини; комунална такса; судска такса; надомест за користење градежно земјиште; живеалиште; статус на бегалец – азил; возила; патни исправи; државјанство; престојувалиште, матична евиденција; оружје; молчење на администрација и управни договори од горе наведени области и други основи од областа,како и само царински прекршоци и прекршоци од даноци.
Во рамките на овој оддел, се формира судско одделение за финансиски, царински, даночни и други права.
Распоредот на стручни судски службеници во ова одделение, по екипирање на овој кадар ќе биде конкретизиран.
Седниците на советите, ќе се одржуваат најмалку еднаш во неделата. По потреба, претседателите на советите меѓусебно ќе се заменуваат, а на ист начин ќе се заменуваат и судиите членови во овие совети, со Одлука на претседател на судот
По однос на тужбите за повторување на постапката, по кои одлуките ги донесува Вишиот управен суд, како суд пред кој е завршена постапката, ќе одлучува советот кој одлучувал во донесувањето на одлуките во жалбената постапка која се водела пред Вишиот управен суд кој ќе биде во ист состав, а при тоа, тој совет ќе биде дополнет со два други члена од редот на судии од другите совети, односно совет составен од петмина судии,со определување со Одлука на претседател на судот.
Вишиот управен суд ќе врши редовни и вонредни посети на Управен суд,работни средби со претседателите на советите и судиите, заради увид во работата, како и за прибирање податоци во врска со примената на законите, следењето на судската практика и други потребни податоци.Во некои од посетите ќе учествува и Претседателот на Виш управен суд,според одредбата од член 24 од Судски деловник.
Овластување на претседателот на судот од повисок степен
Претседателот на судот од повисок степен и од него овластеното лице има право на увид во евидентираните податоци на судовите од
подрачјето на неговата надлежност. Повисокиот суд најмалку еднаш во годината одржува заеднички состанок и советување на судиите од повисокиот суд и судиите од пониските судови од подрачјето на неговата надлежност, заради разгледување на прашања од заедничко значење за работата на пониските судови. За состаноците и заклучоците задолжително се известува Судскиот совет на Република Македонија и Врховниот суд на Република Македонија.
Претседателот на судот во работите на судската управа врши надзор над работењето на судот од понизок степен од своето подрачје.
При вршењето на надзорот судот од повисок степен прибавува извештаи и други податоци за работата на судовите од понизок степен од соодветното подрачје. Претседателот на судот од повисок степен во согласност со програмата за работа, лично или преку определени судии или други стручни лица врши преглед на целокупното работење или на поодделно работење на судовите од понизок степен од подрачјето на неговата надлежност.
За извршениот преглед, констатираната состојба и мерките коишто треба да се преземат во судот во кој е извршен надзорот, судот од повисок степен поднесува извештај до Врховниот суд на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Министерството за правда, за што го известува судот во кој бил извршен надзорот.
Се менува РАСПОРЕДОТ ЗА РАБОТА НА ВИШ УПРАВЕН СУД ЗА 2015 ГОДИНА, во делот АДМИНИСТРАТИВНО – ТЕХНИЧКИ СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ и се брише Милица Аврамовска - виш судски референт – извршител во писарница
Во останатиот дел РАСПОРЕДОТ ЗА РАБОТА НА ВИШ УПРАВЕН СУД ЗА 2015 ГОДИНА, ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТ.
Забелешка
Според член 177 од Судскиот деловник (Службен весник на РМ бр.66/13), Предметите распределени на судијата може повторно да се распределат на друг судија, по донесено решение на претседателот на судот заведено во СУ уписник, а причина за прераспределба на предмети може да биде: барање за иземање на судија (од странките, од судијата, одлука на повисок суд и др.), судијата повеќе да не работи на одреден вид предмет, доделен нов судија за одреден вид предмет, отсуство на судија за предмет од итен карактер кој не трпи одлагање на постапката.
Според цитираната одредба,предметите ,кои не се решени од страна на судијата Дијана Димитрова, заведени по УЖ 1, која е распоредена во II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права, ќе се расподелат според АКМИС на судиите од I – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ИМОТНО – ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА, освен прекршоци,со кои судијата е задолжен.Нерешените предмети од страна на судиите Владанка Панчурова Сулејманова и Фани Илиевска, се одземаат и равноправно се распоредуваат повторно по АКМИС, на тројца судии од овој судски оддел. Предметите, со основ придонеси за пензиско и инвалидско осигурување од работни односи; придонес за здравствено осигурување, права по основ на невработеност; надоместок по основ на невработеност,кои до сега беа во надлежност, а кои не се решени од страна на судиите во III – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА, се расподелуваат во II – специјализиран судски оддел за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права,
.
Сите досега расподелени прекршоци, остануваат кај судиите, а царинските се расподелуваат в III – СПЕЦИЈАЛИЗИРАН СУДСКИ ОДДЕЛ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА. Од денес 25.08.2015 година, распределбата на предметите , ќе се врши според овој распоред. Административно вратени предмети, ќе се распоредат на судиите, кои ги вратиле во Управниот суд, а доколку судијата, е распореден на друга област, во мегувреме, административниот предмет преку систем АКМИС, ќе се распореди во советот на судии, кои се надлежни за одлучување од соодветната област.
Претседател на ВИШ УПРАВЕН суд
Лидија Ивановска
Достарыңызбен бөлісу: |