Соопштение за јавноста, 20. 12. 2011 „Рио бар,роман од Ивана Сајко



Дата07.07.2016
өлшемі12.87 Kb.
#182390
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА, 20.12.2011

„Рио бар“,роман од Ивана Сајко (Блесок, 2011, 136 стр.)

Почитувани,

Со овој допис ве информираме дека во едицијата с.р. (современ роман / своерачно), Блесок го објави романот „Рио бар“ на Ивана Сајко, во превод од хрватски на Игор Исаковски.

За книгата:

Факт е дека Ивана Сајко со своите текстови, како ретко кој, му реплицира на моментот. И тоа не еднаш.

Radio 101

Нејзиниот текст е всушност долг внатрешен монолог, трескавично истресена струја на свеста.

Frankfurter Rundschau

Таа се занимава со темнините на човечката природа и во тоа вложува жестока интелигенција и страст. А при тоа е и во врвот на својот занает.

The Australian

Нејзиниот ракопис е комплексен и повеќеслоен, фокусиран на вртоглави премини помеѓу самата авторка и нејзиниот лик.

The Age


Циничен гест против „модерниот, имашлив и калоричен“ менталитет. И сето тоа со бучен коментар.

Vjesnik


Книгата е објавена со поддршка на ТРАДУКИ, мрежа за книжевност во која членуваат Министерството за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Министерството за надворешни работи на Федеративна Република Германија, Фондацијата за култура Про Хелвеција од Швајцарија, КултурКонтакт од Австрија, Гете институт, Словенечката агенција за книга, Хрватското министерство за култура и Фондацијата С. Фишер.

Исто така, ве известуваме дека по повод новитетите во е-книжарницата на Блесок (додадени се можности за плаќање преку интернет со македонски кредитни картички, преку системот Касис и УНИ банка, плаќање со поштенска и банкарска уплатница, а задржано е плаќањето преку PayPal), на сите свои читатели Блесок им нуди повеќе од сто наслови (распоредени во 13 едиции) со попуст од 40% до 7 јануари 2012 година.

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет