Закон за изменување и дополнување на Закон за акцизите, по скратена постапка второ и трето читање



бет3/7
Дата06.07.2016
өлшемі395 Kb.
#181747
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Марјанчо Николов има збор, повелете.



Марјанчо Николов: Почитувани граѓани, колеги пратеници, господине заменик министер, не знам многу има закони кои што многу често ги менувате за многу кратко време и Законот за јавни набавки е еден од тие закони. Ова е десета измена на Законот за јавни набавки од 2008 година кога е донесен и замислете втора измена во оваа 2014 година. значи за 45 дена од кои што во јануар најмалку 3-4 дена беа празници вие успеавте Законот за јавни набавки по втор пат да предложите во Собрание да се менува. Не знам дали постои друг таков закон, можеби само Законот за градење има „пославна историја“ од честотата на менување на одредбите на законот. Втор е веројатно законот за јавни набавки. Така и овие измени кои сега ги предлагате се однесуваат во најголем дел на усогласување со одредбите од законите за административни и јавни службеници и повторно инсистирате услов тоа е познавање на еден од странските јазици кој што се докажува со меѓународно признат сертификат. Ние најмногу зборуваме за сертификатот Тоефел, и барате најмалку 74 бода кои што треба да ги има едно лице до колку сака да биде назначено за директор на Бирото за јавни набавки или да биде во Советот за јавни набавки. Меѓутоа господине заменик министер ова решение или дополнителен услов во одредени ситуации може да придонесе да некој кандидат кој навистина е стручен и многу добро ја познава проблематиката на јавните набавки да не може да биде избран на таа функција само затоа што не може да обезбеди ваков меѓународен сертификат, можеби и ги знае англискиот јазик, меѓутоа баш оваков сертификат дали поради финансиски причини, дали поради други причини не може да обезбеди. И затоа за сите законски решенија и за овие ненадминливо како стручноста ја подредувате на административни критериуми на кои што им давате приоритет. Зборуваме за јавни институции, зборуваме за јавна администрација, зборуваме за целта која што сакаме да ја постигнеме, а тоа да имаме професионална и одговорна јавна администрација. Тоа тешко се постигнува, меѓутоа сега воведувате критериуми кои што во одредени ситуации може да доведат да бидат избрани лица кои што се помалку квалитетни од другите кандидати. Ставете критериуми кои што можат да доведат одредени лица само затоа што немаат парични средства затоа што овие сертификати чинат пари да не можат да конкурираат за тие работни места. Сега тоа во пракса кога ќе почне да се применува нели по дев години од стапувањето во сила на Законот ако се покаже дека ние сме биле во право и дека сте биле со погрешни визии како да ја унапредите работата на овие јавни институции со воведување на дополнителен услов, веројатно повторно ќе биде извинете згрешивме и никој нема да носи одговорност, а една недела работи Собранието, троши финансиски средства за да овие 122 закона ги поминеме. При тоа вие не дебатирате овде со нас овде во најголем дел очекувате да заврши дебатата, да дојде чинот на гласање и за заврши постапката за законите. Она што сакате да го кажете го кажувате само она што ви одговара, го правите преку реклами на медиумите. Собранието не е простор каде што може со вас да се дебатира. Многу ретко се одлучувате на дебата по овие законски решенија. Можеби на Комисија имало повеќе дебата, но овде во Собранието еве за оваа недела многу малку дебата, многу малку спротивставуваме документи. Дали тоа значи дека нема контра аргументи на нашите, или мислите дека по старата шема лесно ќе создадете перцепција во јавноста со скапи реклами дека опозицијата не е во право. Меѓутоа јас ви тврдам дека голем број на граѓани само затоа што немаат финансиски средства да ги обезбедат овие сертификати и да платат дополнително за психолошки тест и тест за интегритет ќе не можат да конкурираат за одредени работни места. Одредени кандидати ќе излезат од изборот иако се можеби постручни и поквалитетни само затоа што исто така не можат да обезбедат вакви сертификати. И затоа правите голема грешка.

Клучната работа за Законот за јавните набавки, дебатираме повеќе пати овде во Собранието бидејќи многу често го менувате законот. Не е проблемот во Законот за јавни набавки, проблемот е во спроведувањето, во имплементацијата. Тука праксата покажува дека се катастрофални, дека 25% од тендерите во се поништуваат, 40% од тендерите се само со еден понудувач. Тоа значи дека голем број од овие постапки не се спроведуваат онака како што е пропишано со законот. Денеска јавните набавки не се простор за конкуренција рамноправна помеѓу компаниите и со тоа да се добие конкуренција и квалитет на наддавањето за спуштањето на цената, вие денеска вршите избор со еден понудувач каде што на еден тендер се јавил само еден понудувач вие го бирате тој и тоа не може да се каже дека навистина е добиена пониска цена и подобар квалитет, нема конкуренција. Се воведуваат услови во јавните набавки кои за жал значат не олеснување на поголем број на економски оператори да се пријават на тендерот, туку нивно елиминирање и ограничување, со барање обично на парични средства да ги имаат на жиро сметка во одреден износ кој ги исполнуваат само мал број на компании. Затоа колку и да го менувате Законот за јавни набавки, колку и да велите пред јавноста дека имаме добро законодавство, многу треба да поработите на имплементацијата. За овие 8 години преку јавните набавки за жал не се постига порационално трошење на парите на граѓаните. Не се постигна поголема конкурентност на економските оператори и голем дел од парите завршија во приватни џебови врз основа на злоупотреба или неправилно применување на одредбите од законот. И затоа и ова измена на Законот за јавни набавки во суштина нема да придонесе за поквалитетни и потранспарентни и поконкурентни јавни набавки. ќе продолжи праксата да имаме имаме јавни набавки за кои што однапред, за жал ќе биде познато кој ќе ги добие и тоа ќе биде на штета на граѓаните бидејќи нивните пари ќе се одливаат во приватни џебови. Една милијарда евра можеби вредат јавните набавки во Република Македонија. Зборуваме за сериозни пари, зборуваме за сериозни постапки. Но за жал Владата и другите институции кои што треба да применуваат едно законско решение до сега не се покажаа на нивото и јавните набавки во голема мера се злоупотребуваат во Република Македонија во насока на кршење на законот и нерационално трошење на парите на граѓаните.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Илија Димовски има реплика, повелете.



Илија Димовски: Благодарам.

Јас ја разбирам потребата на господинот Николов и генерално на пратеничката група на СДСМ да ги спорат сите активности, сите проекти, сите закони кои што ги носиме во Собранието, но мислам дека минимум коректност треба да запазиме помеѓу нас, заради тоа што можеби не толку често како колегата Николов, ние учествуваме во дебатата и пред се работиме и ги следиме материјалите.

Господине Николов, јас ќе ве потсетам дека во овие неколку години направени се низа измени на Законот за јавни набавки, тоа е факт, но тоа не е лошо. Зошто? Заради тоа што благодарение на тие низа измени на законите за јавни набавки во Република Македонија денеска имаме многу новитети кои што значат подобрување на работата на државните, локалните институции. На пример господине Николов, денеска е обврзна електронска аукција, тоа значи дека колку и да се јават на набавката на електронски во моментот наддаваат кој ќе ја спушти цената пониско. И тоа се случува во секоја јавна набавка.

Второ, моќта и овластувањата на Бирото за јавни набавки како централен орган кој што се грижи за водење на законска и транспарентна постапка и исклучително висока. На пример, господине Николов денеска за разлика од времето кога вашата партија била во Република Македонија секој средношколец, не експерт по финансии, по економија или по јавни набавки, секој средношколец може да отвори интернет и да види која институција, какви јавни набавки имала, до каде е постапката за секоја јавна набавка, која фирма ја добила таа јавна набавка и повторно да провери која е таа фирма која што ја добила јавната набавка. Значи процесот е транспарентен до максимум, впрочем сите овие скандали кои што излегоа се поврзани со тендерите во општина Струмица или во општина Куманово, излегоа на таков начин, ги има на интернет. Никој немало потреба да влегува во институции или да чека некој од внатре да достави материјал. Сите документи ги има на интернет, секој граѓанин, вие, јас, средношколец од средно училиште може да ги отвори и да ги погледне документите. Тоа е тоа што значи транспарентност во целата постапка и поука за оние кои грешеле до сега. Тоа што се поништувале тендери тоа значи дека има некој кој што водел контрола господине Николов. Или не се постигнати целите. Во оваа држава очигледно сега во општина Струмица и во општина Куманово каде што не се поништуваат тендери, но тендерите ги добиваат тие што за кои што знаеме добиваат, ништо не е спорно ако се поништи тендер. Дополнително имате годишни планови, имате месечни планови, пример отворате за било која институција денеска и знаете во кој месец ќе распише тендр за која јавна набавка, тоа не беше претходно господине Николовски. Тие се измените што сте ги правеле до сега и ќе продолжиме и понатаму да ги правиме за да се подигне транспарентноста во целиот процес. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николов Марјанчо има контра реплика, повелете.



Марјанчо Николов: Благодарам.

Колега Димовски, има меѓународни и домашни истражувања како функционираат јавните набавки во Република Македонија и вие повторно од позицијата да ги браните идеалните јавни набавки во наводници на вашата партија, ќе ви прочитам еден податок. Речиси половина од договорените органи 47,5% чии што постапки беа мониторирани не ги објавија тендерските документации на електронскиот систем за јавни набавки. Се што зборувавте за транспарентноста на јавните набавки паѓа во вода. Половина не ви ги објавуваат тендерските документации. И кажете ми еден од власта каде што Државниот завод за ревизија констатирал злоупотреба на јавните набавки да одговарал. Вие зборувате само за опозицијата. Кажете ни за таму каде што ги снема тендерските документи во Министерството за култура, во пошта изгореле слушам тендерските документи, нели е тоа сомнително малку.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека општиот претрес по Предлогот на законот е завршен.

Со оглед на тоа што не е поднесен дополнет предлог на закон на кој може да се поднесуваат амандмани на седницата на Собранието преминуваме на одлучување по Предлогот на законот во целина.

Согласно член 165 од Деловникот на Собранието гласањето по оваа точка ќе се изврши утре во 11,00 часот.



Минуваме на точка 121 - Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка - второ и трето читање

Дополнетиот предлог на Комисијата за здравство, како матично работно тело и Законодавно правна комисија ви е доставен.

Отворам општ претрес и претрес на членот 5 по дополнителниот предлог.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општиот претрес и по претресот по членот 5 на Дополнетиот предлог на закон да се пријават за збор.

Благодарам.

Има збор господинот Динески Менде, повелете.



Менде Динески: Благодарам почитувани граѓани, почитуван заменик министер,

Трета седница на Собранието на Република Македонија по ред, трета измена на Законот за здравствена заштита, трета измена на членовите кои се однесуваат на изборот на директор на јавните здравствени установи. Навистина станува трагично ова што го прави Министерството за здравство бидејќи во ниеден моменти, на ниеден начин не се обидува да ја поправи моменталната слика во јавните здравствени установи вклучително и долговите што ги имаат јавните здравствени установи да ги намали. Напротив од измена во измена во Законот за здравствена заштита се повеќе и повеќе се обидувате да ги усложните постапките за избор на директор, притоа да ги намалите критериумите, а решение за долговите во јавното здравство нема.



Дозволете тоа сум го правел во изминатиот период и денес да ве потсетам дека во 2007 година јавните здравствени установи, Клиничкиот центар со одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се распарчи. Се подели на универзитетски клиники и од тогаш еден директор на Универзитетски клинички центар назначивте некаде триесетина директори. Малце ви беше по еден директор, назначивте уште по еден т.н. економски директор кој исто така има менаџерски договор согласно Законот за здравствена заштита. Формиравте околу 30-тина управни одбори кои на годишно ниво јавните здравствени установи само на терцијално ниво граѓаните ги чинат околку 1,5 милиони евра. И тоа вие без око да ви трепне го направивте и не само што го направивте за терцијално ниво, со првата измена на Законот за здравствена заштита вие назначивте по двајца директори со врзан потпис по сите јавни здравствени установи во Република Македонија вклучително и тие што се на секундарно ниво, дури и на примарно ниво каде што исклучива надлежност на дел од здравствените домови беше да собираат кирија од концесијата кои ги имаат, односно од ординациите кои ти имаат дадено под концесија. И што имаме како резултат на работењето на ВМРО-ДПМНЕ и на директорите на ЈЗУ денес во 2014 година со концептот кој вие никако да го коригирате или никако да се обидете да го прифатите делот од сугестиите или дел од амандманите кои ги предлагаме како опозиција. Како резултат на вашето работење во изминатите пет години само, зборувам за пет години, долгот на ЈЗУ во Република Македонија достигнал 2. 404.598.000 денари или заклучно со 30.11.2013 година за само 11 месеци тој се зголемил за 8,72%. 8,72% само за 2013 година заклучно со официјалните податоци кои ги има на веб-страната на Фондот за здравствено осигурување се зголемил долгот на ЈЗУ. И вие нормално, иако за тоа претходно говоревме вие ниту имате сила, ниту имате желба да коригирате нешто и дел од тие трошоци да ги намалите. Согласно Законот за здравствена заштита министерот за здравство ако една ЈЗУ во рок од 6 месеци, два пати покаже негативно финансиско работење министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита треба да ги разреши директорите. Таму каде што има еден, едниот, таму каде што има и медицински и економски директор двата директори. До денес министерот за здравство иако се чука во гради дека работи исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија ни еден директор на ЈЗУ по овој основ не разрешил. А долгот на јавните здравствени установи од месец во месец се повеќе и повеќе расте и е стигнат околу 45 милиони евра. Значи, зборувам за официјален податок кој го има на веб-страната на Фондот за здравствено осигурување заклучно со 11 месец 2013 година, а можам да замислам колку се зголемил долгот на ЈЗУ за декември и заклучно со јануари 2014 година. Обврските на ЈЗУ во Република Македонија значи вкупните обврски стигнуваат некаде до сума од 4 милијарди денари во Република Македонија. И вие повторно за тоа немате аргументи. Притоа со законот кој денес е на дневен ред се обидовме да го коригираме текстот на законот со тоа што предложивме за терцијално ниво наместо да има двајца директори економски и медицински директор, да има само еден директор. Барем економскиот директор или економските директори ако во изминатите пет години не покажале никакво знаење во своето работење и долгот постојано се зголемува барем нема потреба да земаат плата со менаџерски договор. Тоа не го направивте, тој амандман го одбивте. Го одбивте и амандманот каде што предвидувате со ова законско решение дека директорот треба да се избира ако има пет години работно искуство, а притоа со последната измена во Законот за здравствена заштита која ја усвоивме на претходната седница вие предвидувате за раководител со оддел на Универзитетскиот институт, Универзитетската клиника и Клиниката во Универзитетскиот клинички центар да има седум години работен стаж. Ако раководител на оддел предвидувате седум години тогаш кажете ми како предвидувате за директор на истата таа врвна институција на терцијално ниво да има пет години. Притоа велите дека немате намера да ги изберете најкомпетентните и најстручните луѓе во секоја клиника. Па ако директорите не ги изберете и тие не ја повлечат целата работа, тогаш како ќе барате од раководителите на оддел да имаат седум години работен стаж. Како ќе барете од нив покрај нормално да докажат дека имаат познавање на еден од странските јазици, да имаат објавено еден труд во научно списание со Импакт фактор, или да бидат носители или координатори на национален, регионален или меѓународен научно истражувачки проект. Тоа го барате за раководител на оддел. Барате за раководител на оддел да има воведено најмалку две нови здравствени методи или постапки во две јавни здравствени установи, во јавни здравствени установи на терцијално ниво, во клиничка или општа болница во Република Македонија. За раководител на оддел барете да престојува во странство вкупно 6 месеци во последните пет години заради стручно усовршување или заради учество во меѓународни научни настани како едукатор. За раководител на оддел на клиниката што ќе ја раководи овој директор вие ги барате овие услови, а за самиот директор не важи тоа. Што важи за директорот, кој услов треба да го исполни директорот. Очигледно еден и единствен, а тоа е да биде член на ВМРО-ДПМНЕ. Ако биде член ВМРО-ДПМНЕ за него не важи законот. Согласно Законот за здравствена заштита него нема да го разрешите. Ако биде член на ВМРО-ДПМНЕ може да ги зголемува долговите на својата институција без проблем, од месец на месец, се повеќе и повеќе. Ако биде член на ВМРО-ДПМНЕ нема потреба тој да ја поседува или да има објавено труд во научно списание или да воведе две нови здравствени методи или да престојувал во странство, тоа не го барате вие во законот. Вие во законот барате една и единствена работа, а тоа е непишаното правило биди член на ВМРО-ДПМНЕ и прави што сакаш со јавните здравствени установи во Република Македонија. Нема да ти може ништо министерот заради тоа што е немоќен, заради тоа што партијата нема да му дозволи да ги разреши, како директор на ЈЗУ може да покажува негативно финансиско работење во рок два пати по 6 месеци и него закон нема да го фати и како директор на ЈЗУ може да си поигрува и да прави што сака, ама никогаш нема да биде сменет. Затоа почитувани претставници на Владата, затоа почитувани претставници на Министерството за здравство затоа што носите закони кои не ги осмислувате, кои ги предлагате 120 на една седница, ви се случува и тие што велите дека се по скратена постапка, кои не се обемни да имаат серија на технички грешки за кој во вчерашниот ден прифативте огромен број на амандмани. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Казанџиска Билјана има збор, повелете.



Билјана Казанџиска: Очигледно дека шефот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска е зафатен со фрлање на лопати, па веќе неколку пати до сега не доаѓа да одговори на некои прашања кои упорно во изминатиот период ги поставувам, но очигледно дека тој има исполнета партиска агенда и не е во можност да дојде да одговори за многу криминални зделки што се случуваат во здравството во изминатата година.

Ни нудите еден закон по скратена постапка кој ќе се применува после една година. Која е целта на едно вакво законско решени со рок на употреба од наредната година. Зошто толку ви се брза. Дали се работи за пари или навистина се работи за стручност, за стручни кадри кои ќе раководат со клиниките. Уште каква реформа до сега не видовме и секој неуспех од ова владејачко мнозинство се покрива со нова реформа, а секоја реформа ни создава нов долг. До сега од вашите безбројни реформи во здравството создадовте долг од 60 милиони евра. Уште каков модел не измисливте за едно болно, за едно уништено здравство и дали беше реформа кога го распарчивте Клиничкиот центар кога не убедувавте дека двајца директори со врзани потписи ќе биде една успешна реформа, кога формиравте 30 управни одбори кои направија огромни штети, долгови, загуби за кој никој не понесе одговорност и никој не одговараше и наместо некој од нив да понесе одговорност, вие сега не убедувате дека и ова што го нудите сега е уште една реформа, во наводници, во здравството. Ова е нешто што до сега го имаме видено, ова е нешто што ни нанесе безброј штети, а очигледно е дека и во иднина ќе имаме уште повеќе штети бидејќи поред овој закон треба да се сместат пак нови партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Ни нудите во членот 3, за директор да биде медицински директор, условите кои треба да бидат исполнети според законот да има нормално познавање на Тоефил и да има положено тест за психолошки тест и тест за интегритет. За организациски директор исто така истите услови освен високо образование од областа на медицината, овде треба да има економски и правни итн, и да има психолошки тест и тест за интегритет. Е сега ќе ги употребам зборовите на некој од пратениците кои на Комисија ме убедуваа дека ова е одлично кога не го прифатија нашиот амандман со кој тврдевме дека седум години работно искуство треба да има и овој медицински директор, овде не убедуваа дека ќе се работи за примариуси, за доктори, за некои истакнати кадри, како можете на некој истакнат примариус доктор нели е понижувачки да му барате да полага психолошки тест и тест за интегритет. И што арно ние до сега видовме од овие врзани потписи и од овие двајца директори кои до сега го раководеа здравството. Но очигледно дека не се работи за ништо друго, се работи за пари во ова предизборие, неминовно се потребни многу пари, многу милиони или целиот овој излет ќе чини вкупно за сите административци, за сите кандидати за директори околу пет милиони евра.

Но, има една вистина секогаш кога Тодоров и Министерството за здравство, бидејќи го нема овде да одговори на некои прашања што му ги поставувам, кога ќе се фалите дека се вложени многу милиони, нови милион во здравството во нашата држава јасно е дека на повидок ќе имаме нови зделки, нов криминал за полнење на партиските џебови. Откако брутално, безобразно ја криеше висtината за Визарис и овде како некој херој изјавуваше дека еве си ја прифаќам грешката и го раскинувам договорот со Визарис, сепак вие сега господине заменик министер, бидејќи овде сте присутен и на Комисијата и на седницата и мислам дека треба да почувствувате одговорност и должност да одговорите на прашањата кои ви ги поставувам веќе по трет пат, aко Тодоров не сака да одговори, вие како заменик министер ја имате поделената одговорност, заедничка за да одговорите каде одат парите на граѓаните.



Дали се сеќавате на изјавата во ноември на вашиот шеф Тодоров кога изјави дека Клиничкиот центар ќе се гасифицира и дека имаме крај на една стара ера, имаме почеток на нова ера, кога веќе нема да биде потребно мазут за огрев на Клиничкиот центар во Скопје, ама вие во онаа старата ера, сте набавиле мазут за цела 2014 година, како почеток на една нова ера, во вредност од 2 милиони 600 илјади евра. Еве ви ги договорите, трите договори од Бирото за јавни набавки, за кој вие на Комисија прашувавте каде пишува дека сме набавиле мазут, еве каде пишува, за цела 2014 година на трошок на Министерството за здравство 2 милиони 600 илјади евра за набавка на мазут. Сега, треба да одговорите, на мене, на јавноста, да расчистиме една дилема на што се грее Клинички центар, дали е гасифициран или се уште се грее на мазут. Кога ја говоревте вистината, дали во ноември, дали во февруари и кога не е само овој скандал. Министерството за здравство нема пари да ги подобри условите во болниците во Штип, Крива Паланка, Скопје во сите градови во Македонија, ама има пари да ве потсетам на условите во болниците, очигледно дека се немате одамна прошетано, знам дека не ви се пријатни сликите, ама ние секојдневно ги гледаме господине заменик министер. За обичните граѓани нема апартмани за лечење, овде лежат во овие санитарни чворови одат овие луѓе. Знам дека е непријатно, ама да знаат граѓаните каде им се трошат парите. Немате пари за да имаат пристојни услови за лечење, ама имате пари 60000 евра да склучите договор само за болницата во Крива Паланка за обезбедување и што ќе чуваат? Што ќе чуваат овие луѓе? Овие рушевини ли треба да ги чуваат? Се сеќавате на скандалите со кои беше испреплетен директорот на болницата на Здравствениот дом во Крива Паланка? Каква одговорност понесе тој ваш партиски војник? Никаква. Што му фали на тој човек? Ништо. До ден денес си е директор во истата болница за која се редеа бројни скандали и бројни проневери. Сега, замислете во овој документ што и вие самите не знаете каде пишува, ако за набавка на мазут имаше број на понуди една, во овој документ нема ниту една и ако овде проценетата вредност беше 25000 евра, вие сте биле широки и со парите на граѓаните се склучиле договор во висина од 60000 евра за да се знае, ВМРО и се е можно. Сте биле така широко сте ги трошеле парите на граѓаните, двојно повеќе и не запира криминалот само тука. Само за две кампањи, Министерството за здравството за рекламирање потрошило 45 милиони денари или 740000 евра пари на граѓаните и последниот случај кога на голема врата, како некое светско чудо го промовиравте невидениот апарат, новото достигнување во медицината, дали бевте свесни дека има доктори, има лекари кои веќе 18 години го користат овој апарат во медицината, или мислевте дека од кога ВМРО ДПМНЕ е на власт е измислена и медицината. Еурека. Почна здравствената заштита на граѓаните. Сега ќе ви кажам што пишува, зошто вие сакате да знаете каде што пишува, што изјавуваат хирурзите за вашиот така наречен нешто невидено, апарат во медицината. Со апаратот каков што го промовираше Тодоров оперираме веќе 10 години. Апаратот кој беше спектакуларно промовиран на Клиниката за торакална хирургија од министерот за здравство Никола Тодоров, не е никакво чудо. На хирушките клиники има уште три вакви апарати со чија што помош со години оперираме, тврдат неколку хирурзи и бидејќи текстот е долг, ќе ви препорачам да отворите и да прочитате дека вакво нешто 18 години се користи во нашето здравство и зар ни малку не чувствувате одговорност да дадете одговор барем на едно од овие криминали кои се испреплетени во вашето министерство.


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет