-
Целта е олеснување на симптомите и превенција на компликациите (крварење од варикс, периферна или длабока венска тромбоза, улцерации)
-
Да се истакне потребата и важноста на редовната физичка активност и контрола на тежината коко превенција на прогресијата на венската инсуфициенција.
-
Најважен третмна подразбира редовно носење на компресивни чорапи (ннд-Ц), без оглед на можен хируршки третман.
Конзервативен третман -
Компресивни чорапи (ннд-Ц)
-
Прв третман на избор кај пациенти со лесно изразена симптоматологија, за време на бременост и честопати трајно по хируршка интервенција (табела 1)
Табела 1
Класа на компресија
|
компресија, ммХг
| Индикација |
компресивни чорапи
|
<15
| |
класа 1
|
15 – 20
| -
лесно изразени проширени вени
|
класа 2
|
20 – 30
| -
јасно видливи проширени вени
-
по васкуларен зафат
|
класа 3
|
30 – 40
| | Хируршки третман -
Критериуми
-
Хируршко лекување е индицирано кога венска инсуфициенција е градирана како класа Ц4 до Ц6
-
Кожни промени како последица на заболување на вените, опишани како пигментација или екцем (Ц4)
-
Кожни проемени и заздравен улкус на нога (Ц5).
-
Кожни прооемни и активен улкус на нога (Ц6).
-
Крваречки варикс или екстензивен тромбофлебитис.
-
Во умерени форми (Ц2: варикси; Ц3 едем без кожни промени) хируршко лекување може да се планира доколку состојбата предизвикува значајни функционални промени.
-
Од едена страна заради новите информација во врска со оваа состојба, обезбедени од последните студии, а сеуште недоволните ресурси од друга страна, го доведуваат хируршкиот третман до екстензивна ревизија.
-
Хируршкиот третман на површните вени е индициран кога адекватните компресивни чорапи не доведуваат до олеснување на состојбата, а симптоматологијата го компромитира нормалното живеење на пациентот. Хируршкиот третман е исто така индициран кога знаците и симптомите на болеста укажуваат на развивање на уште посериозна венска инсуфициенција.
-
Класичниот стрипинг на вена сафена магна и парва, честопати доведува до оштетување на периваскуларното меко ткиво и во повеќето случаи е непотребно екстензивна процедура. Сегашниот став е дека оштетениот дел на главното стебло е локализирно во препонскиот дел и заради тоа стрипингот на дисталните партии е непотребен.
-
Завреме на зафатот приклучокот на вена сафена и нејзините гранки се лигираат. Варикозитетите се одстрануваат преку мали кожни инцизии, по што следи стрипинг со помош на специјално изготвен метален сет (ретроградна пин стрипинг метода). Двојна вена сафена се детектира со Доплер и соодветно исто се третира.
-
Ставовите во врска со хирургијата на перфораторните вени се исто така изменети. Студиите покажаа дека намалувањето на венскиот притисок, предизвикан од површна венска инсуфициенција, може да ја поврати компетентноста на перфораторите.
-
Цоцкетт и Линтон ја воведуваат историската техника на лигирање на инкомпетентните перфоратори. Оваа процедура беше оптеретена со бројни сериозни компликации и денес е заменета со СЕПС (субфасциал ендосцопиц перфоратор сургерѕ14, субфасцијална ендоскопска перфоратор хирургија15). Важноста на оваа процедура останува контроверзна иако неколку студии покажаа неспорен и брз ефект врз заздравувањето на кожните венски улцерации.
-
Рефлуксот предизвикан од инкомпетентноста на валвулите на длабоките вени може да биде намален со валвуларен хируршки зафат16 (ннд-Ц). Венските валвули може да бидат реконструирани по внатрешен или надворешен метод.
-
Постојат и техники на транспозиција на вени и трансплантација на венски валвули. Валвулите се се земаат од здравите вени на пациентот.17
-
Склеротерапија може да се користи како комплементарна на хирургијата (ннд-Д). Рефлуксот се превенира по пат на ињектирање на склерозирачки агенс во вената. Третманот е врзан со појава на компликации и во некои земји не е во фрекфентна употреба.18
-
Нови минимално инвазивни техники за одстранување на варикозно проширени вени: РФА19 (радиофреквентна аблација), ЕВЛТ20 (ендоваскуларна ласерска терапија), ТИПП21 (транслуминална флебектомија) и водена под ултрасонографскја склеротерапија со пена22, се пронајдени во полседен период. Овие техники се широко применетии резултатите се добри, особено за третман на варикозни вени.Овие техники не се прикладни за третман на вени со голем калибар заради ризик од екстензивен сафенофеморален ретрограден проток. Дологорочните резултати се во тек.
-
Ендоскопски процедури се употребуваат за хируршки третман на хируршко затварање на перфораторни вени (СЕПС) (ннд-Ц), како и субфасцијално ендоскопска хирургија на перфоратори.)
-
Стриппинг (отворена хирургија)
-
Се оперира во операциона сала во спинална или општа анестезија.
-
Прв избор на третман е постоење на венска инсуфициенција и третман на вени со голем дијаметар.
-
Како можни компликации се инфекција на рана, хематом и повреда на нерв.
-
Периодот на опоравок е долг и трае 3 до 5 недели.
-
Перкутани техники (ендоваскуларна ласер терапија, радиофреквентна аблација)
-
Се изведува во операциона сала, под локална анестезија, како амбулантска процедура.
-
Цел е да се одстранат проширени површни вени, избегнувајќи компликации од хируршко лекување со стрипинг.
-
Овие две методи делуваат на принцип на повреда на зидот на вените.
-
Овие две методи се користат за третман на средни кон големи по калибар вени.
-
Овие методи не се погодни за третман надфектни притоки кои може да се третираат со склеротерапија со пена или друга процедура со која ќе се остават без дистрибуција наредни неколку месеци, кои драстично се намалуваат по третман на големо стебло.
-
Се уште нема препораки за оптимален третман
-
Контраиндикација се екстремно извијугани вени и вени површно поставени до сама кожа.
-
Модринки, чуство на топлина и непријатност, може да се сретнат по процедура, но тешки последици од тип на длабока венска тромбоза, повреда на нерв и топлинска повреда се ретки.
-
Постоперативно потребно е носење на компресивни чорапи за 1 до 3 недели.
-
Се препорачува мобилизација веднаш и употреба на афектирана нога.
-
Во поввеќе од случаи периодот на опоравок е пократок одколку третман на стандарден начин.
-
Според сегашни сознанијаперкутаните техники се ефективни и компарабилни со хиршкиот третман (ннд-Ц), Трајна оклузија на целни вени се остварува кај 85-90% од пациенти по 3 години слеење.
-
Нема достапни податоци за соодветноста на оваа техника за различни типови на венска инсуфициенција и стаза на долните екстремитети.
-
Апсолутна контраиндикација за оваа техника е постоење на длабока венска тромбоза, алергија на склерозант, инфекција на место за пункција, пореметувања на коагулација, Склеротерапија со пена
-
Се изведува амбулантски, без анестезија и мониторинг по процедура.
-
Индикации се исти како при хируршки третман. Оваа техника е соодветна за тесни вени и нивни гранки, но резултатите се лоши за вени со голем лумен.
-
критина исхемија на долен екстремитет, бременост, нетретиран малигном или друго системско заболување, знаење за постоење на перзистентен форамен овале.
-
Релативна контраиндикација вклучува вени со голем лумен, неможност да толерира компресивни чорапи и голема дебелина.
-
Чести компликации вклучуваат преодни хиперпигментации (кај 10-30%), тромбофлебитис ителеангиектасии. Сериозни компликации како длабока венска тромбоза, некроза на кожа, белодробен емболизам се појавуваат ретко.
-
Постоперативно се носат компресивни чорапи 1 до 3 недели.
-
Мобилизацијата мора да започне постепено веднаш по процедурата.
-
По неколку недели се проверуваат ефекти од интеревенција со клинички преглед со ултразвучен преглед. По потреба третманот може да се повтори.
-
Опоравокот е брз.
-
Успех веднаш со 1 до 3 инекции е околу 90%. Само неколку студии имаат долготрајни резултати, пришто болеста се потврдува кај 20 до 33% по следење од неколку години.
-
Длабока венска реконструкција
-
Реконструкција се планира доколку улкусната лезија не се повлекува или симптомите на венска инсуфициенција се зголемуваат и покрај соодветна терапија со компресија и третман на површните променети вени.
-
Техниките подразбираат третман на пореметени венски валвули, (валвулопластика23), правејќи инкомпететентна вена во функционална, или со транспозиција или трансплантација на вена сосегмент со компетентни валвули.
-
Ограничени податоци се присатни за долготрајни резултати.
Венски улцерации на ногата -
Третманот е базиран на одстранување на причината за покачен венски притисок.
-
Употребата на копресивни чорапи пред и по хируршкиот зафат (ннд-Ц) е императивна.
-
Ако улкусот не покажува занци на заздравување или подобрување по три месечен конзервативен третман, потребна е консултација од пластичен хирург.
15>
Достарыңызбен бөлісу: |