Анеуризма на аорта и аортна дисекцијА



бет2/9
Дата10.06.2016
өлшемі350.5 Kb.
#126926
1   2   3   4   5   6   7   8   9

РЕФЕРЕНЦИ


  1. Сингх К, Бøнаа КХ, Јацобсен БК, Бјøрк Л, Солберг С. Преваленце оф анд риск фацторс фор абдоминал аортиц анеурѕсмс ин а популатион-басед студѕ: Тхе Тромсø Студѕ. Ам Ј Епидемиол 2001 Ауг 1;154(3):236-44. ПубМед

  2. Сцермерхорн МЛ, Цноненњетт ЈЛ. Абдоминал аортиц анд илиац анеурѕсмс. Ин боок: Рутхерфорд Р, тоим. Васцулар Сургерѕ. 6. едитион. Пхиладелпхиа: Елсевиер Саундерс 2005, пп. 1408-52

  3. Греенхалгх Р, Поњелл Ј. Сцреенинг фор абдоминал аортиц анеурѕсм. БМЈ 2007 Оцт 13;335(7623):732-3. ПубМед




  1. ЕБМ Гуиделинес 08.11.2010 њњњ.ебм-гуиделинес.цом

  2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 4 години

  3. Предвидено следно ажурирање до февруари 2016

Поврзани докази

  1. Абдоминалната палпација може да има умерена сензитивност за детекција на абдоминална аневризма, доволно голема за реферирање за хирургија, но палпацијата не може да се користи за искључување на абдоминална аневризма, оосбено доколку е можна руптура на аневризмата (ннд-Ц)

  2. Скрининг со ултразвук за аневризми на абдоминалната аорта (ААА) е ефикасна во намалување на морталитет асоциран со ААА, и може да го намали морталитетот кај мажи на возраст од 65 до 79 години. Има инсуфицинтни податоци за одредување на бенефит кај жени (ннд-А).

  3. Раниот морталитет е повисок, а касниот морталитет е ист кај пациенти со аневризма на абдоминалната аорта со димензии 4,0 до 5, цм во дијаметар, кои се подложени на хируршки третман споредено со следење на овие пациенти (ннд-Б)



ИСХЕМИЧНА БОЛЕСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ


  • Цели

  • Симтоми и знаци на хронична исхемија

  • Акутна загрозувачка исхемија на екстремитетот

  • Критична исхемија на екстремитетот

  • Поврзани докази

  • Референци

ЦЕЛИ


  • Да се препознае акутната исхемија, која го загрозува екстремитетот и да се упати во болничка установа

  • Да се дијагностицира хронична и критична исхемија на екстремитетот. Да се организираат понатамошни дијагностички процедури без одлагање.

    • Блага исхемија е асимптоматска но може да сугерира зголемен кардиоваскуларен ризик

    • Умерена исхемија условува повремени клаудикации, е бенигна но може да има проблематицжни жалби. Клаудикациите може да се третираат конзервативно но ако состојбата се заканува за работа или на функционалниот капацитет на пациентот, неопходно е упатување на васкуларен хирург.

    • Критична исхемија се манифестира со болка во мир и може да воид кон неизлечиви хронични улцерации на ногата или евентуално до гангрене. Пациентите со критична исхемија на екстеремитетите захтеваат ургентно упатување до васкуларен хирург. Доколку исхемијата е компликувана со инфекција, ургентно упатување е неопходно.

  • Да се потврди суспектната периферна артериска оклузивна болест (ПАОБ) со помош на доплер-сонографија

  • Да се третира истовремено постоечката коронарна срцева болест и да се превенира потенцијален мозочен удар. Пациентите со ПАОБ вообичаено страдаат од генерализирана атеросклероза. Нивната прогноза не е детерминирана од исхемијата на екстремитетот. Фармакотерапија за намалување на нивото на липиди може да биде од корист (ннд-Ц)

ХРОНИЧНА ИСХЕМИЈА

Симптоми и знаци


  • Студени нозе.

  • Болка во мир (навечер), која поминува при раздвижување или при спуштање надолу на екстремитеот (пр: нозете висат преку ивица од кревет)

  • Губиток на периферна длакавост.

  • Клаудикацио интермитенс се дефинира како болка во екстремитетот бри замор, која исчезнува по одмор од неколку минути. Пациентот е во можност да ја помине истата дистанца повторно.

    • Интензитетот на клаудикацијата не зависи од стадиумот на болеста. Кај 50% од пациентите со критична исхемија на екстремитет предходно немале историја за клаудикација

    • Синдромот Лерицхе: последица од оклузија на дистална аорта, предизвикува слабост на обата долни екстремитети, клаудикациски потешкотии во горниот дел од натколеницата и импотенција

    • Оклузија на иликална артерија предизвикува клаудикација во натколеница и потколеница. Феморална оклузија пртедизвикува калудикација во потколеница, а поплитеална оклузија во стопалото.

  • Болка во стопало во мир, која се ослободува со станување или со подигање на екстремитет над висина на кревет, сугерира за постоење на критична исхемија, пришто покрај болка во стопало анкле-брахиалниот индекс (индекс на притисоци помеѓу глужд и и надлактицата) АБИ обично е помал од 0,5.

  • Исхемично променето ткиво, од тпот на некротични зони кои се суви и локализирани но може да се инфицирани и може со влошување да водат до септични инфекции.

    • Кај пациенти со дијабетес 10% од вкупно оштетено ткиво се должи на исхемија, а 50% на неуропатија и исхемија. Сува и топла кожа, како последица на неуропатија може да го заведат клиничкиот преглед.

  • Палпација на пулс на артериите на стопалото:

    • Палпација на а. дорсалис педис и а. ретромалеоларис.

    • Присуство на оток на ногата може да го отежне прегледот.

    • Капиларниот пулс на лекарот (прегледувач) може да ја комликува палпацијата.

  • Наод на пулсации на обете артерии исклучува постоење на сигнификантна оклузивна болест.

  • Потврда на наодот со доплер

  • Мерење на периферни притисоци (анкле-брацхиал индеџ АБИ - индекс на притисоци на глужд-надлакт)

    • Мерење на периферен притисок со Доплер техника е значајна дијагностичка алатка3.

    • АБИ нормално е поголем од 0,9. Пулсот на периферија не е палпабилен доколку АБИ е помал од 0,7. АБИ со вредност меѓу 0,7 и 0,9 е индикатор за лесна исхемија. АБИ со вредност меѓу 0,4 и 0,7 укажува на умерена исхемија, вредност на АБИ испод 0,4 укажува на изразена исхемија на екстремитет.

    • Вредност на АБИ поголем од 1,3 е индикативен за инкомпресибилни артерии како последица на медиосклероза и не може да укаже за присуство на исхемија

    • Вредност на АБИ испод 0,9 укажува за кардиоваскуларен ризик севкупно.

  • Шум над феморалната артерија (ннд-Ц)

Неинвазивен третман на хронична исхемија


  • Забрана за пушење (ннд-Ц)

  • Најважна мерка

  • Подобрување на состојбата настанува во 85% од пациентите, а прогресијата на болеста се успорува.

  • Доколку пациентот продолжид а пуши се зголемува ризикот за ампутација. Пациентот може да бира цигари или нога.

  • Физичка активност (ннд-А)

  • На пациентот му се препорачува да пешачи најмалку еден час дневно.

  • Кога ќе се јави болката, пациентот треба да се одмори неколку минути и потоа да продолжи со пешачењето.

  • Подобрување на состојбата може да се очекува по 3 месеци.

  • Значајно подобрување не се очекува кај пациенти со клаудикациски интервал под 50 метри и кај пациенти со оклузивна болест на илиака.

  • Фармако-терапија

  • Аспирин 100-250мг дневно. Ефектот на Аспиринот во превенција на прогресијата на периферната артериска болест не е докажан. Но, ефектот на аспиринот кај коронарна болест и по зафати заради периферна реваскуларизација е докажан (ннд-А)

  • Лекови кои го намалуваат нивото на липиди во крвта (ннд-Ц). Имаат ефект кај срцева коронарна болест и ја успоруваат прогресијата на ПАОБ.

  • Цлопидогрел и дипѕримадоле4 можат да се дадат како замена за аспиринот во случај на алергија или резистенција кон аспиринот.

  • Пентоксифилинот во доза од 400мг три пати на ден може да даде ефект по неколку недели (ннд-Ц)

  • Селективните бета-блокатори може да се без ефект, со исклучок на случаи со критична исхемија. Индицирани се во случае со ко-егзистирачка коронарна болест и/или хипертензија

  • Регулација на ниво на гликоза кај дијабетичари ги намалува васкуларните компликации.




  • Локална терапија на стопало

  • Посебно важна кај пациенти со диабетес мелитус

Инвазивен третман на хронична исхемија


  • Цлаудитио интермитенс неретко претставува сериозен ризик фактор. Ризикот е поголем при коегзистирачка коронарна или церебро-васкуларна болест, Тоа го детерминира преживувањето.

  • Иницијалниот третманот на ПАОБ е конзервативен престанок со пушење и постојано движење (стоп смокинг кееп њалкинг) (ннд-А)

  • Кога повремените клаудикациони потешкотии представуваат проблем на функционалниот капацитет за работа треба да се разгледува можноста за третман со васкуларна хирургија

    • Изборот за ендоваскуларна процедура или хируршка реваскуларизација се разгледува за секој случај посебно врз основа на предходно направените имигинг процедури.

    • Ангиопластика е едноставен и вообичаено ефективне третман. (ннд-Б). Васкуларен хирург (ннд-Ц) третба да биде консултиран во случај на влошување на состојбата. Дури и минимална симптоматска проксимална оклузија може да биде значаен наод кој може да се третира со (ннд-Ц) балон дилатација или пласирање на стент.

    • Проксималните оклузии се најчест наод кај пушачи, додека дисталните кај дијабетичари.

  • Аорто-бифеморален бај-пас со Ѕ-протеза е ефикасен третман со над 80% преживување над 5 години на проодноста на графтот (ннд-Ц)

  • Кај феморо-поплитеалните премостувања 5 годишното зачувување на проодноста е околу 50%. Овој процент е нешто помал кај феморо-тибијалните премостувања.

  • Дисталните реконструкции се комплицирани зафати со низок процент на преживување.

  • Прогнозата на хроничната исхемија е: влошување кај 25% од случаи, реваскуларизација кај 5% од случаи и ампутација кај 1-2% од случаи.


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет