Анеуризма на аорта и аортна дисекцијА



бет7/9
Дата10.06.2016
өлшемі350.5 Kb.
#126926
1   2   3   4   5   6   7   8   9

ПРЕВЕНЦИЈА


  • Младите нетреба да почнат со пушење

  • Пушачите мора да се откажат од пушење

  • Заштита од експозиција со азбест и останатите познати професионални карциногени

  • Да се предупреди популацијата за пасивното пушење.

ТРЕТМАН


  • Изборот на терапијата е зависен од хистолошкиот тип на карциномот и клиничката раширеност на болеста (ТНМ стадиум)

  • Општата состојба на пациентот (СЗО 0-5) и комплијансата влијаат на изборот на терапијата.

  • Примарен третман кај нераширен нон-смалл целл (неситноклеточен ) карцином (до 25% од случаите) е хирургија: ресекција на белодробен лобус или цело белодробно крило (ннд Ц). Кај одредени пациенти подложени на радикална хируршка интервенција ќе имааат корист од постоперативно давање на хемиотерепија.

  • Радикална хирургија е возможна кај само 25% од овие пациенти. Во случај на локорегионална дисеминација (25%) кај пациентот е идициран третман кој ги комбинира сите форми на терапијата (пр: хемотерапија (ннд-А) може да биде дадена пред хирургија (ннд Ц) или симултано со радиотерапија (ннд Б). Кај дисеминирана болест (50%) прва линија на хемиотерапија е индицирана (ннд А), како комбинација од два цитостатика (ннд А), а доколку болеста прогредира понатаму се дава и втора линија на хемотеапија е индицирана ако пациентот е во добра општа состојба (ннд-А).

  • Примарен третман на смалл целл (ситноклеточен) карциномот ограничен во торакалната регија е хемотерапија (ннд Ц). Само кај мал број на пациенти можно е да се комбинира терапијата со хируршка терапија. Примарен третман на болест ограничена на една половина на граден кош се третира со хеморадиотерапија (хемотерапија симултано со зрачна терапија (ннд А) или хемотерапија проследена со зрачна терапија консекутивно. Пациентите со дисеминирана болест се третирани единствено со хемотерапија. Профилактичка радиотерапија на мозокот се спроведува кај пациентите кај кои е постигнат речиси комплетен одговор на примарната терапија.

  • Симптоматска терапија за пациентите со карцином на бронхите.

СЛЕДЕЊЕ (фоллоњ-уп)


  • Систематскиот фоллоњ-уп во специјализираните установи се препорачува во првите пет години. Се следи појавата на рецидив (релапс) откако третманот е овозможен.

  • Најважни параметри кој треба да се мониторираат:

    • Аускултација на бели дробови, палпација на лимфни јазли во палпабилни регии.

    • Нативна рентгенграфија на граден кош, компјутер томографија на бели дробови, медијастинум и горен абдомен.

    • Хепатални ензими, седиментација, крвна слика

    • Општ статус, губиток во тежина.

    • Серумскиот ЦЕА се следи како тумор маркер кај нон-смалл целл карцином (адено карцином).

    • Тумор маркер за смалл целл карциномот е серумското ниво на НСЕ24 (неурон специфична енолаза). Овие маркери се релевантни само ако нивната концентрација била покачена во време кога болеста била дијагностицирана.

ПРОГНОЗА


  • Нон-смалл целл карцином

    • Петогодишното преживување кај сите пациенти е 12%

    • Петогодишното преживување кај пациентите третирани исклучиво хируршки (25%) е 55-65%.

  • Смалл целл карцином

    • Двогодишното преживување е 5%

ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ


  • Според нерандомираните студии, радикална радиотерапија кај пациенти со локализиран нон-смалл целл карцином, а недоволно подготвени или контраиндицирани за хируршки третман, добиен е подобар резултат од очекуваниот, доколку третманот не е спроведен. (ннд-Ц)

  • Постоперативната радиотерапија ја редуцира ратата на локален рецидив за 11-18% кај пациенти со комплетно ресециран стадиум ИИ или ИИИА нон-смалл целл карцином, но не го продолжува животот. (ннд-Ц)

  • Кај пациентите во добра општа сосојба може да биде од корист примена на режими со висока доза на радиотерапија. (ннд-Ц)

  • Режимите кои содржат цисплатин покажаа повисок степен на одговор и повисока можност за преживувањне одколку хемотерапија со друг алкилизирачки агенс, без зголемен ризик од токсична смрт. (ннд-А)

  • Комбинацијата базирана на платина (цисплатин, карбоплатин) е примарна терапија за локално раширен или дисеминиран нон-смалл целл карцином (ннд-А). Оваа терапија ја подобрува прогнозата, ја олеснува симптоматологијата и го подобрува квалитетот на животот.

  • Резултатите од РЦТ ја подржува употребата на винорелбине како опција во примарниот третман на пациентот со локално напреднат или метастатски нон-смалл целл карцином. (ннд-Б)

  • Профилактичка радиотерапија на мозокот го намалува ризикот од мозочни метастази кај смалл целл карциномот(ннд-А).

  • Хемотерапијата може да го подобри преживувањето кај раширен смалл целл карцином. (ннд-Ц).

  • Во две големи серии на пациенти доцетакселот минимално ја подобрил прогнозата кај пациенти со нон-смалл целл карцином (ннд-Ц).

  • Спиралната компјутертомографија не го подобрува преживувањето и не го намалува морталитетот на примарната болест кога е користен како скрининг метода кај асимптоматски индивидуи за карцином на бронх. (ннд-Д)

  • Доцетеџел може благо да ја подобри прогнозата кај пациенти со рецидивиен НСКЛК. Пеметреџатот има слично дејство како доцетеџелот но со помалку несакани ефекти.

  • Комбинација на хемотерапија и радиотерапија е ефективна кај ограничена група на пациенти со ситноклеточен малигном на бел дроб. Во стадиум И и ИИ на неситноклеточен карцином на бел дроб, постоперативна радиотерапија по се изгледа дека не го зголемува преживувањето. Во стадиум ИИИ на неситноклеточен карцином на бел дроб, радиотерапијата го подобрува краткорочното преживување. Профилактичко зрачење на мозок кај пациенти со ситноклеточен белодробен карцином го намалува ризикот од појава на метастази во мозок. (нндА).

  • Торакална радиотерапија надополнета со хемиотерапија го намалува морталитетот за 14% кај група со ситноклеточен карцином на бел дроб наспроти група третирана со хемиотерапија само. (нндА)





Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет