Анеуризма на аорта и аортна дисекцијА



бет4/9
Дата10.06.2016
өлшемі350.5 Kb.
#126926
1   2   3   4   5   6   7   8   9

референци


  1. Гиролами Б, Бернарди Е, Принс МХ, Тен Цате ЈЊ, Хеттиарацхцхи Р, Прандони П, Гиролами А, Бüллер ХР. Треатмент оф интермиттент цлаудицатион њитх пхѕсицал траининг, смокинг цессатион, пентоџифѕллине, ор нафронѕл: а мета-аналѕсис. Арцх Интерн Мед 1999 Феб 22;159(4):337-45. ПубМед


1. ЕБМ Гуиделинес 13.08.2009 њњњ.ебм-гуиделинес.цом

2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 4 години

3. Предвидено следно ажурирање до август 2016

ПроШирени вени и венска инсуфициенција на долниот екстремитет


  • Општо

  • Патофизиологија на венската циркулација на долните екстремитети

  • Знаци и симптоми

  • Дијагноза

  • Принципи на третман

  • Референци

ОпШто


  • Проширените вени се многу често заболување (преваленца до 50% од возрасна популација)

  • Проширените вени честопати се влошуваат за време на бременост.

  • Симптомите покажуваат голема варијација и не секогаш корелираат со бројот на површни варикси. Заради ова одстранувањето на варикозитетите несекогаш води кон перманентен опоравок.

  • Хируршкиот пристап треба да биде индициран ако венската инсуфициенција е врзана со компликации. Хируршкиот третман заради козметски причини не е предмет на ова упатство.

  • При првиот преглед е важно де се исклучи постоење на состојби кои даваат симптоматологија на долните екстремитети (ишиалгија, артралгија, Бекерова циста, компартмент синдром)

  • Хирургијата за проширени вени станува се по селективна со дел да се сочуваат што е можно повеќе вени. Здрави вени може да бидат искористени во иднина како графтови.

Патофизиологија на венската циркулација на долните екстремитети


  • До 90% од венскиот повраток се остварува преку длабокиот венски систем.

  • Површните вени се однесуваат како крвни базени од каде крвта се насочува кон длабоките вени преку перфорантните вени.

  • Мускулната пумпа на долниот екстремитет овозможува ефективна циркулација, а валвулите на длабоките вени го спречуваат рефлуксот.

  • Повредениот венски ѕид предизвикува рефлукс на крвта кој може да води кон венска хипертензија. Како што венската хипертензија се влошува функцијата на перфорантните вени може да биде афектирана што води кон секундарна длабока венска инсуфициенција.

  • Пролонгирана венска хипертензија иницијално предизвикува појава на оток на ногата. Потоа следи појавата на хоперпигментација, склероза на субкутаното ткиво и појава на улцерации.

  • Поранешната теорија за инкомпетентноста на перфорантните вени како причина за појавата на оток и промените на кожата и поткожјето денес е доведена во прашање. Доплер-сонографските студии покажуваат физиолошки рефлукс на перфорантните вени кај асимптоматски пациенти. Од друга страна, во случај на тешка инсуфициенција на површните вени постои проток надолу како последица на инкомпетентни проксимални валвули на вена сафена магна. Крвта се насочува кон длабоките вени преку перфорантните вени.

  • Вистинска симптоматска инкомпетентност на перфорантните вени може да биде асоцирана со рефлукс од длабоките вени или со пролонгирана ексесивна венска циркулација долж долниот екстремитет предизвикана од инкомпетентност на површниот венски систем.

  • Пост-флебитичниот синдром, настанат по длабока венска тромбоза, се нарекува како секундарни варикозни вени.

Знаци и симптоми


  • Локализирана болка, чувство на стегање или печење кое се влошува во текот на денот, особено при долготрајно стоење или седење.

  • Понекогаш, појава на болка околу варикозитетите при физичка активност.

  • Замор и оток на екстремитетот во вечерните часови.

  • Ноќни грчеви, болка во екстремитетот или постојан замор.

  • Во стоечка положба, видливи набабрени, тортуозни вени во предел на под и/или надколеницата.

  • Кожата во долните партии на ногата, особено на медијалната страна може да стане истенчена груба, пигментирана поради хронично зголемениот венски притисок. Можна е и појава на улцерации.

Скор на неспсобност (Дисабилитѕ сцоре)


Скор

тежина на симптомите

0

Асиптоматски

1

симтоматски но со очувана функција без уптреба на компресивни чорапи или подржен бандаж

2

симптоматски, неможност да 8 часовното работно време се помине без компресивни чорапи или подржен бандаж

3

неможност да 8 часовното работно време се помине дури носејќи компресивни чорапи или подржен бандаж

Дијагноза


  • Целта е да се опише типот и екстензивноста на циркулаторната болест, да се корелира наодот со симптомите на пациентот како предуслов за имплементирање на точниот третман (ЦЕАП класифијакција)

  • Клиничкиот преглед треба да започне со инспекција на кожата: екстензивност и локализација на варикозитетите, оток на ногата, индурација, стасис дерматитис, пигментација, липодерматосклероза, улцерации.

  • Артериска циркулација: температура на екстремитетот, периферни пулсации.

  • Околу 90% од проширените вени може да бидат идентифицирани и локализирани со рачен Доплер (хандхелд пенцил Допплер)11. Обуката за работа со овој апарат е едноставна и е одлично средство за вршење на скрининг прегледи).

  • Колор Доплер, дуплекс скен12 е метод на прв избор во дијагностика на пореметувањата на длабокиот венски систем и анатомскиот курс и компететност на вена сафена парва.

  • Рентгенолошките контрастни методи, варикографија13 се суплементарни методи кои најчесто се користат предопертивно за мапирање на венската анатомија.

ЦЕАП класификација


Ц – (цлиницал) клинички (а= асимптоматски, с= симптоматски)

Е – (етиологѕ) етиологија (конгенитални, примарни, секундарни)

А – (анатомиц финдингс) анатомски наод

П – (патхопхѕсиологицал цомпонент) патофизиолошки компоненти(Пр = рефлукс, По = обструкција)




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет