Правда и внатрешни работи


Што се превзема на полето на превенција од криминалот?



бет31/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   27   28   29   30   31   32   33   34   ...   51

16. Што се превзема на полето на превенција од криминалот?

Со Законот за внатрешни работи (“Сл.весник на Република Македонија“ бр. 19/95, 55/97, 38/02, 33/03, и 19/04“) и Правилникот за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи (“Сл.весник на Република Македонија“ број 12/98 и 15/03) како подзаконски акт се предвидени активности за превентивна поставеност за спречување на вршење на кривични дела,со остварување на општа превенција.



Согласно Правилникот е предвидено:

  • овластените службени лица, заради спречување на вршење на кривични дела и други општествено штетни однесувања, преземаат плански организирани мерки за осознавање на причините кои условуваат криминални и асоцијални однесувања;

  • согледување на феноменолошките и манифестационите облици на криминално однесување се врши преку нивно континуирано следење и анализирање со цел за соодветно насочување на превентивната активност;

  • општата превентивна дејност се остверува преку:

    • квалитетно материјално документиреање во врска со другите општествено штетни однесувања,

    • вклучување или иницирање заради преземање на заеднички превентивни активности со други институции или субјекти кои се надлежни за остварување на воспитно-образовни, социјално-хуманитарни, старателски и други слични цели,

    • соодветна јасна презентација на практични искуства во врска со успешно спроведени активности на превентивно организирање и настапување.

- непосредното превентивно ангажирање овластените службени лица го остваруваат самостојно и истото е насочено кон:

    • прибирање на податоци и информации за одредени состојби, настани и однесувања кои овозможуваат или придонесуваат да дојде до извршување на пдредени кривични дела,

    • зајакнато и континуирано физичко покривање на пунктови, места, подрачја и одредени средини каде зачестено се вршат одредени кривични дела или може да се очекува нивно ивршување. Задачата се остварува преку позорната служба и преку одредување на мобилни превентивни патроли од Полицијата и Криминалистичката полиција, составени според потребите и слично.

  • превентивната активност за спречување на крвните и другите деликти со елементи на насилство се остварува со преземање на превентивни мерки и активности со кои се заштитува физичкиот интегритет, животот на граѓаните и нивната лична сигурност, а воедно се идентификуваат опасностите кои можат да ги загрозат, за која цел во основа активностите опфаќаат:

    • непосредно проучување на етимологијата на насилничкото однесување (кои причини го продуцираат неговото настанување и потекло, состојби кои му претходеле: нарушени меѓусебни односи, закани, загрозеност на социјалната сигурност на децата поради семејни проблеми, оддавање на алкохолизам, психопатски манифестации и слично),

    • иницирање и мобилизирање на сите општествени субјекти и институции заради решавање на сите прашања во врска со заштитата на животот и телесниот интегритет и слично.

  • превентивните активности за спречување на економскиот криминал се спроведуваат во следните основни насоки:

    • истражување на појавните облици и утврдување на превентивните мерки кои треба да се применат,

    • анализа на резултатите од преземенети мерки и сообразување на натамошните мерки со конкретните облици на мнаифестирање на ваквиот криминал, со иницирање и на другите надлежни субјекти за преземање на непосредни превентивни мерки за негово попречување и слично.

  • превентивните активности на Министерството во спречувањето на малолетничката деликвенција, се одвиваат по претходно изготвен план, со конкретни проценки на облиците и степенот на склоноста на делоквентното однесување и личните својства на малолетникот или групата малолетници, врз основа на што се врши:

    • соодветно известување и иницирање на органите на старателство заради преземање на мерки за отстранување на причините за деликвентно однесување како и заемна соработка на овие органи и полицијата,

    • формирање група од претставници на органите на старателство и стручни лица на полицијата, кои би разменувале податоци и информации околу можностите и начините за превентирање на малолетничката деликвенција и слично.

  • превентивното дејствување во областа на сообраќајот се остварува во основа преку:

    • вршење надзор над спроведување на прописите и превентивно преземање мерки за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот,

    • следење на состојбите на сигурноста во сообраќајот на патиштата од аспект на согледување на детерминирачките причини и фактори и сообразување на поставеноста на полицијата и слично.

  • превентивните активности за попречување на организираниот криминал опфаќаат преземање на системски и планирани мерки за:

    • осознавање на формите низ кои се извршува и манифестира во средините каде е застапен,

    • дефинирање и препознавање на индикаторите кои поединечно или во спрега ги идентификуваат делата од овој вид и нивните извршители и слично.

Министерство за внатрешни работи во своите активности врши обука на Полицијата согласно препораките на Советот на Европа и другите меѓународни институции со цел изнаоѓање соодветни правни механизми со кои Министерството ќе ги извршува своите овластувања со почитување и заштита на основните човекови права и слободи. Обуката се спроведува во Полициската Академија која согласно законот за полициска академија (“Сл.весник на Република Македонија број 40/03) е високообразовна државна установа од областа на безбедноста која едуцира кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи и други државни органи кои вршат дејност од областа на безбедноста.

Во Кодексот на полициска етика чл.18 (“Службен весник на Република Македонија“ број 3/04) полицијата се организира согласно принципите на ПОЛИЦИСКО РАБОТЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА, што овозможува односи на релација полиција-јавност, а со тоа и ефикасна соработка со други органи, единици на локална самоуправа, невладини оргнизации и грагани.

По потпишување на Охридскиот договор (август 2001 година), во рамките на Министерството за внатрешни работи , за полицискиот кадар се организира обука преку семинари на тема - Човекови права и полицијата и Полициска работа во демократско општество, во која со помош на ОБСЕ и Хелсиншкиот комитет за човекови права, на семинари досега се обучени 4500 припадници на полицијата и криминалистичка полиција, а се предвидува со обука на дополнителни 1500 припадници .

Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ од реализираните семинари од областа на Полициско работење во заедницата , досега едуцираа вкупно 2100 полицајци. Формирани се 46 граѓански советодавни групи и посебно се обучени 32 координатори за врска со локалната самоуправа.

Изготвената Национална програма за сузбивање на злоупотребата на дрогата и недозволена трговија со дрога („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/96) ги опфаќа следните активности:


  • превенција од дрога , каде се раализираат активности со организирање на предавања во врска со штетноста од користење на дрога,

  • превентивна контрола на производството во фармацевтските индустрии и др. со навремено изготвување податоци за производствоти и промет на опојни дроги,

    Свои задолженија во рамките на својот делокруг на работа имаат: Министерство за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерство за образование, Министерство за финансии-Царинска служба, средства за јавно информирање, како и дел од невладини организации.





Министерството за внатрешни работи во овој дел врши репресивна превенција , презема активности за намалување на достапноста на дроги, психотропни супстанци, на територија на Република Македонија и пошироко(истото се реализира со меѓународна полициска соработка).

Во рамките на репресивната превенција се преземаат активности за попречување - пресекување на меѓународни канали за илегална трговија со дрога , фаќање на сторители што се занимаваат со овие активности како и докажување на нивната активност со предавање на правосудните органи.



  • Упатување на лица фатени при користење на дроги во центри за социјални работи или во соодветни установи.



Во изминатиот период во областа на малолетничка деликвенција преземени се активности од страна на Министерството за внатрешни работи заедно со меѓународни и невладини организации за едукација на кадрите кои работат во оваа област , за начинот на работа со малолетници сторители на кривични дела , деца жртви на сите видови насилства особено сексуална злоупотреба, како и семејно насилство и трговија со деца.

За таа цел реализирани се следниве семинари и работилници :



  • Во периодот од 24-26.09.2003 година „Изградба на јавна политика за имплементација на правниот систем за малолетници, со подршка на УСАИД и ИТЗ,

  • Во периодот од 15-16.11.2003 година:Семејно насилство„ со подршка на ФИООМ,

  • Во периодот од 30,05.до 02.06.„Балкански мост за превенција на дрога„

  • Во периодот од 17-19.04. 2003 година „Трговија со луге„ со подршка на Оддел за правда на САД и ИЦИТАП, ОПДАТ, и ОБСЕ.

  • Во периодот од 05. до 09.12.2001 година во Дојран со подршка на УНИЦЕФ е одржан еден семинар за стручно оспособување од областа на малолетничката деликвенција.



Во октомври 2003 година во Министерството за внатрешни работи,во соработка со ОБСЕ и ИОМ се спроведе тренинг во областа на борба против трговија со луѓе на околу 650 работници.

Во рамките на обуката се реализира проектот „РЕФЛЕКС„ чија цел меѓу другото е и оспособување кадри за попречување на илегално транзитирање, криумчарење и трговија со луѓе.

Во февруари 2004 година во рамки на проектот „РЕФЛЕКС„ во Британија се одржа курс , на кој беше презентиран Британскиот модел за анализа на податоци, начинот на работа со прикриен полицаец, нивната евиденција, основ за ангажирање и добивање на информации.

Во текот на 2004 година Агенциите на Одделот за правда во амбасадата на САД , преку меѓународна програма за помош и обука во кривични истраги (ИЦИТАП) и програмата за помош, развој и обука на обвинителствата (ОПДАТ), во соработка со мисијата на ОБСЕ во Македонија , организираа три работилници на тема „Трговија со луге„.

Во рамките на проектот Counter trafficing, Tehnicial cooperation/capaciti-building подржан од владата на Кралството Норвешка во текот на месеците јуни и јули 2004 година ИОМ организираше три последователни обуки на тема „Трговија со луге и нелегална миграција .

Во Букурешт -Романија , во текот на месец мај , во организација на СЕКИ Центарот е одржан тренинг курс за специјални истражни техники и сослушување за трговија со луге.

Министерството за внатрешни работи со отпочнатите реформи во полицијата предвидува посебни одделенија за превенција во Секторите за внатрешни работи. Во надлежност на одделенијата се предлага да биде:


  • соработка со Канцеларијата .за односи со јавноста, а особено за консултации насочени кон одделни целни групи(деца, млади, возрасни, и други специфични категории на лица,)

  • во областа на спречување на криминалот, и безбедност на сообраќајот ,

  • спречување на насилството,

  • спречување на злоупотреба и зависност од дрога и други наркотични средства,

  • соодветно обезбедување на патот до училиштата и други институции,

  • обезбедување на пешаците, технички совети во врска со заштита против разбојништво и други кривични дела и прекршоци,

  • учество во работа со медиумите,

  • соработка со службите и другите институции кои работат во областа на превенцијата,

  • како и учество во подготовката на концептите за конкретни проекти, мерки и

  • други активности во областа на јавната безбедност и овозможување на нивна имплементација.





Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   27   28   29   30   31   32   33   34   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет