Стенографски белешки



бет4/11
Дата13.07.2016
өлшемі0.68 Mb.
#196382
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор Лилјан Поповска, повелете.



Лилјана Поповска: Благодарам почитуван претседастеле.

Почитувани колеги пратеници, едно големо да, за Декларацијата за прием во НАТО. Се разбира големо задоволство е што има толку широка поддршка од сите што си ја сакаат земјата и што сакаат уште еднаш да го реафирмираат оној став дека за Македонија е најдобро да влезе во НАТО и дека тоа е желба на огромното мнозинство на наши сограѓани.

Морам да изразам едно жалење и разочарување зошто една пратеничка група сепак не ни се придружи. Жал ми е затоа што порано заедно се боревме за овие исти цели и не знам зошто ја сменија стратегијата.

Инаку, мислам дека е значајно што ја носиме оваа Декларација. Не ја сметам за небитна никако, затоа што никогаш не е одвишок да се повтори дека заеднички Македонија сака да влезе во НАТО и во оваа ситуација сега. Пред самитот на НАТО тоа ќе биде уште едно реафирмирање на заедништвото на сите претставници и на огромното мнозинство на претставниците на македонските граѓани дека јасно го избрале тој пат.

Ова ќе биде многу значајна помош на напорите на МНР и општо на Владата, на врвот на Владата, на пртседателот на Владата и претседателот на државата кои што ги прават последните месеци. Таа помош добро е што доаѓа и од страна на Собранието како највисоко законодавно тело и како директен претставник на граѓаните.

Сигурна сум дека тоа ќе даде ефект и сигурна сум дека тоа ќе има полза и ќе има влијание врз крајните одлуки, затоа што ќе покаже дека независно од нашите разлики политички, третманот на некое прашање, нашите настапи во јавноста и на политичката сцена, дебатите дека сепак кога се работи на студијата сме заедно и заедно го даваме својот глас за.

Исто ака, сакам да истакнам дека нешто што сите го чувствуваме на својата кожа, Македонијај како огромна неправда на планот на меѓународната афирмација, тоа ни се случува веќе 20 години, сосема неоправдано сме блокирани, уценувани и подложување на редица, редица беспримерни во историјата, беспримерни во современата историја навреди и понижувања. Навистина огромни штети и економскји и политички претрпе оваа земја поради тие блокади кои што се во крајна линија сосема ирационални и крајно штетни.

2008 година, во Букурешт бевме блокирани за прием во НАТО со ветото од страна на јужниот сосед и дури минатата година 2011 година, Македонија доби прв пат голема историска меѓународна победа со одлуката на меѓународниот суд во Хаг. Тоа е голема работа затоа што ни е вратена довербата на нас како на луѓе, како на човечки битија, како на граѓани на една земја, меѓутоа исто така и ни ја врати довербата во правдата. Во правдата како таква и во институциите кои што ја застапуваат правдата на меѓународно ниво. Затоа е таа наша победа во Хаг толку голема и толку значајна за нас.

Верувам дека ќе биде значајна и за многу други народи од големина како македонскиот кои што се онеправдани и кои што се среќаваат со слични состојби како македонските.

Значи, токму оваа голема победа, историска победа на Македонија во Хаг ни дава надеж дека меѓународната заедница конечно се враќа во нормала, кон почитување на меѓунродните стандарди и кон почитување на меѓународните институции. На стандардите и институциите што самата прочем ги формирала. Затоа очекувам дека конечно ќе има поинаков третман од страна на меѓународната заедница, прво кон времената спогодба од ООН.

Второ кон критериумите за НАТО.

Трето кон критериумите од Копенхаген за влез во Европската унија.

Република Македонија досега многу стриктно ги почитува тие меѓународни спогодби, за кои што си презема обврска и затоа е природно што очекува од другата страна, другите актери на меѓународната сцена истото тоа а го прават. На тоа и се должи мојата надеж дека ќе треба порано или подоцна, а подобро би било порано за сите нас, пред се, за Македонија, меѓутоа и за севкупната меѓународна заедница да се нормализираат тие односи, да влезат повторно во еден нормален колосек со почитување на стандардите и на критериумите.

Морам да кажам дека навистина ме изненадуваат изјави и тези од типот ајде да бидеме храбри и мудри, да не бидеме плашливи и глупави и ајде да направиме се што треба за да се најде решение во спорот околу името што ни е наметнат и ајде да направиме некој компромис и ајде да влеземе во НАТО. Тоа ни доаѓа како некој да ви вели ајде бабо роди дете. Е, не може, не може. Што може може, ние правиме и невозможни работи. Над човечки напори се прават и од политичари, меѓутоа се прават и од грѓаните кои што имаат трпение и волја да ги продолжат атланските евроинтегативни процеси свесни дека треба да се истрае во оваа борба, затоа што тоа е најдоброто за Македонија.

Не можам да прифатам дека некој не знае во нашиот парламент кој е официјалниот државен став и која е црвената линија за Македонија и што значи да не се навреди достоинството на македонскиот народ. Мислам дека на сите ни е јасно дека тоа значи да не се погази зборот Македонски, зборот на нацијата, зборот на јазикот, затоа што без тоа би била обезличена маса народ која што не би имала ни право ни на држава, ни на правен субјективитет меѓународен. Ова се работи многу едноставни, а многу, многу длабоки и значајни. Јас сум убедена дека сите овде во Парламентот овие работи ги знаеме, но добро е да не ги вадиме од контекст и да не кажуваме тези кои што можат надвор да пратат само порешна порака дека некому не му е свето она кое што толку пати е декларирано во поглед на таа наша црвена линија.

Конечно јас мислам дека е сепак многу значајна што оваа Декларација ја носиме со вака огромно мнозинство и да продолжиме и понатаму да го дочекаме тој самит во НАТО што ќе донесе. Јас очекувам дека некаква позитивна промена ќе донесе. Нешто ќе треба да донесе и како што европскиот Парламент имаше доблест да донесе резолуција за Македонија со максимално позитивни заклучоци, каде што конечно повторно се врати зборот македонски во тој текст и покрај противењето на одреден број колеги таму, така сум убедена дека и на овој самит на НАТО некаква позитивна промена за Македонија ќе мора да биде донсена.

Верувам тоа е во интрес и на Македонија но и на сите автори на оваа меѓународна сцена затоа што состојбите околу Македонија стануваат неодржливи веќе. Неодржливи за било кој што би поддржувал вакво ирационално и нетолерантно однесување во поглед на една земја која што ги прави сите работи кои се бараат сходно и прецизно на договорите што ги потпишува.

Уште еднаш силна поддршка Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор господинот Сафет Бишевац, повелете.



Сафет Бишевац: Господине претседателе, колеги пратеници,

На старт да нема никакви дилеми пратеничката група на ПЕИ и Санџачка лига ја поддржува определбата на Република Македонија за членство во НАТО и Европската унија. Тоа е целта за која постои и политички и општествен консензус во оваа држава и мислам дека тука апсолутно никој од нас или од вас нема никакви дилеми.

Се разликуваме очигледно околу тоа како таа цел да ја оствариме. Неверувам, да ви кажам најискрено во вакви политички декларации кои во самиот наслов сугерираат поинаква состојба од онаа за која се залагаме.

Во Декларацијата која ја подготвиле госпоѓата Бонева и нејзините колеги од ДУИ во насловот се вели Предлог-декларација за реафирмирање на определбата. Кој има резерви колеги пратеници околу оваа определба на Република Македонија за членство во НАТО. Би сакал некој од вас предлагачите да ми образложите зоштоо мораме да ја реафирмираме ваквата работа и дали со тоа признавате дека постои некаква стагнација во тие намери да станеме дел од евроатланското и европското семејство на народ.

Како и да е има една стара поговорка, ако не сакаш некој проблем да се реши формирај комисија. Има една нова верзија на таа работа - ако сакаш да глумиш дека нешто се работи предложи декларација. Не е проблем, самата декларација, веќе реков дека сите пратенички групи во овој Парламент ќе ја поддржат и со гласање и ја поддржаа веќе при поднесувњето.

Но, има друг проблем.

Прво, начинот на кој што е подготвена, времетраењето кога е доставена, очигледно е врзано пет до 12, ако не и 12 и пет, само за да се покаже дека оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е решена да станеме дел на НАТО и Европската унија без клучниот одговор - кога? Дел од денешните медиуми јасно покажуваат зошто е направена оваа декларација. Таа нема ништо освен обичен маркетиншки и политички ефект. Ќе ви покажам насловна страна на партиското гласило на ВМРО-ДПМНЕ, еве колеги пратеници, овде стои вака „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за НАТО, а СДСМ со анти НАТО митинг“. Убаво. Навистина убаво. Навистина јасно кажано. Сите други се против НАТО, но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се за НАТО. Покажаа како се за НАТО. Се определија за стратегија што не е ништо друго туку Патувачки циркус на Монти Пајтон и сите релевантни центри на моќ во заедницата, само за да се покаже наводната подготвеност на Република Македонија да продолжи со реформите, да еден ден можеме да останеме дел од НАТО и Европската унија. На сите ви е јасно дека таа цел на претстојниот самит на НАТО нема да биде исполнета. Јасно ви е зошто. Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг е правно признание на најголемиот суд на Обединетите нации дека Македонија е во право во својата борба за зачувување на настојувањата да стане дел од модерниот свет. Но, на сите ви е јасно дека НАТО си има правила, на сите ви е јасно дека истиот ден од соопштувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг реагираа челниците на НАТО. Стаса порака и од Вашингтон. Стаса порака и од сите клучни играчи на Меѓународната заедница. НАТО бара решавање на спорот со името со Грција. Тоа е клучниот проблем на Република Македонија за членство во Алијансата.

Почитувани колеги, да не се залажуваме дека можеме да станеме членка на НАТО на овие редовни или вонредни самити на НАТО, затоа што, да ве потсетам, Македонија во Букурешт практично доби отворена покана и таа може да стане членка на НАТО секоја среда, ден кога заседаваат амбасадорите на НАТО, т.н. Совет на амбасадори на НАТО. Со одлуката во Букурешт овој совет, откако ќе биде информиран дека Македонија и Грција постигнале согласност во спорот со името, само ќе ја констатира, практично ќе го констатира договорот и ќе го активира членството на Македонија во евроатланската алијанса.

Бегањето од решавање на овој проблем, точно, наметна и рационален, неправеден, нехуман, сето тоа е точно. Но реалноста е ваква каква што е и од неа не можеме да бегаме. Ако некој мисли дека постои поинаков начин и дека, не дај Боже, Македонија воопшто не треба да биде членка на НАТО, затоа што, да речеме, не го почитува Меѓународниот суд на правдата во Хаг, должен на македонските граѓани и на ова Собрание, на нас пратениците, како претставници на тие граѓани, да ни каже како и што е алтернативата.

Почитувани колеги, преку еден пример ќе се обидам да ви кажам дека алтернативите се добредојдена работа, веќе не постојат такви примери. Дел од некои богати европски земји не сакаат да бидат членки на Европската унија. Немаат потреба. Ги користат сите ползи како стратешки партнери на Европската унија, но не сакаат да бидат членки на Европската унија. швајцарците сметаат дека сакаат да си останат швајцарци и дека Европската унија не им треба. Меѓутоа швајцарците се уредено општество, средена држава по теркот на најмодерните европски земји и тие имаат алтернатива и можат да си кажат ние ќе си се бориме, ќе си се држиме до своето, вели Норвешка. Видете ја нашата ситуација. Нерешавањето на спорот со Грција значи наша постепена длабока изолација, значи загрозување на клучните темели на оваа држава. Во оваа земја не владее правото без оглед дали со тоа вие се согласувате или не имате икс примери кои го потврдуваат тоа. Случајот Бошковски, случајот Рамковски, да не ги спомнувам грозоморните убиства кај Смиљковско Езеро или во Гостивар кои покажуваат една друга работа дека во оваа држава сериозно е загрозена и безбедноста на граѓаните. Да не ви спомнувам дека Македонија е на самото дно од стандардот по платите, рекордер по индекс на мизерија во Европа и сето тоа се користи за задржување на власта со оправдување дека ние нема да дозволиме промена на уставното име на Република Македонија. Дали е тоа начинот нека проценат граѓаните.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Тука ја прекинувам седницата.

Продолжуваме во 15,05 часот.

(По паузата седницата продолжи со работа 15,15 часот)

Светлана Јакимовска: Продолжуваме со работа.

Збор има господинот Села Зијадин, повелете.



Села Зијадин: Благодарам госпоѓо потпретседател.

За жал, салата е празна сепак ние сме избрани, ние сме претставници избрани од народот и се обраќаме на народот, нема што. Подобро ќе беше да се присутни пратеници во салата, пратениците кои што се потпишаа на една Декларација и кога се дискутира за оваа Декларација воопшто не се присутни тука за да видат за што се работи. Ова повторно говори за тоа дека предлагачот на оваа резолуција воопшто не го мисли ова што го пишува тука во Резолуцијата, туку ова го прави само за да го прави, само за да го држи во воздух оној проблем кој постои сега веќе неколку години и за да се одржи во воздух еден лажен патриотизам, притоа водејќи сметка и со другите одлучувачки фактори во светот да одржат добри односи, затоа што ова е единствениот начин со кој тие добиле легитимитет врз основа на тој лажен патриотизам.

Тоа што сакам да го кажам е дека ние како пратеничка група на ДПА не ја потпишавме оваа Декларација. Тоа не го направивме затоа што не сакаме да бидеме дел од играта која што ја игра оваа Влада ВМРО ДПМНЕ- ДУИ, што се однесува на аспектот на интегрирањето во НАТО и Европска унија. Јас сум тука за да и кажам на јавноста дека сите овие потписи, барем за оние кои седнале и свесно го потпишале овој документот, тие го немале предвид само фактот да потпишеме нешто колку да биде тоа допадливо пред меѓународната јавност и сите овие потписи кои се тука се потписи анти НАТО. Тоа се потписи на оние кои не сакаат Македонија да ја видат во сојузот на НАТО. Ова го велам затоа што ова не прествува некаква новина. Прашајте било кој граѓанин, прашајте ги оние кои не се на таа возраст за да се занимаваат со политика и до колку ги прашате која би била работата или задачата што треба да се заврши за да се интегрираме во НАТО и Европска унија, едно мало дете ќе ви даде одговор дека Македонија треба да направи компромис за името, треба да го промени името. До колку ова Собрание мисли сериозно и толку сака, посебно предлагачите на оваа Декларација сакаат Македонија да биде дел од НАТО, тогаш токму ова исто Собрание е тоа кое може да предложи, пред да се усвои оваа Декларација, да се направат соодветните измени и да се смени името на државата, до колку сакаме да бидеме сериозни и да не го трошиме времето на граѓаните со празни декларации, со празни резолуции, потпишани резолуции кои не би донеле ништо ново на Самитот во Чикаго.

Морам да го повторам тоа што претходните говорници или некои од колегите го кажаа дека Македонија не треба да го чека Самитот за да биде примена во НАТО. Оваа можност е дадена од Самитот ви Букурешт, но треба да се зачлени и да стане членка на НАТО во секој миг, штом ќе го постигне потребниот компромис со Грција, што се однесува на прашањето на името.

Имаше обвинување од страна на некои пратеници зошти ние не сме се потпишале на оваа Декларација. ДПА нема потреба своиет ставови во однос на членството на Република Македонија во НАТО и во Европска унија да ги даде, да ги потврди преку некој потпис во пет до 12. Отворено ќе ви кажам, ДПА е за членството на Република Македонија во НАТО и како такво членството бара компромис за името, а не бараа деклариции, резолуции, како сакате наречете ги празни потписи што ќе се стават на едно парче хартија кое не е ништо друго освен предавање на Владата пред Самитот на НАТО. Ова е објаснувањето што се дава на граѓаните еден месец пред да се одржи Самитот дека Македонија нема да биде дел од НАТО. И додека сме тука, некој збор и за легитимниот преставник на Албанците,ДУИ, пратеници кои воопшто не се присутни тука за да дебатираат во однос на оваа Декларација. Единственото нивно ветување во 2008 година беше дека тие ќе ја водат Македонија во НАТО и Европска унија. Од 2008 година до сега поминаа 4 години, Македонија не е членка ниту на НАТО, ниту на Европска унија. Тие прогласија по предвремените избори во 2011 година дека всушност направиле голем напредок во НАТО и Европска унија затоа што избраа заменик претседател н а Владата во вид на декор, како што е декоративна и оваа денешна Декларација и со ова всушност Албанците ќе ја водат Македонија во Европска унија и НАТО. Денес јавноста знае дека таа госпоѓа вице премиер служела само како декор и ништо друго, затоа што и за членството во НАТО и за членството во Европска унија се знае кој е условот, а условот е промена на името.

Затоа, до колку сите вие тука кои сте потпишани на оваа Декларација сакате навистина да бидете дел од НАТО и Европска унија, тогаш да ја смениме оваа дебата и да поставиме точка на дневен ред промена на името. Неуспехот и сите големи ветувања што ДУи ги даде на Албанците дека ќе ја води Македонија во НАТО и Европска унија во што се претворија денес-во еден јаден потпис за кој што потпис не се во состојба ниту да дојдат тука и да ги бранат пред јавноста, што сакале да кажат со овој потпис кога го ставиле на оваа хартија. Ветувањето било празно, а и решението било еден пуст потпис и вие многу добро знаете кое е решението, меѓутоа, немате капацитети да го водите народот таму каде што сте му ветиле дека ќе го одведете. Имате само капацитет за лажење на народот. Не можете да помислите дека со еден потпис што ќе ставите на парче хартија, Декларација е за статус скво декларација која што Македонија не ја води во НАТО, Декларација која што всушност ќе продолжи со замаглувањето и со придобивање на политички поени на оние кои што знаат како да придобијат поени од овој проблем. Со оваа Декларација во Македонија само ја заживувате иницијативата на земји кои не се зачленети, водени од поранешниот претседател Тито. Не знам кого ќе ставиме сега, другарот Груевски или другарот Али Ахмети да ја води и да покрене оваа иницијатива за незачленети земји.

Да привршам, ДПА е за членство на земјата во НАТО и Европска унија 100% од автохтоните Албанци, за да и дадам одговор и на госпоѓа Поповска која не е присутна тука, значи 100% од автохтоните Албанци кои се родени на овие огништа се за членството на Македонија во НАТО и Европска унија, меѓутоа ова не се прави со смешни потпишувања од пратеници кои убеден сум дека 80% и повеќе не прочитале што пишува во оваа Декларација, но од друга страна во оваа Декларација се употребени и неуставни поими во кои пратениците Албанци кои се потпишани на ова Декларација нека знаат добро дека со оваа Декларација тие се наречени националности, поим кој што веќе не постои во Уставот на Република Македонија, со овој договор на кој што вие толку многу се повикувате. Тука стои: Македонискиот народ, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и другите националности. Вие самите сте го потпишале овој документ, документ кој ќе оди пред НАТО и вие самите тука се потпишувате со поимот националност. За ова треба да одговорите пред Албанците кои претендирате да ги застапувате. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Јани Макрадули, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам.

Господине Села, сакам да реплицирам во два дела. Ќе се согласам со вас дека е недозволиво дека предлагачото кој сам си ја препиша улогата и зборуваше во име на сите пратеници, го нема овде, што фрла една непотребна сенка што мислам дека не требаше да се случи во целата оваа работа. Но, ајде да им ја дадеме шансата тоа го кажа и господинот Петров сабајле. Претпоставуваме дека оваа Декларација со која вчера надвор од некој фер политички дијалог сами ја промовираа и госпоѓа Бонева која ја промовираше која сега претпоставувам има некоја поважна работа, иако мислам дека денес најважната е оваа и требаше да бидат присутни и претседателот Иванов и премиерот Груевски, да им ја дадеме шансата бидејќи очигледно има некој план од страна на Владата која ја води надворешната политика во овој момент и дека ќе добиеме добри вести од Чикаго. Затоа, ние како потписници и ќе гласаме за Декларацијата, веруваме дека се направила некоја проценка дека оваа Декларација, така сметала Бонева, Талат Џафери, дека оваа Декларација ќе донесе резултати во Чикаго. Затоа стојат нашите потписници и верувам дека после Чикаго ќе имаме добри резултати, затоа да и дадеме шанса на оваа Декларација. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика има господинот Села Зијадин, повелете.



Села Зијадин: Благодарам госпоѓо потпретседател.

Благодарам Јани. Јас ќе ветам тука, до колку оваа Декларација ќе и овзможи на Македонија да биде дел од НАТО, од тој миг нема веќе да се занимавам со политика воопшто, ќе излезам, ќе се повлечам и од функцијата пратеник и нема уста да отворам за ниеден општествен феномен што ќе се случи на мојот народ. Поаѓајќи од овој принцип, затоа не се потпишавме. Зошто да станеме дел од една игра на Владата која една Декларација, една изјава нема дадено во однос на НАТО и Европска унија, а знаете колку време има. Долго време не сум слушнал ниту една изјава во однос на овие прашања , а немаме ниту претставник од Владата. Не знаеме и до колку се донесе одлука од Парламентот дали Владата ќе стои зад таа одлука или не, затоа што сме навикнати мнозинството да се потпише, а потоа да не стои зад тие потписи.

Зато уште еднаш ќе кажам, до колку со оваа Декларација се зачлени Македонија во НАТО, јас ќе се повлечам од политичкиот живот.

Светлана Јакимовска: Продолжуваме со работа.

Збор има господинот Изет Зеќири, повелете.



Изет Зеќири: Благодарам госпоѓо потпретседател.

Почитувани колеги пратеници, вистина е дека Парламентот како Парламент има обврска покрај донесување на закони има обврска да донесе и декларации и тоа разни декларации како што е оваа денешна Декларација која во суштина има за цел реафирмација, определба за реализација на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО. Секако оваа Декларација почнува за главната синтенца дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО е главен стратешки интерес, членството во североатланската договорна алијанса. Исто така е интерес на сите граѓани на Република Македонија и секако дека за овој интерес постои широк општествен консензус и подршка од сите граѓани на Република Македонија. Јас сум убеден дека оваа Декларација иако е позитивна затоа што е потпишана од сите пратеници, истава сака да го оправда неуспехот на Владата во однос на аспирациите за наша интеграција и членство на Република Македонија во НАТО, Мислам дека не се доволни само вакви декларации, туку треба поширок опфат што направиле извршните органи, министерствата, Владата во целост премиерот, министерот за интеграции,министерот за одбрана, и кои чекори ги имаат преземено да се деблокира статус квото на нашата интеграција во НАТО. Мислам дека ако се анализира секоја политичка партија од македонскиот блок се раководи од опортуната цена или опортуните загуби кои можат да се случат во гласачкото тело до колку тие пристапот во процесот за измена на името. Ги разбирам пратениците од СДСМ. Тие во клучни моменти направиле концесии земјаќи ја како основ и опортуната цена и опортунитет како партија е дека го презеде чекорот и направи измени и ја пристапи Република Македонија во меѓународни организации со пререфернца Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа беше политичка опција и ја прифати и измената на националното знаме, но упатно е и ВМРО ДПМНЕ да направи вакви концесии. Значи и оваа партија, да не смета политичкиот ризик кој може да се случи до колку евентуално пристапи на разговори и на постапката за решение за спорот за името со Република Македонија. Ако ги анализираме сите граѓани на Република Македонија сите тие се за да изнајдеме решение и земјава да оди напред и да се интегрираме и во НАТО и во Европска унија. Но политичките калкулации и анализата со опортуната цена што ќе се случи со рејтингот на партија на власт, тие постапуваат против интересите на нашите граѓани. Значи се бара стратешки лидер шип, лица која визија, имаат мисија и имаат стратешки цели од кои ќе произлезат јасните цели за деблокирање на процесот на нашето интегрирање во евроатланските структури, дури и по цена на пад на рејтингот, или по цена за пад од власта, но со вистинска цел за интересот на граѓаните на Република Македонија. евроатанските персективи на Република Македонија. Ќе ви дадам неколку резултати од анкетите.

Првото прашање во анкетата беше како ќе влијае приемот на Република Македонија во НАТО врз стабилноста на земјата, економскиот развој и странските инвестиции. Анкетираните одговорија и тоа: позитивно одговорија 92% од некаде 528 анкетирани лица, негативно одговорија 2% а само 6% се произнесени дека нема да има влијание. Ова е еден релевантен показател.

Во однос на другото прашање одбивањето на Република Македонија на Самитот за зачленување во НАТО беше резултат на политиката на неуспех на македонската дипломатија. Одговорот е следен со да. Одговорот е 78% од граѓаните. Со не одговорија 8% и немаат одговор 14%. Ова е релевантен аргумент кој укажува за неуспехот на наворешната политика на Република Македонија.

На четвротото прашање дали сте согласни со промената на името на државата на Република Македонија во преговорите со Грција за членство со НАТО и Европската унија. Да. Се 83% од граѓаните. Не одговор е 8%, а немаат одговор само 9% од анкетираните. Ова е релевантен аргумент дека граѓаните бараат решение. Значи граѓаните бараат решение на овој спор, бидејќи околу нас гледаат неперспектива, гледаат имено евроатланските интеграции и интеграцијата во НАТО го гледаат како перспектива за самите граѓани.

Во петтото прашање решение на спорот околу името со Грција е прашње кое треба да се реши. Анкетираните одговорија вака. Час поскоро и без губење време преку посредниците одговорија 78%. Без губење време и тоа час поскоро. Да се чека одлуката на меѓународниот суд и д се почитува таа одлука само 7%. Да се одржи референдум се произнесоа само 16% од граѓаните. Иако овој примерок не треба да се потцени затоа што е примерок н 525 анкетирани граѓани.

На шестото пршње како ќе гласате деколку има референдум за пристапувње во НАТО и промената на името на Република Македонија, 438 или 86% се произнесени дека ќе гласаат за. 7% се произнесоа дека ќе гласаат протиф, и 7% ќе бидат воздржани.

На седмото пршање колку партиципират политичките албански субјекти во зајакнувањето на надворешната политика на државата, 52% мислат воопшто. 41% мислат многу малку и само 7% мислат дека рамноправо политичките албански партии се ангажирани со македонските политички партии. Ова укажува јасно дека партијата ДУИ која е на власт со двајца министри во делот на интеграција и НАТО не работи колку што треба во врска со интеграцијата на нашата земја.

Осмото прашање за кои причини политичките албански субјекти не се ангажираат за да учествуваат околу преговорите со името во Република Македонија анкетираните одговорија вака 85,6% се определија затоа што политичките партии македонски овој проблем го сметаат дека ги засег само Македонците. 14% се определија затоа што не е интерсот на албанските политички субјекти за евроатланските интегерации и 2% се определија дека не ги знаат причините.

Има уште многу други прашања и резултати кои се од интерес доволно е оваа студија направена која е доста релевантна која дава јасна порака дека граѓаните на Република Македонија бараат политичка перспектива, економска перспектива, социјална перспектива и тие сакаат овој процес да се деблокира час поскоро и Македонија да се интегрира во НАТО и Европската унија. Ви благодарам.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет