Светлана Јакимовска: Следен пријавен е господинот Милошоски Антонио не е тука го губи правото на збор.
Има збор господинот Ѓорчев Владимир, повелете.
Владимир Ѓорчев: Благодарам госпоѓо потпретседател.
Колеги пратеници, претствници на Владата денешната Декларација која што се однесува на зачленувањето на Република Македонија во НАТО треба да се поддржи и пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе ја подржи. Затоа што ВМРО ДПМНЕ како политичка партија има конзистентен став повеќе од 20 години во Република Македонија. Во нашата држава ВМРО ДПМНЕ беше првата, повторувам првата политичка партија која што кажа дека Македонија треба да биде членка на НАТО. Во време кога некои други сметаа дека некои други армии треба да бидат гаранти на иднината, на опстојноста и на државноста на Република Македонија, ВМРО ДПМНЕ беше партијата која што рече, Македонија треба да има своја државност и Македонија треба да биде членка на северно-атланската договора алијанса. Во тој контекст и во тој континуитет ние со години ја пододржуваме таа цел. Ја подржувавме и во 90-тите години кога дел од членките на НАТО беа дел од мисијата УНПРЕДЕП во Република Македонија. Тогаш, во Македонија имаше војницји од Финска која што не е членка на НАТО, исто така и од Шведска која што не е членка на НАТО, но имаше соработка и со контингентите на Данска и Норвешка кои што се членки на НАТО. Значи, во тој дел Македонија ја етаблираше својата соработка со тие земји членки. Исто така, Република Македонија имаше одлична соработка со американскиот контингент кој што дојде во текот на 90-тите години, значи 1993 година како дел од превентивната мисија на УНПРЕДЕП. Тоа беше силен сигнал за потврда за државноста на Република Македонија. Соработкат апродолжи во текот на 90-тите години. Од 1999 година Македонија беше домашин за време на Владата на ВМРО ДПМНЕ, беше домаќин на околу 30 илјади НАТО војници. Значи од 1999 година имавме повеќе од 30 илјади НАТО војници на територијата на Република Македонија. Територијата на Република Македонија со месеци и со години беше логистичка база за НАТО мисиите во Косово, исто така имаше дел од транспортот кој што се одвиваше за Босна и Херцеговина преку територијата на Република Македонија, се склучи слофа договорот. Понатаму во текот на 2001 година во делот на разоружувањето Македонија контактираше, соработуваше со НАТО. Во 2002 година ги почнавме нашите први мисии, од 2002 година македонските војници односно армијата на Република Македонија беше испратена на мисија во Авганистан. Мисијата во Авганистан беше проширена, бројот на војници беше зголемен. Македонските војници ја покажаа својата професионалност таму и имаме ситуација сега после 10 години воено присуство во Авганистан и после 18 ротации имаме ситуација во која што македонските војници се и те како признати и во која што едноставно нивните меѓународни колеги ги даваат највисоките оценки. Воедно повеќе од една половина од војниците на Република Македонија биле во меѓународни мисии биле распоредени. Таков беше случајот и со мисијата Слобода за Ирак, значи и таму беа војниците на Армијата на Република Македонија и таму останаа се додека тоа беше потребно. За разлика од други земји кои што се повлекуваат како резултат на смена на Влада, војниците на Армијата на Република Македонија останаа таму без оглед на промените на владите во Република Македонија. И во тој дел со задоволство можам да констатирам дека нашите меѓународни мисии, но исто така и сите гласања поврзани со НАТО членството на Македонија во овој законодавен дом, во ова Собрание заеднички ги гласавме, заеднички ги гласавме и ние кои што доаѓаме од ВМРО ДПМНЕ и коалицијта за подобра Македонија и тогашната коалиција Сонце, односно сегашна коалиција на повеќе политички партии и Либерално-демократската партија и Либералната партија. Таков беше ставот и во позиција и во опозиција на ДУИ , на Демократската партија на Албанците и на повеќе други политички партии. Сега не можам да ги набројам сите, но се разбираме сите и свесни сме дека тој консензус за кој што зборуваме во Република Македонија го имаме во континуитет. Ние со изгласувањето на оваа декларација ќе упатиме јасна порака дека Македонија сака и треба да биде членка на НАТО, затоа што тоа не е работа од која што се имаме откажано, туку е работа која што претставува стратешка цел на Република Македонија, работа на која што работиме во континуитет и која што беше верифицирана, повторувам, верифицирана во 2008 година кога сите земји членки на НАТО, генералниот секретар на НАТО, владите на земјите членки на НАТО и сите други инстанци и тела во таа организација потврдија дека Македонија треба да биде членка. Не бевме членка поради грчкото вето, поради ветото на владата на Караманлис и за жал, од тогаш веќе 4 години сме пред вратите на НАТО, но не сме дел од оваа организација, не по наша вина, туку како резултат на неразумната грчка политика. Поради тоа уште еднаш ќе речам, треба да испратиме сигнал дека сакаме да бидеме таму, но истовремено и да побараме она што е всушност дел од меѓународните односи, меѓународното право и меѓународниот поредок, а тоа е почитување на одлуките на меѓународниот суд на правдата.
Република Македонија има сериозен аргумент, јас би рекол и историски аргумент со пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Се работи за судска одлука, се работи за судска пресуда и се работи за нешто што Република Македонија со свите аргументи, со својот тим кој што го презентираше тоа, му упати една порака на светот. Значи, уште еднаш она што секогаш го добиваме како сугестија, како препорака, како заклучок дека треба да имаме владеење на правото, ние го бараме и за нас. Значи, ние во тој дел како држава, како законодавен дом, како граѓани на Република Македонија не бараме ништо повеќе од тоа што го имаат другите народи, другите држави, но исто така не се согласуваме и на помалку. Поради тоа пратеничкта група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, во соработка со другите политички групации во ова Собрание го предложи овој текст. Се надевам дека ќе го усвоиме и ќе упатиме порака и внатре во самата Република Македонија кон нашите пријатели во меѓународната заедница, но исто така и едно потсетување, а тоа е дека на Македонија и е направена неправда, дека таа неправда треба да биде исправена со конкретно членство на Република Македонија, работа која што е наша платформа и заложба во континуитет. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Реплика има господинот Јани Макрадули, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам претседателе.
Бидејќи премногу Деловникот го споменувавме од сабајле, јас сеуште мислам дека е некоректно што предлагачот кој вчера самоиницијативно се прогласи.. .
Трајко Вељаноски: Господине Макрадули имате забелешка дека нема овластен претставник.
Тогаш, ја прекинувам седницата, бидејќи нема овластен претставник. За 15 минути продолжуваме за да дојде овластениот претставник. Затоа што господинот Јани Макрадули бара стриктно почитување. Се согласувам.
Ќе продолжиме за 15 минути да дојде овластениот претставник.
(По паузата)
Трајко Вељаноски: Продолжуваме со работа.
Пред да прекинеме имаше за реплика господинот Макрадули Јани, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам претседателе.
Мислам дека господинот Ѓорчев кога ги наведуваше работите во духот на целокупниот консензус што денеска и СДСМ го даде како поддршка на добрите вести што ги очекуваме од самитот од Чикаго и дека вербата, подносителите или иницијаторите на оваа Декларација веројатно имаат некаков план како Македонија да биде членка на НАТО, ме радува што изработувачите на оваа Декларација, претпоставувам дека така беа гласноговорниците, госпоѓата Бонева и не знам кој е претставник на ДУИ, бидејќи никој денеска не се јави за збор, ги наведуваат клучните датуми во патот на Македонија кон НАТО. Ме радува што господинот Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад датумите декември 1993 кога се донесува Одлуката на Собранието за стапување на Република Македонија во НАТО, 1995 година кога Република Македонија станува земја партнер и од 2002 година кога Македонија станува дел на Коалициските сили. Сите датуми се поврзани со парламентарно мнозинство предводени од СДСМ. Им благодарам на таа искреност и признавање на сето она што од 1990 година до сега СДСМ го направи како патот на Македонија и она што е желба на граѓаните да бидеме брзо членки на НАТО, а заради иницијаторите на оваа Декларација, веруваме дека и после Чикаго ќе ни донесат добри вести. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Владимир Ѓорчев има контра реплика, повелете.
Владимир Ѓорчев: Благодарам.
Господине претседателе, колеги пратеници, господине Макрадули,
Да, вистина е дека првата официјална најава на ова Собрание е од декември 1993 година, за жал не беше уште во 1991 година, затоа што во 1991 година, додека ВМРО-ДПМНЕ имаше платформа за независна Македонија, некој друг имаше платформа за лабава конфедерација, за асиметрична конфедерација итн.
Значи, ние како ВМРО-ДПМНЕ уште од 1990 година, 1991 година одевме кон тоа Македонија да биде членка на НАТО. Мило ми е што после две години убедување, три години, од 1991, 1992, 1993 година, во декември 1993 година СДСМ рекле во ред за НАТО. Во тој дел ми е мило што се приклучивте.
Се приклучивте и на гласањето за дијаспората, се приклучивте и за многу други работи што биле иницијална платформа на ВМРО-ДПМНЕ, а после 1-2-10 години и СДСМ се приклучил. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Мисовски Горан има реплика, повелете.
Горан Мисовски: Благодарам.
Жалам што отсуството на колешката Бонева на некој начин го спречи добриот тек на дебатата што со колегата Ѓорчев требаше да го размениме како реплики на неговиот говор, на колегата Макрадули еве и мојата реплика, но не е важно. Бидејќи Силвана Бонева говореше во името на сите предлагачи.
Господине Ѓорчев, слушајќи ја колешката Бонева и во текот на вчерашната прес конференција, нејзиното денешно излагање и особено тоа што вие го кажавте од оваа говорница, а врзано за оваа Декларација, бидејќи ние како опозиција немаме релевантни податоци што се случува и до каде се дојдени преговорите, после вашето излагање навистина сум оптимист.
Можеби Декларацијата, оваа што денеска ја потпишуваме сите, за што силна поддршка добивте и од опозицијата, произлегува од оние седум средби на премиерот Груевски и премиерот Папандреу, говорам за оние средби тет а тет. Навистина во овој момент сум оптимист.
Господине Ѓорчев, до самитот на НАТО остануваат точно 24 денови и 7 часа. Навистина очекувам, бидејќи веројатно спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, во неговото решавање лежи во оваа Декларација, очекувам дека премиерот Груевски на 21 мај ќе ни ја донесе поканата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО. Како опозиција сме оптимисти. Даваме безрезервна поддршка и на претседателот на државата и особено на премиерот Никола Груевски кој ги водел тие тет а тет разговори со грчкиот премиер и навистина очекуваме триумфално, на триумфален начин, нека е тоа и преку Триумфалната порта, на Плоштадот, да ја славиме победата на Република Македонија што заеднички сите и како опозиција и како позиција сме ја издејствувале, потпишувајќи ја оваа Декларација.
Еве, времето тече, 24 дена и 8 часови е моментот кога Република Македонија, благодарејќи на поддршката од сите партии во ова Собрание кои што ја потпишале оваа Декларација, очекуваме дека премирот Груевски ќе ни ја донесе поканата за полноправно членство.
Но, колега Ѓорчев, исто така очекувам, ако тоа не се случи, а Парламентот е инволвиран во целата оваа постапка, за што добивте безрезервна поддршка од страна на опозицијата, очекувам дека премиерот Груевски, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ ќе си понесат политичка одговорност.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Владимир Ѓорчев има контра реплика, повелете.
Владимир Ѓорчев: Благодарам.
Колега Мисовски,
Дури и да имаме една таква прослава, страв ми е дека пак некако ќе најдете изговор да не дојдете. Затоа што не дојдовте ниту за кошаркарите, ниту за 20 години независност дојдовте, па нешто ќе најдете, нема да ви чини протоколот или било што, па ќе читаме соопштенија по весници.
Господине Мисовски и вие и јас сме свесни дека ние како држава имаме проблем со грчката политика. Тој проблем не е само од 2008 година, од Букурешт наваму. Тој проблем е подолг, не е само од 2006 година од ВМРО-ДПМНЕ. Имало и социјалдемократски влади, грчката политика била таква каква што е. Тој дел ние имаме еден континуитет на грчката политика што трае повеќе децении. Јас би рекол дури и повеќе векови политика на негација што мислам дека е сериозна и има еден вид на национална стратегија што ја проектираат кон Република Македонија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општата расправа е завршена.
Предлогот на Декларацијата го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 85 пратеници, од нив за Предлогот на Декларацијата гласаа сите 85 пратеници, нема воздржани, нема против.
Констатирам дека Собранието ја донесе Декларацијата за реафирмирање на определбата за реализација на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО.
Минуваме на точка 2 - Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.
Предлогот на одлуката и извештајот на Комисија за одбрана и безбедност ви се доставени.
Отворам општа расправа.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на одлуката да се пријават за збор.
Благодарам.
За збор се јави и има збор заменикот министер за одбрана, повелете.
Емил Димитриев: Благодарам.
Со одлука предлагама да се изврши замена на контингентот на Армијата на Република Македонија кој што е во моментов на извршување на оваа мировна операција во Босна и Херцеговина со нов контингент со ист број и состав. Значи, еден медицински тим во состав од 10 припадници на Армијата на Република Македонија и еден офицер правен советник кој што ќе работи во командата на ЕУФОР. Значи сметано од месец јуни оваа мисија ќе ја извршуваата во рок од 6 месеци. Сметам дека ова е добар пример соработка на Република Македонија со Европската унија преку една конкретна наша акција во делот на учеството на мировни операции предводени од Европската унија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општата расправа по Предлогот на одлуката е завршена.
Предлогот на одлуката го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 82 пратеници, од нив за Предлогот на одлуката гласаа сите 82, воздржани нема, против нема.
Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.
Минуваме на точка 3 - Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.
Предлогот на одлуката и извештајот на Комисија за одбрана и безбедност ви се доставени.
Отворам општа расправа.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на одлуката да се пријават за збор.
Благодарам.
За збор се јави и има збор заменикот министер за одбрана, повелете.
Емил Димитриев: Благодарам.
И во овој случај се работи за одлука со која предлагаме замена на еден наш офицер кој што е на извршување на оваа мировна операција во рамките на Обединетите нации. Значи, сметано од месец мај 2012 година овој офицер ќе извршува мировна операција во рок од една година. Значи овој офицер ќе биде како дел од здружениот оперативен центар на мировната операција УНИФИЛ. Сакам да напоменам дека последните неколку офицери кои што ја извршуваа оваа мировна операција се наградувани од земјата домаќин и од Обединетите нации што е афирмативно и за Армијата на Република Македонија, меѓутоа и генерално како земја за Република Македонија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општата расправа по Предлогот на одлуката е завршена.
Предлогот на одлуката го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 86 пратеници, од нив за Предлогот на одлуката гласаа сите 86, воздржани нема, против нема.
Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.
Минуваме на точка 4 - Предлог на одлука за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Предлогот на одлуката ви е доставен.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на одлуката да се пријават за збор.
Благодарам.
За збор се јави и има збор госпоѓа Бендевска Весна, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Дали новиот бран што го промовираше ВМРО-ДПМНЕ е само најново партиско цунами низ државните органи и институции, односно дали новиот бран е уште една најнова евтина манипулација со јавноста дека божем се работи за освежување, за проветрување, за смена со нови кадри се разбира неистрошени, одморени кои се спремни да се зафатат со една многу сериозна работа, односно да ги промовираат така наречените реформи на Груевски.
Почитувани колеги, се појасно и поеклатантно е дека сепак станува збор за барање начин да се дисмисионираат и се разбира сериозно да се отстранат кадрите што Груевски до сега ги имаше поставено на високи позиции во државни органи и институции а кој кои е забележана не само злоупотреба на службената должност туку и класичен криминал. Токму ваквиот предлог за избор на заменик генерален секретар во Собранието на Република Македонија покажува дека се работи за т.н. нов бран.
Почитувани колеги предлогот што господинот Илија Димовски како претседател на Комисијата за избори и именувања вчера пет минути пред да започне Комисијата го достави на увид на пратениците е скандалозно. Госпоѓата магистер Весна Стоименовска да ја завзема оваа висока позиција односно госпоѓата треба да раководи со 500 државни службеници во рамките на Собранието а притоа во своето портфолио да не покаже дека ниту половина час од своето работно искуство не го поминала во било која државна или јавна институција. Ако вака изгледа новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ тешко на граѓаните особено тешко на вработените на државните институции, органи и јавни претпријатија. Замислете госпоѓата ќе има сериозна надлежност да превзема и води дисциплински постапки против 500 вработени во Собранието, дури ќе има надлежност и да ги отстранува од работното места, а притоа пред нас да покаже пред Собранието условно да кажам полу фалсификувана биографија за своето работно искуство.
Отворам прашање зошто господине Илија Димовски не ја споредовте биографијата на госпоѓа Стоименовска што ја има приложено во „Иванов“ школата за млади лидери, се разбира за школата за млади лидери која е под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Таму има поинакви податоци отколку она што е доставено во собраниска процедура. Замислете госпоѓа Стоименовска овде во „Иванов“ школата уредно пријавила дека во досегашното работно искуство на два пати волонтирала во невладини организации.
Единствено работно место на неопределено време како што навела во биографијата е вработена во ДС улица Стале Попов број 9 Скопје. Претпоставувам дека голем дел од пратениците помислиле дека можеби станува збор за некоја приватна фирма.
За разлика од ова полуфалсификувано условно да кажам досие, госпоѓата немала проблем кога се пријавувала пред господин Иванов, каде што за волја на вистината држи и висока позиција, бидејќи меѓу другото е член на Извршниот одбор на Иванов школата за лидери алумни асоцијации. Туку напишала дека ДС во стварност е Демократски сојуз, односно тип на дејност или сектор политичка партија. Станува збор за претседател на Демократскиот сојуз, асоцијацијата за млади или ДСМ госпоѓа Весна Стојменовска, партиски член на Демократскиот сојуз со работно искуство советник во сопствената партија. Затоа јавно го отворам прашањето, бидејќи истата госпоѓа навела, говорејќи за своите организациски вештини и способности дека освен што псоедува висок степен на концентрација и одлични организациски способности, способност за работа на повеќе задачи, го навела и следново цитирам: „ Работно искуство и како дел од тим и како индивидуален извршител“. Госпоѓата има и може да се носи со партиски работни задачи и како дел од тим и како индивидуалец, тоа не го спорам, претпставувам и затоа зазема висока партиски функција. Но што мислите, дали госпоѓата ќе може да одговори на вака сериозни надлежности што ќе треба да ги исполни како заменик генерелен секретар на Собранието на Република Македонија, на претставничкиот и законодавниот дом, највисока институција.
Гледам дека госпоѓа Бонева во овој момент држи мини координација со своите членови, но тоа не пречи. Ќе треба да ги инструира се разбира своите пратеници со кои координара на кој начин ќе се произнесат за овој скандалозен предлог за заменик генерален секретар. Еве го доказот како изгледа новито бран, затоа повторувам новиот бран промовиран од генералениот секретар ем на партијата ВМРО ДПМНЕ ем на Владата на ВМРО ДПМНЕ, господинот Божиновски, де факто значи комплетна партизација дополнителна во државната служба, државни органи и јавни претпријатија, државна институција. Затоа, не ќе може да помине ниту еден предлог, бидејќи секој што беше барем вчера на Комисијата за избори и именување неведено е навистина смешен обид да се промивира новиот бран. Ако новиот бран е избор на уставен судија пред еден месец пензионеран, претпоставувам доволно време имала госпоѓата да го искористи својот одмор и да се одмори, како свеж кадар да влезе во Уставниот суд и да ги брани уставниот поредок на Република Македонија, јасно е дека веќе сега паѓаат маските. Јас сум многу повеќе освен она што е наведено, односно избришано од досието, патем да не заборавам да спомнам госпоѓата е член на Управниот одбор во Агенцијата за вработување на Република Македонија, ама и овој податок ќе ги најдете само во Алумни асоцијацијата, но не и во работниот материјал доставен до Илија Димовски. Не, претпоставувам тоа не е битно, а е доказ дека госпоѓата и те како е заслужен партиски член на Демократскиот сојуз и секое делче од колачот наречен власт што му припаѓа на коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ се пополнува за разбира со еминентни партиски кадри.
Она што мене дополнително ме загрижува почитувани колеги е денешното манифестирање на нов бран во работата на Собранието на Република Македонија, директно промовирано на почетокот на денешната седница, кога господинот Вељаноски соопшти дека на 16 мај закажал за прв пат во историјата на независна Република Македонија седница со точки на дневен ред кои доаѓаат како предлог само од опозицијата. Мислам дека треба со должна одговорност секој од нас да се подзамисли дали тоа господинот Трајко Вељаноски не промовираше нов апартхејд стил во работата на Собранието. Ќе имаме седница со точки на дневен ред предложени од Влада или владеачко мнозинство и ќе имаме изолирани седници со точки на дневен ред предложени од опозиција и тоа е страшно. Ама госпоѓа Стојменовска ќе има надлежности тој нов промовиран начин на работа во Собранието и да го промовира и да го реализира. Затоа, нема да не чуди ако седницата што господинот Трајко Вељаноски ја закажа на 16 мај има сосема поинакви сценарио, сценарио на кое можеби за прв пат ќе видиме и бојкот од страна на владеачкото мнозинство. Ние сме веќе свесни за нервозата што кај вас ја предизвикува политчката понуда на СДСМ. Ви беше многу лесно кога сакавте да не обвините дека сме спремни само да ја критикуваме и божем да ја опструирам реформаторската улога на Владата на Никола Груевски. Но кога пред вас во континуитет ги доставувае сите наши можни решенија за акутната криза во која се наоѓа во моментот Република Македонија тоа за вас е непирфатливо, не е прифатливо ниту за оној што треба да биде првиот меѓу еднаквите, не е прифатливо ни за господинот Трајко Вељаноски на заедничка седница....
Достарыңызбен бөлісу: |