Стенографски белешки



бет8/11
Дата13.07.2016
өлшемі0.68 Mb.
#196382
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николовски Александар има контра реплика, повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Дали одредени закони биле уставни или неуставни многу јасно посочувавме во изминатиот период на кој начин Уставниот суд ги донесуваше одлуките и во една минута не би можел сето тоа да го образложам. Во исто време, ги почитуваме одлуките на Уставниот суд и затоа сме постапиле така како што сме постапиле, но никој не може да ни го одземе правото, ниту моето лично да ги коментирам тие одлуки и ќе продолжам да ги коментирам тие одлуки и нивните нелогичности, како што ќе продолжам да коментирам одлуки и нивни нелогичности кои се однесуваат на една група граѓани во кои оваа клика нема интерес и не прави ништо, а на втора група граѓани каде што има интерес да не се случува како што се случувало претходно, па така се укинуваат закони, на пример кои се однесуваат на трето дете или веронаука, ама не укина намалување на данокот на додадена вредност за суров зејтин од 18% на 5%. Зошто? Заради тоа што еден од тие сто има интерес во таа работа.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Мисовски Горан има реплика, повелете.



Горан Мисовски: Благодарам претседателе.

Брука господине Николовски, каква порака му пративте на судијата. Еден добар збор да кажете за него. Само му пративте порака ти Никола Ивановски ќе си работиш како што ќе каже Извршниот комитет. Не дај Боже ако дојде некаква преставка, а е од Програмата мора да ја гласаш. Тој бил професионалец. Ќе се докаже на дело.

Втора работа, не знам од кои причини надвор од темата, повторно изборите да ги споменеме, како ВМРО ДПМНЕ ги добил изборите. Господине Николовски Извештајот на ОБСЕ и ОДИХР многу јасно и недвосмислено ја прати пораката како ВМРО ДПМНЕ ги украде изборите во 2011 година. Ќе цитирам дел од Извештајот на ОБСЕ: Органите на власта треба да ја разгледаат можноста за развивање механизми за заштита кои ќе осигураат доволно одвојување на државата од партијата. Одвојување на државата од партијата! Вие државата си ја сметате како партиски своина. Еве зошто, продолжува во Извештајот на ОБСЕ и ОДИХР. Вие ја повлековте оваа тема господине Николовски: Министерот за внатрешни работи кој во исто време беше и носител на кандидатска листа на ВМРО ДПМНЕ го искористи своето официјално овластување за потребите на кампањата што доведе до конфликт на интереси меѓу нејзиното овластување како министер и нејзините активности. Значи министерот за внатрешни работи учествувал директно во фалсификат како носител на листа. Па тоа на дипломатски начин ви го објаснува ОБСЕ-ОДИХР. А сега видовме преку операцијата Детонатор дека целата кампаања сте ја финансирале со нелегални пари, со покер апарати.

Втора работа господине Николовски, кога говориме за Уставниот суд и она што се обидовте вчера и денес да го протнете во македонската јавност за некакво дерогирање на партиската програма од страна на Уставниот суд. Па Република Македонија е единствениот случај во нормалните европските држави и оние кои што се стремат да бидат полноправни членки на Европска унија, за прв пат, тоа е единствен случај премиерот на таков начин да ги дерогира работењето на Уставниот суд со директно вперен прст, за закани, со уцени кон уставните судии, претседателот на Уставниот суд го изеде најдебелиот крај. Претседателот на Уставниот суд го обвинивте без докази дека е кодош. Секојдневно како ќе паѓаа одлуките на Уставниот суд заради лошите закони кои што и се запишани во Извештајот на Европската комисија дека Македонија е држава во Европа која што носи најлоши закони, на кои што паѓаат стотици закони на Уставниот суд и затоа премиерот ќе изјави во една прилика: Уставниот суд под притисок на кодошите поништил некои членови од Законот за лустрација. Каква брука, каков однос кон уставните судии, тие кои што треба да ги штитат уставниот поредок. Страмота господине Николовски.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николовски Александар има контра реплика, повелете.



Александар Николовски: Благодарам.

Секогаш кога ми реплицирате искрено размислувам дали вреди да ви се одговори. Еве ќе се обидам, иако не е на темата. Изборите во 2011 година од сите надбљудувачи беа оценети како фер, транспаратни и демократски вклучувајќи го и Парламентото Собрание на Советот на Европа каде што сум шеф на делегација која што ја носи врвната одлука за оваа работа, прво.

Второ како работел Уставниот суд еве ќе ве потстетам на една епизода од нашето краткотрајно заедничко владеење во Република Македонија 2006-2008, случајно после една крупна одлука на Уставниот суд за рушење на една крупна работа се поднесе интерпелација во Собранието на Република Македонија во 2007 година за работата на Владата на ВМРО ДПМНЕ во која што се здруживте повеќе политички партии против ВМРО ДПМНЕ. За наша среќа, за ваша жал не успеавте, согласно таа програма Тито Петковски мислам дека требаше во новото Собрание да е претседател на Собрание. Не ви успеа. Следната година отидовме на избори, ги добивме изборите и тоа е тоа.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Села Зијадин има реплика, повелете.



Села Зијадин: Благодарам господине претседател.

Излегов за да му честитам на господинот Николовски за вистините кои што ги искажа донекаде во однос на интригите кои што постојано ги правел вашиот партнер во коалицијата кој што е заедно со вас, меѓутоа не ја кажавте вистина до крај, јас ќе ве дополнам. Вистина е дека таа игра која што се играше тогаш со укинување на неколку членови од Законот за употреба на знамето беше подготвена од страна на ДУИ тогаш, заедно со СДСМ со цел да создадат проблеми во коалицијата и за да бидат дел од власта понатаму, како што е вистина и тоа дека веднаш откако се укинаа тие членови од Законот ја наполнија цела Македонија со црвен-црни знамиња со цел да излезе полицијата и да реагира, наместо да регира на инцидентите и да се оди на предвремени избори. Ниту едно знаме не беше чепнато, никој не беше казнет, освен сега на натпреварот на Лирија каде што се казнуваат навивачите Албанци затоа што го развивуваат националното знаме на спортските терени. И разликата е во тоа што тогаш дел од власта беше ДПА, а сега е дел од власта ДУИ. ДПА тогаш не дозволи никој да ги чепне Албанците за овие работи. Како што има уште една друга вистина дека во исто својство се донесе и споменикот Скендер Бег. Зошто не се донесе до 2006 година кога беа дел од власта, туку го донесоа со цел да се направат инциденти. Меѓутоа ние не дозволивме инциденти, напротив дадовме дозвола за споменикот на Скендер Бег во 2007 година. Бевме дел од власта и очекувам од вас да ги потврдите овие работи. И уште поголема вистина е тоа што вие ја видовте оваа болна желба на ДУИ да биде под секој услов дел од коалицијата и се напрви што се напрви со предвремените избори. Повторно ги повторивте изборите на сите оние гласачки места каде што победи ДПА со цел тие да станат дел од коалицијата. И оваа нивна болна желба да бидат задолжителен дел од коалицијата, всушност вие им рековте да кревате прсти за се што ќе ви кажам и во ова својство тие дигнаа прсти и за Законот за наталитет, Законот за употреба на јазикот што го говорат над 20% од Албанците, во ова својство го изгласа и проектот 2014 и во ова својство гласаа и за македонски од прво одделение, во ова својство ги затворија и борците на ОНА. Ова е вистината.

Меѓутоа интригите на оваа коалиција не завршуваат денес, јавноста и вие ќе бидете сведоци дека тие немаат смелост да избеат судија во Уставниот суд во договор со вас и ќе направат интрига за третиот кандидат Сали Мурти, нема да гласаат со цел, а од друга страна кандидатите Македонци нема да ги гласаат. Ова е вистината. Ќе видите како ќе тече ситуацијата до крајот на оваа седница.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николовски Александар има контра реплика, повелете.



Александар Николовски: Ќе се обидам на што повеќе работи да одговорам.

Прво, јас го кажав и стојам зад тоа што го кажав дека целта на Уставниот суд и клика до 100 луѓе кои што сакаат да владеат со Република Македонија без разлика кој е на власт и тука не велам ни ВМРО ДПМНЕ, ни СДСМ, ни ДУИ, ни ДПА туку клика од 100 луѓе која што сака да владее со Република Македонија, една од работите што ја направи со цел рушење на ВМРО ДПМНЕ, тогаш, беше и рушењето на овој закон, одосно укинувањето на овој закон, како што следуваа и многу други закони кои што ги споменав после тоа.

Целта беше таа и точно е дека беше целта да се предизвикаат интензии во Република Македонија. За среќа не се предизвикаа тензиите на Република Македонија и продолживме нормално да функционираме. Сето останато понатака и за изборите итн., е прашање на некоја друга дебата која што не е поврзана со Уставниот суд и која што можеме во некоја друга прилика да ја коментираме. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Милошоски Антонио има збор, повелете.



Антонио Милошоски: Благодарам претседателе.

Јас ќе бидам пократок и ќе го кажам моето мислење по однос на конкретниот предлог.

Сметам дека предложениот кандидат за судија во Уставниот суд во Република Македонија, господинот Никола Ивановски ја заслужува поддршката пред се заради неговото правничко искуство и особено тоа што може да се истакне е што ги има поминато сите нивоа во неговата работна кариеа на тоа правничко искуство. Почна од приправник во Окружниот стопнски суд во Скојпе во 1984 година, па преку стручен соработник, во Окружниот стопаски суд, па потоа истражен и извршен судија во Основниот суд Скопје 1 од 1988 годинан до 1996 година, потоа има и богато адвокатско искуство, значи бил и од адвокатската страна на правниот и законодавниот систем во Република Македонија. Потоа е кривичен судија од 1999 до 2008 година, и од август во 2008 година е член на Советот на јавните обвинители.

Значи, човекот кој што добро ги познава и има искуство во адвокатската област од правото, во судската област од правото и во областа на Јавното обвинителство, мислам дека може да се смета за навистина сериозен и достоен кандидат за член на Уставниот суд на Република Македонија.

Од друга страна моето мислење исто така е дека Уставниот суд со изборот на овој кандидат и на останатите предложени кандидти, ќе го зголеми својот кредибилитет за извршување на функцијата согласно Уставот на Република Македонија. За жал, до сега не беа ретки случаите кога партиските ангажмани, ангажманите во државни изборни комисии, во време кога имавме нелегитимни избори или избори кои што оставаа голем сомнеж за фалсификати беа најсилната препорака за членови на Уставниот суд на Република Македонија. Овде тоа не е случај. Имаме човек со кристално чиста биографија, кој што почнал, се докажал и продолжува како истакнат правник во Република Македонија.

Сметам дека Уставниот суд според уставните норми не треба да биде политички инструмент на ниедна политичка партија во Република Македонија за жал досега имаше повеќе случаи во кој што се покажа дека Уставниот суд е политички инструментализиран. Уставниот суд треба да го штити Уставот, но не треба да биде суд кој што на некој начин ќе биде втор од негативна гледна точка законодавен дом кој што ќе ги руши легитимно и законски донесените закони во Република Македонија и во ова Собрание. Уставниот суд не треба да биде и нструмент за компензацијај на легислативната слабост на било која политичка партија. Политичките партии, колку можат, што можат и како можат да направат и да ги преточат своите проекти во закони, докажуваат на избори и тоа го прават. Уставниот суд треба да го штити Уставот, а не да ги штити политичките партии една од друга или да го балансира нивниот сооднос во Собранието на Република Македонија.

Затоа сметам дека изборот на еден ваков човек кој што има кристално јасна правничка кариера и нема ниту една политичка дамка или ангажман или учество во свјата кариера како правник ќе биде од голема поткрепа за дополнително зацврстувње на интегритетот на Уставниот суд што е основен предуслов за добро извршување на задачите согласно Уставот на Република Македонија. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Макрадули Јани има контрареплика, повелете.



Јани Макрадули: Благодарам претседателе.

И господинот Милошоски кажа што очекува од Уставниот суд. И тоа е навистина трагедија што денеска се случува во Собранието на Република Македонија, каде што пратениците од парламентарното мнозинство на ВМРО ДПМНЕ, само тие што зборуваат пратениците од парламентарното мнозинство од делот на ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Уставниот суд, цитирам не смее да поништи легитимно донесена одлука во ова Собрание. Значи, спред ВМРО ДПМНЕ, било кој закон овде што ќе се донесе е легитимен и никој за тоа не треба да поведе иницијатива.

Господинот Ѓорѓи Наумов, претседастел на Комисијата за правни работи со многу години во ВМРО ДПМНЕ, што ја покрене иницијативата за уставноста на Законот за знамиња, не видов дека вие го сатанизиравте во јавноста. Туку напротив тој како правник, искусен правник, поведе иницијатива. Член на ВМРО ДПМНЕ покренал иницијатива до Уставниот суд. Член на ВМРО ДПМНЕ видовме на телевизија покрена иницијатива за уставноста на донесената Одлука на ова парламентарно мнозинство и на ДУИ за амнестијата за хашките случаеви. И зошто тоа Уставниот суд да не го разгледува. Зошто Уставниот суд не донесе правилна, јас мислам онесе правилна одлука. Не може едни да одат во пензија на еден начин, не може други да одат ви пензија на друг начин. Односно постојат различни толкувања.

А кога зборувате за награда, за некој што бил во Државна изборна комисија, свртете се позади, сег ви кажуваше, ви шепотеше што да кажете, го имате типичниот пример, најголемата награда. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Господинот Милошоски Антонио има контра реплика.

Антонио Милошоски: Благодарам.

Јас уште еднаш ќе ги истакнам аргументите кои што одат во прилог за изборот на Никола Ивановски за член на Уставниот суд на Република Македонија.

Сметам дека човекот кој што има кристално чиста биографија, почнал од 1984 година како приправник во Окружниот стопански суд Скопје и денес е член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија без било каква дамка во својата кариера, заслужува и мислам дека лично може да даде придонес во работата на Уставниот суд на Република Македонија, со основна задача да ги штити нормите на Уставот. Да не политизира, туку да биде човек кој што ќе биде ставен во одбрана на уставните норми на оваа држава. За жал, многу судии претходно, членови на Уставниот суд покажаа дека се само инструменти кои шт се на далечински управувач од еден политички центар и се раководат од тие принципи. Во овој случај очекувам тоа да биде корегирано.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека претресот по предлогот е завршен.

Согласно член 165 од Деловникот, гласањето по овој предлог ќе се изврши на 30 април во понеделник во 11,00 часот.

Благодарам.

Отворам претрес по предлогот Елена Гошева да биде избрана за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по Предлогот да се пријават за збор.

Благодарам.

Со оглед на тоа дека има поголем број на пријавени пратеници за збор, да се подели листинг на пријавени пратеници за збор.

Прв за збор е господинот Илија Димовски како оластен преставник на предлагачот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, повелете.

Илија Димоски: Благодарам почитуван господине претседателе.

Кандидатот за член, односно за судија на Уставниот суд госпоѓа Елена Гошева, има поприлично голема правна биографија. Својата професионална кариера ја започнува 1975 година, како приправник во Окружното јавно обвинителство во Скопје. 1977 станува стручен соработник во тогашното Окружно јавно обвинителство. Понатаму во 1984 година госпоѓата Елена Гошева, станува заменик на јавниот обвинител во тогашното општинско Јавно обвинителство во Скопје. Во 1997 година станува заменик на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје, 2002 година станува заменик во Вишиот јавен обвинител во вишото јавно обвиителство, во 2008 година на непосредни и директни избори спроведени помеѓу сите јавни обвинители во Република Македонија на тајно гласање, е избрана за член на Советот на јавни обвинители. Значи, на тајно гласање од редот на сите јавни обвинители во Република Македонија госпоѓата Елена Гошева е една од малкуте избрани кои што треба да ја застапуваат фелата обвинителска како што велат тие во рамките на новоформираниот орган Совет на јавни обвинители на Република Македонија што на оваа госпоѓа и дава сериозна квалификација како кадар кој што ужива углед помеѓу своите колеги и во Скопје, и низ Република Македонија.

Меѓу другото оваа госпоѓа соработува со ОБСЕ на пвеќе проекти од рамките на правосудството и е ментор во повеќе прилики во Академијата на судии и јавни обвинители. Со оглед на фактот дека станува збор за сериозна госпоѓа во поодминти години, кои што претставуваат на некој начин и гаранција за нејзината одговорност и сериозност, со комплетен кредибилитет го истакнав предлогот Елена Ѓошева да биде избрана на Уставниот суд на Република Македонија.

И тука сум сигурен дека ќе бидат барани причини зошто овој кандидат според опозицијат не исполнува стандарди.

Меѓутоа почитувани колеги, доколку се држиме принципиелно и доколку се држиме до критериумите и условите предвидени за избор на судија на Уставниот суд, токму оваа госпоѓа ќе биде еден од најдобрите возможни кандидати за судија на Уставниот суд според сите квалификации и според сите оценки и според сите проценки кои што ги даваат и вработените во Јавното обвинителство насекаде низ Република Македонија.

Доколку влеземе во една безпоштедна пресметка помеѓу политичките партии односно пратеничките групи во Собранието, сигурен сум дека дебатата ќе личи онака како што впрочем и личи за било кој кандидат предложен во Собранието на Република Македонија.

Затоа апелирам уште еднаш како и пред малку кога дискутиравме за кандидатот Никола Ивановски да се обидеме сите помалку да го задржиме кредибилитетот на Собранието и да дебатираме за она што е точка на дневен ред.

Доколку не биде така, навистина сликата која што ја оставаме пред граѓаните на Република Македонија ги надминува и најлошите очекувања кои што гарѓаните може да ги имаат за Собранието на Република Македонија. Благодара.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Павловска Данева Ана има збор, повелете.



Ана Павловска Данева: Благодарам претседателе.

Почитувани колеги, Уставниот суд е најзначајниот, најважниот механизам за заштита на човековите права и слободи. Тој е чувар и заштитник на Уставот и на уставниот поредок во секоја демократска држава, се разбира и во Република Македонија би требало да биде така.

Ќе беше добро доколку сите кандидати предложени од страна на Комисијата за избори и именувања и нивните биографии се разбира, беа доставени, барем мал временски период пред почетокот на вчерашнаа седница за да можеше јавноста не само пратениците во овој дом, туку и јавноста да бидат запознаени со кандидатите, со нивните биографии и да можат пред се стручната фела да се произнесе за овие кандидатури, можеби ќе беше и позитивно тоа произнесување од фелата како што беше кажано од претходниот говорник, меѓутоа ние немавме можност да слушнеме што стручната јавност мисли за предложените кандидати.

Немавме можност да се отвори ниту дебата за која што ќе бевме подготвени да говориме како на Комисијата така и на ова пленарна седница и да разговараме и за достигнувањата но можеби и за неуспесите и потфрлањата на секој од предложените кандидати или на некој од нив.

Господинот Илија Димовски ги кажа работите кои се надевам и сигурна сум од стручен факт изнесени во биографиите поднесени од самите кандидати. Меѓутоа факт е и тоа дека во нивните биографии и нивните податоци кои никаде не стојат и кој голем дел од нас но и од пошироката јавност не може да ги знае, бидејќи не се внесени во сивијата поднесени до Собранието.

Кандидатката за Уставниот суд предложена од ВМРО ДПМНЕ госпоѓата Елена Гошева, е во тесна роднинска врска со претседателката на Државната пописна комисија која на три дена пред крајот на пописот во октомври 2011 година го растури и го сруши пописот давајќи си оставка таа самата како и целата нејзина Комисија.

Кандидатката Елена Гошева е всушност мајка на Слободанка Гиевска, претседателката која ја изврши задачата да не се спроведе попис во октомври 2011 година, која обезбеди 14 милини евра буџетски пари, пари на граѓаните на Република Македонија да отидат во неповрат без никој да знае каде и зошто и без притоа да му објасни на македонскиот граѓанин зошто тоа се има случено. Претпоставката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е дека ова е всушност награда за госпоѓа Елена Гошева да ја добие престижната функција судија на Уставниот суд заради одработената партиска задача на нејзината ќерка во октомври 2011 година, именувана од Владата на Република Македонија.

Кога веќе станува збор за тоа дека треба да избереме кандидат, судија кој ќе ги штити уставните слободи и права на граѓаните, ќе ја штити законитоста и уставноста на сите правни акти донесени во оваа држава, треба да се каже и фактот дека госпоѓа Елена Гошева го има добиено решението за пензија на 3 март оваа година, 2012 година, но и покрај тоа секојдневно оди на работа во Советот на јавни обвинители, што ќе се согласите, барем оние кои се правници и го познаваат овој дел од правото дека се коси и со Законот за пензиско и инвалидско осигурување и со Законот за работни и односи и со Законот за советот за јавни обвинители. Нормално е СДСМ при ваков факт, како и секој граѓанин, да си го постави прашањето, дали човек кој во моментов крши неколку законски одредби и не почитува закон, ќе биде компетентен, ќе биде доблесен утре да ги штити останатите закони и Уставот од повреда на други граѓани или други правни ентитети.

Исто така, во нејзините биографски податоци не стои и затоа не може никој да спомне или не сака никој да спомне од страна на предлагачот, фактот дека госпоѓа Елена Гошева во 2009 година, како претседател на Советот на јавни обвинители става на дневен ред и врши избор на двајца јавни обвинители, од кои против едниот, во истиот момент се води истражна постапка, а другиот пак е разрешен судија за нестручност и несовесност. Откако јавноста изврши силен притисок врз ваквата постапка, нестручна, некомпетентна и се разбира незаконита, од страна на госпоѓа Елена Гошева беше изјавено за медиумите дека учи од грешките. Дека Советот на јавни обвинители е млада институција и дека така ќе учи од грешките.

Во 2009 година, само три години пред овој момент кога почитувани колеги ќе ја изберете госпоѓа Елена Гошева за уставен судија, истата госпоѓа Елена Гошева била пред крајот на својата кариера, три години пред пензионирање. И во тој момент таа правела грешки и учела од грешките. Како да бидеме сигурни дека утре, како уставен судија, бидејќи тоа ќе биде комплетно нова функција и позиција за неа, нема повторно да прави грешки за што нема учење, ќе нема можност да ги поправи. Како да знаеме дека нема да направи грешка кога ќе укине одредена законска одредба, кога ќе поништи закон, како да знаеме дека нема да направи грешка кога ќе одбие иницијатива за укинување на неуставен закон? После тоа веќе враќање нема. Нема простор и нема време и нема можност во институција, како што е Уставниот суд, да се избираат луѓе кои треба допрва да ја учат својата работа.

Госпоѓа Елена Гошева, како јавен обвинител го води предметот наречен Арачиново. Да ве потсетам, станува збор за убиство на тројца полицајци во Арачиново. Ден денеска, после повеќе од деценија тој предмет не е решен. Тоа влегува во професионалната кариера на госпоѓа Елена Гошева како добар јавен обвинител, како што ни беше кажано, избрана од страна на нејзините колеги.

Кога станува збор за нејзиниот избор, конкретно, должни сме да кажаме дека тој не е направен со консензус. Како што не бил направен со консензус ни изборот на ова Собрание за претходниот кандидат Никола Ивановски, каде што видовме дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале. А останатите кои гласале биле само и само пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, без опозиција. Така и госпоѓа Елена Гошева, за претседател на Советот на јавни обвинители, не е избрана со консензис. Напротив, нејзините колеги јавни обвинители кои седеле во тој совет не гласале за неа. Вообичаено е, почитувани колеги, при избор не на политичка, туку на стручна функција, кога се бираат колеги и кога те избира фелата, да постои општ консензус. При изборот на госпоѓа Елена Гошева за претседател на Советот на јавни обвинители таков консензус не постоел.

Почитувани колеги, должни сме да кажаме, иако не се коси со ниту една законска одредба, меѓутоа на вакви високи позиции се претпоставува дека треба да се има потполно чиста биографија, етички и морални вредности да бидат исполнети. Затоа сме должни да кажеме и тоа дека како членови, потесното семејство на госпоѓа Елена Гошева се верни членови и подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзиниот сопруг, во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е избран за директор на Државниот студентски центар. Но, тоа не е се. Тој ја злоупотребил својата службена должност и против него е покрената кривична пријава за злоупотреба на службена должност.

Се поставува прашање и треба сите да си го поставиме тоа прашање дали е и тоа еден елемент кој оди во поткрепа на ставот дека токму овој кандидат од бројните правници, од бројните судии со високи позиции, на високи звања во нашиот судски систем, токму овој кандидат е најдобриот кој треба да ја заземе највисоката позиција во судската инстанца?

Сосема за крај, да ве потсетам, дел од вас се и сега присутни, а биле присутни и тогаш во 2010 година, кога е изгласано од ова Собрание: измени на Законот за судови. Според него почитувани колеги предвидовте дека за да се биде судија на Основен или Апелационен суд, основниот е првостепениот, најнискиот суд во нашата држава, за критериуми е предвидено да се има магистратура, покрај додипломски, значи поздипломски студии и на двата циклуси студии кандидатите за судии, на Основен и Апелационен да имаат просек над 8. Предлог на господинот Михајло Маневски што ревносно го бранеа одредени колеги и сега присутни и кажуваат дека тоа е многу важно за вршење на судиска функција.

Кога сме веќе кај овој законски услов што вие го изгласавте, должни сме на јавноста да и кажеме дека сега ни предлагате кандидат за Уставен суд, највисоката судска инстанца, кој студирал 9 години има просек 6,40. Многу ме интересира, било кој од репликантите кои се пријавија, како ќе ми го објасни фактот дека гласал пред две години, инсистирал судија на основен суд да има магистратура и просек 8 на додипломски и постдипломски, на двата циклуса студии, а сега ни предлага и ќе гласа судија на Уставен суд кој после долго време мачење на студии завршил со 6,40.

И сосема за крај, ќе го цитирам почитуваниот колега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој вчера рече предложените кандидати не се совршени. Се согласувам со вас господине Александар Николоски. Далеку се од совршени предложените кандидати. И не само тоа, нивните биографии се скромни, а на дел од нив, конкретно госпоѓа Елена Гошева е дури и компромитирачка.

Оттука, ако сепак се одлучите да го подржите партискиот предлог госпоѓа Елена Гошева да стане нов судија на Уставниот суд на Република Македонија, сакам да ви го честитам изборот, кога и да го извршите, денеска или утре, нека ви е честит новиот бран што го започнувате токму во Уставниот суд на Република Македонија, а со стари извикани кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет