Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е пријавен господинот Димовски Илија, повелете.
Илија Димовски: Благодарам.
Редовно со внимание го слушам колегата Велјаноски како повозрасен и како поискусен човек и се обидувам да најдам логика во она што го говори, меѓутоа, искрен да бидам, ретко ја наоѓам.
Господине Велјаноски, велите уназадуваме во демократијата. Нема да зборувам за она што се случувало до 1998 година, ќе зборувам за периодот од 2002 до 2006 година. Полицијата влегуваше со вперени пиштоли во двегодишни деца на генералите на полицијата. Господине Митре, вие избркавте неколку илјади луѓе од работа и тоа не по критериуми и стандарди за школо, немање школо, за работни места, за систематизација, туку рековте сите што се вработени од таа дата натаму, кога било ВМРО-ДПМНЕ на власт се бркаат од работа. За која демократија зборувате? Или тогаш вам ви личеше на демократија. Вие бевте комотни веројатно, бевте на позиција вие и луѓето околу вас. За таа ли демократија зборувате господине Митре Велјаноски. Вие апсетевте потпароли на политички партии. Жив е пред мене господинот Влатко Ѓорчев, го апсевте, портпарол на политичка партија за изречено мислење го апсевте, човекот лежеше една вечер во полициска станица заради различно размислување. За таа ли демократија господине Велјаноски зборувате? И вие сега сакате тука да создадете премиса дека откако дошло ВМРО-ДПМНЕ на власт нема демократија, а до сега имало демократија. Ве молам господине Митре Велјаноски, ве почитувам искрено вие тоа го знаете, нема потреба пред камера да го кажувам, меѓутоа, вие сте возрасен човек и сте еден од оние неколку во Собранието кои што и ние младите кога ќе залетаме малку повеќе во нашата желба да помогнеме на сопствената партија треба да не подзастанете и да кажете деца полека, ова е вака, ова не е така, ова е објективно, ова не е објективно. Вие станувате дури понеобјективен и од колешката Бендевска и од другите колеги тука и употребувате примери кои навистина не одат, за што зборуваме. Колега Велјаноски, цел ден се обидувам, замолувам при предлагањето на кандидатите да не одиме со лични дисквалификации и омаловажувања. Секогаш првите настапи на колеги од вашата пратеничка група се токму тоа, токму лични дисквалификации и омаловажувања. Седнете ги, постар сте, повозрасен сте, поискусен сте, кажете, луѓе, дајте да прекинеме со ова самоуништување. Тоа што не чини, ако има забелешки во кариерата кажете, но да не обвинувате сега дека е партизирано, а до пред две години било демократија, цветале рози не личи, најмалку личи од вас како возрасен и сериозен човек да го слушам. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Контра реплика има господинот Велјаноски Митре, повелете.
Митре Велјаноски: Благодарам.
Почитуван пратеник, се убедувам и себе си и се обидувам и вас да ве убедам дека сме 2012 година. Почитуван пратеник, дали во Република Македонија е застанат часовникот и застанато времето, само тогаш кога ќе зборувате за 2012 година, само тогаш ќе бидете во право. Баталете ја историјата, баталете ја 2006. 2012 година сме. Вие сте млади луѓе. Има една латинска поговорка: овде е Родос, овде скокни. Додека се враќате наназад се е тоа политиканство и никогаш нема да поверувам на вашите зборови. Кога ќе кажете од оваа говорница сега треба да ги решаваме проблемите за утре да ни биде подобро, тоа го прифаќам.
Почитуван пратеник, вие почнавте со имиња денес, вие ги споменавте сите тие.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е пријавен господинот Пашовски Васко, повелете.
Васко Пашовски: Благодарам.
Почитуван колега Велјаноски, од вашата дискусија она што успеав да го сватам е дека вие во моментално жалите затоа што на судиите кои се во Уставниот суд моментално им истекол мандатот и тоа се случува токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога е на власт. Вие сега имате проблем не затоа кои се кандидати, многу малку зборувавте за тоа кои се новите кандидати, туку зборувате дека сега ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи кандидат. Проблемот е тоа што на вашите кандидати веќе им завршил мандатот и сега ќе избереме нови. Најмалку се задржавте на нивните квалификации. Она што го гледам како биографија на госпоѓата Елена Гошева од 1977 година е вработена во Окружното обвинителство, а 2012 година завршил во највисокиот орган на обвинителството односно во Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Проблем било имала мал просек. Верувајте ми јас како студен на мојот факултет додуше, не на истиот факултет, во тој период само децата на професорите имаа висок просек. Верувајте ми дека навистина беше така. Сега со новиот кредит трансфер систем, со Болоњскиот систем имаме сосема нова ситуација, каде што веќе имаме многу пообјективна состојба и децата имаат повисок просек. Друга работа, го спомнувате и господинот Ѓорѓи Гошев, додуше не вие, другите колеги спомнаа дека бил поставен за директор. Но кога, пред 12 години, пред 10 години, до 2002 година? Дел од колегите рекоа дека имал кривична пријава. Па сега моментално можам да ви поднесам кривична пријава која ќе падне и во овој случај нема никаква кривична одговорност. Ќе падне во наредниот период и засекогаш ќе бидете одбележани вие сте имале кривична пријава. Тоа е многу нелогичен, многу неразумен коментар.
Проблемот, пак ќе кажам, затоа што моментално доаѓаат кандидати кои ги предлага моменталното мнозинство во ова Собрание. Мислам дека треба да поразговараме и да им дадеме шанса, не е оној истиот Уставен суд што буквално работеше по директива. Секој закон што ќе беше донесен овде и кога ќе приметевте дека е во склоп на реализација на некој проект од програмата на ВМРО ДПМНЕ, веднаш го рушевте. Значи веднаш се наоѓаше чаре како тој закон да падне за да не може да се изврши реализација на самиот проект. Тоа ви беше единствената цел.
Дајте им шанса на овие луѓе, кој вели дека нема бидат подобри од претходните кандидати, претходните уставни судии. Јас верувам дека ќе работат три пати повеќе од претходниот состав, ви гарантирам.
А тоа каде се нивните деца, мислам дека е нелогично да разговараме. Значи ако Слободанка или Игор се на некои позиции, како нивен зет или нивна ќерка, сосема е нелогишно да разговараме за способноста на госпоѓата Елена Гошева, односно дали е таа способен кандидат да ги извршува функцијата за која што ја предлагаме.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Контра реплика господинот Велјаноски Митре, повелете.
Митре Велјаноски: Благодарам потпретседателке.
Голема доза на некоректност, на други дискусии реплициравтем, не на мене, но се едно.
Основна теза не поставив стручноста на лицето, туку нејзиниот кредибилитет за политичка независност во услови, ако го земеме предвид фамилијарното политичко педигре. Тоа само е за мене спорно.
Знам едно дека ќе запаметиме кога Уставниот суд во новиот состав ќе поништи закон донесен од ова владеачко мнозинство. Тој ден кога ќе дојде, ако дојде, бидејќи ќе биде толку многу редот, ќе треба јубилеј да му славиме и годишнина. Тоа го зборуваме и тоа ќе биде реалноста и сите сте свесни дека така ќе биде. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Има збор госпоѓа Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам госпоѓо потпретседател.
Навистина ми е жал што една ваква тема, една ваква дебата ја водиме во време, во касни саати кога и меѓудругото граѓаните гледаат и утакмица. Меѓутоа ние ќе си ја тераме нашата работа, ќе си ги кажем нашите аргументи, па понатаму нека суди иднината кој бил во право .
Почитувани колеги пратеници, Уставниот суд во секоја држава, па и во нашата држава држава има посебна позиција. Ако ја погледнете самата глава што го регулира ова прашање, уште од првиот член, членот 108 јасно станува збор за што се работи. Уставниот суд во Република Македонија е дефиниран како орган на Републиката што ја штити уставноста и законитоста. Уставниот суд во Република Македонија треба да обезбеди чекен баланс на сите и над законодавната и над извршната власт и над судската власт и ако сакате, тоа е и над локалната власт, сега како четврта власт. И мислам дека тој има посебна позиција во Уставот, а за мене од најважните надлежности на Уставниот суд во Република Македонија е да ја штити законодавноста и законитоста, а особено да ги штити слободите и правата на човекот на граѓанинот кој што се однесуваат на уверување, на совеста, на мислата, јавното изразување на мисла, политичко здружување, дејствување, забрана на дискриминација итн. Значи сериозна работа има Уставниот суд. И затоа навистина требаше посериозен начин и посериозен пристап кон постапката бидејќи првата забелешка ми е околу процедурата, начинот на постапување при изборот на судии на Уставниот суд.
Прво и основно, не може да се амнестираме дека и порано се вршело така избор на судии на Уставен суд и без објава, без да знаат луѓето од еснафот, кои навистина ги исполнуваат условите да бидат и навистина заслужуваат голем број од нив да бидат ставени овде на дискусија во Собранието и да претендираат за член, за судија на Уставен суд, тие не ни разбраа од една единствена причина што тивко, без никој да знае, Комисијата за избори и именувања, според критериуми само нив познати, си предложи во тајна процедура. Не амнестира тврдењето дека и порано се избирале така уставни судии. Нели сакаме демократска држава. Нели сакаме функции достапни со подеднакви услови на сите. Ако сакаме, ако претендираме на тоа требаше барем една објава во јавните медиуми дека ова Собрание, согласно Уставот ќе избира уставни судии.
Понатаму, прекршен е и Деловникот. Комисијата за избори и именувања како работно тело во Собранието исто као и сите останати работни тела мора минимум 5 дена да достави материјали за точките на дневен ред што ќе бидат на расправа. Наместо тоа, а замислетре сеработи за избор на судии на Уставниот суд, материјалите се даваат во самиот момент на самиот почеток нна работата на Комисијата.
Ова, мислам дека нема да го елаборирам, не само што се работи за прекршување на Уставот и Деловникот, туку се работи шрактично за изигрување на целокупната македнска јавност.
Втората работа, околу која што сакам да дебатирам, ако навистина се добри овие тројца кандидати, вклучително и кандидатката за кој асега зборувавме, навистина ќе с јавеја поголем број пратеници од парламентарното мнозинство и ќе го бранеа оваој предлог на Комисијата.
Од списокот што го имам, освен колегата Илија Димовски, кој нормално мора, какоа овластен предлагач да биде јавен за дискусија, се јавиле за дискусија само господинот Владимир Ѓорчев, Силвана Бонева и Антонио Милошевски. Владимир Ѓорчев и Антонио Милошевски, господата, од разбирливи причини затоа што биле генерацијa со ќерката на оваа кандидатка и нормално дека имаат обврска да го бранат овој предлог.
Почитувани колеги, се поставува прашање, без тенденција да го напаѓам личниот интегритет на кандидатката за член на Уставен суд, меѓутоа би сакала околу нејзиното стручно напредување и околу нејзината компетентност да подискутираме малку за судија на Уставен суд. Беше многу фалена дека таа е избрана на подрачјето на Јавното обвинителство со непосредно тајно гласање. Меѓутоа, почитувани колеги, јас не знам дали е тоа точно. Добив минимум десет пораки од јавни обвинители кои тврдат, докажуваат на кој начин е избрана оваа кандидатка за член на Јавно обвинителскиот совет. Проверете, ќе видите, јас ќе ви ги дадам пораките кои што ми се испраќани.
Со што е позната оваа кандидатка во јавноста, во еснафот и останатите двајца кандидати. Дали со некои научни трудови, дали со некој посебен став по одредено прашање, дали со учество во некој законски проект или изработка на некој законски проект. Повторно не претендирам лично да ја навредувам, меѓутоа она што го знам за колешката или за идниот судија на Уставен суд е присуството овде во својство на претседател на Советот на јавни обвинители и презентирање на еден сувопарен извештај за работата на Советот на јавни обвинители и ништо повеќе. Па видете, оние кои што кажале нешто, кои оставиле трага во еснафот сите ги знаеме и сите се знаеме.
Доста беше дискутирано околу стручноста. Јас навистина не навлегувам, меѓутоа потсетете се дека господинот Ставре Џиков кој што знаете во кое време беше јавен обвинител, имал иницијатива да ја разреши оваа јавна обвинителка затоа што по еден предмет, иако била должна да излезе на лице место, не го сторила тоа. Меѓутоа од разбирливи причини е запрена оваа процедура.
Понатаму исто така доста беше експлоатиран, нерешен судски случај каде што таа била јавен обвинител на убиството на четворицата полицајци пред Арачиново, што не е така мала работа.
Понатаму непочитување на одлуката на Комисијата за лустрација каде што во 2010 година од страна на Комисијата за лустрација и се испратени две писма со кои што бараат да бидат разрешение две јавни обвинителки кои што не го почитувале Законот за лустрација, меѓутоа нормално оваа претседателка на Советот на јавни обвинители, бидејќи не почитува закон, не презела ништо и останало тоа така.
Понатаму, за изборот на двајцата јавни обвинители кое што беше скандал во Република Македонија, едниот кој што беше разрешен судија и секако ако некој не може да биде избран и разрешен од судија, уште помалку може да врши јавно обвинителска функција, затоа што сите ние кои што ја знаеме таа материја, знаеме до колку еден не е подобен и е разрешен од судија нормално дека не може да бде избран за јавен обвинител и едниот јавен обвинител кој што имал кривична постапка.
И она што е уште пострашно за мене, непочитување од неа како претседател на Советот на јавни обвинители е трансформирање на мандатот на сите членови на Советот на јавни обвинители во време кога нивниот мандат како јавни обвинители им мирува.
Ова ќе се сложите се доволно аргументи кои што се документирани, кои што зборуваат дека навистина не можеме барем не во Уставниот суд да ја оставиме да се учи на грешките, затоа што демократијата навистина не го дозволува ова. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Илија Димовски има реплика, повелете.
Илија Димовски: Благодарам претседателе.
Се чувствувам должен да објаснам како дојде до точката на дневен ред на Комисијата. Во рамки на со Деловникот предвидените процедури и рокови беше закажана седницата и беа доставени материјалите за работа по оваа точка и по сите други точки од дневниот ред на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.
Почитувана Иванова, СДСМ има членови Комисијата за прашања за избори и именувањата, меѓутоа за жал ниту еден од нив не достави ниту еден предлог ниту за Уставен суд, ниту за другите точки, туку со средоточија исклучиво единствено на критики на предложени, од моја страна како рамноправен прв меѓу еднаквите членови на Комисијата за прашања за изборите и именувањата. Значи до тука комплетно се запазени деловничките процедури. Понатаму, десетина дена претходно беше закажано Комисијата.
Понатаму, госпоѓа Иванова со Устав донесен 1991 година и со рамковен менуван е предвидена оваа постапка за избор на уставен судии. Се практикува во пракса 10-тина пати, од 1991 година до сега, ниту нешто е додадено, ниту нешто е одземено од постапката. Ние не можеме сега циркус да правиме од постапката за избор на судии на Уставен суд, не коректно, не е фер. Ако цените во моментот дека нешто поинаку треба да се регулира постапката требаше да поднесете предлог за измена во Уставот или во некој нов закон каде што со закон ќе регулираме како би одела постапката. Сега е вака, правната пракса говори дека вака треба да постапуваме и се постапува еднакво така како што во секоја постапка претходно се постапувало. Кој се пријавил за дискусија госпоѓа Иванова, не е аргумент. Зошто? Поради тоа што ние како пратеничка група сме ценеле дека тројца, четворица, пет луѓе кои се пријавиле и уште толку што се пријавиле за реплики е сосема доволно за да објасни ставот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, ама во исто време да припазиме на економичноста во работата. Ако мислите вие дека 40 луѓе ако сте се пријавиле за збор, од тие 40 30 со пишан говор кои што и не ја познаваат проблематиката, така да поекономично и поправилно се работи, вие не, вие. Велам вие од 40, 30 се, десет луѓе ја познаваат проблематиката. Меѓутоа вие најчесто се пријавувате по 40 луѓе. Ако мислите дека е така поправилно дека се работи, дозволено ви е, ама на крај граѓаните ќе ценат. Ние како пратеничка група мислиме дека треба да бидеме практични и рационални.
И понатаму гсопоѓо Иванова, еве едно прашање ќе ви поставам. Игор Спирковски сте го гласале за уставен судија вие. Игор Спирковски од правно искуство имал само тоа што бил секретар на Собрание. Еве објаснете ни кои се критериуми во овој случај.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓата Цветанка Иванова има контра реплика, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам претседателе.
Колега Димовски навистина јас мислев дека ќе ми реплицирате и ќе ми дадете одговор на поставените прашања кои што јас кон крајот на мојот говор ги дадов, а тоа е за неколкуте случаи на нестручно постапување и неколкуте случаи на непочитување на институции и непочитување на законот од страна на оваа кандидатка за судија на Уставен суд. Вие се одлучивте нормално да дадете, да реплицирате за нејлесното за процедурата, меѓутоа и тоа не е лесно. Викате дека вие сте ја закажале седницата пред 6 дена, меѓутоа на таа седница вие сте имале предлоци и тие предлози треба да ги доставите писмено до Комисијата, до членовите. Членовите на Комисијата од опозицијата не може да си играат играчки и да се однесуваат како на ат пазар да се надаваат за членови на судии на Уставен суд на денот на Комисијата. Не, ние сакаме и ги почитуваме институциите на системот и соодветно реагираме.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Владимир Ѓорчев има реплика, повелете.
Владимир Ѓорчев: Госпоѓо Иванова,
Што и да предложиме, никогаш не ви чии. Кога предлагаме луѓе помлди, тогаш ги критикувате зошто се млади и неискусни. Кога предлагаме луѓе кои се во возрасни години, во средни години, тогаш зошто предлагаме луѓе во средни години. Што и да се предложи, во никој случај не чини.
Една работа не можам да разберам, во овие час и половина дискусија имаше околу 5 дискутанти од СДСМ и околу 5 кои реплицираа. 10 луѓе од СДСМ зборуваа и дискутираа. Ниту еден не кажа еден добар збор за овој кандидат.
Станува збор за личност која има 64 гдини и личност која има 35 години работен стаж. Од личност која 35 години работела, вие немате да кажете една реченица добра и не уверувате дека сте објективни и реални?
Се работи за целосна необјективност, се работи за тотална политизација и политиканство. Затоа се сите овие напади врз Елена Гошева, затоа и претходниот кандидат и сите кандидати кои ги предлагаме во овој законодавен дом.
Кога зборувате за случајот, од 2000 година на излезот од Арачиново, велите дека таа е виновна зошто паднал случајот, таква била ситуацијата и слично.
Госпоѓо Иванова, тогаш истрагата, како основ на обвинение ја водеше истражен судија. Тоа беа законските прописи, позитивни законски прописи во Република Македонија. Значи, тогаш Елена Гошева била обвинител. Но, во таа констелација во тие законски прописи, истрагата, како основ на обвинение ја водеше истражен судија. Се работи за вонредно сложено дело во кое што оние кои беа обвинети дојдоа со половина село да им дадат алиби. Имавме ситуација за тој случај госпоѓо Иванова и за тоа можеме да дискутираме, каде што тие кои беа обвинети за тој случај донесоа по 10-20-30-40 луѓе да им бидат сведоци дека во тој момент биле во чајџилница или во кафе бар или на некое друго место.
Да им дадат и да кажат алиби дека биле во тој момент на друго место. За таков случај зборуваме госпоѓо Иванова, за тие специфики. И треба да бидете коректна, да го кажете тука, а не само да идете во инхилизами и нечија кариера и дело од 35 години и сите, сите работи кои што ги извршувала, кои што се бројни, не можам поради времето да ги набројам, да велите дека ништо не чини. Тоа не е во ред.
Трајко Вељаноски: Благодарам господине Ѓорчев.
Госпоѓа Иванова Цветанка, има контра реплика, повелете.
Цветанка Иванова: Благодрам претседателе.
Колега Ѓорчев, јас не кажав ништо не чини, само кажав кои работи не чинат, не чинеле кај оваа кандидатка кои што се пресудни за пратениците дали да донесат одлука за или против. И повторно ќе ви кажам. Прашајте го господинот Ставре Џиков. Дали не повел постапка за разрешување на оваа, сега кандидатка за судија на Уставен суд, заради тоа што не излегла на лице место во еден случај а тоа должна била да го направи. Прашајте дали не си тарнсформирала свој мандат од ограничено времетраење на трајно, во време кога не смеела, кога и мирувал и нејзе и на членовите на јавно обвинителскиот совет а тие ја искористиле сопствента позиција. Прашајте дали навистина не ја почитувала одлуката и писмата на Комисијата на верификација на факти за лустрација и не постапила по истите и не го почитувала законот.
Јас зборувам со аргументи, не кажав дека Елена Гошева е ваква или таква, туку што направила во струката.
Трајко Вељаноски: Благодарам госпоѓо Цветанка Иванова.
Господинот Ромео Тренов има реплика, повелете.
Ромео Тренов: Почитувана колешке Иванова, нема да се согласам со најголем дел од вашите дискусии.
Прво, кажувате дека воопшто нема потреба да дискутираме во овие доцни часови затоа што граѓантие гледаат натпревар. Ако одиме по таа логика не треба воопшто да дискутираме и да рботиме, бидејќи кога во редовниот термин работиме, тогаш се граѓаните на работа и пак не можат да не следат. Ние не треба да се водиме од тоа дали некј не следи во моментов или не, туку имаме работни задачи и треба да ги извршуваме.
Тоа што мене ми падна во очи, велите тивко, без никој да знае се избираат уставните судии. Кажете кој закон е прекршен? Според тоа како се одвива постапката, имам впечаток дека не е прекршен ниту еден закон во оваа постапка. Изборот се врши, согласно законите и Уставот на Република Македонија. Ако е прекршен, кажете точно кој закон е прекршен, за да видиме дали е така и ако е така да пријдеме кон исправка на оваа постапка.
Понатаму велите, без да ја напаѓам стручноста на кандидатите и тн., немате многу аргументи, но проблем е што ќерка и била генерација со Милошоски и Влатко Ѓорчев. Мешате овде фамилии, спомнувате работи што не треб да ги спомнете.
Дате да зборуваме дали таа судијка може, дали има искуство, дали има знаење, кариера претходно зад себе и дали може да ја извршува функцијата за која што треба да ја избереме. Тоа е главната работа што треба овде да ја разгледаме.
На крајот на краиштата почитувана колешке, мислам дека единствениот проблем што денеска го слушаме е тоа што веќе станува јасно дека Уставниот суд повеќе нема да биде под контрола на Бранко Црвенковски. Нема да ги носи одлуките по негова директива. Туку, ќе бидат избрани луѓе кои ќе имаат свој интегритет и нема да судат по одредени директиви. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Иванова Цветанка, има контра реплика, повелете.
Цветанка Ивнаова: Благодрам претседателе.
Колега Ромео, две причини се поради што пратениците во ова Собрание дискутираме. Едната причина е да ги убедиме оние кои не мислат како нас да го променат ставот.
Меѓутоа, бидејќи е очигледно дека тоа никако не оди во овој парламентарен состав и во петходниот, затоа што се постапува онака како што си постапува парламентарното мнозинство, јас се откажувам поради оваа причина да зборувам за тоа.
Втората причина заради што зборуваме е пред јавноста да ги изнесам фактите и аргументите дека мојот став е исправен. Дека јас сум во право.
Затоа жалам што во овој момент, за едно важно прашање, избор на судии на Уставен суд, избираме во глуво доба, работиме во 20,00 часот во време кога има фудалски натпревар, во време кога навистина граѓаните не следат. Како да утре Република Македонија кој знае што ја очекува, некоја катаклизма па мора да се работи до 20,00 часот.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Еве, колеги пратеници, ја задоволувам желбата, тука ја прекинувам седницата.
Продолжуваме утре во 11,00 часот со истата оваа седница.
Благодарам.
(Седицата прекина со работа во 20,00 часот)
29/.-
Достарыңызбен бөлісу: |