Правда и внатрешни работи



бет20/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   16   17   18   19   20   21   22   23   ...   51

2. На кој начин се организирани органите за спроведување на законите (надлежни министерства, структура, човечки потенцијал, структура на хоризонтална соработка, буџет)? Кои закони, прописи и административни правила се однесуваат на полицијата и извршувањето на нејзините полициски функции?

Органи надлежни за спроведување на законите се: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Царинската управа и Финансиската полиција како органи во состав на Министерството за финансии.



Министерство за внатрешни работи

Внатрешните работи на територијата на Република Македонија ги врши Министерството за внатрешни работи како орган на државната управа со кој раководи министер за внатрешни работи. Oргани во состав на Министерството за внатрешни работи надлежни за работите на јавната и државната безбедност се: Биро за јавна безбедност и Управа за безбедност и контраразузнавање, со кои раководат директори.

Работите на системот на јавна безбедност ги врши Бирото за јавна безбедност преку работниците на полицијата, граничната полиција и криминалистичката полиција, организирани во Оддел за полиција, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за гранична полиција.

Одделот за полиција ги врши работите на непосредно одржување на јавниот ред и мир, регулирањето и контролата на сообраќајот на патиштата, безбедноста на езерата како и други работи чија природа или услови бараат да ги извршуваат униформирани работници на Министерството. Во рамките на Одделот за полиција постојат посебни организациони единици надлежни за следните прашања: јавен ред и мир, безбедност на патниот сообраќај, надворешно физичко обезбедување на објекти, и слично.

Одделот за криминалистичка полиција ги врши работите на спречување на вршење кривични дела, откривање и фаќање на сторители на кривични дела, криминалистичко-техничките работи и други работи утврдени со Законот за внатрешни работи. Во рамките на Одделот за криминалистичка полиција постојат посебни организациони единици надлежни за следните прашања: општ криминал, меѓународна полициска соработка, дрога, оружје, организиран криминал и криминалистичка техника.

Одделот за гранична полиција ги врши работите на заштита на државната граница, контрола на преминување преку државната граница, утврдување и решавање на граничните инциденти и други повреди на државната граница и други работи утврдени со закон. Во рамките на Одделот за гранична полиција постојат посебни организациони единици надлежни за следните прашања: аналитика, гранични премини и надзор на државната граница, операции, подршка на граничното полициско работење, евроинтеграции преку гранична соработка и координација на странска помош и слично.

За вршење на одделни задачи, како што се прашањата за аналитика и истражување, обезбедување на лица и внатрешно обезбедување на објекти, странци и имиграциони прашања, одбранбени подготовки и слично, организирани се посебни организациони единици во Бирото за јавна безбедност.

Во Бирото за јавна безбедност, работните задачи и обврски ги извршуваат работници со посебни должности и овластувања (овластени службени лица) и државни службеници без полициски овластувања.

За извршување на работите на системот на државна безбедност, што се однесуваат на заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал надлежна е Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во рамките на Министерството за внатрешни работи постојат и организациони облици што вршат определени стручни работи за Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање како што се: Одделение за комуникација со јавноста, Сектор за антитероризам, Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди, Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција, Сектор за финансии и други заеднички работи, Сектор за правни и кадровски работи, Сектор за телекомуникации, криптозаштита и информатика, Сектор за управно-надзорни работи и Сектор за реинтеграција.

Во наведените организациони облици, работите ги вршат работници со посебни должности и овластувања (овластени службени лица) и работници со статус на државен службеник.

За извршување на внатрешните работи на територијата на Република Македонија формирани се 12 подрачни организациони облици - Сектори за внатрешни работи, организирани врз основа на големината на подрачјето, бројот на жителите, бројот на кривичните дела и прекршоци и други критериуми. Со нив раководат началници. Во рамките на Секторите за внатрешни работи организирани се вкупно 23 Одделенија за внатрешни работи. За непосредно извршување на полициските и другите внатрешни работи за подрачјето на една или повеќе општини се формирани полициски станици, со кои раководат командири.

Вкупниот број на вработени во Министерството за внатрешни работи изнесува 12.225. Од нив 7.987 се униформирани работници во Полицијата, 1.203 овластени службени лица во Криминалистичка полиција, 508 во Управа за безбедност и контраразузнавање, 750 вработени во Територијалните противпожарни единици како и 1777 работници на останати работни места во Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи се финансира, односно е корисник на средства од Буџетот на Република Македонија, како од Централниот буџет - финансиран со изворни приходи утврдени во буџетот, така и од приходи кои ги наплатува Министерството и приходи остварени од дополнителни активности - самофинансирачки активности. Согласно постојните законски прописи финансирањето на Министерството за внатрешни работи се извршува преку три жиро сметки и тоа: буџетска сметка, сметка за средства од остварени приходи и сметка за самофинансирачки активности.

Буџетот на Република Македонија за Министерството за внатрешни работи за 2005 година изнесува вкупно 6.677.599.000 денари (во 2004 година изнесуваше 5.677.838.000 денари). Предвидени се три буџетски програми на Министерството: Администрација (99.035.000), Безбедност (5.775.827.000) и Полициска академија (44.841.000). Во делот за администрација се утврдени средствата за административна поддршка на функциите на Министерството, поддршка во делот на законска норматива и координација на функциите на Министерството. Буџетската програма Безбедност ги одразува основните функции на Министерството. Средствата за Полициска академија се наменети за образование на полициски кадри, континуирана обука на припадниците на Полицијата и научно-истражувачка дејност. Покрај овие програми, за Министерството за внатрешни работи определни се средства од владините програми кои претставуваат приоритети на Владата. Во рамките на овие приоритети, во Програмата Унапредување на одбраната и безбедноста, издвоени се 336.081.000 ден. за Гранична полиција. Во овие рамки опфатени се расходите за безбедност и контрола на границата и престојот во граничните појаси на сите граници во Република Македонија.

Јавно обвинителство

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела.

Во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела, јавниот обвинител е надлежен:


  • да преземе потребни мерки и правни средства за откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители и за насочување на претходната постапка;

  • да ги преземе сите процесни дејствија во рамките на основната функција на јавниот обвинител да поднесува и застапува обвиненија;

  • да одлучи дали треба да се преземе или продолжи кривичното гонење за сторителите на кривични дела;

  • да изјавува редовни или вонредни правни лекови против судски одлуки;

  • се грижи за доследно спроведување на санкциите изречени за казниви дела и за заштита на правата на лицата спрема кои е определена мерката притвор и врши и други дејствија определени со закон.



Функцијата на јавното обвинителство во Република Македонија ја вршат јавни обвинители и тоа: Јавен обвинител на Република Македонија, виши јавни обвинители (вкупно 3) и основни јавни обвинители (вкупно 22).

Јавните обвинители имаат еден или повеќе заменици. Заменикот на јавниот обвинител може да ги презема сите дејствија во постапката пред судот, други органи и други правни лица за кои јавниот обвинител е овластен со закон.

Јавното обвинителство се основа за подрачја на суд од соодветен степен, пред кој надлежно постапува. За подрачја на еден или повеќе првостепени судови може да се основа едно основно јавно обвинителство.

За подрачје на второстепен суд се основа вишо обвинителство.

Јавното обвинителство на Република Македонија се основа за целата територија на Република Македонија со седиште во Скопје.

Во јавните обвинителства со поголем обем на истородни предмети, заради подобра ефикасност и специјализација во работењето на јавното обвинителство, на одделно потесно подраќје од неговата надлежност може да се формираат одделенија како внатрешни организациони единици. Со работата на одделението раководи јавен обвинител или заменик на јавниот обвинител определен според годишниот распоред за работа на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во јавното обвинителство на Република Македонија се основа Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Ова одделение постапува за кривичните дела за кои гонењето се презема по службена должност извршени од организирана група со најмалку три лица, која дејствува одреден период, со цел да оствари непосредна или посредна финансиска корист или друг вид материјална корист и која ќе изврши едно или повеќе кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од најмалку четири години.

Средствата за работа на јавните обвинителства се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник - Јавно обвинителство на Република Македонија.

Во Буџетот на Република Македонија за Јавното обвинителство за 2005 година предвидени се 195.069.000 денари, структуирани во единствена програма, додека Буџетот за 2004 година изнесуваше 188.361.000 денари. Покрај тоа, во рамктие на Владината програма “Владеење на правото“ – реформа на судство, издвоени се 10.000.000 денари.

Царинска управа

Општата организациона поставеност на Царинската управа е уредена во Законот за Царинската управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2004), а внатрешната организација со Правилникот за организација и работа во Царинската управа број 02-5451/1 од 09.03.2004 година и со Правилникот за измена и дополна на Правилникот за организација и работа на Царинската управа број 02-5451/1 од 22.09.2004 година донесена од Министерот за финансии.

Царинската управа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице и со седиште во Скопје. Своите надлежности ги спроведува на целата територија на Република Македонија.

Царинската управа делокругот на работа го извршува преку:



  • Централна управа, која координира и раководи со царинските надлежности на цела териоторија на Република Македонија; и

  • Царинарниците кои се формираат во зависност од обемот и структурата на стоковиот и патничкиот промет со странство;

Централната управа се состои од 6 Сектори, во чиј состав има 18 Одделенија и 17 Служби, како и 3 самостојни Одделенија. Во рамките на едно од овие одделенија постои Дежурен оперативен центар и Служба за соработка со Директорот.


Како регионални единици воспоставени се 5 царинарници со вкупно 5 служби, 39 царински испостави, а во состав на испоставите вкупно 12 отсеци.

Најголем број на царински испостави и царински отсеци се воспоставени на граничните премини во патнички, железнички и воздушен сообраќај, а останатите се внатрешни царински испостави и отсеци за спроведување на увозно и извозно царинење.

Вкупен број на работни места предвиден во Правилникот за систематизација на работни места на Царинската управа е 997, од кои 360 работни места во Централната управа, а 637 работни места во Царинарниците.

Од вкупниот број на предвидени работни места, пополнети се 844.

Како последни преземени реформи во организационата структура на Царинската управа воспоставен е Сектор за професионална одговорност, кој по екипираноста и обуките, секојдневно врши внатрешна контрола врз сите воведени функции во централната управа и регионалните единици, заради контрола на спроведување на Закони, пропишани процедури, надлежност, работни задачи. На овој начин се врши превенција, утврдување и елиминирање на лошо однесување, измама, загуби, злоупотреба и погрешно раководење во организационите облици во царинската служба. Истите се процесуираат согласно Законот за работни односи (“Службен весник на Република Македонија“ број 80/93, 14/95, 53/97, 21/98, 25/00, 3/01, 50/01,25/03 и 40/03), Законот за Царинска управа, Законот за државни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ број 59/00, 112/00, 34/01, 103/01, 43/02, 98/02, 17/03, 40/03, 85/03 и 17/04) и Колективниот договор за работни односи во Царинската управа број 01-1984/1 од 17.03.2003 година донесен и потпишан од Директорот на Царинската управа и Претседателот на Синдикалната организација на Царинската управа, по што се изрекуваат дисциплински мерки.

Воспоставен е Сектор за управување со човечки ресурси како нова функција со јасно дефинирани цели, улога и одговорност поврзана со работната стратегија, петогодишниот и оперативниот план. Во соработка со Канцеларијата за царинска и фискална соработка - КАФАО МАК (Customs and fiscal assistance office - CAFAO MAK), како и друга надворешна помош, врз основа на новиот Закон за Царинска управа се подготвуваат подзаконски прописи со кои ќе се воведаат нови системи компатабилни со Европската Унија стандардите во делот на вработување, оценување и управување со работната изведба, развој на кариера, обука, престанок на работен однос, пензионирање, плати и систем на награди, како и работни услови.

Исто така вoведена е нова функција преку Одделение за внатрешна ревизија хиерархиски поставено под Директорот на Царинската управа, која ќе планира, организира и спроведува ревизии согласно законските прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски политики на Министерствотот за финансии, согласно на барањата на Мисијата на Светска Банка за одобрување на ПСАЛ (Програмски аранжман за структурно прилагодување) и ПСМАЛ (Проект за прилагодување на управувањето со јавниот сектор).

Во Буџетот на Република Македонија за Царинската управа за 2005 година предвидени се следните ставки: ПРИХОДИ и РАСХОДИ -плати, наемнини и надоместоци (нето основни плати и наемнини и придонеси од плати и персонален данок), стоки и услуги (патни и дневни расходи, комунални услуги, затоплување, комуникација и транспорт, материјали, тековно одржување, договорни услуги и други оперативни расходи), тековни трансфери и субвенции (трансфери до домаќинства и физички лица), каматни плаќања (камати по надворешен долг), купување на капитални средства (купување на мебел и канцелариска опрема, изградба, реновирање и унапредување) и капитални трансфери (капитални трансфери до владини институции).

Буџетот на Царинската управа за 2005 година изнесува 507.322.000 (Во 2004 година Буџетот изнесуваше 523.262.000).

Финансиска полиција

Како орган во состав на Министерството за финансии со значајни полициски овластувања и делокруг на работа основана е Финансиска полиција. Финансиската полиција е специјализиран орган чија надлежност опфаќа контрола за правилна примена на даночните и царинските прописи, откривање на тешки кривични дела на даночно затајување, перење пари, банкарски и осигурителни измами, криумчарење, тешки форми на корупција, финансирање на тероризмот, контрола на склучени договори од сомнителен карактер, контрола на игри на среќа, сомнителни заеми и кредити или друг вид кривични дела со кои се одбегнува плаќање на значителни износи на царина, акцизи или други јавни давачки пропишани со закон, а се однесуваат на финансискиот аспект на кривичните дела, материјална корист и трагата на парите, добиена со повреда на законските прописи или на меѓународните договори.

Согласно Законот за Финансиска полиција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.55/02), Финансиската полиција дејствува на целата територија на Република Македонија. Со неа раководи директор, а работите на Финансиската полиција ги вршат 9 финансиски полицајци кои ги назначува и разрешува Министерот за финансии по предлог на Директорот на финансиската полиција.

Во состав на Финансиската полиција има две одделенија: Одделение за прибирање информации и развивање на случај и Одделение за полициски истраги.

Одделението за прибирање информации и истрага прибира информации и податоци за потенцијални извршители на финансиски криминал во соработка со: другите органи во состав на Министерството за финансии и неговите сектори а особено со Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција и други државни органи и правни лица како и од граѓани, средства за јавно информирање или од непосредни сознанија на финансиските полицајци. Информациите и податоците се евидентираат и анализираат со цел да се утврди дали постојат основи на сомнение дека е сторен финансиски криминал и да се оцени дали е потребно темелно и целосно утврдување и документирање на случајот преку спроведување на полициска измама.

Одделение за полициски истраги спроведува прелиминарна или целосна полициска истрага за случај кога постојат основи на сомнение дека одредено лице или повеќе лица извршиле кривично дело даночно затајување, перење пари, корупција или друго кривично дело од областа на финансискиот криминал, започнување на полициска истрага па се до поднесување на кривична пријава до надлежното јавно обвинителство како и информирање за текот на кривичните постапки.

Средствата за работа на Финансиската полиција, во износ од 7.191.000 денари се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник - Министерство за финансии на Република Македонија. Овие средства ќе се искористат за дополнителни вработувања, опрема за финасиската полиција како и обука за финасиските полицајци.

Хоризонтална соработка

Јавните обвинителства за прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и за прашања од заедничи интерес, соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, како што е Министерството за внатрешни работи, судовите, другите органи и други правни лица. Јавното обвинителство на Република Македонија во рамките на меѓународните договори остварува соработка со јавни обвинителства од другите држави, особено на планот на спречување и гонење на организираниот криминал и други тешки форми на криминал преку размена на податоци, непосредна соработка, едукација, специјализација на кадри и други форми на соработка.

Во таа насока, јавниот обвинител ја насочува работата на овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи и во други надлежни државни органи за преземање потребни мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се скрие или избега, да се откријат и обезбедат трагите од кривичното дело и предметите што можат да послужат како доказ и има право да бара Министерството за внатрешни работи и други надлежни органи или правни лица да ги соберат сите известувања и да преземат други мерки заради откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители. Јавниот обвинител има право да бара од Министерството за внатрешни работи да му бидат ставени на увид документите и другиот доказен материјал до кои тие дошле при откривањето на кривичните и другите казниви дела и нивните сторители.

Министерството за внатрешни работи и други државни органи, правни и други лица се должни да ги преземат потребните мерки и средства и во најкраток можен рок да и ги достават на јавниот обвинител бараните податоци, известувања и списи. Доколку органите и лицата на јавниот обвинител кој постапува не му ги достават бараните податоци, известувања и списи, за нивното недоставување ќе го извести министерот за внатрешни работи или другите одговорни лица во други државни органи и правни лица до кои надлежниот обвинител се обратил и може да предложи преземање на соодветни мерки определени со закон.

Заради остварување на функцијата на гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата и за други кривични дела за кои е предвидена минимална казна затвор од четири години или кога тоа го налагаат посебни околности, јавниот обвинител може да бара од надлежните државни органи едно или повеќе овластени службени лица да му бидат ставени на располагање за определен период, како во претходната така и во кривичната постапка што се води по негово барање.Функционерот кој раководи со соодветното министерство во конкретниов случај Министерството за внатрешни работи е должен без одлагање да го прифати барањето на јавниот обвинител и времено да упати овластено службено лице на работа во јавното обвинителство. Овластеното службено лице постапува по налозите и упатствата на јавниот обвинител и пред јавниот обвинител е непосредно одговорно за извршување на работите.

Со одредбите на Законот за кривичната постапка објавен во „Службен весник на Република Македонија„ бр.15/97 и 44/02 и 74/2004 пропишана е обврска на сите државни органи и институции кои вршат јавни овластувања да пријават кривични дела за кои се гони по службена должност, за кои се известени или ќе дознаат на некој друг начин. Поднесувајќи пријави тие се должни да ги наведат доказите што им се познати и да преземат мерки за да се сочуваат трагите од кривичното дело, предметите врз кои или со помош на кои е сторено кривичното дело и другите докази.

Доколку кривична пријава е поднесена до суд, до Министерството за внатрешни работи, или до ненадлежен јавен обвинител, тие ќе ја примат пријавата и веднаш ќе ја достават до надлежниот јавен обвинител.

Согласно овој Закон, Министерството за внатрешни работи има одредени овластувања и должности во врска со откривањето и гонењето на сторителите на кривични дела. Имено, ако постојат основи на сомневање дека е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, МВР е должно да ги преземе потребните мерки сторителот или соучесникот да не се скрие или не побегне, да се откријат или обезбедат трагите на кривичното дело и предметите што може да послужат како доказ, како и да ги соберат сите известувања што би можеле да бидат од корист за успешното водење на кривичната постапка. Врз основа на собраните сознанија, МВР составува кривична пријава во која ги наведува доказите за кои дознал. МВР го известува јавниот обвинител и кога врз основа на собраните сознанија нема основ за поднесување на кривична пријава.

Ако јавниот обвинител не може да оцени од самата пријава дали се веројатни наводите во пријавата или ако податоците од пријавата не даваат доволно основа да може да се одлучи дали ќе се бара спроведување на истрага или ако до јавниот обвинител само допрел глас дека е извршено кривично дело, а особено ако извршителот е непознат, јавниот обвинител, ако не е во можност тоа да го превземе сам или преку други органи, ќе побара од Министерството за внатрешни работи да соберат потребни известувања и да превземат други мерки заради откривање на кривичното дело и на сторителот.

Јавниот обвинител може да бара потребни податоци и известувања од државни органи, од институции што вршат јавни овластувања и од други правни лица, од органите на единиците на локалната самоуправа и од граѓани, може да бара да му се достават документи, списи, предмети и известувања, може да врши консултации и прибави мислења од стручни лица од соодветната област потребни за да одлучи по кривичната пријава.



Во врска со хоризонталната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа и Финансиската полиција како органи во состав на Министерството за финансии види го следното прашање.
Закони кои се однесуваат на полицијата и извршувањето на нејзините задачи во Република Македонија се:

  • Закон за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 19/95, 55/97, 38/2002, 33/2003 и 19/2004)

  • Закон за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00 и 44/02)

  • Кривичен законик (“Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/02. 43/03 и 19/04)

  • Закон за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1997, 44/2002 и 74/2004)

  • Закон за прекршоците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.15/97)

  • Закон за прекршоците против јавниот ред и мир (“Службен весник на Република Македонија“ бр.25/72, 29/83, 51/88, 19/90 и 26/93)

  • Закон за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.47/86)

  • Закон за управните спорови (“Службен весник на Република Македонија“ бр.4/77 и 44/02)

  • Закон за јавните собири (“Службен весник на Република Македонија“ бр.55/95)

  • Закон за обезбедување на лица и имот (“Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1999)

  • Закон за класифицирани информации (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 9/2004)

  • Закон за матичен број на граѓанинот (“Службен весник на Република Македонија“ 36/92)

  • Закон за матичната евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.8/95 и 38/02)

  • Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 12/93 и 43/00)

  • Закон за заштита на лични податоци (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/94 и 4/02)

  • Закон за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија“ бр.49/03)

  • Закон за државјанството на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.67/92, 8/04, 45/04)

  • Закон за движење и престој на странците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 26/93 и 45/02)

  • Закон за набавување, поседување и носење на оружје (“Службен весник на Република Македонија“ бр.25/72, 18/76, 15/83, 51/88, 26/93 и 49/03)

  • Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр.14/98, 38/02 и 38/04)

  • Закон за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 12/93, 11/94 и 19/04)

  • Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.67/92, 20/03 и 46/04)

  • Закон за финансиска полиција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2002) и други закони.

    Во остварувањето на својата функција, полицијата се раководи и од следниве закони:



  • Закон за личното име (“Службен весник на Република Македонија“ бр.8/95)

  • Закон за личната карта (“Службен весник на Република Македонија“ бр.8/95, 38/02 и 16/04)

  • Закон за матичен број на граѓанинот (“Службен весник на Република Македонија“ 36/92)

  • Закон за матичната евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.8/95 и 38/02)

  • Закон за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 12/93 и 43/00)

За извршување на работите од надлежност на Министерството за внатрешни работи, работниците на Министерството постапуваат и во согласност со следните подзаконски прописи:

  • Уредба за употреба на средства на присилба и огнено оружје (“Службен весник на Република Македонија“ бр.22/98, 17/04)

  • Правилник за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/98 и 15/03)

  • Кодекс на полициска етика (“Службен весник на Република Македонија“ бр.3/04)

  • Правилник за начинот на чување и заштита на документи, извештаи, податоци и други акти во Министерството за внатрешни работи што се закон, друг пропис или одлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена тајна (“Службен весник на Република Македонија“ бр.48/95 и 34/03)

  • Правилник за вршење на работите на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.48/98).

  • Правилник за вршење на работите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР

  • Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи

  • Упатство за начинот на постапување на овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи со привремено одземени и пронајдени предмети (“Службен весник на Република Македонија“ бр.56/1995)

  • Правилник за начинот на вршење контрола на преминувањето на државната граница, движењето и престојот на граничните премини и водењето евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.74/92)

  • Одлука за определување на личности и објекти што се заштитуваат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.88/02) и други подзаконски прописи.

Покрај наведените прописи, заради квалитетно и успешно извршување на полициските работи, Министерството за внатрешни работи донесува и други подзаконски прописи (правилници, упатства):

  • Закон за лично име (“Службен весник на Република Македонија“ број 8/95)ч

  • Закон за Лична карта (“Службен весник на Република Македонија“ број 8/95, 38/02 и 16/04);

  • Закон за Единствен матичен број (“Службен весник на Република Македонија“ број 36/92);

  • Закон за матична евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ број 8/95 и 38/02)

  • Закон за регистрирање на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 36/92, 12/93 и 43/2000)




Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   16   17   18   19   20   21   22   23   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет