За дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство


ГЛАВА XVI - ОДРЕДЕНИ СОСТОЈБИ ШТО НАСТАНУВААТ ВО ПЕРИНАТАЛНИОТ ПЕРИОД (P00-P96)



бет10/11
Дата10.06.2016
өлшемі0.5 Mb.
#126928
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

ГЛАВА XVI - ОДРЕДЕНИ СОСТОЈБИ ШТО НАСТАНУВААТ ВО ПЕРИНАТАЛНИОТ ПЕРИОД (P00-P96)


Овие состојби не се предмет на утврдување на привремената спреченост за работа.

ГЛАВА XVII - КОНГЕНИТАЛНИ МАЛФОРМАЦИИ, ДЕФОРМАЦИИ И ХРОМОЗОМСКИ НЕНОРМАЛНОСТИ (Q 00-Q99)


Вродените малформации, доколку не се контраиндицирани за засновување на работен однос, не можат да бидат причина за привремена спреченост за работа. Хромозомските ненормалности не се причина за привремена спреченост за работа.

За оваа група дијагнози спреченост за работа постои само при хоспитализација и/или оперативно лекување, според мислење на соодветен специјалист.





ГРУПА XVIII - СИМПТОМИ, ЗНАЦИ И ПАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ И ЛАБОРАТОРИСКИ НАОДИ (R00-R99)

Симптоми и знаци што се однесуваат на циркулаторниот и респираторниот систем (R00-R09)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, ЕКГ и/или РТГ на срце и бели дробови, преглед на интернист/пнеумофтизиолог/специјалист по ОРЛ. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченоста за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето (време за коешто треба да се постави дијагнозата).

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Симптоми и знаци што се однесуваат на дигестивниот систем и на абдоменот (R10-R19)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, ехо на абдомен, преглед од хирург/интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченоста за работа трае до 15 дена од почетоктот на боледувањето (време за коешто треба да се постави дијагнозата).

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Симптоми и знаци што се однесуваат на кожата и на поткожното ткиво (R20-R23)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

Спреченоста за работа трае до 1 недела од почетоктот на боледувањето време за кое што треба да се постави дијагнозата.



До 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето над 7 дена.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.


Симптоми и знаци што се однесуваат на нервниот и мускулно-скелетниот систем (R25-R29)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од невролог/ортопед /интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почетоктот на боледувањето (време за коешто треба да се постави дијагнозата).

Симптоми и знаци што се однесуваат на уринарниот систем (R30-R39)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, ЕХО на уринарен тракт, преглед од уролог/интернист. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Спреченоста за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето, време за кое што треба да се постави дијагнозата.



Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Симптоми и знаци што се однесуваат на сознавањето, перцепцијата, емотивната состојба и однесувањето (R40-R46)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед на невролог/ специјалист по ОРЛ/ психијатар/ офталмолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почетокот на боледувањето, време за коешто треба да се постави дијагнозата.

Симптоми и знаци што се однесуваат на говорот и на гласот (R47-R49)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

Спреченост за работа трае до 1 недела од почетокот на боледувањето (време за кое што треба да се постави дијагнозата).



До 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Општи симптоми и знаци (R50-R69)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед кај од специјалист по ОРЛ/ офталмолог/ невролог/ психијатар/ интернист. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Спреченост за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето, време за кое што треба да се постави дијагнозата.



Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Симптоми и знаци што се однесуваат на внесување на храна и течност (R63-R64)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед на специјалист интернист/ гастроентеролог/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченост за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето (време за коешто треба да се постави дијагнозата).



Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.

Ненормални наоди при испитување на крвта, без дијагноза (R70-R79), Ненормални наоди при испитување на други телесни течности, супстанции и ткива, без дијагноза (R83-R89), Ненормални наоди при дијагностичко сликање и при функционални испитувања без дијагноза (R90-R94)


До 7 дена: Избраниот лекар утврдува привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

Спреченост за работа трае до 1 недела од почетокот на боледувањето (време за коешто треба да се постави дијагнозата).



До 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето над 7 дена.




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет