ГЛАВА XIII - БОЛЕСТИ НА МУСКУЛНО-СКЕЛЕТНИОТ СИСТЕМ И НА СВРЗНОТО ТКИВО (М00 - М99) Инфективни артропатии (М01-М03)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на зглобовите, преглед од интернист/ревматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување во акутна фаза (изразени болки и отоци на повеке зглобови) кога е индицирана хоспитализација и трае до 3 месеци по хоспитализацијата. Во случај на домашно лекување до 3 месеци од почетокот на боледувањето. Во случај на компликуван септичен артритис спреченоста за работа трае до 6 месеци од почетокот на боледувањето.
Воспалителни полиартропатии (M05 – M14)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на зглобовите, реума фактор, преглед од интернист/ревматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во акутна фаза (изразени болки и отоци на повеке зглобови) и во фаза на егзацербација на основното заболување кога е индицирана хоспитализација трае до 6 месеци по завршување на хоспитализацијата. Во случај на домашно лекување до 6 месеци од почетокот на боледувањето. Во случај на јако активна, еволутивна и инвалидизирана форма на болеста спреченоста за работа трае до 9 месеци од почетокот на боледувањето.
Артроза (M15 – M19)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на зглобовите, преглед од интернист/ревматолог/ортопед/физијатар. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 2 недели од почетокот на боледувањето.
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување трае до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација). Во случај на напреднати промени со големи изливи, лабавост и декомпензација на зглобовите, спреченоста за работа трае до три месеци.
Други зглобни заболувања (M20 – M25) (M20 – M21)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на зглобовите, преглед од интернист/ревматолог/ортопед/физијатар. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 2 недели од почетокот на боледувањето.
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување трае до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
(M22 – M25)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на зглобовите, преглед од интернист/ ревматолог/ортопед/физијатар. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 1 месец од почетокот на боледувањето, во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
Системски заболувања на сврзно ткиво (М30-М36)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на белите дробови и зглобовите, реума фактор, преглед од интернист/ревматолог. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа постои во случај на акутната фаза (изразени болки и отоци на повеќе зглобови) и во фази на егзацербација на основното заболување, кога е индицирана хоспитализација до 6 месеци по излегување од болница. Во случај на домашно лекување до 6 месеца. Во случај на јако активна, еволутивна форма на болеста со тешки системски манифестации, по препорака на ревматолог трае до 9 месеци.
Дорзопатии (М40-М54) Деформирачки дорзопатии (M40 – M43), Спондилопатии (M45 – M49)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на рбетен столб, преглед од ортопед/интернист/ревматолог/физијатар. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 2 недели од почетокот на боледувањето.
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
Други дорзопатии (M50 – M54)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на рбетен столб, преглед од ортопед/физијатар/интернист/ревматолог/неврохирург. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ).
Над 15 дена : Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 1 месец од почетокот на боледувањето, во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
Заболувања на меко ткиво (М60-М79) Заболувања на мускули (M60 – M63), Заболувања на синовија и тетиви (M65 – M68), Други заболувања на меко ткиво (M70 – M79)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од ортопед/хирург/трауматолог/ физијатар/интернист/ревматолог. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 3 недели од почетокот на боледувањето, во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
Остеопатии и хондропатии Заболувања на коскената густина и структура на коските (M80 – M85), Други остеопатии (М86 - М90)
До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)
До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, РТГ на коските, преглед од ортопед/ интернист/ревматолог/ендокринолог/физијатар. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)
Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 1 месец од почетокот на боледувањето, во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација).
Достарыңызбен бөлісу: |