За дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство


ГЛАВА I - ОДРЕДЕНИ ИНФЕКТИВНИ И ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ (A00-B99)



бет2/11
Дата10.06.2016
өлшемі0.5 Mb.
#126928
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

ГЛАВА I - ОДРЕДЕНИ ИНФЕКТИВНИ И ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ (A00-B99)

Цревни инфективни болести (A00-A07, А09)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, копрокултура. (ПЗЗ, СЗЗ)

Над 15 дена: Во случај на болничко лекување боледувањето се продолжува до 7 дена по хоспитализација. При позитивен наод на брис и/или копрокултура, боледувањето се продолжува до добиени 3 последователни негативни наоди.


Вирусни ентерити (A08)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, копрокултура. (ПЗЗ, СЗЗ)

Над 15 дена: Нема оправданост за продолжување на боледувањето.

Туберкулоза (А15-А19)

Респираторна туберкулоза, бактериолошки и хистолошки потврдена (А15)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, РТГ на бели дробови и срце (ПA и профил), преглед од пневмофтизиолог/интернист. ( ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Додека трае болничкото лекување и до 6 месеци по хоспитализација. Кај мултирезистентната туберкулоза спреченоста за работа е според оценката на пнеумофтизиологот/интернист, потврдено со лабараториски и дијагностички постапки и анализи.

Туберкулоза на нервниот систем (А17)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, РТГ на бели дробови (ПA и профил) , преглед од инфектолог/пнеумофтизиолог/интернист/невролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ )

Над 15 дена: Додека трае болничкото лекување и до 6 месеци по хоспитализација.. Кај мултирезистентната туберкулоза апсолутната спреченост за работа е според оценката на инфектолог/пнеумофтизиолог/интернист/невролог, потврдено со лабараториски и дијагностички постапки и анализи.

Туберкулоза на коски и зглобови (А18.0)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, РТГ на бели дробови (ПA и профил), преглед од пнеумофтизиолог/ортопед/хирург/трауматолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена : Додека трае болничкото лекување и до 6 месеци по хоспитализација. Кај мултирезистентната туберкулоза спреченоста за работа е според оценката на пнеумофтизиолог/ортопед/хирург/трауматолог, потврдено со лабараториски и дијагностички постапки и анализи.

Туберкулоза на генитоуринарен систем (А18.1)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, преглед од пнеумофтизиолог/гинеколог кај жени/уролог/нефролог/интернист, EХО на генитоуринарен систем, РТГ на бели дробови. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Спреченоста за работа трае при хоспитализација и до 10 месеци по хоспитализација според мислењето на пнеумофтизиолог/гинеколог кај жени/уролог/ нефролог/интернист.

Одредени зоонозни бактериски болести (А20-А49)

Одредени зоонозни бактериски болести (А20-А28), Други бактериски болести (А30-А49)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, копрокултура/уринокултура/серолошки анализи, преглед од интернист/инфектолог/дерматовенеролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај по проценка на содветен специјалист до 2 месеци од почеток на боледувањето, а при болничко лекување до 2 месеци по хоспитализација.


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет