За дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство


ГЛАВА XI - БОЛЕСТИ НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ (K00 - K93)



бет6/11
Дата10.06.2016
өлшемі0.5 Mb.
#126928
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

ГЛАВА XI - БОЛЕСТИ НА ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ (K00 - K93)

Болести на усна празнина, плункови жлезди и вилици ( К00 - К20 )


Заболување на развој на забите (К00.2 – K 00.3)

Нема основ за боледување.


Заболување на развој на забите и избивањето на забите (К00 – K 00.9)

Нема основ за боледување.


Набиени или заглавени заби (К01.0 – К01.1)

Нема основ за боледување.


Дентален кариес (К02.0 – К02.9)

Нема основ за боледување.


Други болести на цврстите ткива на забите (К03.0 – К03.9)

Нема основ за боледување.


Болести на пулпата и периапикалните ткива (К04.1 – К04.9)

Болести на пулпата и периапикалните ткива (К04.1- К04.3 )

Нема основ за боледување.
Болести на пулпата и периапикалните ткива (К04.4 - К04.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ снимка. (ПЗЗ)

Основ за боледување има само при компликации со инцизија (во фаза на болки, оток) до 15 дена од почеток на боледувањето.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.
Гингивити и пародонтални болести (К05.0 – К05.6)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ снимка. (ПЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена од почеток на боледувањето има само при компликации со инцизија (во фаза на болки, оток) со препорака од избран лекар стоматолог или специјалист од соодветната дејност.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето.
Други заболувања на гингива и беззабен алвеоларен гребен (К06.0 – К06.2)

Нема основ за боледување.


Други заболувања на гингива и беззабен алвеоларен гребен (K06.3 – К06.7)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од лекар специјалист по болести на уста и пародонтот/ специјалист по орална хирургија, РТГ снимка. (СЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена од почеток на боледувањето има само при оперативни зафати со препорака од специјалист.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето
К06.8 – К06.9 Други заболувања на гингива и беззабен алвеоларен гребен

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ снимка. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај со препорака за продолжување на боледувањето има само при компликации (болки и оток) до 3 недели од почетокот на боледувањето.


Дентофацијални аномалии и малоклузии (К07.0 – К07.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од лекар специјалист по максилофацијална хирургија, РТГ снимка (СЗЗ)

Над 15 дена: Основ за продолжување на боледување има само при оперативен зафат до 1 месец од почетокот на боледувањето.


Други заболувања на забите и потпорните структури (К08.0 – К08.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ снимка. (ПЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена има само при болки или оперативен зафат.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето.
Цисти во оралната регија некласифицирани во други регии (К09.0 – К09.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од соодветен специјалист, РТГ снимка. (СЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена има само во фаза на болки, оток или оперативен зафат.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето.
Други болести на вилицата (К10.0 – К10.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ снимка. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почетокот на боледувањето.


Болести на плунковите жлезди (К11.0 – К11.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од соодветен специјалист, РТГ снимка. (ПЗЗ,СЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 4 недели од почетокот на боледувањето, а при компликации (фистули кои тешко се санираат, секундарни инфекции, тежок постоперативен тек) до 6 недели од почетокот на боледувањето.


Стоматитиси и сродни лезии (К12.0 – К12.2)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од соодветен специјалист, лабораториски испитувања (крвна слика) (ПЗЗ,СЗЗ)

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето


Други болести на усна и орална мукоза (К13.0 – К13.7)

(К13.0 – К13.1)

Нема основ за боледување.
(К13.2 – К13.3)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од специјалист орален патолог, стандардни лабораториски испитувања, биопсија/excisio in toto. (СЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почеток на боледувањето.


(К13.4 – К13.7)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од специјалист орален патолог, стандардни лабораториски испитувања, РТГ наод. (ПЗЗ,СЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена има само при оперативен зафат.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето
Болести на јазикот

Глосит (К14.0)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од соодветен специјалист, крвна слика со периферна размаска. (СЗЗ)

Основ за боледување до 15 дена има само при интервенција.

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при компликации (секундарни инфекции, тежок постоперативен тек, тешкотии во говорот и голтање) до 4 недели од почетокот на боледувањето.


Болести на јазикот (К14.1 – К14.9)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

Спреченост за работа постои во времетраење од 7 дена додека се постави дефинитивна дијагноза.

До 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето.

Над 15 дена: Нема основ на продолжување на боледувањето.

Болести на хранопроводот, желудникот и дуоденумот (K20 - K31)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ).

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, серологија за Helicobacter pylori, ЕХО на абдомен, преглед од интернист/гастроентеролог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

При некомплициран гастричен или дуоденален улкус во фазата на јака болка, боледување со траење до 15 дена.

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при хеморагичен гастрит и улкус со компликации до 1 месец од почетокот на боледување.



Болести на апендиксот (K35 - K38), Хернија (K40 - K46)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод за апендицит, преглед од хирург (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченоста за работа во случаите кога не е индицирано хоспитално лекување трае до 15 дена.

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација.


Неинфективен ентерит и колит (K50 - K52)

Crohn-ова болест (K50), Улцерозен колит (К51)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/гастроентеролог /хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување во фазата на акутна егзацербација до 1 месец од почетокот на боледувањето, а при компликации до 2 месеци од почеток на боледувањето.
Друг неинфективен гастроентерит и колит (К52)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/гастроентеролог /хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец од почетокот на боледувањето.


Други болести на цревата (К55-К63)

Васкуларни болести на цревото (К55), Паралитичен илеус и цревна опструкција без хернија (К56), Дивертикуларна болест на цревото (К57)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/ гастроентеролог/ хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување до 2 месеци по излегувањето од болница, а во случаи на компликации до 3 месеци.
Синдром на иритабилно црево (К58), Други функционални цревни заболувања (К59)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/гастроентеролог/ хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.


Фисура и фистула на анална и ректална регија (К60), Абсцес на анална и ректална регија (К61), Други болести на анусот и ректумот (К62), Други болести на цревото (К63)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/гастроентеролог/ хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација.


Болести на перитонеум (К65-К66)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, преглед од интернист/гастроентеролог /хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација, а при компликации до 2 месеци и за тоа време се подготвува за упатување на ИПК.


Болести на црниот дроб (K70 - K77)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, хепатограм, ЕХО на абдомен, преглед од интернист/гастроентеролог/инфектолог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување при хоспитално лекување до 2 месеца по хоспитализација. При чести егзацербации на болеста се прави обработка за ИПК за изменета или изгубена работна способност.

Болести на жолчното ќесе, билијарниот тракт и панкреас (K80 - K87)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандарден лабораториски наод, хепатограм, ЕХО на абдомен, преглед од интернист/ гастроентеролог/ хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај со препорака за боледување до 4 недели од почеток на боледувањето. Со отпусно писмо со препорака за боледување до 4 недели по хоспитализација.

При акутен панкреатит и егзацербација на хроничен панкреатит до 6 недели по хоспитализација.



ГЛАВА XII - БОЛЕСТИ НА КОЖАТА И БОЛЕСТИ НА ПОТКОЖНОТО ТКИВО (L00-L99)

Инфекции на кожата и на поткожното ткиво (L00-L08)

Импетиго (L01), Кутан апсцес, фурункул и карбункул (L02), Акутен лимфаденит, (L04), Други локални инфекции на кожата и на поткожното ткиво (L08)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченост за работа постои во акутната фаза на болеста и трае до 2 недели.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.


Пилонидална циста (L05)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог/хирург. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 4 недели од почетокот на боледувањето.


Булозни заболувања (L10-L14)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец по хоспитализацијата.

Дерматит и егзем (L20-L30)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченост за работа постои при силна ексудација и импетигинизација, кога процесот ги зафаќа подлабоките слоеви на кожата трае до 2 недели.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.


Папулосквамозни заболувања (L40-L45)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при тешки егзацербации до 4 недели од почетокот на боледувањето.

Уртикарија и еритем (L50-L54)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог /интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Спреченост за работа при акутна уртикарија трае до 7 дена, а за тешки форми со хоспитализација до 2 недели.

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување за еритема мултиформе до 6 недели, а за еритема нодозум до 3 недели од почетокот на боледувањето.

Еритематозен лупус (L93)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од дерматовенеролог /интернист. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај со препорака за боледување до 3 недели, при тешки форми со хоспитализација до 2 месеци од почетокот на боледувањето.





Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет