За дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство


ГЛАВА XV - БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И ПУЕРПЕРИУМ (O00-O99)



бет9/11
Дата10.06.2016
өлшемі0.5 Mb.
#126928
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

ГЛАВА XV - БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И ПУЕРПЕРИУМ (O00-O99)

Бременост која завршува со абортус (O00-O08)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, гинеколошки преглед, ЕХО на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување кај случаи на почетен, некомплетен и комплетен абортус кога е индицирана хоспитализација. При фебрилен, септички и неуспешен абортус или кај компликации според мислењето на гинеколог до 15 дена по хоспитализација.

Едем, протеинурија и хипертензивни заболувања при бременост, породување и пуерпериум (О10-О16)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, гинеколошки преглед, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при хоспитализација и во зависност од клиничката слика и проценката на гинеколог од болничка здравствена заштита, поткрепена со наоди и мислења од специјалист интернист/кардиолог/нефролог/трансфузиолог за продолжување до почеток на породилно боледување.
Заканувачки абортус (O20.0)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување кај подолготрајно боледување (над 60 дена) со конзилијарно мислење од 3 специјалисти гинеколози од болничка здравствена установа.


Прекумерно повраќање при бременоста (O21 )

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, гинеколошки преглед. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување се додека постои повраќање со нарушени лабораториски наоди, но не повеќе од 6 недели од почеток на боледувањето. Во случаи со позитивни лабораториски наоди (кетони и ацетон во урина) до 3 месеци од почеток на боледувањето.


Венски компликации во бременост (O22)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување при акутните тромбофлебити на површните вени до 4 недели од почетокот на боледувањето, за тромбоза длабоките вени на потколениците до 2 месеци од почетокот на боледувањето, а при тромбоза на големите вени до 4 месеци од почетокот на боледувањето. Во случај на хоспитализација или амбулантски третман со парентерална антикоагулантна терапија спреченоста за работа трае до крајот на бременоста.


Инфекции на генитоуринарниот тракт во бременоста (O23)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, гинеколошки преглед, EХO на долен абдомен, микробиолошки брис и/или уринокултура со антибиограм. (ПЗЗ,СЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почетокот на боледувањето.

Дијабетес мелитус во бременост (O24)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, ултразвучни прегледи на фетусот (фетална биометрија), OGTT, профил на шеќерот, преглед од интернист/ендокринолог. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување во периодот на дијагностицирањето на болеста и започнување на терапијата до 1 месец од почеток на боледувањето. При акутните компликации на болеста и во случаите на нестабилен дијабет трае до постигнување на метаболната контрола до 2 месеци од почеток на боледувањето.
Грижа за мајката во врска со фетусот и амнионската празнина и можните породилни проблеми (O30-O47)

Мултипла гестација и компликации специфични за мултипла гестација

( О30-О31 )

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 месеци од почеток на боледувањето.


Грижа на мајката кај позната или претпоставена неправилна положба на фетусот (О32- О33)

Нема основ за боледување.


Полихидрамнион (О40)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, гинеколошки преглед, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување во понапредната бременост или со додатни компликации според мислење на гинекологот од болничка здравствена заштита.


Плацента превија (О44)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до крај на бременост.


Абрупција на плацента (О45)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо со препорака за боледување поради хоспитализација која е индицирана до крај на бременост.


Лажно раѓање (О47)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен, гинеколошки преглед. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: При индицирана хоспитализација за дијагностика и боледување во зависност од клиничките прегледи и наоди.





Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет