АЗУРЕН БРЕГ И ИТАЛИЈА
Верона, Сирмионе, Милано, Ница, Кан, Монако, Монте Карло, Венеција
31.Декември 2014 – 04.Јануари 2015 (4 ноќи, 6 дена)
29.Декември ( понеделник ) СКОПЈЕ – ВЕРОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Holiday Inn во 13:30 часот. Поаѓање за Верона во 14:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
30.Декември (вторник) ВЕРОНА-СИРМИОНЕ ( ЛАГО ДИ ГАРДА )
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Сместување во хотел во околина на Верона. Ноќевање.
31.Декември (среда) МИЛАНО – АЗУРЕН БРЕГ - МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Патувањето продолжува кон Ница со попатна кратка посета на Милано-тврдината Сфорцеско, “Piazza DUOMO“ - централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – DUOMO, потоа галеријата VITTORIO EMANUELLE која ги поврзува катедралата и Миланската Скала – една од најпрочуените оперски куќи во светот..
Кратко време за кафе и индивидуална прошетка. Продолжуваме кон Азурниот брег. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во Хотел во околината на Кан. Вечерта -факултативно-организиран трансфер до Монте Карло за незаборавен дочек на Новата 2015 година. Вреќање во Хотел. Ноќевање.
01.Јануари (четврток) НИЦА – ЕЗ -МОНАКО
Појадок. Разглед на Ница: хотелот Негреско, променадата на Англичаните, пристаништето, плоштадот Масена...Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови организирана посета на идиличното гратче Ез со можност за влез во една од фабриките за парфеми. Продолжуваме кон кнежевството Монако. Панорамски разглед на една од најмалите држави на светот: Океанографскиот музеј, Ботаничката градина, црквата Св. Никола, гробот на принцезата Грејс Кели, патеката на Формула 1, најпознатиот Hotel De Paris. Враќање во хотел. Ноќевање.
02.Јануари (петок) КАН – ВЕНЕЦИЈА(Лидо ди Јесоло)
Појадок. Организирана посета на Кан - градот на фестивалот, филмскиот гламур, филмските Диви, песочните плажи, огнометот. Се посетува: Филмската палата, (погледнете ги рачните отисоци од познатите глумци), Авенијата на Палмите, марината... Слободно време за индивидуална прошетка низ Кан. Патувањето продолжува кон Лидо ди Јесоло. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
03Јануари ( сабота ) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран разглед на Венеција со брод преку лагуната: плоштадот и црквата Св.Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Кулата, Прокуратите, мостот Риалто, Каналот Гранде...Слободно време за индивидуални прошетки. Попладнето поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје нареден ден во попладневни часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба |
269 € / 16.678 мкд
|
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Oпштите услови за патување на АСА ТУР и СКТМ се составен дел од овој аранжман
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Превоз со туристички автобус на наведената релација.
-
Сместување во хотели ***, 1 ноќевање со појадок во околина на езерото Гарда, 2 ноќевања со појадок во околина на Кан, 1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло
-
Разглед на Верона, Сирмионе, Милано, Ница, Монако, Монте Карло, Кан, Венеција
-
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Влезници за културно историски знаменитости
-
Превоз со брод „Вапорето„ од Пунта Сабиони – Венеција (10 €)
-
Туристичка такса од нокевање, (доколку има, се плаќа во хотелите во Италија 2-4€)
Забелешки:
-
Организатор на ова патување е AСА Тур
-
За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот
-
Целосна уплата, десет дена пред реализација на аранжманот
-
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на
-
цената на превозот (зголемена цена на гориво), да ја промени и цената на аранжманот.
-
Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
-
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
и и
Достарыңызбен бөлісу: |