Конкурс за поддршка на Проекти на здруженија на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој



Дата04.03.2016
өлшемі67 Kb.
#37482
түріКонкурс
Врз основа на член 89-е и член 89-ж од Законот за социјална заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.50/97, 16/2000, 17/2003, 65/2004, 62/2005, 111/2005, 40/2007, 98/2008 161/2008) и Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07), Министерството за труд и социјална политика, објавува
ЈАВЕН КОНКУРС

за поддршка на Проекти на здруженија на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој




  1. Цел на проектот

  • Развивање на мрежа на алтернативни сервисни служби-дневни центри за лица над 18 години со пречки во интелектуалниот развој во местото на живеење;

  • Континуитет во социјализацијата и интеграцијата на лицата над 18 години со пречки во интелектуалниот развој во местото на живеење.

Активности

  • едукација за основни знаења и практични вежби за обавување на основни животни вештини и активности;

  • оспособување за одредени работни активности, кои би можеле да придонесат за нивно комплетно осамостојување во понатамошниот живот;

  • комуникација и социјализација во група и надвор од неа;

  • физикална рехабилитација;

  • едукации на целната група за подигање на нивото на културно однесување во заедницата;

  • тренинг програми за развивање на вештини за културно творештво;

  • оспособување за работа на компјутер и компјутерски програми;

  • оспособување и развивање на вештини за ликовно и моделарско изразување и творештво;

  • оспособување и развивање на вештини за музичко изразување и интерпретирање;

  • тренинг програма за усвојување на традиционални вештини на занаети;

  • презентации и изложби на локално ниво и

  • вклучување на целната група во активности со други културно уметнички програми на локално ниво.

  1. Критериуми за учество

  • искуство во работа со оваа категорија на лица

  • расположиви човечки,просторни и технички ресурси и

  • да не добиле средства или поднеле пријава за добивање на средства од/до друг орган на државната управа за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава

  1. Потребни документи

  • пријава;

  • Предлог-проект;

  • регистерски број и број на решението на здружението, издадено од Министерството за труд и социјална политика;

  • полн назив и адреса на останатите субјекти со јасно дефинирани активности во текот на реализација на проектот;

  • детален опис на активностите со конкретен работен план за имплементација и периодот на реализација на проектот, со кои ќе се обезбеди реализација на предвидените цели, активности и услуги дефинирани во јавниот конкурс;

  • детална финансиска структура на активностите во рамките на вкупните средства кои се предвидени за реализација на проектот;

  • број на трансакциона сметка на здружението на граѓани

  • потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки;

  • список со име, презиме и матичен број на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот, како и нивната квалификациона структура и нивното професионално искуство (биографија на лицата);

  • список со име, презиме, ЕМБГ, адреса и телефонски број на лицата, корисници на услугите на Дневните центри, кои ќе бидат опфатени во реализацијата на работниот план за имплементација на проектот;

  • име, презиме и телефонски број на одговорното лице за реализација на проектот;

  • информации за работното искуство во областа на социјалната заштита, согласно со барањата и потребите од јавниот конкурс.

Напомена: Пријавите со непотполна документација нема да се разгледуваат.



  1. Висина и средства кои се доделуваат и временскиот период во кој ќе се извршуваат работите

  • Министерството за труд и социјална политика ќе обезбедува финансиска поддршка во износ од 220.000,00 денари (двестаидваесет илјади денари) вкупни месечни трошоци, заклучно со декември 2009 година а средствата ќе бидат распределени по корисник на услугите на Дневните центри кои апликантот задолжително треба да ги пријави со приложување на список на корисници;

  • распределените средства во Дневните центри треба да покријат дел од месечните трошоци по корисник на Дневните центри, заклучно со месец декември 2009 година, а останатите трошоци за имплементација на Проектите треба да ги покријат здруженијата на граѓани кои ќе бидат избрани;

  • финансиската поддршка на Проектот ќе отпочне по завршувањето на целокупната постапка по јавниот конкурс и

  • во Предлог-проектот задолжително треба да се наведе износот и видот на средствата кои ќе ги обезбеди здружението на граѓани за имплементација на Проектот.

  1. Селекција и избор на најдобриот Проект

  • селекцијата и изборот ќе се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за доделување на средства на здруженијата на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита (“Сл.весник на РМ“ бр.24/05 и 38/07);

  • ќе се смета за предност доколку се обезбеди соработка со локалната самоуправа на полето на социјалната заштита на оваа категорија на граѓани.

  1. Рокови за спроведување на постапката

  • конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;

  • крајниот рок за доставување на апликациите е до 15 часот на последниот ден на конкурсот.

  • Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани во рок од 30 дена по истекот на рокот за поднесување на пријавите изготвува мислење до министерот;

  • Министерот за труд и социјална политика во рок од 15 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани, донесува решение за доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за крајниот резултат;

  • договорот за меѓусебните права, обврски и одговорности во реализацијата на финансиската поддршка на здружението на граѓани, министерот за труд и социјална политика ќе го склучи во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението за доделување на средствата и

  • пријавата со приложените документи треба да се достават до архивата или преку пошта на Министерството за труд и социјална политика на адреса ул.“Даме Груев“ бр.14-Скопје-Комисија за соработка со здруженија на граѓани, во затворен плик, со назнака за Јавниот конкурс за поддршка на Проект на здружение на граѓани за социјална заштита-дневни центри за лица над 18 години со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој.

Напомена: Пријавите кои ќе пристигнат по предвидениот рок за доставување нема да се разгледуваат

Здруженијата кои ќе бидат поддржани од страна на Министерството за труд и социјална политика, имаат обврска на сите материјали (печатени и електронски) кои ќе бидат продуцирани во рамки на тој проект на видно место да стои:
Поддржано од:

Република Македонија


МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД

И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет