Национална стратегија за млади 2016 - 2025
ВТОРА РАБОТНА СРЕДБА “МЛАДИНСКО УЧЕСТВО”
20 април 2015 година, Скопје, хотел City Park
Во сабота, 09 мај 2015 година се одржа втората работна средба на работната група „Младинско Учество“ за изработка на Националната Стратегија за Млади на Р. Македонија. Работната средба беше фасилитирана од страна на Зоран Илиески. Присутни на средбата беа сите претставници од младински организации кои претходно беа пријавени за учество во оваа работна група, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт на РМ.
Најнапред, Илиески ја презентираше агендата за работа и целите на средбата, а потоа направи осврт на сработеното на претходната средба на работната група. Понатаму беа презентирани резултатите од под-групите од првата работна средба (дрво на проблеми).
Следна точка согласно агендата беше Мапирање/листање на засегнати страни/вклучени учесници кои ги тангираат наведените проблеми. Учесниците повторно беа поделени на две подгрупи и ги излистаа сите засегнати страни. Во продолжение е сублимирана рамка на засегнати страни од двете групи:
Институции и организации
|
Меѓународни организации и институции
| -
Министерство за образование и наука
-
Агенција за млади и спорт
-
Агенција за вработување на Р. Македонија
-
Министерство за труд и социјална политика
-
Министерство за здравство
-
Министерство за Информатичко општество и Администрација
-
Парламентарна Комисија за Образование Наука и Спорт
-
Пратенички групи во Собрание
-
Биро за развој на образованието
-
Локални самоуправи
-
Комисии за образование/млади
-
Совети на општини
-
Советници
-
Градоначалник
-
Образовни институции
-
Универзитети
-
Факултети
-
Училишта
-
Секретаријат за Европски Прашања
-
Влада на Р. М
-
Генерален Секретаријат
-
Тело за НВО и Влада
-
СИОФА
-
Комисија за волонтерство
-
Кабинет на Претседател на РМ
-
МАЕОПМ
| -
UNICEF
-
OSCE
-
UNDP
-
USAID
-
Youth Advisory Board
-
UNFPA
-
EYF
-
Peace Corps
-
Амбасади во Македонија
|
Младински структури
|
Млади
| -
НВОи
-
Локални
-
Регионални
-
Национални
-
Интернационални и сл.
-
Подмладоци на политички партии
-
Културни и спортски друштва
-
Неформални групи
-
Чадор организации
-
Коалиција СЕГА
-
НМСМ
-
ЦК?
-
СИМ?
-
Совети на млади
-
Претставнички тела во образовни институции
-
Средношколски организации
-
Студентски парламенти
| -
Средношколци
-
Студенти
-
NEET (млади кои не се опфатени во образование, тренинг ниту се вработени) група
-
Вработени млади
|
Останати засегнати страни
| -
Медиуми
-
Бизнис сектор
-
Родители
|
Наредна точка од работната агенда беше Избирање приоритетни проблеми за решавање согласно стратешкиот приоритет/и. Се отвори пленарна дискусија за усогласување и дефинирање на клучни проблеми.
Групата се согласи дека клучни проблеми во областа на младинско учество а кои треба да се третираат со стратегијата на млади се следниве:
-
Недостиг и нефункционални политики и механизми за младинско учество
-
Ниско ниво на активни млади
-
Недостиг на финансиски средства и ресурси за поддршка на младинско учество
Откако беа дефинирани проблемите, учесниците повторно беа поделени во две под-групи со цел Трансферирање на дефинираните проблеми во SMART цели (во зависност од природата на областа целите во поопшти или поконкретни со период на 5 односно 10 годишно остварување). Првата група ги обработуваше првите два клучни проблеми идентификувани во претходната сесија: 1. Недостиг и нефункционални политики и механизми за младинско учество; и 2. Ниско ниво на активни млади; додека втората група работеше на утврдување на целите за клучниот проблем 3. Недостиг на финансиски средства и ресурси за поддршка на младинско учество.
Од работата во групи произлегоа следниве цели:
Проблем 1: Недостиг и нефункционални политики и механизми за младинско учество
Цел 1: Обезбедување на институционален фокус на млади преку воспоставување на Министерство за млади до 2020 година
Проблем 2: Ниско ниво на активни млади
Цел 1: Зголемен број изворни младински иницијативи и здружувања.
Цел 2: Институциите, организациите и младите имаат редовни, континуирани и заеднички активности; креирани и раководени од млади.
Проблем 3: Недостиг на финансиски средства и ресурси за поддршка на младинско учество
Цел 1: Зголемена финансиска поддршка од страна на локалните и националните власти во насока на поттикнување на младинско учество
Цел 2: Обезбедени соодветни ресурси за имплементација на младински политики и механизми за младинско учество
Поради состојбата во Куманово, групата одлучи да го прекине состанокот на работната група и да ги премести останатите точки од дневниот ред за следна средба.
-
Утврдување на резултати кои треба да се постигнат за да се остварат поставените цели (резултатите се на ниво на outcomes значи укажуваат на променета состојба кај корисниците/целните групи.)
-
Дефинирање индикатори и таргети (индикаторите се квантитативни и квалитативни мерила за остварување на резултатите, таргетите се поставуваат во апсолутни или релативни бројки ( проценти) за да покажат како ќе се движат остварувањата низ временскиот период за кој се однесува резултатот односно целта)
На крај се дискутираше за потенцијален датум за следна средба на работната група, и се одлучи начелно тоа да биде 28 мај 2015 година, четврток.
Достарыңызбен бөлісу: |