ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Municipality of Valandovo
Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29 и член 67-a и 67-б од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на Република Македонија бр.78/15 и 106/15), Одлуката на Совртот на Општина Валандово бр. 08-48/8 од 27.05.2015 година за оттуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Валандово и Извештајот за извршената проценка на вредноста на недвижниот имот од овластен проценител Друштво за проценка и вештачење ,,МБ – ПРОЦЕС,, ДОО ГЕВГЕЛИЈА, бр. 039/015 0д 18.05.2015 година, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Валандово, дава :
ОБЈАВА бр. 01/2015
За продажба на недвижен имот – објект во изградба кој е во сопственост на Општина Валандово по пат на електронско јавно наддавање
(прва објава)
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електонското јавно наддавање е недвижен имот – објект во изградба , според табеларниот преглед, кој е во сопственост на Општина Валандово, во согласност со Лист за предбележување на градба број 10059, КО Валандово г.р., на КП. Бр.2812 ул. „Маршал Тито“ во Валандово,
Р. бр
|
Адреса на објектот
|
Вид на објектот,
катност, намена
|
КП,
КО,
Имотен лист
|
Површина
на
објектот
|
Почетна цена на јавното наддавање
|
Банкарска гаранција од 2%
|
1.
|
Ул. „Маршал Тито,, Валандово
|
Деловен објект во изградба,
Подрум+ Приземје + 4 ката,
Б 4
|
КП 2812,
КОВаландово г.р.
Имотен лист за предбележување на градба бр. 10059
|
3649 м2
|
26.455.250,00
денари
|
528.905,00
денари
|
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во Објавата.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава , која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање.
За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.com.mk.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат, предходно автоматски доделените корисничко име и лизинка, доделена заради негово учество во предходните постапки и тоа на ниво на целиот систем – се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина.
Документите кои се потребни за пријава за електронското јавно наддавање (регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат) се следните:
-
Изјава со која ги прифаќа условите дадени во Објавата
-
Доказ за банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронската банкарска гаранција за сериозност, треба да се достави и банкарска гаранција за сериозност во оригинал до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Валандово на денот кога се доставува комплетната документација
-
Доказ за идендитет
-
Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија за домашни правни лица
-
Извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица
-
Е-маил адреса на поднесувачот на Пријавата преку која ќе се врши постапката за
регистрирање за учество во електронското јавно наддавање , на која ќе им биде
испратенао корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која
ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Пријавата потпишана лично од заинтересираниот учесник на електронското јавно наддавање треба да содржи податоци за генералиите на истиот ( полн назив, точна адреса, кои документи се приложуваат кон пријавата, телефон и е-маил) .
По приемот на пријавите комисијата утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува по електронски пат. Нa подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од три (3) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учеството на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање на денот на спроведувањето на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање.
Објавата трае 10(десет) дена почнувајќи од 15.07.2015 година до 24.07.2015 година.
Јавното електронско наддавање ќе се оддржи на интернет страницата www.e-stvari.com.mk.
Јавното електронско наддавање ќе започне на ден 31.07.2015 година (петок) со почеток во 11.00 часот.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена на електронското јавно наддавање за недвижноста предмет на продажбата е утврдена во табеларниот преглед и истата изнесува 26.455.250,00 денари.
БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
Банкарската гаранција за сериозноста на понудата, за учество во електронското јавно наддавање изнесува 2% од проценетета вредност на недвижната ствар или 528.905,00 денари.
Банкарската гаранција во целост им се враќа на учесниците кои што нема да бидат избрани за најповолен понудувач, во рок од 15 дена од денот на оддржувањето на јавното наддавање.
Банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното електронско наддавање.
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 24.07.2015 година (петок) до 15.00 часот.
ПОСТАПКА
Јавното електронско наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Јавното наддавање ќе се оддржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој што ги исполнува условите од објавата и ја наддаде почетната цена.
Доколку во првите пет (5) минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот во јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2%, по што учесниците во јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемат цената на недвижната ствар без при тоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување.
Доколку по истекот на последните две (2) минути од вторите пет (5) минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две (2) минути, а ќе заврши кога во период од следните две (две) минути нема да се даде нова понуда. Доколку во времетраењето од пет (5) минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првично проценетата вредност.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути нема да биде дадена нова понуда.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена за продажбата која што представува највисока цена за продажба.
По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на Трезорска сметка 100–0000000630– 95, Банка на примачот Народна Банка на Република Македонија, Уплатна сметка 840-108-06548, приходна шифра 731117 Програма 00, во согласност со постигнатата крајна цена на продажбата, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
Со најповолниот понудувач во рок од пет (5) работни дена по извршената уплата на цената на продажбата на недвижната ствар, се склучва договор за продажба на недвижната ствар во писмена форма, кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемизација.
Нотарските трошоци и данокот на промет се обврска на купувачот.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три (3) дена од оддржувањето на јавното наддавање до комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет (5) дена од денот на приемот на приговорот.
Против Решението на Комијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во Управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Детални информации врзани за објавата можете се добијат во Општина Валандово тел. О34/ 382-044 и 034/382-007.
КОМИСИЈА ЗА РАСПОЛАГАЊЕ
НА ДВИЖНИ И НЕДВИЖНИ СТВАРИ
НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО
Општина Валандово, Иво Лола Рибар бб, 1460 Валандово
Тел/факс: (++389) 034 382 044, 382 007,email: valandovo@valandovo.gov.mk
Достарыңызбен бөлісу: |