3. Со кои посебни облици на криминал, особено организиран криминал, треба да се справи вашата држава? Ве молиме приложете статистика.
Во последните неколку години (2001,2002,2003 и во текот на 9-те месеци од 2004 година) во Република Македонија беа регистрирани вкупно 74.297 кривични дела. Од овој број, најголемиот дел, или 90,6% се кривични дела од областа на класичните облици на криминал, 5,5% се кривични дела од областа на економскиот и финансискиот криминал, 2,8% се кривични дела од областа на недозволената трговија, 1,1% се кривични дела од областа на организираниот криминал како што е прикажано во табела бр.1, поединечно по години:
Тaбела број 1
Вкупно регистрирани кривични дела
|
Видови на
криминал
|
2001 год.
|
2002 год.
|
2003 год.
|
9 м.2004 г.
|
Вкупно
|
Вкупно регистрирани кривични дела
|
17.139
|
18.308
|
22.547
|
16.303
|
74.297
|
Кривични дела од областа на класичниот криминал
|
15.749
|
16.843
|
20.018
|
14.686
|
67.296
|
Кривични дела од областа на економскиот криминал
|
669
|
756
|
1.663
|
1.028
|
4.116
|
Кривични дела од областа на недозволената трговија
|
526
|
487
|
644
|
432
|
2.089
|
Кривични дела од областа на организираниот криминал
|
195
|
222
|
222
|
157
|
796
|
Извор -МВР
|
|
|
|
|
|
Оваа поделба на видовите на кривични дела е според Класификацијата на кривичните дела во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“, бр. 60/97).
Во областа на класичниот криминал активностите на Министерството за внатрешни работи особено беа насочени кон справување со кривичните дела против животот и телото, понатаму, против слободите и правата на човекот и граѓанинот, половата слобода и половиот морал, против бракот, семејство, младината, имотот, општата сигурност на луѓето и имотот, правниот сообраќај и јавниот ред. Од областа на економскиот криминал доминираат кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, службената должност, животната средина и производството. Од областа на недозволената трговија карактеристични се разните облици на криумчарење, недозволена трговија со оружје, опојна дрога и др.
Во следната табела се презентирани покарактеристични кривични дела од разни области на криминалот.
Табела број 2
Регистрирани кривични дела
|
Покарактеристични
кривични дела
|
2001 год.
|
2002 год.
|
2003 год.
|
9 м.
2004 г.
|
Вкупно кривични дела
|
Убиство
|
56
|
61
|
73
|
36
|
226
|
Тешка телесна повреда
|
188
|
203
|
231
|
183
|
805
|
Тешка кражба
|
8.193
|
8.370
|
9.128
|
6.891
|
32.582
|
Разбојништво
|
252
|
447
|
548
|
554
|
1.801
|
Одземање моторно возило
|
511
|
576
|
560
|
570
|
2.217
|
Измама
|
313
|
345
|
534
|
450
|
1.642
|
Изнуда
|
16
|
28
|
31
|
32
|
107
|
Уцена
|
1
|
|
|
2
|
3
|
Насилство
|
68
|
95
|
109
|
54
|
326
|
Грабнување
|
6
|
20
|
18
|
19
|
63
|
Злоупотреба на службена положба
|
168
|
178
|
854
|
408
|
1.608
|
Фалсификување службена исправа
|
86
|
76
|
80
|
105
|
347
|
Проневера во службата
|
22
|
71
|
66
|
31
|
190
|
Примање поткуп
|
20
|
13
|
4
|
9
|
46
|
Давање поткуп
|
7
|
8
|
9
|
15
|
39
|
Посредување во вршење проституција
|
31
|
17
|
27
|
21
|
96
|
Силување
|
39
|
36
|
56
|
35
|
166
|
Полов напад врз дете
|
44
|
56
|
52
|
29
|
181
|
Недозволено префрлување преку државна граница
|
26
|
8
|
9
|
4
|
47
|
Засновање ропски однос
|
6
|
6
|
2
|
|
14
|
Трговија со луѓе
|
|
18
|
42
|
11
|
71
|
Недозволена трговија со дрога
|
348
|
282
|
406
|
273
|
1.309
|
Недзволена трговија со оружје
|
138
|
153
|
213
|
151
|
655
|
Тероризам
|
46
|
27
|
16
|
2
|
91
|
Фалсификување пари
|
145
|
177
|
144
|
91
|
557
|
Извор- МВР
|
|
|
|
|
|
Во областа на организираниот криминал најзастапени се кривични дела од областа на корупцијата и коруптивното однесување, трговијата со луѓе и принудната проституција. Заради сузбивање на овој криминал се спроведени значајни активности, реализирани се и документирани повеќе оперативни истраги во врска со повеќе малверзации и случаи на коруптивно однесување во областа на економијата и финансиското работење, а беа интензивирани и активностите во областа на трговијата со луѓе, преку вршење на зачестени контроли во угостителските објекти. Покрај наведеното, реализирани се и голем број на случаи во областа на фалсификатите и криминалитетот со елементи на насилство. Од реализираните оперативни истраги во областа на финансиското и економското работење, откриени се малверзации вршени од страна на директори, управители и други раководни лица во соработка со лица од приватни фирми во процесот на приватизацијата, односно трансформацијата на претпријатијата, јавните набавки и други незаконски трансакции во јавниот сектор. Покрај наведеното, во областа на класичните форми на корупцијата откриени се кривични дела- примање и давање поткуп, при што во најголем број случаи се работи за давање поткуп со парични средства на службени лица заради извршување, односно неизвршување на службени дејствија.
Значајни, континуирани и организирани активности беа спроведени за откривање на носителите на криминалните дејствија поврзани со трговијата со луѓе и фалсификување на пари. Во реализираните случаи на фалсификувани пари најчесто се работи за обиди на граѓани за пуштање во оптек на фалсификувани банкноти - ЕВРА , а не се работи за поорганизирани форми на изработување и пуштање во оптек на фалсификувани банкноти.
Во табелата што следи се прикажани статистички податоци за бројот на регистрирани кривични дела од областа на организираниот криминал во изминатите три години и деветте месеци од 2004 година.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ
Извор на презентираните статистички податоци се евиденциите и податоцитге во Министерството за внатрешни работи на РМ, кои се во согласност со Класификацијата на кривичните дела во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“, бр.60/97).
Достарыңызбен бөлісу: |