РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Број 11-781/11
Скопје, 05.12.2005 година
ДО
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЕДИНИЦАТА
НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА СТАРАВИНА
КОНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОВЛАСТЕНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР
1. Предмет на овој Конечен извештај е извршената ревизија на финансиските извештаи нa Органот на Општина Старавина за 2004 година, кои се прикажани на страните од 8 до 10 .
2. Ревизијата на финансиските извештаи од точка 1 на овој извештај е извршена согласно член 55 од Законот за буџетите, член 2 став 1 и 2 од Законот за државна ревизија и Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија согласно член 8 од Законот за државна ревизија.
3. Не е вршена ревизија, ниту сме издале било каков извештај, за финансиските извештаи на Општина Старавина за годините кои и претходат на годината која е предмет на оваа ревизија.
4. Финансиските извештаи од точка 1 на овој извештај се одговорност на раководството на субјектот од точка 1 на овој извештај, застапувано од:
-
Ристе Момоковски, Градоначалник на Општина Старавина, за периодот од 01.01.2004 до 31.12.2004 година.
5. Одговорност на ревизорите е да го издадат овој извештај, прикажан на страните 1 до 7, и да дадат мислење за финансиските извештаи од точка 1, засновано на извршената ревизија.
6. Ревизијата од точка 1 на овој извештај е планирана и извршена во периодот од 12.09. до 21.09.2005 година, од страна на тим на Државниот завод за ревизија во состав:
-
Лилјана Стојанова - Помошник ГДР и овластен државен ревизор;
-
Петре Гаврилов - Виш ревизор,и
-
Стојан Николовски - Помлад ревизор.
7. Цел на ревизијата на финансиските извештаи од точка 1 на овој извештај е да овозможи ревизорот да изрази мислење:
-
дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и резултатот на финансиските активности во согласност со применетата законска регулатива;
-
дали е остварено законско и наменско користење на средствата кои претставуваат државни расходи;
8. Финансиските извештаи кои се предмет на овој извештај се засновани на годишната сметка составена според важечките прописи во Република Македонија со извршени рекласификации поради добивање на појасна слика.
9. Ревизијата е извршена во согласност со стандардите за државна ревизија на Меѓународната организација на Врховни ревизорски институции (ИНТОСАИ) кои се пропишани за примена во Република Македонија при вршењето на државната ревизија. Овие стандарди бараат ревизијата да се планира и подготви, со цел да се добие разумно уверување дека финансиските извештаи се ослободени од значајни погрешни прикажувања. Ревизијата вклучува испитувања на докази, проценување на користени сметководствени принципи, како и на важни проценки направени од страна на раководството на субјектот од точка 1 на овој извештај, давање општа оценка за презентацијата на финансиските извештаи и давање оценка за конкретни финансиски трансакции. Веруваме дека извршената ревизија ни обезбедува разумна основа за изразеното мислење.
10. На ден 23.11.2005 година со писмо број 11-781/1 од 23.11.2005 година примени се забелешки по предходниот извештај на овластениот државен ревизор. Истите се разгледани и е констатирано следното :
-
забелешките на точките: 10.3.1.,10.3.2.,10.4.5. и 10.5.1. не се прифаќаат, и
-
забелешките на точката 10.3.3. делумно се прифаќаат.
11. Со ревизијата на финансиските извештаи за 2004 година, ревизорите на Државниот завод за ревизија го утврдија следното:
11.1. Неправилна примена на акти
11.1.1. Кај благајничкото работење постапувано е спротивно на Законот за платен промет и одредбите за благајничко работење и ревизијата ги утврди следните наоди:
-
Не е донесена Одлука за утврдување на благајнички максимум.
-
Благајничките извештаи не се изготвуваат редовно при секоја промена на состојбата во благајната и не се поткрепени со комплетни сметководствени документи (каса исплати и каса прими), со кои ќе се потврдат исплатите и уплатите во благајната, кое е спротивно на одредбите за благајничко работење.
-
Благајникот не е овластено лице за подигање на готовината од сметката, туку подигањето на средствата го врши лице вработено во локалната самоуправа.
-
Преку благајната нема трансфер на готовина - пари, касовите извештаи благајникот ги изготвува врз основа на приложени документи за подигнати средства од сметката и приложени сметки за направени расходи.
Предходното доведува до нереално искажување на паричните средства во благајната и можни злоупотреби на истите.
Препорака:
Ревизијата цени дека квалитетот на благајничкото работење и неговото евидентирање значително ќе се подобри доколку општина Новаци пропише акт за благајничко работење, и субјектот ги разграничи надлежностите и одговорностите на вработените.
Реализирањето на препораките е во надлежност на општина Новаци од причини што e извршено припојување на општина Старавина кон општина Новаци согласно Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија ( Службен весник на РМ бр. 55/04) .
-
Неправилна примена на сметководствени политики и начела
-
Не е извршен попис на градежните објекти и паричните средства на сметката и во благајната со состојба на 31.12.2004 година, што не е во согласност со одредбите на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници. Извршениот попис на опремата не е целосен, извршен е само физичкиот дел од пописот без да се изврши усогласување со состојбата искажана во книговодството.
-
Спротивно на член 30 од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници не е донесено решение за формирање на пописна комисија за вршење на попис со 31.12.2004 година, пописот го извршила комисијата формирана со решение од 2000 година .
-
Пописот е извршен на 28.02.2005 година што е спротивно на член 33 од Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници.
-
Спротивно на член 34 и 35 не е констатиран начинот за расходување на опремата и ситниот инвентар и не е донесен акт за расходување заради книжење на разликите и усогласување на сметководствената со фактичката состојба а истото е спроведено во книговодствената евиденција на органот на општина Старавина на 24.05.2005 година.
-
При пресметка на амортизацијата на долгорочните средства, не се применуваат годишните стапки за отпис на долгорочните средства за буџетите и буџетските корисници пропишани во Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници.
Ова влијае на утврдување на реалната состојба на средствата и нивните извори.
Препорака:
-
Да се преземат мерки и активности, да се врши попис на средствата и изворите во согласност со законските прописи, со што ќе се обезбеди усогласување на состојбата на средствата и нивните извори, меѓу фактичката и сметководствената состојба.
11.2.2. Општината Старавина има и располага со материјални средства како што се улици, водоводи и други капитални објекти кои во книговодството на општината не се евидентирани на соодветните сметки пропишани со Правилникот за сметковниот план на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници. Во текот на 2004 година, на објекти од овој вид по разни основи, има направено расходи во вкупен износ од 4.450 илјади денари кои воопшто не се разграничени и соодветно евидентирани како зголемување на вредноста на истите и истовремено зголемување на Државниот- јавен капитал. Ваквото постапување, во делот на невидентирањето на локалните патишта и улиците, е спротивно и на одредбите од членот 67 од Законот за јавни патишта (Сл.весник на РМ бр, 26/96……29/02).
И покрај претходно наведеното во Општина Старавина нема воведено евиденција на споменатите објекти, истото е резултат на една подолго применувана пракса. Нереалното искажување на материјалните средства допринесува за нереално искажување на состојбата на средствата и нивните извори.
Препорака:
Општина Новаци да преземе мерки и активности за евидентирање на локалните патишта и улици, водоводи и други комунални објекти кои припаѓаат на досегашната општина Старавина, односно да се воведе пракса за евидентирање на капиталните расходи на соодветните конта за материјаните и нематеријалните средства и Државниот- јавен капитал.
11.2.3. Не се води евиденција за матријалните средства во подготовка. За капиталните расходи кои значат инвестиции во тек по основ на изградба, реновирање и друг вид на вложување правниот субјект не води евиденција на позицијата Матријални средства во подготовка, што не е во согласност со Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, Правилникот за сметковниот план на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници. Поради тоа оневозможено е да се следи вложувањето во одреден објект (пат, улица, водовод и т.н.), соодветно на тоа и да се евидентира зголемување на набавната вредност и деловниот фонд, при давање на истите во употреба.
Препорака:
Вложувањата во материјалните средства да се евидентираат на ставките за инвестиции во тек – градежни објекти, опрема и друго и по активирањето да се евидентираат од овие ставки на ставките за Материјални средства во употреба и истовремено да се изврши зголемување на Деловниот фонд.
11.2.4. Со увидот во сметководствената евиденција ревизијата утврди дека набавените материјали и ситниот инвентар не се евидентираат на залиха, ниту се евидентираат промените ( прием и издавање) на материјалите и ситниот инвентар спротивно на Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Документацијата за прием и издавање на материјалите не е воопшто оформена ниту има задолжено лице за ракување со материјалите. Заради немање устроена матријална евиденција се нема увид во состојбата на залихите на материјали и ситен инвентар движењето на набавките и потрошокот на истите.
Препорака:
При утврдување на применета на сметководствените политики да се имаат во вид и овие сметководствени политики и истите да се применуваат.
-
Неправилности во искажување на приходите/ расходите
11.3.1. Ставката Неданочни приходи во Билансот на приходи и расходи е потценета за износ од 4 илјади денари за колку е потценет и вишокот на приходи над расходи. Ова поради неевидентираните приходи по основ на камата на средствата по видување на сметката на Органот на општина Старавина, спротивно на Правилникот за сметковниот план на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници.
Препорака:
Надлежното одделение на општина Новаци да ги има во вид направените грешки при евидентирањето на приходите по основ на камата на средствата по видување на сметката на Органот, да се извршат соодветни усогласувања при тоа ненарушувајќи го буџетскиот принцип на евидентирање на приходите.
11.3.2. Ставката Основни плати и наемнини во Билансот на приходи и расходи во делот на потставката Основни плати функционери , е преценета во вкупен износ од 155 илјади денари за исплатената нето плата на Секретарот на Советот, за кој износ е потценетa потставката Основни плати работници. Наведеното е спротивно на одредбите на Законот за исплата на плати.
Поради непостоење на акт за пресметка на плата на погоре наведеното лице, во согласност со критериумите кои важат за вработените во органите на општината, ревизијата не е во состојба да го квантифицира ефектот на предходниот наод врз вишокот на приходи над расходи.
Препорака:
При исплатата на платите треба да се почитуваат одредбите од Законот за исплата на плати и надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и на другите избрани и именувани лица за лицата кои имаат третман на функционери.
11.3.3. Ставката - Надоместоци во Билансот на приходи и расходи, е преценета за износ од 106 илјада денари, а за истиот износ е потценет вишокот на приходи над расходи поради исплатените паушални надоместоци на Градоначалникот на општина Старавина и на Секретарот на Советот и исплатениот персонален данок за овие исплати, кое е спротивно на одредбите на Законот за локална самоуправа и Законот за исплата на плати на пратениците во Собранието на РМ и на другите бирани и именувани лица Република Македонија.
Препорака:
При исплата на надоместоците да се почитуваат одредбите од Законот за локална самоуправа.
11.3.4. Ставката Комуникација и транспорт е преценета за износ од 59 илјади денари, за кој износ е потценет Вишокот на приходи над расходи, за набавеното гориво за користење сопствени возила како надоместок за патни трошоци за членовите на Советот спротивно на Одлуката бр.07-65/22 од 08.02.2001 година за надомест на трошоците за патување на советниците.
Немањето на соодветни интерни акти и контролни постапки доведува до неконтролирани трошоци по овој основ.
Препорака:
Да се донесе акт со кој ќе се регулира користењето на службените возила како и на други возила за службени цели како и да се утврди процедура со секоја сметка за гориво да има прилог на налог за користење на службено возило односно да се води евиденција за поминатите километри и потрошеното гориво по возило.
-
Неправилности во искажување на позициите во Билансот на состојбата
11.4.1. Позицијата Парични средства во билансот на состојбата е преценета за износ од 32 илјади денари за паричните средства кои се наоѓаат на сметката на Органот на Општина Старавина а на 31.12.2004 година истите не се вратени на сметката на буџетот што е спротивно на одредбите од член 36 од Законот за буџетите. Ова допринесува приходите на сметката на буџетот да се потценети за истиот износ.
11.4.2. Позицијата Материјални средства во делот на ставката Опрема во билансот на состојба со состојба на 31.12.2004 година е потценета за износ од 670 илјади денари, Исправката на вредноста за износ од 141 илјада денари а деловниот Фонд е потценет за износ од 529 илјади денари за неевидентираниот опрема- трактор и опрема за чистење на снег дониран од Амбасадата на Република Германија од 07.11.2002 година. Оваа опрема е евидентирана во книговодствената евиденција на Органот на општина Старавина со налог за книжење од 24.05.2005 година.
Препорака:
За овој наод ревизијата не дава препорака од причина што исправката е извршена во текот на 2005 година.
11.4.3. Позицијата Материјални средства и Извори на капитални средствата е потценета за износ од 4.450 илјади денари за направените капитални расходи во 2004 година во износ од 4.450 илјади денари искажани во Билансот на приходи и расходи на позицијата Купување на капитални средства, а истовремено не евидентирани и како зголемување на состојбата на материјалните средства и зголемување на вредноста на Државниот – јавен капитал. Согласно Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, Правилникот за сметковниот план на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници, за истите правниот субјект бил должен да изврши соодветно разграничување и да спроведе книжење со кое ќе искаже зголемување на вредноста на Материјалните и нематеријалните средства и зголемување на Државниот-јавен капитал.
Препорака:
Надлежната служба согласно документацијата со која располага Општината, да изврши евидентирање на капиталните вложувања и да изврши отпис, односно пресметување на амортизација согласно годишните стапки за отпис на долгорочните средства за буџетите и буџетските корисниици.
11.4.4. Позицијата Исправка на вредноста на материјалните средства е преценета за износ од 18 илјади денари , за кој износ се преценети Материјалните средства и Државниот јавен капитал за неточно пресметаната амортизација спротивно на стапките пропишани во Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Ова е последица на неинформираноста за промените на законската регулатива која го третира ова прашање.
Препорака:
Надлежното одделение во општина Новаци при пресметувањето на амортизацијата за 2005 година да ги има во вид грешките на пресметаната амортизација на опремата добиена од општина Старавина и да изврши соодветна корекција.
11.4.5. Позицијата Други краткорочни обврски спрема други корисници е преценета за износ од 25 илјади денари за погрешно евидентираната наплатена камата на средствата по видување на сметката на Органот на Општина Старавина спротивно на одредбите од Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Поради несоодветното евидентирање на наплатената камата на средствата по видување се потценети приходите кај Органот на Општина Старавина.
Препорака:
Надлежното одделение на општина Новаци да ги има во вид направените грешки при евидентирањето на приходите по основ на камата на средствата по видување на сметката на Органот односно нереално створената обврска на позицијата други краткорочни обврски спрема други корисници по овој основ и да изврши соодветни корекции, при тоа ненарушувајќи го буџетскиот принцип на евидентирање.
11.4.6. За искажаната состојба на позицијата Материјални средства и Извори на капитални средства во Билансот на состојба ревизијата се оградува од реалноста на истата од следните причини:
-
Нема имотни листи за имотот со кој располага општината;
-
Не е целосно спроведено Решението на Владата на Република Македонија број 23-257/10 од 08.02.2000 година за пренесување на право на соптвеност по делбениот биланс помеѓу Република Македонија и новоформираните општини;
-
Не е извршено усогласување помеѓу фактичката состојба и состојбата прикажана во сметководството;
-
Не се донесени соодветни одлуки за расходување а е извршено расходување на опрема со сегашна вредност од 17 илјади денари без да се утврди причината за расходувањето кое е видентирано во книговодствената евиденција со 24.05.2005 година.
Ваквиот начин доведува до нереално прикажување на позицијата на материјални средства и нејзините извори.
Препорака:
Општина Новаци да ги преземе следните активности за надминување на актуелната состојба:
-
Општината да обезбеди имотни листи од надлежниот орган односно од Републичката геодетска управа;
-
Да се евидентира имотот добиен согласно решението број 23-257/10 од 08.02.2000 година во сметководствената евиденција. За утврдување на вредноста да се формира стручна комисија;
-
Потребно е да се изврши обележување (инвентарисување) на основните средства со кои располага досегашната Општина Старавина;
-
Ревизијата препорачува да се изврши вонреден попис и правилно и реално да се утврди состојбата на постојаните средства.
11.4.7. Позицијата Краткорочни обврски спрема добавувачи, е нереално прикажана, ревизијата констатира дека на 31.12.2004 година не се евидентирани обврски во износ од 53 илјади денари, поради востановена пракса, фактурите да се евидентираат во сметководството кога се плаќаат. Ова е спротивно на Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Со ваквиот начин на евидентирање се нема увид во состојбата на обврските и задолжувањата на општината.
Препорака:
Надлежното одделение во општина Новаци да преземе мерки за редовно евидентирање на обврските спрема добавувачите со добивањето на фактурите и да се води аналитичка евиденција по добавувачи.
-
Ненаменско и незаконско користење на средства
11.5.1. Неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки:
-
Не е ажурирано решение за формирање на Комисија за јавни набавки;
-
Не е спроведена соодветна постапка за јавни набавки во вредност од 174 илјади денари (Прилог бр.1).
-
Не е донесен план за вкупните потреби за набавки во тековната година по видови на производи (стоки), услуги и работи, со кој се определува и динамиката за реализација на набавките и постапката за јавна набавка која ќе се користи;
-
Не е донесен интерен акт – Правилник за регулирање на начинот и постапката на набавките од мала вредност, и
-
Не се води посебна евиденција за малите набавки.
Неспроведување на постапките за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки создаваат можност за фаворизирање на одредени фирми, грешки, ја спречуваат конкуренцијата и придонесуваат за набавки по зголемени цени.
Препорака: Да се обезбеди целосна примена на Законот за јавни набавки во сите негови аспекти во зависност од видот и вредноста на набавката, а особено:
-
Општина Новаци до крајот на јануари од тековната година да донесе план за вкупните потреби за набавки во тековната година по видови на производи (стоки), услуги и работи, со кој се определува и динамиката за реализација на набавките и постапката за јавна набавка која ќе се користи;
-
Општината да донесе интерен акт за регулирање на начините на набавките од мала вредност.
12. Вкупниот ефект од изнесените наоди во точката 11.3. е потценување на приходите за 4 илјади денари, преценување на расходите за износ од 165 илјади денари и потценување на вишокот на приходи над расходи за вкупен износ од 169 илјади денари во Билансот на приходи и расходи за 2004 година. Вкупниот ефект од наодите во точка 11.4. е потценување на билансните позиции во Билансот на состојбата за 2004 година во вкупен износ од за 4.957 илјади денари.
13. Според наше мислење, поради значајноста на прашањата изнесени во точката 11.2. до 11.4., финансиските извештаи не ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба на сметката на Органот на општина Старавина на 31 Декември 2004 година, резултатот од финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива.
14. Според наше мислење, освен за изнесеното во точките 11.3. и 11.5. кај сметката на Органот на општина Старавина е остварено законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2004 година.
Скопје, 02.12. 2005 година
|
Овластен државен ревизор
|
|
Лилјана Стојанова
|
|
|
ПРИЛОГ БРОЈ 1
Преглед на извршени набавки без спроведена постапка за јавни набавки
Во 000 денари
Р.бр
|
Предмет на набавка
|
Добавувач
|
Износ
|
Забелешки
|
1
|
Рекламен матеијал
|
Танчевски
|
36
|
Не спроведен постапка
|
2
|
Прехранбени продукти
|
Кандино
|
12
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
3
|
Прехранбени продукти
|
Кедер
|
10
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
4
|
Еден шпорет и два телевизора
|
Адарма
|
34
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
6
|
Материјали за улично осветлување
|
Кацјак
|
48
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
7
|
Стручен надзор
|
Проинг
|
20
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
8
|
Стручни услуги Сотир Спировски
|
|
14
|
Не спроведена постапка за јавна набавка
|
|
Вкупно
|
|
174
|
|
Ул:"Маршал Тито"бр.12/3
Палата Македонија-Скопје; Овластен државен ревизор
тел: 3211-262; факс: 3126-311 _______________________
Достарыңызбен бөлісу: |