Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени



бет8/8
Дата06.07.2016
өлшемі480 Kb.
#181748
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7   8

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општата расправа по Предлогот на законот е завршена.

Врз основа на извештаите на Комисијата за транспорт, врски и екологија како матично работно тело и Законодавно-правната комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниов заклучок:

1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем е прифатлив и може да се даде на натамошно односно на второ читање.

2. Овој заклучок заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието да се достави до Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија.

Предложениот заклучок го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62 пратеника, од нив за предложениот заклучок гласаа сите 62, нема воздржани, нема против.

Констатирам дека Собранието го усвои предложениот заклучок.



Минуваме на точка 15 - Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај - прво читање

Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за транспорт, врски и екологија како матично работно тело и Законодавно-правната комисија ви се доставени односно поделени.

Отворам општа расправа.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Има збор заменикот министер за транспорт и врски, повелете.



Тахир Хани: Благодарам господине претседател,

Поради потребата за дополнително прецизирање на законските одредби со согласност со барањето за измена од Здруежението за превоз во патниот сообраќај Исток, меѓутоа исто така и асоцијацијата Еуротуринг, како и асоцијацијата на независни синдикати на камионските превозници, Макам транс, произлезе потребата од измени и дополнување на овој закон. основните измени кои што се предвудуваат со овој закон се, со Предлог измената и дополнувањето на законот се врши прецизирање на законските норми кои што се во однос на добивање на лиценца за организирање на патен сообраќај, всушност превоз на патници и стоки. Всушност се предвидува лиценца за организирање на превоз на стоки и на патници во патниот сообраќај внатрешен и меѓународен може да добие правно или физичко лице кое има регистрано шифра на дејност, потоа дејност на придружување во сообраќајот и потоа шифра, туристичка агенција. Организтор на патувања, тур оператор и други услуги кои што имаат регистрирана капитал и резерви од минумум од 100 илјади евра во денарска против вредност. Во билансот на состојбата на тековнат година или пак регистрира за здружението, или пак за банкарска гаранција за обезбедена финансиска стабилност. Исто така со нивите измени се предвидува законска одредба со која што превозникот кој што својата финансиска состојба ја потврдува или докажува со податоците кои што се регистрирани за капиталот и за резервите во билансната состојба за претходната година во периодот на важноста на лиценцата. Истиот е обрзан во рок од 6 месеци по рокот на поднесување на билансата состојба да ја подобри состојбата на регистрираниот капитал и резервите до колку има намаливање на вредноста во однос на вредноста во овој закон. во согласност со барањето за измена во актуелниот закон од страна на постоечките здруженија како што е здружението за превоз во патниот сообраќај Исток и Еуротуринг. Меѓутоа исто така и од асоцијацијата на независни синдикати на камионските превозници Макамтранс произлезе потребата од изменување и дополнување на пвој закон по делот кој што е во однос на електронското систематизирање на линиите на автобусите да се објавуваат два пати годишно, а во однина ќе се објавуваат еднаш годишни и тоа најмалку до месец декември во тековната година. Исто така друга новина која што е предвидена во законот се преносот на одлуките, на решенијата од еден превозник, кај друг превозник се дозволува само во случајот кога новиот превозникот е правен наследник на превозник кој што престанал да постои. До колку постои поделба на имотот на превозникот на двајца и повеќе нови превозници во согласнот со договорот за поделба кој што договор е верификуван кај нотар или пак во согласност со решението на надлежниот суд или пак врз основа на договорот за купопродажба. Меѓутоа лицата превиозници или пак некој друг акт со кој што ќе се утврди промената на сопственоста на превозникот.

Со измените во законот се предвидува одредба која што до сега беше предвидена со Деловникот за категоризација на автобуските станици со кој што се предвидува кон барањето за категоризација на автобуските станици, правното или пак физичкото лисе кое што менаџира со автобуската станица или пак кому му е доделено менаџирањето на автобуската станица задолжително се придружува и еден извод од планот, или пак валиден урбанистички план со конкретна намена на земјиштето на површината на јавниот сообраќај или пак на автобуската станица. Значи одредбата добива законска форма и му овозможува можност за градење и категоризација на автобуските станици само во местата каде што на соодветните општини имаат потврдено такво нешто во урбанистичкиот план, или пак градежниот план. Превозникот кој што врши јавен превоз, или пак за лични потреби, или такси правоз во законот за истиот е предвидена одредба со која што освен глобата од 500 евра, превозното средство со кое што се вршел тој прекршок привремено да се одземе од полицискиот службеник кој што во униформа во времето на вршење на тој прекршок во период од 6 месеци до една година.

Исто така со предложените измени на законот за предвидува договорите за превоз, меѓуопштински превоз кој е во согласност се склучени во две, или повеќе општини со седиште во село, или пак град, да има продолжување на рокот на важање. И сите договори кои што се во сила во овој момент и врз основа на кои се врши тој меѓуопштински превоз се потпишани пред септември 2009 година, односно што се склучени без согласност на Министерството за транспорт и врски и во нив не се водела грижа за временскиот интервал за делот на заедничката траса на Итинералите или пак за линиите на меѓуопштинскиот превоз кој што утврден во согласност со Законот и Деловникот. Со законот и понатаму ќе има можност општините да склучуваат договор за меѓуопштински превоз на патниците, додека пак ова за да биде валидно треба да се добие согласност од Министерството за транспорт и врски. До колку општините склучуваат договор, а за истиот не добиле согласност од Министерството за транспорт и врски, истиот договор нема да биде важечки. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор господинот Стојановски Благоја, повелете.



Благоја Стојановски: Благодарам.

Почитувани колеги пратеници, пред нас е Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, закон што доаѓа од Министерството за транспорт и врски.

Најпрво ќе воочам една, не знам како поинаку да ја кажам освен несериозност во однос на предлагање закони од ова Министерство. Ако ги погледнете измените што се направени во последните две години во однос на овој Предлог закон, ќе видите дека ова е шеста измена. Една измена има 2009 година, две измени 2010 година, ова е трета измена 2011 година. Ако оди по оваа прогресија, веројатно 2012 година треба да очекуваме на секои два месеца предлог за измени на закон од ова Министерство за транспорт и врски и згора на се, ова не е случај само со овој закон, туку најголем број од законите што доаѓаат од ова Министерство всушност претрпуваат најчесто измени.

Апелирам во иднина претставниците од ова Министерство пред да предложат закон да направат опсежна анализа и тоа да го направат издржано, а не на секои два месеци да предлагаат во ова Собрание предлог измени на тие закони.

На седницата на Комисијата ние како преставници на СДСМ и опозицијата ги подржавме овие предлог измени и тоа исклучиво од причини што еден добар дел од амандманите што претходно ги предлагавме во однос на законот што денес се донесува всушност ги содржат овие предлог измени. На пример, во членот 5 од овој Предлог закон во членот 8 се додаваат зборовите: доказ за платени придонеси за период од најмалку шест месеци пред поднесување на барањето за лиценца, се бришат. Тоа е всушност амандман кој што претходно ние како пратеничка група, односно во претходниот пратенички состав од СДСМ сме го предлагале. Зошто тогаш не е прифатен, па сега се увидело дека всушност е добро да биде така, не знам. Има и други примери. Од тие причини ние ќе го подржиме.

Меѓутоа, ќе се обидеме и амандмански да делуваме во однос на одреден дел на овој Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за сообраќај, особено во делот од казнените одредби. Конкретно, членот 20 во еден дел предвидува освен глоба, и одземање на возилото на такси превозниците. Сметаме дека ова е ригорозно решение во овој закон, меѓутоа, тоа е праксата на ова владеачко мнозинство, веројатно со невидено строга казнена политика за да врши притисок врз граѓаните и страв кај истите.

Исто така, во однос на автобуските станици да бидат на места каде што тоа е предвидено со деталните урбанистички планови, но што правиме на оние места каде што урбанистички планови не се донесени. Дали тоа значи дека треба во тие места воопшто да не постојат автобуски станици, а веројатно такви места се најголемиот дел во Република Македонија надвор од Скопје, така што сметаме дека и ова можеби во еден дел е избрзано решение и веројатно во тој дел амандмански ќе интервенираме.

Како што и претходно реков, ние ќе гласаме за потребата од измената на законот, но во текот на второто читање и амандмански ќе делуваме за одделни решенија. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор госпоѓица Лашкоска Ане, повелете.



Ане Лашкоска: Благодарам.

Во изминатиот период Министерството за транспорт и врски одржа средби и консултации со Здружението за превоз во патниот сообраќај Исток и Асоцијацијата на независни синдикати на камионски превозници Макам транс и на нивно барање се пристапи кон допрецизирање на некои одредби од овој закон т.е. излезе потребата од измени и дополнување на овој закон.

Со овој Предлог закон се предлагаат одредени измени т.е. се врши допрецизирање на одредбите за добивање на лиценца за организација на превоз на патници или стока како во домашниот така и во меѓународниот патен сообраќај. Со измените се предвидува распределба на автобуските линии да биде електронска и да се изведува еднаш годишно.

Со овој Предлог закон се воведува новина со која ќе се овозможи превоз од дозволи и решенија од еден на друг правен следбеник во случај кога превозникот е правен следбеник на превозникот кој престанал да функционира или што сметам да многу добро, случај кога постои раздвојување на имотот на превозникот на два или повеќе нови превозници во согласност со спогодба претходно направена за промена на сопственоста.

Една многу добра измена на овој Предлог закон е тоа што правното или физичкото лице кои стопанисува со автобуската станица со барањето за категоризација треба да приложи извод од деталниот урбанистички план или урбанистички проект каде стои конкретна намена за автобуска станица.

На Комисијата за транспорт, врски и екологија на неколку седници сите членови се согласивме дека треба да се стави ред во урбанистичкиот хаос во земјава. Оваа измена ќе придонесе прилично во овој поглед имајќи ја во предвид реалната состојба на автобуските станици во Република Македонија. Секоја чест во општините каде што тоа е средено но сите сме сведоци дека поголемиот број на автобуски станици не се изградени според детален урбанистички план или според генерален урбанистички план. Дали објектот чекалната, дали паркинг просторот или едното и другото се изградени на туѓо земјиште. Со ова законско решение ќе се стави ред во изградбата и функционирањето на автобуските станици низ Република Македонија.

Со овој Предлог закон се воведува глоба за превозниците кои вршат јавен превоз за сопствени потреби и авто такси превоз без лиценца со што сметаме дека ќе се воспостави редот кај такси превозот.

Почитувани колеги, како пратеничка група го подржуваме овој Предлог закон и сметаме дека ќе се подобри веќе постоечкиот Закон за превоз во патниот сообраќај се со една цел во корист на превозниците во Република Македонија. Ви благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека општата расправа по Предлогот на законот е завршена.

Врз основа на извештаите на Комисијата за транспорт, врски и екологија, како матично работно тело и Законодавно правната комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниот заклучок:

1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај е прифатлив и може да се даде на натамошно односно на второ читање.

2. Овој заклучок заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието да се достави до Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно правната комисија на Собранието на Република Македонија.

Предложениот заклучок го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 64 пратеници, сите 64 гласаа за, нема воздражани, нема против.

Констатирам дека Собранието го усвои предложениот заклучок.

Минуваме на точка 16 - Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешни работи - прво читање.

Предлoгот на законот и извештаите на Комисијата за одбрана и безбедност како матично работно тело и Законодавно правната комисија, ви се доставени односно поделени.

Отворам општа расправа.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Бидејќи нема пријавено за збор, констатирам дека општата расправа по Предлогот на законот е завршена.

Врз основа на извештаите на Комисијата за одбрана и безбедност, како матично работно тело и Законодавно правната комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниот заклучок:

1. Предлогот на законот за изменување на Законот за внатрешни работи е прифатлив и може да се даде на натамошно односно на второ читање.

2. Овој заклучок заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието да се достави до Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија на Собранието на Република Македонија.

Предложениот заклучок го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 66 пратеници, сите 66 гласаа за, нема воздражани, нема против.

Констатирам дека Собранието го усвои предложениот заклучок.

Минуваме на точка 17 - Предлог на закон за изменување на Законот за државјанство на Република Македонија - прво читање.

Предлoгот на законот и извештаите на Комисијата за одбрана и безбедност како матично работно тело и Законодавно правната комисија, ви се доставени односно поделени.

Отворам општа расправа.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Колеги пратеници, бидејќи за збор се пријавени само двајца пратеници и заменик министерот, доколку има потреба да продолжиме да работиме и после 18,00 часот до завршувањето на оваа точка согласно член 68 од Деловникот на Собранието.

Има збор заменик министерот за внатрешни работи, повелете.

Џелал Бајрами: Благодарам.

Почитувани пратеници, дозволете ми во кратки црти да елаборирам во врска со Предлог законот за изменување на Законот за државјанство на Република Македонија. Со Предлогот на законот за изменување на Законот за државјанство на Република Македонија на некој начин се прави усогласување со Законот за Владата на Република Македонија, кој ова Собрание пред некое време го донесе и во согласност со тој закон се предвидува да се формира една државна комисија за одлучување во втор степен во административна процедура и од работните односи, бидејќи до сега владините комисии кои одлучуваа во втор степен, нивната надлежност, сега поминува во Државната комисија. Ние во Законот за државјанство овие надлежности од втор степен да не се назначат на Државната комисија, но истото се однесува на Управниот суд или некој што ќе заземе негативен став од прв степен, да нема потреба втор пат да направи жалба до Комисијата од втор степен, туку директно да се покрене административен спор во Управниот суд. Со ова сметаме дека многу ќе се скрати процедурата до финалната одлука за земање или за отстранување од државјанстнво за некои граѓани на Република Македонија, значи да се одземе државјанството. Ова се измените кои ги предлагаме до Собранието за усвојување. Би сакал како што беше во матичното тело, така и на оваа пленарна седница на Собранието на Република Македонија да добиеме зелено светло и овие измени да се усвојат. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор господинот Сугарески Горан, повелете.



Горан Сугарески: Благодарам.

Почитуван заменик министер, би сакал накусо да го искажам своето мислење во врска со овој закон. Во минатото жалбите против највисоките државни управни органи односно до министрите се поднесуваа до второстепените владини комисии. Тоа беше лошо решение, исполитизирано и неефикасно, а исто така беше доста критикувано како од странската така и од домашната експертска јавност. Оваа година владеачкото мнозинство донесе закон со кој се формира нов државен орган, Државна комисија за водење на управни постапки во втор степен и овој орган е предвидено да ги супституира сите оние поранешни владини второстепени комисии.

Со измените на овој закон се предвидува против решенијата на министерот за внатрешни работи за отпуст или прием во државјанство да не се поднесуваат жалби воопшто. До сега тоа беше пракса до Второстепената владина комисија и тука директно против овие решенија да се поведува управен спор пред Управниот суд, односно со други зборови вие барате начин како да се ускрати правото на странката за жалба со објаснување дека со тоа се крати или се забрзува постапката.

Иако ваквото решение е согласно Уставот на Република Македонија, ако ги гледаме сите овие закони што ги предлага Министерството за внатрешни работи, а тоа е Законот за внатрешни работи, Законот за оружје, Законот за странци, Законот за државјанство, мислам дека во сите други три закони го оставате овој нов државен орган за управување со овие управни постапки во втор степен, а од друга страна за жал овде го кратите правото.

Доколку сте во можност, во интерес на времето, би сакал накусо да микажете во што ја гледате разликата на овие закони, бидејќи како и да е се смета дека странката за остварување на одредено свое право овде губи, бидејќи второстепениот орган го нема, тоа значи директно ја упатувате преку управен спор до Управен суд. Ова право што се крати не е добра работа, за разлика од другите, бидејќи во следниот Закон за оружје истата измена се прави, но таму оставате простор да има второстепена комисија за одлучување по жалби на странките. Доколку сте во можност, би сакал на кратко да кажете за што станува збор. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Заменикот министер за внатрешни работи има реплика, повелете.



Џелал Бајрами: Благодарам.

Она што сега го постави како прашање почитуваниот пратеник го постави и во текот на првото читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот во матичната комисија и се обидов уште тогаш да му дадам одговор. Истиот одговор го имам и денес, а тој одговор е дека за разлика од другите закони, Законот за државјанство односно добивањето решение за државјанство на Република Македонија понекогаш се надоврзува и со некои други права и за да не се дојде до ситуација граѓаните кои ги исполнуваат критериумите за државјанство и истите и понатаму да се жалат до Второстепената комисија, сега до Државната комисија која треба да се основа во согласност со Законот, при Владата ние одлучивме да се скрати таа постапка и скратувањето на постапката секако дека е во интерес на граѓанинот и до крајното решение да одлучува Упрваниот суд. По добивањето на решението, позитивно или негативно, граѓанинот доколку одлучил да се жали да може дирекно да покрене управен спор пред Управниот суд и да не поднесе жалба до Државната комисија.

Ова се причините зошто одлучивме на овој начин да ја скратиме процедурата во интерес на граѓанинот и очекувам не само од парламентарното мнозинство, туку предлогот да го подржат сите пратеници, затоа што на крајот на краиштата ова е во интерес на сите граѓани, а ние сме тука за нивните а не за нашите интереси. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор господинот Зеќири Изет, повелете.



Изет Зеќири: Благодарам.

Почитуван заменик министер, го сфаќам заморот на пратениците и затоа ќе бидам навистина краток. Добро е што заменик министер е Џелал Бајрами и ќе се ангажира повеќе, оваа измена на Законот да помогне за стекнувањето државјанство на Република Македонија да не биде и да не продолжи да биде проблем за Албанците. На Албанците сеуште им се спори државјанството на Република Македонија, како услов за стекнување на државјанство е познавањето на македонскиот јазик, а непознавањето на македонскиот јазик како услов за стекнување на државјанството на Република Македонија е спротивно со Охридскиот рамковен договор. Не е оправдување да се одбие барањето за стекнување на државјанство поради непознавање на македонскиот јазик, со самиот Охридски рамковен договор, со Законот за јазиците, припадниците кои се над 20% од населението во Република Македонија имаат право да го говорат својот јазик и не треба да се бара да го знаат и македонскиот јазик, иако во нивна корист е да го знаат и македонскиот јазик. Ова е во спротивност во Законот за државјанснтво во кој треба да има измени. Се надевам дека во следните измени ќе биде и ова, Албанците кои аплицираа за државјанство на Република Македонија, се соочува со провокации и разни малтретирања во текот на постапката за стекнување на државјанство и со такви малтретирања се соочуваат од страна на посебната комисија на Владата за верификација на условот за владеење на македонскиот јазик. Врв на малтретирањето е кога граѓаните Албанци се принудени за да добијат државјанство да се тестираат за да се верификува познавањето на македонскиот јазик, иако според Уставот 7-8 години ова е во спротивност со Уставот. Нерегуларности во работата на посебнат владина Комисија за верификација на вледењето на македонскиот јазик е забележано од Народниот правобранител поради констатираните пропусти во текот на работата на оваа Комисија. Истите и препорачале на Владата разрешување на претседателката на Комисијата и резгледување на работата на другите членови. Но, наспроти овие интервенции на Народниот правобранител препораката не е земена во предвид. На вакви малтретирања се подложени граѓаните кои живеат 50-60-70 години во Македонија, а да не навлегувам сега да ги спомнувам, но сепак да кажам дека немање државјанство во Република Македонија претставува проблем со што најмногу се соочуваат граѓаните односно Албанците од Скопје, Куманово и Тетово. Врз основа на некои податоци, само во 2004 година имало 2.030 барања за државјанство на Република Македонија. Во 839 случаи одговорот бил позитивен, додека во 1130 негативен.

Врз основа на една изјава на заменик министерот, нагласи дека 850-те барања, повеќето ги исполнуваат условите но во следна изјава на Министерство за внатрешни работи истите верификуваат дека се води строга контрола во однос на издавање државјанство, а во меѓувреме како што е познато, издадена е најава за тивка блокада за неиздавање државјанство посебно на немакедонските заедници.

Ова се навистина вознемирувања што постојат кај моите гласачи, граѓаните на Тетово, но и Скопје и Куманово. Заменик министерот и Министерството ќе треба во измената на законот, во однос на познавање на македонски јазик, а потоа и со други наредни измени што ќе одат во прилог на граѓаните кои немаат државјанство. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Трајанов Павле има реплика, повелете.



Павле Трајанов: Независно од тоа господине Зеќири, мислам дека не ги познавате добро законите околу прием на државјанство. Сега застапувате одредени тези што не се соодветни на состојбите.

Само да ве потсетам, 1994 година, тогаш на барање на претседателот на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи преку ноќ издаде над 140 илјади државјанство за граѓани кои потекнуваат од Косово. Без процедура, без исполнување законски критериуми.

Така што, секоја држава па и во Република Македонија има законски решенија, усогласени со конвенциите, Европска конвенција за државјанство и тука се проблемите бидејќи се работи за европски и светски стандарди за добивање државјанство.

Така што залагањето преку ноќ да се разрешат сите работи, мислам дека се создаваат други проблеми од друга природа. можеби затоа треба да се концентрираме на законот, а не да ги решаваме прашањата што се надвор од законот. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Изет Зеќири има контра реплика, повелете.



Изет Зеќири: Почитуван пратеник, мислам дека не е упатно граѓаните кои живеат 50-60-70- години во Република Македонија да немаат право на државјанство.

Само за ваше сознание, ќе ви кажам неколку случаи.

„Роден сум во Куманово, живеам 43 години, имам 5 деца, сите се родени во Македонија, но повторно не малтретриаат за државјанство. Ова е прв пат да не повикаат за јазикот. Не знам што ќе се случи.“ Ова го тврди Сафет Рамадани.

Сличен е случајот и со една жена од Тетово на 31 година. Завршила образование во Македонија, вработена, но и понатаму и се одбива барањето за државјанство.

Такви случаи има многу. 50-60-70 години со ред. Ако мислите дека и старците од 70 години треба да го познаваат македонскиот јазик за да добијат државјанство, мислам дека не сте во право.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека општата расправа по Предлогот на законот е завршена.

Врз основа на извештаите на Комисијата за одбрана и безбедност, како матично работно тело и Законодавно правна комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниов заклучок:

1. Предлогот на законот за изменување на Законот за државјаноство на Република Македонија е прифатлив и може да се даде на натамошно односно на второ читање.

2. Овој заколучок, заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието да се достави до Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правна комисија на Собранието на Република Македонија.

Предложениот заклучок го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Вкупно гласаа 65 пратеници, од нив за предложениот заклучок гласаа сите 65 пратеници, воздржани нема, против нема.

Констатирам дека Собранието го усови предложениот заклучок.

Тука ја прекинувам седницата, продолжуваме утре во 12.00 часот со истава оваа седница.



(Седницата прекина со работа во 18,09 часот)



11-1/.-




Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет