СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од 29-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана
на 25 април 2012 година
Седницата се одржа во Собранието на Република Македонија, сала 1, со почеток во 11,59 часот.
Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.
Трајко Вељаноски: Дами и господа пратеници,
Ја отворам Дваесет и деветтата седница на Собранието на Република Македонија.
Пратениците Васко Мицевски, Ристо Манчев, Павле Саздов, Љубисав Иванов Ѕинго, Александар Спасеновски, Иван Стоиљковиќ, Фијат Цаноски, Мевмед Џемајлоски, Соња Мираковска, Радмила Шекеринска, Игор Ивановски, Наташа Савова Салковска, Драгиша Милетиќ, Али Ахмети, Ермира Мехмети, Ирфан Деари, Хајрула Мисини, Арбен Џафери, Мендух Тачи, ме известија дека се спречени да присуствуваат на седницата.
За седницата известени и поканети се Претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, претседателот на Советот на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, директорот на Агенцијата за регулирање железнички сектор, Народниот правобранител, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, претседателот на Советот за радиодифузија на Република Македонија, претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, директорот на Агенцијата за администрација претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, претседателот на Комисијата на Агенцијата за пошти, директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, претседателот на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија.
Записниците од 23-та, 25-та и 27-та седница на Собранието ви се доставени.
Дали некој има забелешки на записниците. (Нема)
Констатирам дека записниците од 23-та, 25-та и 27-та седница на Собранието се усвоени без забелешки.
Владата на Република Македонија предлага по скратена постапка да се донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.
Предлогот на законот ви е доставен.
Го молам претставникот на Владата да ја образложи оправданоста предлогот на законот да се донесе по скратена постапка.
Има збор министерот за образование и наука, повелете министре.
Панче Кралев: Благодарам.
Предложените измени на Законот за МАНУ се предлагаат да бидат донесени по скратена постапка по барање на Македонската академија на науките и уметностите. Единствена цел по кој што се бара да бидат донесени самите измени по скратена постапка е фактот дека Собранието на Академијата уште на 20 април 2010 година има донесено Одлука за да ги предложи овие измени до Владата и до Собранието на Република Македонија. Од самите измени на Законот е предвидено најосновната и најважната измена е воведување на статусот дописен член во членовите 11 и 12 исто така со измена и во членот 13 на овој начин на Македонската академија на науките и уметностите ќе им се овозможи да имаат дополнување на својот состав со дописни членови кои ќе ги бираат на начин кој е утврден во самиот закон. Значи самиот предлог измени на законот не предвидуваат дополнителни финансиски импликации ниту пак предвидуваат посериозни измени на Законот за Македонската академија на науките и уметностите. Со тоа Академијата сака на побрз начин да има можност постапката за избор на дописни членови да ја започне во втората половина на годината со што измените и новите членови ќе можат да учествуваат во работата од почетокот на следната година. Самите измени на законот се предложени и усвоени од нивна страна и доставени до Министерството за образование и наука и потоа е помината во Владата. Во самиот закон се уредени и начинот кои ќе бидат избирани овие дописни членови и истото е ставено како дополнување на начинот на кој ќе функционира и самата Академија. Со донесување на овој закон, се надеваме дека ќе овозможиме покомплетно екипирање на Академијата во побрз рок. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 78 пратеници. Сите 78 гласаа за, нема воздржани, нема против.
Констатирам дека Предлогот на Владата е усвоен.
Бидејќи Собранието одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за образование, наука и спорт како матично работно тело и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлогот на законот за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување амандмани за седниците на комисиите. Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седниците на комисиите на кои ќе го разгледуваат овој Предлог на закон.
Владата на Република Македонија предлага по скратена постапка да се донесе Законот за престанување на важење на законот за Републичкиот завод за унапредување на домаќинството.
Предлогот на законот ви е доставен.
Го молам претставникот на Владата да ја образложи оправданоста предлогот на законот да се донесе по скратена постапка.
Има збор заменикот министер за труд и социјална политика, повелете.
Ибрахим Ибрахими: Благодарам.
Се работи за измени каде што не е во прашање сложен и обемен закон, каде што се предлага престанок на важење на Законот за Републичкиот завод за унапредување на домаќинството и затоа се предлага овој закон да биде по скратена постапка. Имено, Заводот согласно одредбите од Законот за Републичкиот завод за унапредување на домаќинството ја следи и проучува исхраната, културата на живеење, облекувањето, текстилот во домот и лична потрошувачка, ги популаризира теоретските и практичните знаења на најновите достигнувања од областа на современото домаќинство. Заводот работи на осовременување на сите видови општествена исхрана за деца и младинци на работници и воопшто на населението, програмирање на внатрешно уредување, проектирање на потребната опрема и вршење надзор на опремувањето на сите видови објекти наменети за деца и младинци.
Имено со Законот за заштита на деца во членот 71 став 1 и 4 предвидено е стандардите и нормативите и критериумите за надлежносат на установите да ги донесува министерот и со оглед на тоа дека е престаната потребата од извршување на надлежностите на законот со донесување на Законот за заштита на дете и донесувањето на правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејност детска градинка, од овие причини се налага потреба за престанување на важење на Законот за Републичкиот завод за обезбедување на домаќинството. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Закон за престанување на важењето на Законот за Републичкиот завод за унапредувањето на домаќинсатвото го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 78 пратеници. Од нив за предлогот гласаа 53, нема воздржани, против 25 пратеници.
Констатирам дека Предлогот на Владата е усвоен.
Бидејќи Собранието одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тело и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлогот на законот за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување амандмани за седниците на комисиите. Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седниците на комисиите на кои ќе го разгледуваат овој Предлог на закон.
Владата на Република Македонија предлага по скратена постапка да се донесе Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за подобрување на општинските услуги.
Предлогот на законот ви е доставен.
Го молам претставникот на Владата да ја образложи оправданоста предлогот на законот да се донесе по скратена постапка.
Има збор заменикот министер за финансии, повелете.
Недим Рамизи: Благодарам.
Првиот проект за подобрување на комуналните услуги финансиран со долг од Светската банка во износ од 18,9 милиони евра после со имплементација во јуни 2009 година истиот завршува во ноември 2014 година. Бидејќи проектот е позитивно оценет од страна на Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка на степенот на реализација на планираните активности така и во однос на ефектите кои се постигнати со истиот, Владата на Република Македонија изрази интерес за добивање на нов заем од Банката со цел продолжување на активностите и реализација на инвестициски проекти кои придонесуваат кон зајакнување на преформансите на македонските општини. Ова задолжување ќе се додели на Република Македонија во износ од 37,2 милиони евра како дополнително финансирање на првиот проект за подобрување на општинските услуги. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за подобрување на општинските услуги го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 81 пратеник. Од нив за гласаа 54, воздржани нема, против 27 пратеници.
Констатирам дека Предлогот на Владата е усвоен.
Бидејќи Собранието одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлогот на законот за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување амандмани за седниците на комисиите. Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седниците на комисиите на кои ќе го разгледуваат овој Предлог на закон.
Владата на Република Македонија предлага по скратена постапка да се донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации.
Предлогот на законот ви е доставен.
Го молам претставникот на Владата да ја образложи оправданоста предлогот на законот да се донесе по скратена постапка.
Има збор заменикот министер за информатичко општество, повелете.
Марта Арсовска Томовска: Благодарам.
Накратко ќе ги образложам причините за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Закон за електронските комуникации по скратена постапка. Имено, согласно препораките на Европската комисија земјите членки на Европската унија до крајот на 2012 година треба да го исклучат аналогното територијално емитување. Имајќи го предвид овој факт како и фактот дека соседните земји членки на Европската унија веќе го исклучија или се во фаза на исклучување заради меѓудржавна координација на радио фреквенциите се укажа потреба со закон да се утврди датумот кога и Република Македонија ќе изврши исклучување на аналогниот сигнал. Со оглед на тоа со овие измени на Законот за електронските комуникации се утврдува 1.06.2013 година како датум кога ќе се изврши исклучувањето на аналогниот сигнал што значи дека постојните телевизии не ќе можат повеќе аналогно да ги емитуваат своите програми преку радио фреквенции. Од друга страна на постојните телевизии неопходно е да им се обезбеди техничка платформа за фритуер дигитално терестријално емитување. Исто така, тие ќе треба да продолжат со емитувањето на своите програми и затоа неопходно е да се обезбедат законски услови за работа на оператор со дигитален терестријален систем кој дигитално ќе ги емитува програмските сервиси на радио дифузерите, а од друга страна ќе добијат дозвола за емитување од страна на Советот за радио дифузија. електричната енергија. Со оглед на ова, со воведувањето на новиот член 120 во предложените измени на законот и со наметнување на обврските на операторот за примена на принципите на објективност, транспарентност и недискриминација се обезбедува сигурност и еднакви услови за продолжување со работа на постојните терестријални телевизии во Република Македонија.
Исто така побарувачката за користење на радиофреквенции за обезбедување на електронски комуникациски услуги постојано се зголемува и затоа е потребно законско решение кое ќе обезбеди нивно ефикасно и ефективно распределување и користење. Со Предлогот на законот за изменување и дополнување освен што се врши допрецизирање односно утврдување на одредени недостатоци во постојните постапки за издавање на одобрение за користење на радио фреквенции се воведува и нова постапка за издавање на одобрение по пат на тендер со јавно наддавање. Ваквиот начин на издавање на одобрение веќе е воспоставен во многу европски држави. И со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон предлагаме овој закон да се донесе по скратена постапка. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Закон за изменување и дополнување на Закон за електронските комуникации го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 84 пратеници. Од нив за предлогот гласаа 54, воздржан 1, против 29 пратеници.
Констатирам дека Предлогот на Владата е усвоен.
Бидејќи Собранието одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието ги задолжувам Комисијата за транспорт, врски и екологија како матично работно тело и Законодавно правната комисија да расправаат по Предлогот на законот за да можам врз основа на член 151 став 2 од Деловникот на Собранието да ги известам пратениците за рокот за поднесување амандмани за седниците на комисиите. Ги молам претседателите на комисиите да ме известат за датумот на одржувањето на седниците на комисиите на кои ќе го разгледуваат овој Предлог на закон.
Ве изестувам дека Агенцијата за електронски комуникации ги повлече измените и дополнувањата на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата предлага дневниот ред на оваа седница да се дополни со Предлог на одлука за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија; Предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија; Предлог за избор на еден член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија; Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата; Предлог на одлука за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци; Предлог на одлука за именување членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер; Предлог на одлука за именување членови на Комисијата на Агенцијата за пошти; Предлог на одлука за разрешување именување претседател и членови на Советот за статистика на Република Македонија; Предлог на одлука за разрешување именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 11 Октомври; Предлог на одлука за разрешување именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Мајка Тереза; Предлог на одлука за разрешување именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Свети Климент Охридски и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 23 Октомври.
Предлозите ви се доставени.
Заради рационалност претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги образложи сите предлози, а гласањето ќе го вршиме за секој од нив поодделно.
Го молам претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата господинот Илија Димовски да ја образложи основната и неодложна потреба овие предлози да бидат разгледани на оваа седница.
Има збор претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата господинот Илија Димовски, повелете.
Илија Димовски: Благодарам претседателе.
Почитувани колеги пратеници, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на седницата одржана на 24 април 2012 година утврди поголем број на предлози на носители на јавни функции утврдени во Уставот и законите и предлози на одлуки со кои исто така се именуваат или избираат состави на тела утврдени во одделни закони. Предлагам овие предлози Собранието да ги разгледа на денешната 29-та седница и тоа поради следново: на тројца судии на Уставниот суд на Република Македонија девет годишниот мандат утврден со Устав на Република Македонија многу наскоро им истекува за што сме известени писмено и од страна на претседателот на Уставниот суд господинот Бранко Наумовски поради ова, а заради избегнување на можноста Уставниот суд да не биде во комплетен состав, предлагам утврдениот предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија на седницата на Комисијата, Собранието да го разгледа на денешната седница во постапка и рокови утврдени со Закон за Советот на јавни обвинители на Република Македонија, Комисијата утврди Предлог за избор на еден член на овој Совет.
Бидејќи постапката пред Комисијата е завршена односно Предлогот за член на Советот е утврден а со цел комплетирање на Советот согласно Законот за советот на јавни обвинители на Република Македонија исто така предлагам Собранието и овој предлог да го разгледа на денешната седница.
Предлог одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата потребно е Собранието да ја разгледа на денешнава седница поради тоа што веќе е истечен мандатот на постојниот состав на Комисијата утврден во Законот за заштита на конкуренцијата.
Исто така, мандатот на двајца членови на Комисијта на Агенцијата за пошти утврден во Законот за поштенски услуги Служебен весник на Република Македонија број 158 веќе е истечен, поради што Комисијата ја утврди Предлог одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенција за пошти и му предлага на Собранието на Република Македонија да ја разгледа на истата седница.
Потребата од разгледување на Предлог одлуката за избор на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија на оваа седница произлегува од Деловникот на Собранието на Република Македонија, член 65 во кој е утвредено дека Собранието именува тројца заменици на генералниот секретар во моментот во Собранието има двајца заменици на генералниот секретар.
Потребата од разгледување на Предлог одлуката за избор на заменик директор на Агенцијата за заштита на личните податоци на оваа седница произлегува од Законот за заштита на личните податоци, во кои е утврдено дека Собранието избира заменик директор на Дирекцијата.
Постапката за избор на заменик директор согласно законот во Комисијата е завршена односно врз основа на доставените пријави по јавниот конкурс утврден е предлог за заменик директор по што се создадени услови и Собранието на Република Македонија да ја разгледа оваа точка.
Почитувани колеги, поради истекот на мандатот на постојните состави на одборите за доделување на државните награди 11 Октомври, Мајка Тереза и Свети Климент Охридски, утврдени со законот за државни награди, а со оглед на тоа што Комисијата утврди предлози за нови состави на овие Одбори, кои што наскоро мора да почнат со својата работа создадени се услови Собранието на оваа седница да ги разгледа Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 11 Октомври.
Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Мајка Тереза и
Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Свети Климент Охридски.
Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, предлагам Собранието на Република Македонија да ја рагледа на оваа седница, бидејќи постапката за именување на двајца членови на оваа Комисија во Комисијата за прашање на изборите и именувањата е завршено.
Предлог одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 23 Октомври. Комисијата ја утврди по известување од Министерството за култура заради комплетирање на составот согласно Законот за државни награди.
Потребата од разгледување на Предлогот одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Македонија произлегува од членовите 10 и 11 од Законот за државна статистика објавен во Службен весник број 54/97, 21/2007 и 51/2011.
Мандатот на составот именуван во 2007 година е истечен а постапката на предлагање на членови на Советот од институциите наведени во Законот за државна статистика е завршена и се создадени можности Собранието на оваа седница да ја разгледа утврдената одлука.
Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 87 пратеници. Од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 31 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот за избор судии на Уставниот суд на Република Македонија да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 89 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 33 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 87 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 55 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 32 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката за разрешување и именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 85 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 29 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 85 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 29 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката именување членови на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 86 пратеници. Од нив за Предлогот гласаа 55 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 33 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката именување на членови на Комисијата на Агенцијата за пошти да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 88 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 33 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката именување на претседате и членови на Советот за статистика на Република Македонија да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 90 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 58 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 32 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 11 Октомври да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 86 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 56 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 30 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Мајка Тереза да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 87 пратеници. од нив за Предлогот гласаа 58 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 29 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда Свети Климент Охридиски да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 80 пратеници. Од нив за Предлогот гласаа 54 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 26 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Предлогот на Комисијата Предлогот на одлуката разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда 23 Октомври да се разгледа на оваа седница го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 83 пратеници. Од нив за Предлогот гласаа 58 пратеници, од гласањето не се воздржа никој, против гласаа 25 пратеник.
Констатирам дека предлогот на Комисијата е усвоен.
Пратениците Силвана Бонева, Џеват Адеми, Талат Џафери, Малиша Станковиќ, Рафет Муминивиќ, Авдија Пепиќ, Благодорна Дулиќ, Арбен Љабеништа, Михајло Џолонга, Весна Пемова, Јордан Пачков, Харалампие Шокаровски, Миле Пачемски, Светлана Јакимовска, Димитар Стеванаџија, Кенан Хасипи, Лилјана Затуровска, Ане Лашкоска, Стевче Трпковски, Косана Николиќ Мазнева, Надица Танчева Тулиева, Нада Ципушева, Сузана Салиу, Амди Бајрам, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Васил Пишев, Владанка Авировиќ, Ромео Тренов, Милорад Додевски, Диме Маџовски, Сузана Анова, Трајчо Димков, Драган Цуклев, Ванчо Апостолов, Светлана Карапетрова, Драган Настески, Лилјана Кузмановска, Дарко Димитриевски, Нада Станчевска, Цена Матевска Дуза,Васко Пашвовски, Ѓорѓи Коџабашиев, Веле Георгиевски, Павле Трајанов, Владимир Ѓорчев, Елена Павлова, Лилјана Поповска, Бети Кузмановска, Славе Гошев, Александар Николовски, Илија Китановски, Изет Зеќири, Фламуре Демири Креци, Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стајановски Самка Ибраимовски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Анреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугаревски, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгаловска Вучетиќ, Борче Ставрев, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски,Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цановски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајловски и Сафет Бишевац предлагаат дневниот ред на оваа седница да се дополни со Предлог на Декларација за реафирмирање на определбата за реализација на стратешка цел за членство на Република Македонија во НАТО.
Предлогот на декларацијата ви е доставен.
Го молам овластениот преставник на предлагачот, пратеникот Силвана Бонева да ја образложи итната и неодложна потреба Предлогот на Декларацијата да биде разгледена на оваа седница.
Има збор пратеникот Силвана Бонева, повелете.
Достарыңызбен бөлісу: |