F. АЗИЛ
1. Ве молиме да дадете информации за законските или други прописи со кои се регулира Вашата политика за азил.
Политиката на азилот е регулирана со Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) и Правилникот за образецот на барање за признавање право на азил, начинот на земање отпечатоци од прсти и фотографирање на барателите на право на азил, образецот и постапката за издавање и замена на исправи на баратели на право на азил и лица на кои им е признаено право на азил или привремена заштита во Република Македонија и за начинот за водење евиденција (“Службен весник на Република Македонија”, бр.48/04).
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) стапи во сила во август 2003 година. Главни карактеристики на Законот се :
-
Поделена надлежност помеѓу Министерството за внатрешни работи (постапка за утврдување на право на азил) и Министерството за труд и социјална политика (сместување, исхрана, асостенција и интеграција на признаените бегалци
-
Нормална и брза постапка;
-
Концепт на очигледно неосновани барања;
-
Концепт на безбедна земја на потекло;
-
Концепт на трета безбедна земја или прва земја на азил;
-
Субсидиарна заштита;
-
Три фази на одлучување (Министерство за внатрешни работи - Одделение за азил, Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија и Врховен Суд на Република Македонија по поднесена тужба против одлуката на Комисијата).
Горенаведениот подзаконски акт стапи во сила на 25 јули 2004 година. Со него се уредуваат сите видови обрасци кои се применуваат во текот на постапката за признавање право на азил, идентификационите документи за барателите на азил, лицата со признаено право на азил заради хуманитарна заштита и признатите бегалци, како и начинот на нивно издавање и замена, пасош за признати бегалци (конвенциски), како и начинот на земање на отпечатоци од прсти и фотографирање на баратели на азил и начинот на водењето на евиденции.
2. Опишете ја постапката за азил во прва и втора инстанца;
а) нормална и забрзана процедура (доколку постои);
b) број на жалби;
c) проценка на просечното траење на постапката;
d) идентификација на инволвираните служби и бројот на вработените задолжени за постапката за азил;
e) методологија за добивање информации за земјата од којашто потекнуваат имигрантите.
Постапката по поднесени барања за признавање право на азил се води согласно Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03). Исто така, се применуваат и одредби од Законот за општа управна постапка (“Службен Лист на СФРЈ” бр.52/56, 10/65, 4/77, 11/78, 9/86 и “Службен весник на Република Македонија”, бр 44/02) и Законот за управни спорови (“Службен Лист на СФРЈ” бр. 04/77 и “Службен весник на Република Македонија”, бр. 44/02).
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) предвидува 3 фази на одлучување. Постапката во прв степен ја спроведува Министерството за внатрешни работи - Одделение за азил. Во втор степен, по поднесена жалба одлучува Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија. Против одлуката на Комисијата предвидена е можност за судска заштита со право на тужба до Врховниот суд на Република Македонија.
Барањето за признавање право на азил се изјавува на граничен премин или во најблиската полициска станица. Службените лица од полициската станица се должни барателот на азил да го спроведат до Одделението за азил кое е исклучиво надлежно да одлучува по вакви барања. Барањето се поднесува писмено или усно на записник. Законот за азил и привремена заштита дава можност за водење на РЕДОВНА или ИТНА постапка во зависност од основаноста на барањето за признавање право на азил. Во двата случаи постапката во прв степен ја води Одделението за азил при Министерството за внатрешни работи.
а) Нормална и забрзана процедура
Во рамките на редовната постапка, Одделението за азил е должно да се произнесе по барањето за признавање право на азил, односно да донесе одлука во рок од 2 месеци од денот на неговото поднесување. Одлуката ја донесува службено лице од Одделението врз основа на податоците наведени во барањето, информациите за земјата од која потекнува или доаѓа барателот на азил и сознанијата добиени при разговорот (интервјуто) со барателот. По приемот на барањето на подносителот му се издава идентификациона исправа за барател на азил со рок на важност до донесување на конечна одлука по барањето, со што барателот на азил се стекнува со права и обврски предвидени во член 48 и 49 од Законот за зил и привремена заштита.
Права на барателот на азил:
Барателите на азил до донесувањето на конечната одлука во постапката за признавање на право на азил имаат право на:
-
Престој;
-
Сместување и згрижување во Прифатен центар или друго место за сместување определено до Министерството за труд и социјална политика;
-
Основни здравствени услуги;
-
Работа само во рамките на Прифатен центар или друго место за сместување определено до Министерството за труд и социјална политика; и
-
Контакти со Високиот комесаријат за бегалци, како и невладини хуманитарни организации заради давање на правна помош во постапката за признавање на право на азил;
Министерството за труд и социјална политика се грижи за обезбедување на средства за издржување и здравствена заштита на барателите на право на азил, додека се наоѓаат во Прифатниот центар или друго место за сместување определено од ова Министерство.
Должности на барателите на право на азил:
Барателот на право на азил е должен:
-
Да престојува во Прифатниот центар или друго место за сместување определено до Министерството за труд и социјална политика;
-
Да соработува со органите за признавање на право на азил, особено да дава лични податоци, да ги предаде идентификационите и други исправи што тој можеби ги поседува, да овозможи негово фотографирање и дактилоскопирање, личен претрес и претрес на багажот и возилото со кое пристигнал во Република Македонија, како и да дава податоци за својот имот и приходи;
-
Да се подложи на здравствени прегледи, лекување и пропуштено вакцинирање по барање на надлежните органи од областа на здравството, во случај на опасност по здравјето на луѓето;
-
Да ги почитува куќните правила на Прифатниот центар или друго место за сместување определено до Министерството за труд и социјална политика;
Во текот на постапката барателот на азил има право на правна помош и толкувач кој го обезбедува Одделението за азил при Министерството за внатрешни работи. Во случај на негативна одлука, барателот на право на азил има право на жалба во рок од 15 дена по приемот на првостепеното Решение до Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија. Оваа жалба го одлага извршувањето на Решението. Комисијата е должна да се произнесе по поднесената жалба во рок од 2 месеци од денот на поднесувањето на жалбата.
Против решението на Комисијата може да се поведе управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија, односно да се поднесе тужба во рок од 30 дена по приемот на второстепеното решение.
Итната постапка се спроведува кога барањето за признавање право на азил е очигледно неосновано, освен ако барањето е поднесено од малолетно лице без придружба или лице со пречки во психичкиот развој. Согласно член 35 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) барањето за признавање право на азил се смета дека е очигледно неосновано ако :
-
нема основа во тврдењето за страв од прогон, бидејќи барањето не е поднесено поради причините утврдени со Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) туку поради можност за вработување и подобри услови за живот или кога барателот не дава никакви податоци деке би бил изложен на прогон или кога неговите тврдења се невозможни или противречни;
-
барањето се заснова на смислена измама или злоупотреба на постапката за признавање право на азил;
-
лицето пристигнало од безбедна земја на потекло, освен ако докаже дека земјата на потекло не е безбедна за него;
-
лицето пристигнало од трета безбедна земја, каде можело да бара признавање право на азил, освен ако докаже дека третата земја не е безбедна за него;
Барателот на право на азил извршува смислено дело на измама и злоупотреба на постапката за признавање право на азил согласно став 1 алинеја 2 на член 35, во случај ако :
-
Без разумно објаснување, смислено дава невистинити изјави во неговото барање за признавање право на азил, усно или во писмена форма, а тие изјави се од суштествена природа и значење за определување на неговиот статус на признаен бегалец;
-
Без разумно објаснување го засновал своето барање врз лажен идентитет или врз фалсисфикувани исправи, за кои тврди дека се автентични;
-
Намерно уништува, оштетува или крие патна исправа, друг документ или доказ од значење за постапката со цел да го попречи текот на пстапката и да ги доведе во заблуда органите за признавање право на азил во врска со неговиот идентитет;
-
Барањето за признавање право на азил е поднесено со цел да се спречи извршувањето на одлуката за протерување од територијата на Република Македонија, а барателот имал доволно можност претходно да бара признавање право на азил;
-
Барањето за признавање право на азил на лицето му било одбиено во друга земја, по испитување на суштината на барањето, во постапка што содржела соодветни процедурални гаранции, во согласност со Конвенцијата од член 2 алинеа 1 на овој Закон;
-
Има добиено право на азил во друга земја и продолжува да ја ужива заштитата на таа земја;
Во итна постапка, првостепениот орган -Одделението за азил при Министерството за внатрешни работи е должно да донесе Решение во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето. Барателот на азил во овој случај има право на жалба до Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија, во рок од 3 дена од денот на врачувањето на првостепеното решение, која согласно Законот треба да донесе решение во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата. Во итната постапка против второстепеното решение на надлежната Комисија не може да се води управен спор.
б) Број на жалби
Одделението за азил се уште води постапки по 1155 барања за признавање право на азил поднесени во текот на 2003 година со кои се опфатени вкупно 2311 лица - 1155 полнолетни. Заклучно со септември 2004 донесени се вкупно 597 првостепени решенија (1229 лица - 597 полнолетни) од кои во 6 случаи (12 лица - 6 полнолетни) е признат статус на бегалец, во 365 случаи (809 лица - 365 полнолетни) е признато право на азил заради хуманитарни причини (супсидиарна заштита), во 113 случаи (209 лица - 113 полнолетни) барањата за признавање право на азил се одбиени и во 113 случаи (199 лица - 113 полнолетни) постапката е запрена, главно поради причините наведени во член 24 од Законот за азил и привремена заштита. Против ваквите решенија на Одделението за азил, заклучно со септември 2004 година поднесени се вкупно 152 жалби од кои 80 против Решенија со кои се одбиваат барањата за признавање право на азил, 70 жалби против Решенија со кои е признато право на азил заради хуманитарни причини и 2 жалби против Решенија со кои е запрена постапката.
До наведениот рок поднесени се вкупно 43 тужби до Врховниот суд на Република Македонија против Решенија на Комисијата надлежна за постапување во втор степен.
в) Проценка на просечното траење на постапката
Согласно досегашното искуство на Одделението за азил, редовната постапката за признавање право на азил, од поднесување на барањето до донесување на пресуда од страна на Врховниот суд (трет степен) во просек трае по 15 месеци.
г) Идентификација на инволвираните служби и бројот на вработените задолжени за постапката за азил
Постапката за признавање право на азил во прв степен ја спроведува Одделението за азил при Министерството за внатрешни работи. Меѓутоа, во почетната фаз на постапката, посебно во делот на идентификацијата на лица на кои им е потребна меѓународна заштита ангажирани се и други служби како: Гранична полиција, полициски станици од редовна надлежност и други служби во Министерството за внатрешни работи. Сите овие служби по спроведената идентификација се должни странецот кој има потреба од меѓународна заштита веднаш да го упатат - спроведат до Одделенето за азил кое е единствено надлежно и обучено да ја води постапката за признавање право на азил. Одделението за азил кадровски е екипирано со еден раководител и тројца инспектори задолжени за водење на постапки по поднесени барања за признавање право на азил.
д) Методологија за добивање информации за земјата од која што потекнуваат имигрантите
Согласно досегашната пракса секој од вработените при конкретното постапување по поднесено барање за признавање право на азил, пред закажувањето на интервјуто со барателот, се подготвува и прибира информации за земјата од која барателот потекнува или престојувал. При тоа најчесто се користат извештаи изготвени од меѓународни организации ( УНХЦР, ИОМ, ОСЦЕ) и невладини организации. Покрај овие извори, податоци се собираат и по пат на интернет.
3. Дали ги применувате следните концепти (доколку да, на кој начин)?
a) безбедна трета земја
b) безбедна земја на потекло
c) очигледно неосновани барања
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) ги предвидува концептите на а) Безбедна трета земја; б) Безбедна земја на потекло; ц) очигледно неосновани барања
а) Безбедна трета земја - член 10;
Како безбедна трета земја или прва земја на азил, согласно Законот за азил и привремена заштита се смета државата во која барателот на право на азил се задржал пред доаѓањето во Република Македонија и во која може да се претпостави дека тој може да се врати безбеден од прогон заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување или од мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
За безбедна трета земја ќе се смета државата:
-
Во која не постои сериозен ризик од прогон поради горенаведените причини или од мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување;
-
Која го почитува и применува принципот на невраќање (The non-refoulement principle);
-
Која ќе го прими барателот на право на азил, ќе му обезбеди пристап до постапката за признавање право на азил, која ги нуди основните процедурални гаранции и суштински ќе го испита барањето за признавање право на азил;
б) Безбедна земја на потекло - член 9;
Согласно Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03), за безбедна земја на потекло се смета државата во која нејзините државјани или лица без државјанство (кои таму имааат последно вообичаено место на престој) се безбедни од прогон заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група, политичко уверување, мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Ова се утврдува особено врз основа на почитувањето на човековите права утврдени со меѓународните акти, постоење на демократски институции (демократски процеси, избори, политички плурализам, слобода на мислата и јавното изразување на мислата, достапноста и ефикасноста на правната заштита, како и стабилноста на земјата.
При примената на овие концепти Законот за азил и привремена заштита не предвидува обврска за изготвување на листа на безбедни земји. Така, овие концепти не се применуваат по автоматизам, туку во зависност од информациите за земјите на потекло во моментот на поднесувањето на барањето и водењето на постапката и исполнувањето на условите кои ги предвидува Законот, а кои се горе наведени. Во случаите во кои Одделението за азил се повикува на овие концепти, барателот на азил во текот на постапката може да докаже дека земјата на потекло или првата земја на азил не е безбедна за него.
в) Очигледно неосновани барања;
Законот за азил и привремена заштита го предвидува концептот на очигледно неосновани барања во делот со кој се регулира итната постапка (член 34, 35, 36 и 37). При тоа претходните два концепти се предвидени како дел од причините кои го прават барањето за признавање право на азил очигледно неосновано и даваат основ за водење итна постапка. За повеќе детали види 24_F_02.
4. Опишете ги процедуралните гаранции на барателот на азил a) информации, разговор, правo na советување и застапување, толкување/превод; b) независност при разгледување na барањето за азил и жалбените постапки; c) мерки за малолетници без придружба;
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) предвидува повеќе процедурални гаранции во текот на постапката за признавање право на азил од моментот на искажувањето на потребата за меѓународна заштита до конечното завршување на постапката: Принцип на невраќање (The Non-Refoulement Principle) - член 7, правна помош - член 14, неказнување во случај на илегален влез - член 17, право на толкувач - член 21, право лично и непосредно да го изнесе барањето (сослушување) - член 28, право на жалба и право на судска заштита - член 37.
а) информации, разговор, право на советување и застапување, толкување/превод;
Информации
Според воспоставената постапка по поединечно поднесено барање за признавање право на азил, а согласно член 14 од Законот за азил и привремена заштита, барателот на азил при првиот контакт со Одделението за азил добива усмени информации и објаснувања за неговите права и обврски во текот на постапката што ќе се води, по можност на неговиот мајчин јазик или на јазикот кој тој го зборува. За неговото присуство во својство на барател на азил, Одделението за азил ја известува и Канцеларијата на УНХЦР во Скопје која согласно горенаведениот член има право на пристап до барателите на азил во сите фази на постапката.
Разговор
Членот 28 од Законот предвидува право барателот на азил да биде сослушан од страна на овластено службено лице на Одделението за азил заради усно и непосредно објаснување на причините поради кои смета дека има потреба од меѓународна заштита. На барање на подносителот на барањето сослушувањето ќе го спроведе овластено службено лице од ист пол. За време на сослушувањето се води Записник кој се потпишува од сите кои учествувале на сослушувањето.
Право на советување и застапување
Согласно член 14 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) барателите на право на азил имаат право на правна помош и објаснување во врска со условите и постапката за признавање право на азил. Тие во сите фази на постапката можат да контактираат со лица кои даваат правна помош, претставници на Високиот комесаријат за бегалци како и невладини хуманитарни организации. Претставниците на Високиот комесаријат за бегалци имаат право на пристап и контакт со барателите на право на азил во сите фази на постапката каде и да се наоѓаат тие.
Толкување/превод
Кога барателот на азил не го разбира јазикот во постапката, согласно член 21 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) Одделението за азил на тоа лице ќе му обезбеди толкувач на јазикот на земјата на потекло или на јазик што тој го разбира. При тоа трошоците за толкувањето ги покрива Министерството за внатрешни работи. Барателите на право на азил имааат право на толкувач од ист пол.
Толкувачот е должен да ги чува како тајна податоците што ги дознал во текот на постапката.
б) Независност при разгледување на барањето за азил и жалбените постапки
Правото на жалба и правото на судска заштита е предвидено во член 32 од Законот за азил и привремена заштита. Барателот на право на азил може да поднесе жалба против решението на Одделението за азил до Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на внатрешните работи, судството, државната управа, локалната самоуправа и работите од верски карактер при Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението. Поднесената жалба има суспензивно дејство. По повод поднесената жалба надлежната Комисија при Владата треба да донесе Решение во рок од 2 месеци од денот на поднесувањето на жалбата. Претходно наведената Комисија при Владата на Република Македонија е составена од Претседател и членови. Согласно Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Рeпублика Македонија бр. 59/2000 и 12/03) за Претседател и членови на Комисиите не можат да бидат именувани министри и државни службеници кои учествувале во првостепеното одлучување. Комисијата одлучува врз основа на документи-списи ( изведени докази ) од страна на првостепениот орган без непосредно сослушување на подносителот на жалбата. Против Решението на надлежната Комисија на Владата може да се поведе управен спор пред Врховниот суд на Р. Македонија.
в) мерки за малолетници без придружба
Малолетните лица без придружба Законот за азил и привремена заштита ги третира како ранлива категорија и предвидува посебни процедурални гаранции во член 23 и член 34. Согласно член 23, на оваа категорија на баратели на азил им се определува старател според Законот за семејство (“Службен весник на Рeпублика Македонија бр. 80/92, 9/96 и 38/04). Во пракса старателот го определува Министерството за труд и социјална политика по барање на Одделението за азил.
Членот 34 од Законот за азил и привремена заштита предвидува процедурална гаранција во смисла на исклучување на малолетниците без придружба од итната постапка. Имено, итна постапка нема да се спроведува иако се работи за очигледно неосновано барање, доколку барањето е поднесено од малолетно лице без придружба.
5. Каков концепт на заштита применувате?
а) Како ги применувате петте основи во член 1А и клаузулите за изземање од чл. 1F од Конвенцијата од 1951?
б) Дали во вашата разбирање на дефиницијата за бегалци од чл. 1А од Женевската конвенција се вклучени недржавни субјекти на прогонот?
в) Дали постои супсидијарна заштита/заштити?
г) Дали постои систем на времена заштита за справување со масовнот влегување на раселени лица?
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр.49/2003) предвидува можност за признавање статус на бегалец согласно Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 и Протоколот од 1967 и признавање право на азил од хуманитарни причини согласно Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи од 1950 година и Конвенцијата против мачење и други облици на сурово, нехумано и понижувачко постапување или казнување од 1984 година.
а) Примена на петте основи во член 1А и клаузулите за иземање од чл. 1 F од Конвенцијата од 1951
Член 2 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр.49/2003) во целост ја презема дефиницијата за бегалец од Конвенцијата за правата на бегалците од 1951 и Протоколот од 1967. Под терминот бегалец, согласно Законот се смета лице кое поради оправдан страв дека ќе биде прогонувано заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување се наоѓа надвор од земјата на неговото државјанство и не може или поради таквиот страв не сака да биде под заштита на таа земја, или кое, ако нема државјанство, а се наоѓа надвор од земјата во која порано имало вообичаено место на престој, поради таквите настани, не може или, поради тој страв не сака да се врати во неа.
Согласно дефиницијата во текот на постапката за признавање право на азил, се утврдува дали се исполнети основните предуслови наведени во дефиницијата:
-
Да е надвор од државата (чие државјанство има) или државата во која имал вообичаено место на престој;
-
Да постои оправдан страв;
-
Стравот да е во корелација со прогонот;
-
Прогонот да се заснова на припадност на раса, вера, националност, социјална група или поради политичко уверување;
-
Државата на неговото државјанство или државата во која имал вообичаено место на престој да не сака или да не е во можност да му пружи ефикасна заштита;
Во текот на постапката врз основа на наводите наведени во барањето за признавање право на азил и информациите за земјата на потекло се утврдува дали овие елементи се исполнети. Овие услови треба да бидат исполнети кумулативно, во случај на недостаток на еден од наведените елементи, барањето за признавање право на азил се одбива.
Во постапката по поднесено барање за признавање право на азил, во делот на утврдување на идентитетот на подносителот на барањето, Одделението за азил по службена должност, преку други служби во Министерството за внатрешни работи ( Национално биро на ИНТЕРПОЛ, Управа за безбедност и контраразузнавање) проверува дали се работи за лице на кое можат да се применат исклучувачките одредби од член 6 од Законот за азил и привремена заштита ( директно преземени од член 1 Ф од Конвенцијата), односно дали се работи за лице кое :
-
Извршило кривично дело против мирот, човечноста или воено злосторство, согласно меѓународните акти со кои се предвидени овие кривични дела;
-
Извршило тешко кривично дело (неполитичко) надвор од територијата на Република Македонија пред да биде прифатен во неа како бегалец;
-
Кое е виновно за дејствија спротивни на целите и принципите на Организацијата на обединетите нации;
Доколку се утврди дека се работи за лице кое не може да ужива право на азил поради погоре наведените причини, по службена должност се утврдува дали постојат пречки за негово враќање, односно дали потојат елементи за примена на член 7 став 3 од Законот за азил и привремена заштита (принцип на невраќање).
б) Инволвираност на недржавни субјекти на прогонот според дефиницијата за бегалци од член 1 А од Женевската Конвенција.
Во текот на постапката за признавање право на азил, посебно во делот на утврдувањето на постоењето на прогон се утврдуваат и носителите на прогонот. При тоа постои можност за препознавање на невладини агенти на прогон. Во овој случај се утврдува дали:
-
Прогонот е сведен на ограничен дел на територијата на државата на потекло;
-
Дали постоела можност за директен безбеден пристап до останатиот дел од државата кој се смета за безбеден за барателот на азил (во случај невладините агенти на прогон да контролираат дел од територијата на државата која барателот на азил ја напуштил);
-
Дали подносителот на барањето побарал заштита од државните институции кои се надлежни за неговата безбедност;
-
Дали овие институции му пружиле заштита, односно дали се во можност да го заштитат;
в) Супсидиарна заштита / заштити
Член 2 став 1 точка 2 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) покрај признавањето статус на бегалец, предвидува и право на азил поради хуманитарни причини. Правото на азил од хуманитарни причини се признава на лица кои не можат да се вратат во својата матична држава бидејќи таму би биле изложени на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Причините за признавање право на супсидиарна заштита се утврдуваат по службена должност согласно член 30 од Законот за азил и привремена заштита.
г) Систем на привремена заштита во случај на масовно влегување на раселени лица
Законот за азил и привремена заштита во глава 6 предвидува право на привремена заштита во случаи на масовен прилив на лица кои непосредно доаѓаат од државата во која нивните животи, безбедност или слобода се загрозени со војна, граѓанска војна, окупација, внатрешен конфликт пропратен со насилство или масовно кршење на човековите права. За давање на право на привремена заштита одлучува Владата на Р. Македонија, која периодично ги преиспитува причините и потребата за нејзино продожување. При тоа привремената заштита не може да трае подолго од 2 години.
Лицата под привремена заштита имаат право во секое време да поднесат барање за признавање право на азил.
6. Дали имате утврдено кои служби се овластени за примена на одредбите за определување на држави кои се одговорни за разгледување на барањата за азил како и за земање и обработка на отисоци од барателите на азил (со оглед на можната идна примена на уредбите од Даблин II и Eurodac)?
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) како единствена централно поставена и обучена служба за одлучување по поднесени барања за признавање право на азил го утврдува Одделението за азил при Министесртвото за внатрешни работи. Ова Одделение со соодветни кадровски проширувања и обука ќе биде надлежно за идна примена на одредбите од Даблин II во врска со утврдување на државите кои би биле одговорни за разгледување на барањето за признавање право на азил.
Во член 8 од Правилникот за образецот на барање за признавање право на азил, начинот на одземање на отпечатоци од прсти и фотографирање на барателите на право на азил, образецот и постапката за издавање и замена на исправи на баратели на право на азил и лица на кои им е признаено право на азил или привремена заштита во Република Македонија и за начинот на водењето на евиденцијата (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 48/04) е утврдено дека по барање на Одделението за азил, на барателот на азил му се земаат отпечатоци од прсти и му се врши фотографирање во Одделението за криминалистичка полиција во Министерството за внатрешни работи.
7. Опишете ги вашите системи за регистрација и идентификација (вклучувајќи IT ) за баратели на азил.
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) во член 67 го утврдува Одделението за азил како единствено надлежно за воспоставување, обработка и користење на Централна збирка на податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 07/05) , која содржи лични податоци за барателите на азил, признати бегалци и лица под хуманитарна заштита, податоци за нивниот престој и права што ги користат во Република Македонија.
Одделението за азил при постапувањето по поднесени барања за признавање право на азил користи два системи за регистрација : систем за регистрација на баратели на азил и систем за регистрација на признати бегалци и лица под хуманитарна заштита.
За регистрација на баратели на азил, Одделението за азил користи модифициран систем користен од страна на Високиот комесаријат за бегалци - RICS (Registration of Individual Cases). Системот дава можност за внесување на податоци за поднесеното барање, за носителот на барањето, за лицата кои го придружуваат носителот на барањето и податоци за текот на постапката во сите фази до конечно решение .
Во делот на податоците кои се однесуваат на поднесеното барање, автоматски се определува бројот на барањето, се внесуваат податоци за датумот на пристигање на подносителот на барањето во Република Македонија, датата на неговото поднесување, основот на барањето, адреса на престојување на барателот на азил во Р.Македонија и адреса во матичната држава, податоци за државите преку кои транзитирал пред да дојде во Р.Македонија, податоци за евентуалните роднини во Република Македонија.
Во делот на податоците за подносителот на барањето се внесуваат името, презимето, моминското презиме за лица од женски пол, име на родител, дата на раѓање, место на раѓање, пол, брачна состојба, државјанство, националност, религиозна припадност, образование, занимање во земјата на потекло, потреба од евентуални посебни барања (малолетник без придружба, самохрана мајка и сл.) податоци за лични исправи со кои располага барателот на азил, јазици кои ги зборува и место предвидено за фотографија на барателот на азил.
Во делот на податоците за придржуваните лица се внесуваат податоци за децата на подносителот со нивни идентификациони податоци и сродство (син, ќерка) и можност за внесување на фотографија.
Во делот на податоците за текот на постапката се внесуваат сите настани од поднесувањето на барањето до конечната одлука (поднесување на барање, интервју, првостепено решение, жалба, одлука на второстепениот орган со датум и место за евентуален коментар итн.
Овој систем е интерен и до податоците за барателите на азил внесени во него пристап имаат само службените лица од Одделението за азил. Системот дава можности за добивање извештаи по разни основи (пол и старост, датум на поднесено барање, државјанство, религиозна припадност на барателите на азил и сл.)
По конечно завршување на постапката за признавање право на азил, податоците за признатите бегалци и лицата на кои им е признат азил од хуманитарни причини се внесуваат во посебен систем за автоматска обработка на податоци во делот за странски државјани на престој во Р.Македонија кој се води во Министерството за внатрешни работи. Системот содржи идентификациони податоци за наведената категорија на странци. Системот дава можност за добивање на извештаи за бројот на признати бегалци и лица со хуманитарен статус кои престојуваат на територијата на цела држава.
8. Опишете го вашиот систем кој се однесува на условите за прифаќање на барателите на азил.
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) ги утврдува правата на барателите на азил. Согласно овој закон оваа категорија на лица има право на:
Согласно член 48 од горенаведениот Закон, барателите на азил имаат право на сместување во Прифатен центар или друго место за сместување определено од страна на Министерството за труд и социјална политика. При определувањето на местото на сместување се води сметка за зачувување на компактноста на семејството. Согласно активностите за реализација на Програмата CARDS - 2002 во тек е постапка за изградба на Прифатен центар за баратели на азил, кој ќе функционира во рамките и под управа на Министерство за труд и социјална политика. Крајниот рок за реализација на овој проект е октомври 2005. Центарот ќе ги задоволува сите европски критериуми и стандарди за сместување на ваква категорија на лица, вклучително и условите за згрижување на баратели на азил со посебни потреби, непридружувани малолетници како и на жртви на тортура и друг вид на насилство. До реализацијата на овој проект, барателите на азил се прифаќаат и сместуваат во Прифатен центар кој за оваа намена функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи. Основен услов за сместување во наведениот центар е потребата од меѓународна заштита на лицето кое се сместува, искажана преку поднесување на барање за признавање право на азил. Покрај сместување во прифатен центар, постои пракса барателите на азил да се сместуваат и во семејства на државјани на Република Македонија.
- Информации
Според воспоставената постапка, по поединечно поднесено барање за признавање право на азил, а согласно член 14 од Законот за азил и привремена заштита, барателот на азил при првиот контакт со Одделението за азил добива усмени информации и објаснувања за неговите права и обврски во текот на постапката што ќе се води, по можност на неговиот мајчин јазик или на јазикот кој тој го зборува. За неговото присуство во својство на барател на азил, Одделението за азил ја известува и Канцеларијата на УНХЦР во Скопје која согласно горенаведениот член има право на пристап до барателите на азил во сите фази на постапката.
Членот 28 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) предвидува право барателот на азил да биде сослушан од страна на овластено службено лице на Одделението за азил заради усно и непосредно објаснување на причините поради кои смета дека има потреба од меѓународна заштита. На барање на подносителот на барањето сослушувањето ќе го спроведе овластено службено лице од ист пол. За време на сослушувањето се води Записник кој се потпишува од сите кои учествувале на сослушувањето.
-
Право на советување и застапување
Согласно член 14 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) барателите на право на азил имаат право на правна помош и објаснување во врска со условите и постапката за признавање право на азил. Тие во сите фази на постапката можат да контактираат со лица кои даваат правна помош, со претставници на Високиот комесаријат за бегалци, како со невладини хуманитарни организации. Претставниците на Високиот комесаријат за бегалци имаат право на пристап и контактирање со барателите на право на азил во сите фази на постапката каде и да се наоѓаат тие.
Кога барателот на азил не го разбира јазикот во постапката, согласно член 21 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) Одделението за азил на тоа лице ќе му обезбеди толкувач на јазикот на земјата на потекло или на јазик што тој го разбира. При тоа трошоците за толкувањето ги покрива Министерството за внатрешни работи. Барателите на право на азил имааат право на толкувач од ист пол.
Толкувачот е должен да ги чува како тајна податоците што ги дознал во текот на постапката.
-
Документи за идентификација
Согласно член 39 и 40 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) на барателите на азил им се издава идентификациона исправа со важност до донесување на конечна одлука во постапката за азил, односно до истекот на рокот во кој лицето е должно да ја напушти територијата на Република Македонија по правосилноста на одлуката со која е одбиено неговото барање. Идентификационите документи за баратели на азил ги издава Министерството за внатрешни работи односно Одделението за Азил.
Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) барателот на азил има право на престој и слобода на движење на територијата на Република Македонија.
Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) барателот на азил има право на основни здравствени услуги. Министерството за труд и социјална политика се грижи за обезбедување на средства за издржување и здравствена заштита на барателите на право на азил, додека се наоѓаат во прифатниот центар или друго место за сместување определено од ова Министерство. Согласно член 49 од истиот закон барателите на азил имаат должност да се подложат на здравствени прегледи, лекување и пропуштено вакцинирање по барање на органите надлежни за работите од областа на здравството, во случај на опасност по здравјето на луѓето.
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) децидно не предвидува право и обврска за образование на децата на барателите на азил или малолетните баратели. Сепак согласно воспоставената пракса со барателите на азил од Србија и Црна Гора – Косово. Децата на оваа категорија на лица се вклучени во редовниот образовен систем на државата.
Барателите на азил немаат пристап на пазарот на трудот до завршувањето на постапката, односно до донесување на решение со кое му е признаено право на азил во Република Македонија. Сепак, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) предвидена е можност за работа само во рамките на Прифатниот центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Република Македонија во голем дел ги спроведува европските стандарди и услови кои се однесуваат на прифаќањето на барателите на азил. Со ставање во функција на новиот Прифатен центар кој ќе функционира во рамките на Министерството за труд и социјална политика овој систем целосно ќе биде заокружен согласно европските стандарди.
9. Опишете ја рамката за соработка со УНХЦР и невладините организации
Соработката со УНХЦР и невладините организации се одвива во :
-
Делот на правната процедура за испитување на основаноста на поднесеното барање и размена на статистички податоци за број на баратели на азил, лица со признат статус на бегалец и лица со право на азил заради хуманитарни причини;
-
Делот на сместувањето и асистенцијата на барателите на азил;
Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) воспоставува принцип на поделена надлежност. Министерството за внатрешни работи – Одделението за азил е надлежно за правната процедура за утврдување на основаноста на поднесеното барање за признавање право на азил, додека Министерството за труд и социјална политика е надлежно за сместувањето и асистенцијаат на барателите на азил, како и за интеграцијата на признаените бегалци. Согласно ваквата поделеност на надлежностите, соработката со УНХЦР во рамките на мандатот на УНХЦР се одвива главно со наведените две министерства. При тоа правната рамка на соработката е регулирана со Законот за азил и привремена заштита во:
-
Член 13, според кој Одделението за азил е обврзано да соработува со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации во сите фази на постапката за признавање право на азил;
-
Член 14, им дава право на барателите на право на азил, во сите фази на постапката можат да контактираат со лица кои даваат правна помош, претставници на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации, како и со невладини хуманитарни организации;
-
Член 48, според кој барателите на право на азил можат да контактираат со Високиот комесаријат за бегалци, како и со невладини хуманитарни организации заради давање на правна помош во постапката за признавање право на азил;
Соработката меѓу Министерството за внатрешни работи - Одделението за азил и канцеларијата на УНХЦР во Скопје е воспоставена од формирањето на Одделението при крајот на 1998 година. Канцеларијата на УНХЦР е активно вклучена во напорите за изградба на систем на азил компатибилен со системот на земјите членки на Европската Унија, на полето на легислативата и процедуралните прашања, како и во делот на размена на информации и статистички податоци. При тоа, во сите работни групи и активности кои се одвиваа и се одвиваат на проблематиката на азилот вклучен е и претставник на Канцеларијата на УНХЦР во Скопје. Така, УНХЦР учествуваше во:
-
Активностите за подготовка на новиот Законот за азил и привремена заштита;
-
Активностите во државниот тим на Македонија при изготвувањето на Националниот акционен план за азил и имиграција;
-
Активностите за реализација на програмата КАРДС – 2002 со свој претставник во Управниот Комитет;
Покрај наведеното, почнувајќи од 2000 година, Одделението за азил има поддршка од страна на УНХЦР во делот кој се однесува на едукацијата и тренингот на вработените, како и во делот на реализација на одредени законски обврски (бесплатна правна помош на барателите на азил, преведувачи и сл.)
Соработката на Министерството за труд и социјална политика со УНХЦР се заснова врз Меморандумот за разбирање кој УНХЦР го има потпишано со Владата на Република Македонија на 08.11.1994 година, при што секоја година ова министерство со помош на УНХЦР реализира различни подпроекти за помош, сместување, исхрана, нудење примарна здравствена услуга, правна заштита и едукација на лицата под хуманитарна заштита кои престојуваа(т) на територијата на Република Македонија.
Ова Министерство имаше извонредна соработка со невладиниот сектор во давањето на основната грижа на лицата под хуманитарна заштита што беше мошне изразено во текот на Босанската и Косовската криза.
10. Опишете ја вашата политика за интегрирање на бегалците.
Согласно Националниот акционен план на Република Македонија за миграција и азил ( За повеќе детали види 24_Анекс_01) политиката на интеграција се однесува на прашањата за правата, обврските и можностите на признаените бегалци. Политиката на интеграција е првенствено насочена кон интензивирање на процесот на вклучување на овие лица во социјалниот живот преку изнаоѓање на модалитети за нивно приспособување во рамките на новото опкружување. Политиката на интеграција не е насочена кон признавање на привилегии на бегалците и имигрантите, туку кон намалување на пречките и овозможување на еднакви права и можности за овие лица. Република Македонија презема чекори во правец на подобрување на системот на интеграција, со цел создавање на соодветни можности за понатамошно интегрирање на бегалците и имигрантите во општеството и создавање на подобри услови за живот.
Заради реализирање на овие цели, во насока на изнаоѓање на трајни решенија за проблемите на бегалците со донесувањето на Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) предвидени се одредени права кои овие лица може да ги остварат. Во прв план треба да се напомене дека овие лица се социјално необезбедени, па согласно Законот за азил и привремена заштита за лицата со признат статус на бегалец во првите две години е предвидено право на парична помош и сместување. Правото на сместување, согласно со принципите за локално учество, се реализира преку давање соодветен стан на користење или на парична помош потребна за обезбедување на простории за сместување до моментот кога овие лица ќе бидат во можност самостојно да обезбедуваат средства за своја егзистенција, но не повеќе од две години од денот на донесување на решението за признавање на статусот на признат статус на бегалец. Во однос на паричната помош согласно член 53 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) лице со признат статус на бегалец кое нема приход или не може да го оствари од својот имот има право на парична помош во месечен износ, во вид на основна парична помош на носителот на правото и додаток за другите членови на семејството кои немаат егзистенција (соуживатели на помошта) до обезбедување на средства за својата егзистенција, а најдолго две години од денот на доставувањето на решението за признавање на статус на признаен бегалец, Лицата со признаен статус на бегалец, покрај овие права, имаат право и на основни здравствени услуги, се до стекнување на својство на осигурено лице.
Правата и должностите на бегалците се предвидени во член 51 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03). Согласно овој член, ако со овој или друг закон поинаку не е определено, признаените бегалци имаат исти права и должноси со државјаните на РМ, со следниве исклучоци:
-
Немаат избирачко право;
-
Не подлежат на воена обврска;
-
Не можат да вршат дејност, да засноваат работен однос и да основаат здруженија на граѓани и политички партии во случај кога со закон како услов е предвидено лицето да има државјанство на РМ;
Врз основа на горенаведеното, може да се констатира дека овие лица се изедначуваат со правата на нашите граѓани, односно тие имаат непречен пристап до социјалните, здравствените, образовните и правните установи. Овие лица имаат и право да се појават и на пазарот на трудот под услови пропишани со Законот за азил и привремена заштита при што во принцип постојат и се практикуваат еднакви права во делот на пазарот на трудот. Имено, согласно член 56 од Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) правото на работа признаените бегалци го остваруваат под истите услови кои со соодветни законски прописи се предвидени за странците со одобрен постојан претстој во Република Македонија, додека во однос на правата од работен однос тие се изедначени со македонските државјани.
Предвидени активности насочени кон интеграција на бегалците се и креирањето на посебни програми за изучување на македонскиот јазик, едукација и професионална обука (изучување на различни видови на занаети) и други мерки. Во насока на реализирање на оваа цел е неопходна соработката со постоечките невладини организации, како и формирање на нови НВО-а од ваков карактер. Истовремено, особено значење во процесот на интеграција на бегалците имаат и невладините организации, преку организирање информативни кампањи за промовирање на толеранција кон бегалците и против ксенофобија.
11. Опишете го вашиот постоен систем за прибирaње на податоци и статистики за движењата кои се однесуваат на азил и бегалци во вашата земја и наведете ги следните податоци (период 2002-2004): број на баратели на азил, број на бегалци и други лица со признат статус на заштита, 10 најзастапени државјанства на барателите на азил за секоја година посебно. (При одговарање на ова прашање се препорачува користење на информации кои се доставуваат до ЕУРОСТАТ-заеднички годишен прашалник за миграција).
Согласно член 67 од Законот за азил и привремена заштита ( “Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) информации и статистички податоци за азил води Одделението за азил при Министерството за внатрешни работи. Имено, ова одделение воспоставува, обработува и користи Централна збирка на податоци, воспоставена согласно Законот за заштита на лични податоци (“Службен весник на Република Македонија бр. 12/94 и 04/02) што е исто така во согласност со новиот Закон за заштита на лични податоци (“Службен весник на Република Македонија бр. 07/05) усвоен на 25 јануари 2005 година. Збирката содржи лични податоци за баратели на право на азил, признаени бегалци и лица под хуманитарна заштита, податоци за нивниот престој и за правата што ги користат во Република Македонија.
Според податоците кои се водат во Одделението за азил, состојбата во врска со барателите на азил и лицата на кои им е признато право на азил за 2002, 2003 и 2004 година е следна:
|
|
|
|
Одлучување
|
Година
|
Број на баратели на азил
|
Статус на бегалец
|
Хуманитарна заштита
|
Запрена постапка
|
Одбиени барања
|
Во постапка
|
2002
|
118
|
1
|
/
|
15
|
102
|
/
|
2003
|
2311(5)*
|
12
|
809(2)
|
199
|
209
|
1082(3)
|
2004
|
48
|
/
|
/
|
1
|
17
|
30
|
* Бројките во загради означуваат малолетни лица без придружба.
Извор: Министерство за внатрешни работи / Одделение за азил
|
Постапките по поднесени барања за признавање право на азил во 2002 година се водеа согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија “бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02). Постапките по барањата за признавање право на азил поднесени во текот на 2003 година се водеа и се водат согласно Законот за азил и привремена заштита ( “Службен весник на Република Македонија”, бр. 49/03) кој стапи во сила на 3 август 2003 година. Со оглед дека Одделението за азил сe уште постапува по барањата за признавање право на азил поднесени во текот на 2003 година, од барањата поднесени во текот на 2004 година како приоритетни се работеа само очигледно неоснованите за кои согласно Законот за азил и привремена заштита се води брза постапка.
Во периодот од 2002 до 2004 година, барања за азил во Република Македонија имаат поднесено држјавјани од три долунаведени држави.
Држави
|
2002 година
|
2003 година
|
2004 година
|
Србија и Црна Гора
|
116
|
2310(5)
|
47
|
Турција
|
1
|
1
|
/
|
Бугарија
|
1
|
/
|
1
|
* Бројките во загради означуваат малолетни лица без придружба.
Извор: Министерство за внатрешни работи / Одделение за азил
|
Достарыңызбен бөлісу: |