1. Ве молиме да наведете информации за законските и други прописи со кои се регулира полицијата и полициската соработка, како и нивното придружување кон соодветните меѓународни конвенции.
Закони кои се однесуваат на полицијата и извршувањето на нејзините задачи во Република Македонија, како и на полициската соработка:
-
Закон за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 19/95, 55/97, 38/2002, 33/2003 и 19/2004);
-
Закон за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00 и 44/02);
-
Кривичен законик (“Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/02. 43/03 и 19/04);
-
Закон за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1997, 44/2002 и 74/2004);
-
Закон за прекршоците против јавниот ред и мир (“Службен весник на Република Македонија“ бр.25/72, 29/83, 51/88, 19/90 и 26/93);
-
Закон за прекршоците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.15/97);
-
Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија“ бр.14/98, 38/02 и 38/04);
-
Закон за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија“ бр.49/03);
-
Закон за движење и престој на странците (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 26/93 и 45/02);
-
Закон за преминување на државната граница и движење во граничниот појас (“Службен весник на Република Македонија“ бр.36/92, 12/93, 11/94 и 19/04);
-
Закон за оружје (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05)
-
Закон за обезбедување на лица и имот (“Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1999);
-
Закон за патните исправи на државјаните на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.67/92, 20/03 и 46/04);
-
Закон за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.47/86);
-
Закон за управните спорови (“Службен весник на Република Македонија“ бр.4/77 и 44/02);
-
Закон за јавните собири (“Службен весник на Република Македонија“ бр.55/95);
-
Закон за класифицирани информации (“Службен весник на Република Македонија“9/2004);
-
Закон за заштита на лични податоци (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/07);
-
Закон за финансиска полиција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2002);
-
Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело (“Службен весник на Република Македонија“ бр.46/04) и други закони.
За извршување на работите од надлежност на Министерството за внатрешни работи, работниците на Министерството постапуваат и во согласност со следните подзаконски прописи:
-
Правилник за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија“ бр.12/98 и 15/03);
-
Правилник за вршење на работите на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.48/98);
-
Правилник за вршење на работите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР;
-
Правилник за начинот на чување и заштита на документи, извештаи, податоци и други акти во Министерството за внатрешни работи што се закон, друг пропис или одлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена тајна (“Службен весник на Република Македонија“ бр.48/95 и 34/03);
-
Правилник за начинот на вршење контрола на преминувањето на државната граница, движењето и престојот на граничните премини и водењето евиденција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.74/92);
-
Уредба за употреба на средства на присилба и огнено оружје (“Службен весник на Република Македонија“ бр.22/98, 17/04);
-
Кодекс на полициска етика (“Службен весник на Република Македонија“ бр.3/04);
-
Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи;
-
Упатство за начинот на постапување на овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи со привремено одземени и пронајдени предмети (“Службен весник на Република Македонија“ бр.56/1995);
-
Одлука за определување на личности и објекти што се заштитуваат (“Службен весник на Република Македонија“ бр.88/02) и други подзаконски прописи.
Поаѓајќи од неопходноста за меѓународна полициска соработка, Законот за внатрешни работи во член 44 децидно нормира дека во вршењето на работите од својата надлежност, Министерството може да соработува и разменува информации со странски полициски и државни органи, организации од други држави и меѓународни организации во областа на внатрешните работи.
Од страна на Република Македонија како членка на Обединетите нации и на Советот на Европа потпишани се и ратификувани следните меѓународни конвенциии кои се однесуваат на полицијата и полициската соработка:
Конвенции на Совет на Европа
-
Европска Конвенција за заштита од тортура и нечовечки или понижувачки третман или казнување и Протокол број 1 и протокол број 2 кон Конвенцијата (Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 14.06.1996 година, ратификувани на 06.06.1997 година и стапени во сила Конвенцијата на 01.10.1997 година а протоколите на 01.03.2003 година);
-
Европска Конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја, со дополнителен протокол
(Конвенцијата и Протоколот се потпишани на 28.07.1999 година, ратификувани на 28.07.1997 година и стапени во сила на 26.10.1999 година);
-
Конвенција за компјутерски криминал
(Конвенцијата е потпишана на 23.11.2001 година, ратификувана на 15.09.2004 година);
-
Европска Конвенција за екстрадиција со дополнителен протокол број 1 и протокол број 2 кон Конвенцијата
(Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 28.07.1999 година, ратификувани на 28.07.1999 година и стапени во сила 26.10.1999 година);
-
Европска Конвенција за трансфер на осудени лица со дополнителен протокол кон Конвенцијата
(Конвенцијата и Протоколите се потпишани на 28.07.1999 година, ратификувани на 28.07.1999 година и стапени во сила 26.10.1999 година);
-
Казнена конвенција за корупција
(Конвенцијата е потпишана на 28.07.1999 година, ратификувана на 28.07.1999 година и стапена во сила на 01.07.2002 година);
-
Дополнителен протокол кон казнената конвенција за корупција (потпишан на 15.05. 2003 година);
-
Цивилна конвенција за корупцијата
(потпишана на 08.06.2000 година; ратификувана на 29.11.2002 година, а стаpi во сила 01.11.2003 година);
-
Конвенција за перење на пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело
(Конвенцијата е потпишана на 14.12.1999 година, ратификувана на 19.05.2000 година и стапена во сила на 01.07.2000 година);
-
Европска конвенција за спречување на тероризмот
(Конвенцијата е потпишана на 08.11.2001 година, ратификувана на 15.07.2004 година);
-
Протокол за изменување на Европската конвенција за спречување на тероризмот (потпишан на 15.05.2003 година);
-
Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на лица при автоматска обработка на лични податоци број 108, од 28.01.1981 година (Конвенцијата е ратифкувана нa 24.01.2005).
Конвенции на ОН
-
Меѓународен пакт за граѓански и политички права, донесен на 19.12.1966 годиna (Службен весник МД,, - 7/71-73);
-
Меѓународна конвенција за сузбивање на терористичките напади со експлозивни материи
(Конвенцијата е потпишана на 16.12.1998 година, ратификувана на 06.05.2004 година);
-
Меѓународна конвенција за спречување на финансирање на тероризмот
(Конвенцијата е потпишана на 31.01.2000 година, ратификуванa на 06.05.2004 година);
-
Конвенција за сузбивање на нелегална заплена на авион
(од 07.01.1998 година преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за казнените дела и одредени други дела сторени во воздухоплов
(од 30.08.1994 година преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за физичка заштита на нуклеарниот материјал
(од 20.09.1996 година преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство
(oд 04.01.1995 година преземена по основ на сукцесија);
-
Протокол за сузбивање на незаконски акти на насилство на аеродроми кои служат за меѓународното цивилно воздухоплоство, дополнение кон Конвенција за сузбивање на незаконски акти против безбедноста на цивилното воздухопловство
(oд 04.01.1995 година преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за маркирање на пластични експлозиви заради нивна детекција
(од 21.09.1998 година преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за спречување и казнување на криминалот против меѓународно заштитени лица, вклучувајќи и дипломати
(потпишана 29.01.1998 година, стапува во сила 17.12.1991 година);
-
Конвенцијата за безбедноста на персоналот на ОН и сродниот персонал
(Конвенцијата е потпишана на 06.03.2002 година, во тек е постапка за ратификација);
-
Конвенција за спречување на трговијата со личности и експлоатација на други донесена на 21.03.1950 година (Сл.л. -МД - 2/51-39)
(Конвенцијата е преземена по основ на сукцесија);
-
Конвенција за правната положба на бегалците, донесена на 28.08.1951 година;
-
Протокол за правната положба на бегалците, донесен на 31.01.1967 година
(Конвенцијата и протоколите се преземени по основ на сукцесија, а Република Македонија ги ратификуваше 1994 година);
-
Меѓународна конвенција против земање заложници
(Стапена во сила на 17.11.1991 година, преземена со сукцесија на 12.03.1998 година);
-
Конвенција против транснационален организиран криминал
(Конвенцијата и протоколите се потпишани на 12.12.2000 година, ратификувани на 28.09.2004 година);
-
Дополнителен протокол за превенција, спречување и казнување на трговијата со луѓе, посебно жени и деца;
-
Дополнителен протокол против илегално пренесување на мигранти по сувоземен, воден и воздушен пат.
Во октомври 1993 година Република Македонија ги презема по основ на сукцесија следниве конвенции:
-
Единствена конвенција за наркотички дроги од 1961 година, дополнета со протокол од 1972 година;
-
Конвенција за психотропни сустанци од 1971 година;
-
Конвенција против незаконска трговија со наркотички дроги и психотропни супстанци од 1988 година.
Покрај горенаведените конвенции на Советот на Европа и Обединетите нации, Република Македонија во нормирањето на работата на полицијата и полициската соработка се раководи и од општо прифатените меѓународни начела, содржани во следниве документи:
-
Декларација за основните принципи за правата на жртвите на криминални активности и злоупотреба на службени овластувања (Резолуција на ОН 40/34-1985 усвоена на 29.11.1985);
-
Кодекс за однесување на ОН за припадниците на органите на власта/овластените лица за спроведување на законот (Резолуција на ОН 34/169/1979 усвоена на 17.12.1979 година); и
-
Декларација за полицијата на Советот на Европа (Резолуција 690-1979 усвоена на 08.05 1979).
Други специфични договори кои имат влијанија врз работта на полицијата се:
ИНТЕРПОЛ
На 62 -то заседание на Генералното собрание на Интерпол, одржано на Аруба, 1993 година Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на криминалстичката полиција-Интерпол. Република Македонија ги исполнува сите обврски кои произлегуваат од ова членство и ги почитува .
Ратификуваните меѓународни конвенции согласно Уставот на Република Македонија преставуваат дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.
Кривичниот законик на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/2002, 43/03 и 19/04), како еден од законите кој полицијата ги применува во превземањето на мерките и активностите од законски утврдениот делокруг на работа обезбедува имплементирање на голем број меѓународни конвенции.
Законското битие на кривичното дело примање поткуп (член 357 од КЗ) и на кривичното дело давање поткуп (член 358 од КЗ) со кои се инкриминира корупцијата е дефинирано во согласност со одредбите на Казнената конвенција за корупцијата, Цивилната конвенција против корупцијата, како и со Конвенцијата за заштита на финансиските интереси на Европските заедници и Првиот и Вториот протокол на Конвенцијата.
Одредбите од наведените меѓународни конвенции се инкорпорирани и во Законот за спречување на корупцијата со кој е санкционирано поткупувањето на избирачите (член14), привилигирањето или дискриминирањето по изборите (член 15), влијанието при избор, именување или разрешување на раководни места (член 16), влијанието за вработување на блиски роднини (член 29).
Конвенцијата на Обединетите нации против транснационален организиран криминал со Протоколите е имплементирана во Законот за кривична постапка и тоа во членовите 270-а и 270-б со кои е уредена постапката за заштита на сведоците, соработниците на правдата и на жртвите. како и во одредбите од Кривичниот законик кој ја уредуваат постапката за примената на мерката привремено обезбедување на имот и средства кои се во врска со кривичното дело, а кои се однесуваат на привремено замрзнување, запленување, задржување на фондови, банкарски сметки, финансиски трансанкции или приноси од кривично дело (член 203 - член 208).
Одговорноста на правните лица прокламирана во член 10 од Конвенцијата за Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал е инкорпорирана во членовите 477-а- 477-л од Законот за кривична постапка, додека примената на специјалните истражни техники кои преставуваат ефикасно средство за сузбивање на организираниот криминал (член 20 од Конвенцијата) се вградени во членовите 142-б-142-ѓ од Законот за кривична постапка.
Исто така наведената Конвенција е имплементирана и во Кривичниот законик со предвидувањето на кривичното дело трговија со луѓе (член 418-а), криумчарање на мигранти (член 418-б), перење пари и друга противправна имотна корист (член 273), во одредбите кои ја уредуваат конфискацијата на имотот и имотната корист и одземањето на предмети (член 97- член 100), како и во одредбите со кои се определуваат казните за правните лица (член 96-а-96-ѓ).
Екстрадицијата (член 15 од Конвенцијата), трансферот на осудени лица (член17 од Конвенцијата.), взаемната правна помоош (член 18 од Конвенцијата) се уредени во одредбите од Законот за кривична постапка кои ја уредуваат постапката за екстрадиција на обвинети и осудени лица и постапката за трансфер на осудени лица (член 509-525-б), како и во постапката за давање на меѓународна правна помош и извршување на меѓународни договори по кривично-правни предмети (член 502-508).
Конвенцијата за комјутерски криминал е вградена во Кривичниот законик и тоа во: член 149-а спречување на пристап кон јавен информатички систем, член 251 оштетување и неовластено влегување во комјутерскиот систем, член 251-а правење и внесување на компјутерски вируси, член 251-б комјутерска измама.
Одредбите од Европската конвенција за казнување на тероризмот се инкорпорирани во член 313 од Кривичниот законик со кој тероризмот е предвиден како кривично дело, во член 419 кој како кривично дело го санкционира меѓународниот тероризам, во член 394-а терористичка организација.
Одредбите од Римскиот статут се инкорпорирани во Кривичниот законик и тоа во член 366-а поднесување лажни докази, член 368-а незаконито влијание врз сведоци, член 394-а терористичка организација, член 403-а злосторство против човечноста, член 407-а одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, член 407-б злоупотреба на хемиско или биолошко оружје, член 416-а организирање на група и потикнување на извршување на геноцид и воени злосторства, член 416-б одговорност на командантите и други претпоставени и член 416-в одговорност на потчинетиот за дело извршено по наредба на претпоставениот.
Одредбите од Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја со Дополнителниот протокол и Вториот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја се инкорпорирани во членовите 502 до 508 од Законот за кривична постапка (“Службен весник на РМ“ бр.15/97, 44/2002 и 74/2004) со кои е уредена постапката за давање на меѓународна правна помош и извршување на меѓународни договори во кривичните предмети.
Член 502 од Законот за кривична постапка содржи експлицитна гранција дека меѓународната кривично-правна помош се врши според одредбите на Законот за кривична постапка, доколку со одредбите на Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичната материја со протоколите, Конвенцијата на Обединетите нации за транснационален организиран криминал и со другите меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија поинаку не е определено.
Согласно член 503 од Законот за кривична постапка молбите на домашните судови за правна помош во кривичните предмети се доставуваат до странските органи по дипломатски пат. На ист начин до домашните судови се доставуваат молбите од странските органи за правна помош.
Меѓутоа, во итни случаи, ако постои взаемност, молбите за правна помош можат да се доставуваат преку Министерството за внатрешни работи.
Одредбите од Европската конвенција за екстрадикција заедно со Дополнителниот протокол и Вториот дополнителен протокол , како и Европската конвенција за трансфер на осудени лица со Дополнителниот протокол се инкорпорирани во членовите 509-525 од Законот за кривична постапка со кои е уредена постапката за екстрадикција на обвинети и осудени лица и постапката за трансфер на осудени лица.
Конвенцијата за перење пари, заплена и конфискација на имотната корист прибавена со кривично дело е инкорпорирана со предвидувањето на кривичното дело перење на пари и друга противправна имотна корист (член 273 од Кривичниот законик) и во членовите од 203-а до 207 од Законот за кривична постапка.
Со донесувањето на Законот за азил и привремена заштита (“Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2003) со кој се уредуваат условите и постапката за добивање и престанок на правото на азил на странец и лице без државјанство кое бара признавање на право на азил во Република Македонија, како и правата и должностите на барателите и лицата на кои им е признаено правото на азил во Република Македонија, остварена е хармонизација на домашното законодавство со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година. Имплементирајќи ја содржината на член 3 од Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи од 1950 година и член 3 од Конвенцијата против мачење и други облици на сурово, нехумано и понижувачко постапување или казнување од 1984 година, Законот за азил и привремена заштита го гаранитира правото на азил, под услови и постапка утврдени со овој закон.
Во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело (“Службен весник на Република Македонија“ бр.46/04) имплементирани се одредбите од Конвенцијата на ООН против транснационалниот организираниот криминал, Директивата на Европската Унија за спречување на користењето на финансискиот систем со цел за перење пари 91/38/еез и Директивата на Европската Унија 2001/97-ЕЕЗ, 40-те Препораки на ФАТФ и 8-те специјални Препораки против финансирањето на тероризам усвоено од ФАРФ.
Содржината на членот 8 од Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, која е ратификувана од страна на Собранието на Република Македонија на 27.02.1997 година е инкорпорирана во Предлогот за донесување на Законот за следење на комуникации со Предлог закон, кој се наоѓа во постапка пред Собранието на Република Македонија.
Новиот Закон за заштита на лични податоци е усогласен со Директивата на Европскиот парламент и на Советот 95/46/ЕС од 1995 година за заштита на лицата во однос на обработката на личните податоци.
Во Република Македонија изготвен е Предлог за донесување на Закон за странци со кој се настојува во домашната легислатива да се вградат европските стандарди и правила од областа на миграцијата. При дефинирањето на условите под кои странците можат да влегуваат, престојуваат и да ја напуштаат територијата на Република Македонија се води сметка за усголасеноста со европското законодавство, востановените меѓународни стандарди, документи на Советот на Европа како што се: Конвеција за имплементација на Шенгенскиот договор од 14 јуни 1985 година, Општите конзуларни инструкции на Советот за визи за употреба од страна на дипломатските мисии и конзуларни места со Анексите, Одлуката на Советот од 22 декември за дополнување на треттиот подпараграф од делот 5 од Општите конзуларни упатства, Одлуката од 12.12.2003 година за дополнување на Делот 5 точка 1.4. од Општите конзуларни упатства и дел 1 точка 4.1.2. со кој се воведува барањето за поседување на патничко медицинско осигурување како еден од потребните документи за издавање на униформната виза, Одлука на Советот од 29.04.2004 година за дополување на Општите конзуларни упатства во насока на воведување одредба за гранична контрола на придружуваните малолетници, Резолуцијата на Советот од 26.06.1997 година за непридржувани малолетници кои се државјани на трети земји, Директива на Советот од 17.12.2003 година за дозвола за престој издадена на државјани на трета замја кои се жртви на трговија со луѓе или кои се предмет на акција за олеснување на илегалната миграција кои соработуваат со надлежните власти, Резолуција на Советот од 04.03.1996 година за статусот на државјани на трета земја кои престојуваат на долгорочна основа на територијата на Земјата членка, Резолуцијата на Советот од 30.11.1994 година за прием на државјани од трета замја на територијата на земјите членки заради студирање, Директивата на Советот од 28.05. 2001 година за заедничко признавање на одлуките за протерување на државјаните на трети земји, Директива на Советот од 22.09.2003 година за правото на семејно обединување, Директива на Советот од 25.11.2003 за статусот на државјани на трета земја како долгорочни резиденти, Одлуката на Советот од 03.12.1998 година за заеднички стандарди во врска со пополнување на образецот за дозвола за престој, Прерораките и најдобрата пракса од фебруари 2002 година за контрола на надворешните граници, отстранување и реадмисија и многу други.
Достарыңызбен бөлісу: |