Правда и внатрешни работи



бет15/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   11   12   13   14   15   16   17   18   ...   51

C. ВИЗНА ПОЛИТИКА



1. Ве молиме за информација за законите или други прописи кои ја регулираат визната политика.

Визната политика на Република Македонија се спроведува преку повеќе закони и подзаконски акти и тоа:



  • Закон за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02). Со овој закон се уредуваат условите и постапките за влез и престој на странците во Република Македонија.

  • Закон за административни такси (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 17/93, 20/96, 07/98, 13/01, 24/03, 19/04 и 61/04). Со овој Закон се регулира висината и начинот на наплатата на административните такси во Република Македонија, вклучително и наплатата на истите во ДКП на Република Македонија.

  • Закон за преминување на државната граница и движење во граничниот појас (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92, 12/93, 11/94 и 19/04). Со овој Закон, меѓу другото, се уредува начинот и постапката на вршење на контрола врз лица и предмети при влез во Република Македонија.

  • Правилник за начинот на издавање на патни и други исправи и визи на странци и за обрасците на тие исправи и визи (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 75/93). Со овој Правилник се пропишува постапката за издавање патни исправи и визи и постапката за одобрување на престој во Република Македонија.

  • Упатство за начинот на издавање на патните исправи и визи за странци од страна на Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Македонија во странство и за начинот на водење на евиденција за издавање патни исправи и визи на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 10/98) Со ова упатство се уредува начинот и постапката за издавање на патни исправи и визи за странци и формата и содржината на потрбните обрасци, како и начинот и постапката за водење на евиденцијата во ДКП на Република Македонија, како што е утврдено во Законот за движење и престој на странци.



Владата на Република Македонија визната политика ја регулира и со донесување одлуки за воспоставување или укинување на визниот режим, како и по пат на склучување билатерални спогодби за регулирање на визниот режим со други земји.

Со цел усогласување на законската и институционалната рамка во оваа сфера со регулативата на ЕУ во подготовка е Закон за странци.


2. Кои трети земји се моментално под визен режим, а кои не се?

а) Земји за чии што граѓани е потребна виза за влез во Република Македонија:




  • АВГАНИСТАН

  • АВСТРАЛИЈА

  • АЛБАНИЈА

  • АЗЕРБЕЈЏАН

  • АЛЖИР

  • АНГОЛА

  • АНДОРА

  • АРГЕНТИНА

  • БАНГЛАДЕШ

  • БАХАМИ

  • БЕЛОРУСИЈА

  • БЕНИН

  • БРАЗИЛ

  • БОЛИВИЈА

  • БУРУНДИ

  • БУРКИНА ФАСО

  • ВЕНЕЦУЕЛА

  • ВИЕТНАМ

  • ГАНА

  • ГАБОН

  • ГРЕНАДА

  • ГВАЈАНА

  • ГВАТЕМАЛА

  • ГВИНЕЈА

  • ГВИНЕЈА БИСАО

  • ГРУЗИЈА

  • ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • ЕГИПЕТ

  • ЕКВАДОР

  • ЕРМЕНИЈА

  • ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА

  • ЕСТОНИЈА

  • ЕЛ САЛВАДОР

  • ЕТИОПИЈА

  • ЗАМБИЈА

  • ЗИМБАБВЕ

  • ИРАК

  • ИРАН

  • ИНДИЈА

  • ИНДОНЕЗИЈА

  • ЈАМАЈКА

  • ЈЕМЕН

  • ЈОРДАН

  • ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • КАМЕРУН

  • КАЗАХСТАН

  • КАНАДА

  • КЕНИЈА

  • КИПАР

  • КОНГО

  • КОНГО ДР

  • КОЛУМБИЈА

  • РЕПУБЛИКА КОРЕЈА

  • ДНР КОРЕЈА

  • КИРГИСТАН

  • КУВАЈТ

  • КИНА

  • КОСТАРИКА

  • КАМБОЏА

  • КАТАР

  • ЛАТВИЈА

  • ЛАОС

  • ЛИБАН

  • ЛИБИЈА

  • ЛИТВАНИЈА

  • ЛИБЕРИЈА

  • ЛЕСОТО

  • МАЛИ

  • МАРОКО

  • МАДАГАСКАР

  • МАУРИЦИУС

  • МАУРИТАНИЈА

  • МЕКСИКО

  • МОНГОЛИЈА

  • МОЛДОВА

  • МОЗАМБИК

  • НИКАРАГВА

  • НИГЕР

  • НИГЕРИЈА

  • НЕПАЛ

  • ПАПУА, НОВА ГВИНЕЈА

  • ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

  • БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА

  • ОМАН

  • ПАКИСТАН

  • ПАНАМА

  • ПАРАГВАЈ

  • ПЕРУ

  • ПОЛСКА

  • РУСИЈА

  • РОМАНИЈА

  • РУАНДА

  • САУДИСКА АРАБИЈА

  • СЕЈШЕЛСКИТЕ ОСТРОВИ

  • СИРИЈА

  • СИНГАПУР

  • СЛОВАЧКА

  • СЕНЕГАЛ

  • СИЕРА ЛЕОНЕ

  • СУДАН

  • СОМАЛИЈА

  • ТАЈВАН

  • ТУНИС

  • ТАЈЛАНД

  • ТАНЗАНИЈА

  • ТОГО

  • ТРИНИДАД И ТОБАГО

  • ТУРКМЕНИСТАН

  • ТАЏИКИСТАН

  • ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • УНГАРИЈА

  • УЗБЕКИСТАН

  • УГАНДА

  • УРУГВАЈ

  • УКРАИНА

  • ФИЛИПИНИ

  • ХОНДУРАС

  • ХАИТИ

  • ХОНГ КОНГ

  • ЧАД

  • ЧИЛЕ

  • ЧЕШКА

  • ШРИ ЛАНКА

б) Земји за чии граѓани нема потреба од виза за влез во Република Македонија:




  • АВСТРИЈА

  • БАРБАДОС

  • БЕЛГИЈА

  • БОЦВАНА

  • БУГАРИЈА

  • БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

  • ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

  • ВАТИКАН

  • ГРЦИЈА

  • ГЕРМАНИЈА

  • ДАНСКА

  • ИТАЛИЈА

  • ИРСКА

  • ИСЛАНД

  • ИЗРАЕЛ

  • ЈАПОНИЈА

  • КУБА

  • ЛИХТЕНШТАЈН

  • ЛУКСЕМБУРГ

  • МАЛЕЗИЈА

  • МАЛТА

  • МОНАКО

  • НОРВЕШКА

  • НОВ ЗЕЛАНД

  • ПОРТУГАЛИЈА

  • СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

  • СЛОВЕНИЈА

  • СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

  • САН МАРИНО

  • ТУРЦИЈА

  • ФИНСКА

  • ФРАНЦИЈА

  • ХОЛАНДИЈА

  • ХРВАТСКА

  • ШВАЈЦАРИЈА

  • ШВЕДСКА

  • ШПАНИЈА

в) Земји за коишто на граѓаните на Република Македонија им е потребна влезна виза:





  • АВГАНИСТАН

  • АВСТРИЈА

  • АЛБАНИЈА

  • АЛЖИР

  • АНГОЛА

  • АРГЕНТИНА

  • АВСТРАЛИЈА

  • АНДОРА

  • АЗЕРБЕЈЏАН

  • БАХАМИ

  • БЕЛОРУСИЈА

  • БЕЛГИЈА

  • БЕНИН

  • БРАЗИЛ

  • БОЛИВИЈА

  • БУРУНДИ

  • БУРКИНА ФАСО

  • ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

  • ВАТИКАН

  • ВЕНЕЦУЕЛА

  • ВИЕТНАМ

  • ГАНА

  • ГАБОН

  • ГРЦИЈА

  • ГРЕНАДА

  • ГВАЈАНА

  • ГВАТЕМАЛА

  • ГВИНЕЈА

  • ГВИНЕЈА БИСАО

  • ГРУЗИЈА

  • ГЕРМАНИЈА

  • ДАНСКА

  • ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • ЕВАДОР

  • ЕТИОПИЈА

  • ЕРМЕНИЈА

  • ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА

  • ЕГИПЕТ

  • ЕСТОНИЈА

  • ЕЛ САЛВАДОР

  • КОНГО

  • ДР КОНГО

  • ЗАМБИЈА

  • ЗИМБАБВЕ

  • ИРАК

  • ИРАН

  • ИТАЛИЈА

  • ИРСКА

  • ИСЛАНД

  • ИЗРАЕЛ

  • ИНДИЈА

  • ИНДОНЕЗИЈА

  • ЈАМАЈКА

  • ЈЕМЕН

  • ЈЕМЕН АРАПСКА РЕПУБЛИКА

  • ЈОРДАН

  • ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • КАМЕРУН

  • КАЗАХСТАН

  • КАНАДА

  • КЕНИЈА

  • КИПАР

  • КОЛУМБИЈА

  • КОНГО

  • РЕПУБЛИКА КОРЕЈА

  • ДНР КОРЕЈА

  • КИРГИСТАН

  • КУВАЈТ

  • КИНА

  • КОСТАРИКА

  • КАМБОЏА

  • КАТАР

  • ЛАТВИЈА

  • ЛАОС

  • ЛИБАН

  • ЛИБИЈА

  • ЛИХТЕНШТАЈН

  • ЛИТВАНИЈА

  • ЛИБЕРИЈА

  • ЛЕСОТО

  • ЛУКСЕМБУРГ

  • МАЛИ

  • МАРОКО

  • МАДАГАСКАР

  • МАЛТА

  • МАУРИЦИУС

  • МАУРИТАНИЈА

  • МЕКСИКО

  • МОНГОЛИЈА

  • МОНАКО

  • МОЛДОВА

  • МОЗАМБИК

  • НИКАРАГВА

  • НИГЕР

  • НИГЕРИЈА

  • НОРВЕШКА

  • НЕПАЛ

  • НОВ ЗЕЛАНД

  • ПАПУА, НОВА ГВИНЕЈА

  • ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

  • БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА

  • ОМАН

  • ПАКИСТАН

  • ПАНАМА

  • ПАРАГВАЈ

  • ПЕРУ

  • ПОЛСКА

  • ПОРТУГАЛИЈА

  • РУСИЈА

  • РОМАНИЈА

  • РУАНДА

  • САУДИСКА АРАБИЈА

  • СЕЈШЕЛСКИТЕ ОСТРОВИ

  • СИРИЈА

  • СЛОВЕНИЈА

  • СЛОВАЧКА

  • СЕНЕГАЛ

  • СИЕРА ЛЕОНЕ

  • СУДАН

  • СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

  • САН МАРИНО

  • СОМАЛИЈА

  • ТАЈВАН

  • ТАЈЛАНД

  • ТАНЗАНИЈА

  • ТОГО

  • ТРИНИДАД И ТОБАГО

  • ТУРКМЕНИСТАН

  • ТАЏИКИСТАН

  • ЦЕНТРАЛНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА

  • УНГАРИЈА

  • УЗБЕКИСТАН

  • УГАНДА

  • УРУГВАЈ

  • УКРАИНА

  • ФИНСКА

  • ФРАНЦИЈА

  • ФИЛИПИНИ

  • ХОЛАНДИЈА

  • ХОНДУРАС

  • ХАИТИ

  • ЧАД

  • ЧИЛЕ

  • ЧЕШКА

  • ШВАЈЦАРИЈА

  • ШВЕДСКА

  • ШПАНИЈА

г) Земји за кои што на граѓаните на Република Македонија не им е потребна влезна виза:




  • БАНГЛАДЕШ

  • БАРБАДОС

  • БОЦВАНА

  • БУГАРИЈА

  • БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

  • ЈАПОНИЈА

  • СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

  • КУБА

  • МАЛЕЗИЈА

  • СИНГАПУР

  • ТУРЦИЈА

  • ТУНИС

  • ХРВАТСКА

  • ХОНГ КОНГ

  • ШРИ ЛАНКА

д) Земји на кои што само на носителите на дипломатски патни исправи не им е потребна влезна виза двострано:




  • АВСТРИЈА

  • АЛБАНИЈА

  • АЗЕРБЕЈЏАН

  • БЕЛОРУСИЈА

  • ГРЦИЈА

  • ГРУЗИЈА

  • ГЕРМАНИЈА

  • ЕРМЕНИЈА

  • ИРАН

  • ИТАЛИЈА

  • КАЗАХСТАН

  • КИРГИСТАН

  • КИНА

  • МОНГОЛИЈА

  • НОРВЕШКА

  • РУСИЈА

  • РОМАНИЈА

  • СЛОВАЧКА

  • СЛОВЕНИЈА

  • ТАЈВАН

  • ТУРКМЕНИСТАН

  • ТАЏИКИСТАН

  • УНГАРИЈА

  • УКРАИНА

  • ФРАНЦИЈА

  • ШВАЈЦАРИЈА

  • ШВЕДСКА

  • ШПАНИЈА

ѓ) Земји на кои што на носителите на дипломатски и службени патни исправи не им е потребна влезна виза двострано:




  • АЛБАНИЈА

  • АЗЕРБЕЈЏАН

  • БЕЛОРУСИЈА

  • ГРЦИЈА

  • ГРУЗИЈА

  • ЕРМЕНИЈА

  • ИРАН

  • ИТАЛИЈА

  • КАЗАХСТАН

  • КИРГИСТАН

  • КИНА

  • МОНГОЛИЈА

  • НОРВЕШКА

  • РУСИЈА

  • РОМАНИЈА

  • СЛОВАЧКА

  • СЛОВЕНИЈА

  • ТАЈВАН

  • ТУРКМЕНИСТАН

  • ТАЏИКИСТАН

  • УНГАРИЈА

  • УКРАИНА

  • ШВАЈЦАРИЈА

  • ШВЕДСКА

  • ШПАНИЈА

На граѓаните на државите што не се наоѓаат на листата на визниот режим на Република Македонија согласно "Законот за движење и престој на странци" (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02) потребна им е виза за влез и престој во Република Македонија.


3. Дали постојат одредби за сезонски безвизен режим?

Во Република Македонија "Законот за движење и престој на странци" (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02), не содржи одредба за сезонско ослободување од визи.


4. Кој вид на визи за краткорочен и долгорочен престој издаваат дипломатските претставништва во странство?

Според "Закон за движење и престој на странци" (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/2002), Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија ги издаваат следните видови визи:



  1. влезна

  2. влезно-излезна

  3. транзитна

Влезните и влезно-излезните визи се издаваат за едно, повеќе или неограничен број патувања, а транзитната виза за едно патување во траење од 5 (пет) дена, сметајќи од денот на влегување во Република Македонија

  1. Влезните визи можат да се издадат:

  • на странци и нивните семејства кои во Република Македонија доаѓаат поради постојано населување и кои се брачни или блиски сродници на државјани на Република Македонија кои имаат престојувалиште на територијата на Република Македонија или на странски државјани кои се постојано населени во Република Македонија.



      • Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија можат да издадат влезни визи со важност до 3 (три) месеци.

2. Влезно - излезните визи може да се издадат:

  • На персоналот на дипломатско конзуларните претставништва на странски држави во Република Македонија кои имаат дипломатски статус, на членовите на нивните потесни семејства како и на друг странец кој доаѓа во службена мисија за неговата влада или меѓународна организација им се издава дипломатска виза.




    • Дипломатската виза се издава како еднократна виза со рок на важење и право на престој до извршувањето на дипломатската функција.




    • На странец кој ги исполнува условите за добивање дипломатска виза дипломатско конзуларното претставништво ќе му издаде влезно излезна виза за едно патување со важност до 3 месеци.




  • На странец кој доаѓа во Република Македонија заради вработување во претставништво на странска држава или меѓународна организација а кој не ги исполнува условите за издавање дипломатска виза, како и на членовите на неговото потесно семејство им се издава службена виза.




      • На странец кој ги исполнува условите за добивање службена виза дипломатско конзуларното претставништво ќе му издаде влезно излезна виза за едно патување со важност до 3 месеци.




  • На странец кој доаѓа во Република Македонија заради вработување, школување, специјализација, научно истражување или вршење одредена професионална дејност му се издава виза. За издавање на оваа виза потребна е согласност од Министерството за внатрешни работи.




      • Се издава влезно излезна виза за едно патување со важност до еден месец.




  • На странец кој доаѓа во Република Македонија заради вршење на стопанска дејност предвидена со прописите на Република Македонија а кои се однесуваат на странски вложувања и вршење на надворешно трговски работи, како истранец кој во Република Македонија може да заснива работен однос без одобрение во случаи утврдени со закон, му се издава деловна виза.



  • На странец кој во Rепублика Македонија доаѓа како турист му се издава туристичка виза.




    • На група странци кои доаѓаат како туристи со заедничка патна исправа им се издава колективна туристичка виза.




    • Туристичката виза и колективната туристичка виза се издаваат како еднократни или повеќекратни со рок на важење од шест месеци и даваат право на престој до три месеци.




  • На странци кои патуваат во Република Македонија во приватна посета, заради деловна соработка, учество на конференции, семинари, натпревари и сл., им се издава виза за едно патување со рок на важење потребен за остварување на целта на патувањето но не подолг од три месеци.

3. Транзитни визи

  • На странец кој поминува преку територијата на Република Македонија му се издава транзитна виза.



      • На група странци која поминува преку територијата на Република Македонија со заедничка патна исправа им се издава колективна транзитна виза. Транзитна виза се издава ако поминувањето преку територијата на Република Македониа е неопходно, ако странецот има повратен билет и виза за првата дестинација по транзитирањето преку територијата на Република Македонија.

Во подготовка е Закон за странци со којшто се предвидува усогласување на условите за влез во државата со условите предвидени во членот 5 од Конвенцијата за спроведување на Шенгенскиот договор. Со новиот закон согласно гореспомената Конвенција и регулативите на Советот за униформни визи и униформен формат на визите предвидени се краткорочни и долгорочни визи, односно визи тип А, Б, Ц, Д. Прашањето на визите, видовите на визи, условите и правилата за издавање на визи по усвојувањето на овој закон ќе бидат потполно регулирани на начин компатибилен со Шенгенската регулативата на ЕУ и најдобрата пракса во ЕУ.

5. Кои се критериумите и условите кои се користат како основа за издавање на различни видови на визи?

Согласно Законот за движење и престој на странците (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02) предходно споменатите Подзаконски акти (Правилнкот и Упатството), странецот кој бара издавање на виза за Република Македонија, должен е да поднесе писмено барање и со барањето да приложи важечка патна исправа и соодветни документи и докази, во зависност од видот на визата што ја бара.

Услови за издавање виз на странец се:


  • Важечка патна исправа;

  • Оправданост на целта на патувањето;

  • Доказ за средства за издржување;

  • Лицето да не ја загрозува безбедноста на Република Македонија односно не е безбедносно сомнително;

  • Лицето да не претставува опасност по здравјето;

Критериумите за исполнување на условот оправданост на целта на патувањето во зависност од видот на визата се:




  1. влезна виза




  • лицето постојано се населува во Република Македонија или е брачен другар или близок сродник на државјанин на Република Македонија што има престојувалиште на територија на Република Македонија или на странски државјанин кој е постојано населен во Република Македонија.




  1. влезно излезна виза




  • дипломатска виза




    • лицето има дипломатски статус во дипломатско конзуларните претставништва, дипломатски мисии или меѓународни организации акредитирани во Република Македонија или е член на потесно семејство на лице со таков статус;




  • службена виза




  • лицето работи во претставништво на странска држава или меѓународна организација, а не ги исполнува условите за издавање дипломатска виза или е член на потесно семејство на лице со таков статус;




  • деловна виза




  • лицето кое врши стопанска дејност предвидена со прописите на Република Македонија кои се однесуваат на странски вложувања и вршење надворешно трговски работи може во Република Македонија да заснова работен однос без одобрение во случаи утврдени со закон;



  • деловна виза за интеркорпоративни трансфери; За привремени трансфери на странски лица кои даваат услуги преку комерцијално присуство на територијата на РМ, а кои се на водечки менаџерски или извршни функции или кои имаат високи или дефицитарни квалификации, или образование неопходни за функционирањето на трговското друштво во Република Македонија;




  • деловна виза за бизнис посетители; Лица од странска држава кои привремено престојуваат во РМ, заради склучување на договори за вршење на услуги во име на трговското друштво во кое се вработени или од кое се овластени, а кое е со седиште надвор од територијата на РМ или заради учество на деловни, состаноци, саеми и слични состаноци;




  • виза за вработување, школување, специјализација или научно истражувачка дејност , вршење професионална дејност



  • лицето има работна дозвола од надлежен орган и договор за вработување со работодавачот; лицето има статус на студент во образовна институција во Република Македонија; лицето е специјализант или истражувач на соодветна институција во Република Македонија; лицето има соодветен професионален статус (уметник) во земјата чиј државјанин е и доаѓа во Република Македонија за таков професионален ангажман.




  • туристичка виза




  • лицето има уплатен туристички аранжман или покана за посета од физичко или правно лице од Република Македонија и повратен билет.




  1. транзитна виза




  • за премин преку територијата на Република Македонија, неопходна е влезна виза и патен билет до првата дестинација;



6. Која е стандардната постапка за проценка на барањата за визи?

За добивање на виза, странците поднесуваат барање до дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија при што пополнуваат соодветен образец. Текстот на образецот е испишан на македонски и на англиски јазик, а може да биде испишан и на јазикот на земјата каде се поднесува барањето.

По приемот на барањето овластениот работник во ДКП на Република Македонија, врз основа на приложените документи и докази и информаците добиени од барателот при поднесувањето на барањето врши проценка на оправданоста на барањето за виза.

Согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02) и Упатството за начинот на издавање на патни исправи и визи за странци од дипломатско конзуларните преставништва на Република Македонија во странство и за начинот на водење на евиденција за издавање патни исправи и визи на странци (“Службен весник на Република Македонија” бр. 10/98) овластениот работник секогаш ќе побара согласност од Министерството за внатрешни работи за издавање на виза во случаи кога:



  • барањето го поднесува странец од држава за која е претходно утврдено дека е потребна согласност;

  • се бара повеќекратна или неограничена влезно излезна виза за период подолг од шест месеци;

  • странецот се води во одредени евиденции;

  • странецот е носител на странска патна исправа за бегалци или лица без државјанство, патен лист за странци или друга патна исправа што странските држави ги издаваат на странците;

Во случаи кога ваква согласност не е потребна, овластениот работник врши проценка на оправданоста на барањето и доколку се сомнева во оправданоста на барањето, веродостојноста на документите или информациите добиени од барателот може да побара проверка на веродостојноста на документите од институциите што ги издале или да побара да биде направена соодветна оперативна проверка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Притоа овластениот работник дава и информација за причините за неговите сомневања. Конечната одлука за (не)издавањето на визата овластениот работник ја донесува по извршената проверка и врз основа на информациите добиени од проврката.

Визите се издаваат со внесување на пропишаниот образец на визата во патната исправа на странецот која мора да биде уредна и важечка. Под уредна се смета исправата да не е оштетена, да ги содржи сите означени листови, податоците да се напишани читливо, да нема траги од бришење на податоците, фотографијата верно да го прикажува носителот на патната исправа, да има место за внесување на виза. Под важечка патна исправа се смета исправата да е издадена од надлежен државен орган, да овозможува право на враќање во земјата која ја издала или право на влез во трета земја, рокот на важење да не е изминат и Република Македонија таквата патна исправа да ја признава како важечка за прминување на државната граница.


7. Дали во државата постојат електронски врски меѓу органите кои издаваат визи и Министерството за надворешни работи?

Во моментов не постојат електронски врски врски меѓу органите што издаваат визи и Министерството за надворешни работи

Електронско поврзување на Министерството за надворешни работи и ДКП на Република Македонија ќе биде реализирано со проектот за воспоставување Визен центар во Министерството за надворешни работи, за кој се планира да биде оперативен до крајот на 2006 година.

Визниот центар ќе биде составен дел од интегрираниот информативен систем за интегрирано гранично управување предвиден во Националната стратегија за интегрирано гранично управување.


8. Дали постои национален регистар или база на податоци за визи (вклучувајќи одобрени и одбиени барања за издавање на визи)?

Согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92; 66/92; 26/93 и 45/02) се води задолжителна евиденција за издадени визи.

Дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, согласно Упатството за начинот на издавање на патни исправи и визи за странци од дипломатско конзуларните преставништва на Република Македонија и за начинот на водење на евиденција за издавање патни исправи и визи на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 10/98) евиденцијата на податоците за издадени и продолжени патни листови и за издадени визи на странци ја води во вид на регистри.

Регистарот за издадени визи на странци содржи:



  • Реден број;

  • Датум на издавање;

  • Презиме и име на странецот;

  • Државјанство;

  • Вид и број на патната исправа и државата која ја издала;

  • Вид на визата;

  • Сериски број;

  • Рок на важност;

  • Износ на наплатена такса;

  • Забелешка;

Согласно Упатството за начинот на издавање на патни исправи и визи за странци од дипломатско - конзуларните преставништва на Република Македонија и за начинот на водење на евиденција за издавање патни исправи и визи на странци (Службен весник на Република Македонија” бр. 10/98) ДКП на Република Македонија во странство е должно секои 6 (шест) месеци да ги известува Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за проблемите и појавите во врска со издавањето на патни исправи и визи на странци.

На крајот од календарската година ДКП на Република Македонија до Министерството за надворешни работи, доставува извештај за работата на дипломатско - конзуларното претставништво во врска со издавањето на патни исправи и визи на странци.

Министерството за внатрешни работи врз основа на Првилникот за начинот на издавање на патни и други исправи и визи на странци и за обрасците на тие исправи и визи (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 75/93) води евиденција на издадените визи на граничните премини.

Со воспоставувањето на Визниот центар се предвидува да се воспостави национален регистер односно електронска база на податоци за издадени визи и одбиени барања за визи.

9. Кој е вашиот капацитет за откривање на фалсификувани документи?

Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Република Македонија се надлежни за контрола на документите.

Дипломатско - конзуларните претставништва на Република Македонија се опремени со основни апарати за првичен преглед на лични документи. Низ подготовките на конзуларните службеници пред нивното заминување на работа во дипломатско - конзуларните претставништва предвидено е запознавање и ракување со вакви основни апарати при што посебен акцент се става на внимателниот визуелен преглед.

Во откривањето и препознавањето на фалсификуваните исправи и останатите документи полициските работници од Граничната полиција при Министерството за внатрешни работи покрај тоа што вршат визуелна контрола на личните документи и споредување со специмени на патни исправи и визи, од технички помагала граничните премини се опремени со рачни УВ лампи, лампи за зголемување и Доку тестови.

Во овој правец, се спроведува обука од странски експерти на која што учествуваат полициски работници од сите гранични премини во Република Македонија. Полициските работници од граничната полиција со цел оспособување за откривање на фалсификувани патни исправи и визи, се обучуваат и во рамките на секојдневното работење.

Патните исправи, визите, како и други документи, за кои постои сомнение дека се фалсификувани се одземаат од лицето кое ги поседува и се доставуваат до Секторот за криминалистичка техника при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија каде се врши криминалистичко - техничка обработка на истите, односно се врши споредување на спорниот документ со оригинален примерок од страна на стручни полициски работници.

Доколку нема оригинален примерок врз основа на кој би се вршело споредувањето, понатамошните активности за потврдување на веродостојноста на документите се врши преку Секторот за меѓународна полициска соработка во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во чиј состав е и Националното централно биро - Интерпол Скопје. Преку Интерпол се обезбедуваат оригинални примероци и проверка во база на податоци. Република Македонија, преку Интерпол партиципира во базата на податоци за украдени патни исправи со што граничните премини имаат можност да извршат проверки дали некоја странска патна исправа е украдена во некоја земја-членка на Интерпол и тоа доколку истата партиципира во базата на украдени патни исправи на Интерпол. За повеќе детали види во одговор 24_А_29.

10. Дали сегашните визи овозможуваат подносителот на барањето да работи во вашата земја без дозвола за престој или работна дозвола?

Согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија” бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02), визата е одобрение за влез и престој за одреден период во Република Македонија. Визата не овозможува странецот да работи без дозвола за престој (освен кај деловната виза) и работна дозвола.

Доколку странецот доаѓа во Република Македонија со намера да работи мора претходно од дипломатско - конзуларното претставништво да добие влезно-излезна виза во форма на налепница на која се означува дека е “за вработување”. По влегувањето странецот прво се снабдува со дозвола за работа од Агенцијата за вработување, а потоа врз основа на таа дозвола од Министерството за внатрешни работи добива одобрение за привремен престој заради вработување за период за кој е издадена дозволата за работа.

Деловната виза издадена на странец, важи како одобрен привремен престој. За повеќе детали види 02_Е_1.


11. Дали вашите закони содржат одредби кои пропишуваат некаков вид казна за лицата кои влегуваат на територијата на вашата земја без патна исправа? Доколку нема, дали вашите власти имаат намера да донесат измени и дополнувања во оваа смисла и кога?

Член 4 од Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02) предвидува дека странец може да оствари влез и да престојува на територијата на Р. Македонија ако поседува важечка странска патна исправа или друг документ утврден со меѓународен договор односно патна исправа издадена од Mинистерството за внатрешни работи или дипломатско - конзуларното преставништво на Република Македонија во странство. Патната исправа содржи виза, освен ако со меѓународен договор или наведениот закон не е поинаку одредено.

На странец кој нема важечка патна исправа, а доаѓа во туристичка или службена посета Министерството за внатрешни работи при вршењето контрола на преминување на државната граница може по исклучок да му издаде туристичка пропусница врз основа на лична карта или друга исправа за утврдување на идентитетот важечка во земјата на странецот.

Законите на Република Македонија содржат одредби кои пропишуваат казна за лицата кои влегуваат без патна исправа.



  • Со член 84 “казнени одредби” од Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02) се утврдува дека со парична казна за прекршок ќе се казни странец ако ја премине или се обиде да ја премине државната граница на места надвор од означените гранични премини или без соодветна патна исправа. Освен паричната казна за наведениот прекршок на странецот од страна на Министерството за внатрешни работи може и да му се откаже престојот во Р. Македонија.

  • Со член 402 став 1 “недозволено поминување на државната граница” од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003 и 19/04) се утврдува дека тој што без пропишана дозвола ќе ја премине или ќе се обиде да ја премине границата на Република Македонија вооружен или со употреба на насилство ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.



12. Во кои случаи може да се издаде виза на граничен премин? Колку често се прави тоа?

Согласно член 8 од Законот за движење и престој на странци Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02) е утврдено визите да ги издава дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија во странство и Министерството за внатрешни работи.

Согласно член 29 од Правилникот за начинот на издавање на патни и други исправи и визи за странци и за обрасците на тие исправи (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 75/93) Министерството за внатрешни работи (на граничниот премин) издава визи на странци и тоа:


  • транзитна виза на странец кој преминува преку територијата на Република Македонија;

  • влезно-излезна виза на странец кој доаѓа како турист во Република Македонија - со рок на важење до три месеци за едно патување;

  • влезно-излезна виза на странец кој е управува со превозно средство во меѓународен сообраќај и на странец кој доаѓа од други оправдани причини со рок на важење потребен за обавување на работата;



Република Македонија, во Тирана, на 04.12.1997 склучи Спогодба со Република Албанија за укинување на визите за дипломатски и службени патни исправи и висината на таксите за издавање други видови визи (“Службен весник на Република Македонија”, - Меѓународни договори бр. 09/98) според кој визите на државјаните на земјите договорнички се издаваат во нивните дипломатско - конзуларни преставништва и на граничните премини на нивната заедничка граница.

Врз основа на наведените правни регулативи состојбата на издадените визи (влезни, влезно/излезни и транзитни) на сите гранични премини во Република Македонија во 2002, 2003 и 2004 година е следна:



  • Во 2002 година издадени се вкупно 97614 визи. Овие визи се издадени на патни документи на: Албанија 52604, Косово (под привремена управа на ООН согласно Резулуција 1244, патен документ на УМНИК) 14690, Австралија 7347, Украина 6201, Руска Федерација 4064, Германија (на патни исправи за странци) 2542, Канада 1809, Австрија (на патни исправи за странци) 1467, Словачка 1285, Молдавија 739, Велика Британија (на патни исправи за странци) 460, Кипар 344, Израел 343 и други држави.

  • Во 2003 година издадени се вкупно 67764 визи. Овие визи издадени се на патни документи на: Албанија 55705, Австралија 7743, Австрија (на патни исправи за странци) 399, Канада 296, руска Федерација 284, Романија 257, Украина 254, Израел 180, Словачка 159, Индија 155, Полска 151, Кипар 104 и други држави.

  • Во првите девет месеци од 2004 година издадеи се вкупно 70927 визи. овие визи се издадени на патните документи на: Албанија 62478, Австралија 5624, Австрија (па патни исправи на странци) 398, Индија 206, Канада 200, Ерменија 129, Чешка 121, Полска и Израел по 100, Словенија (пред укинувањето на визите) 99, Романија 86, Германија (на патни исправи за странци) 82 и други држави.



Освен визи на гранични премини, согласно Законот за движење и престој на странци (“Службен весник на Република Македонија”, бр. 36/92, 66/92, 26/93 и 45/02) во исклучителни случаи, на усно барање на странецот кој нема важечка патна исправа, а доаѓа во туристичка или службена посета, може да му се издаде туристичка пропусница врз основа на лична карта или друга исправа важечка во земјата на странецот заради утврдување на идентитетот (пример: патна исправа со истечена важност до одреден период). Туристичката пропусница се издава со рок на важност до 30 дена и при излегувањето на странецот од Република Македонија се одзема од страна на овластеното службено лице на граничниот премин.



Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   11   12   13   14   15   16   17   18   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет