10. Во однос на теренската работа, колкав е процентот на персоналот кој се здобил со оваа основна обука?
Со оглед на фактот што Граничната полиција во Министерството за внатрешни работи формално - правно функционира од 27.04.2004 година, пополнувањето со персонал е во тек.
До сега сите припадници на Граничната полиција имаат поминато обука за контрола и надзор на државната граница.
Во моментов, во Одделот за Гранична полиција пополнети се вкупно 1534 работни места, од кои 713 или 46% добиле основно полициско образование, коe го стекнале во средното полициско училиште, (поранешниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста) и со дошколување преку курсеви организирани од страна на Министерството за внатрешни работи, а реализирани во поранешниот Факултет за безбедност и општествена самозаштита (сегашната Полициска Академија).
Со оглед на превземањето на надлежностите во однос на обезбедување на државната граница од страна на Министерството за внатрешни работи од Министерството за одбрана и потребата за стручен кадар кој ќе ја обезбедува државната граница, од Армијата на Република Македонија-Министерство за одбрана во Одделот за гранична полиција - МВР досега се превземени 821 кандидати или 54%. Имајќи го во предвид фактот дека овие 821 кандидати во Армијата на Република Македонија имаат извршувано работи и задачи од областа на обезбедувањето на државната граница (како и искуство од други сродни области) непосредно пред нивното преземени во МВР, во Полициската Академија во Скопје имаат завршено тромесечен курс за основна полициска обука за персоналот од ниско и средно ниво и двомесечен курс за персоналот од повисоко ниво.
До комплетирање на целокупниот предвиден персонал на Граничната и понатаму ќе се продолжи со ваквиот систем на обука.
11. Опишете го нивото на познавање на странски јазици на персоналот кој извршува гранична контрола.
Во програмите за спроведување на основно, вишо и високо образование, вклучено е задолжително изучување на најмалку еден светски јазик. Во контекст на наведеното произлегува дека сите полицајци кои работат на граничните премини (а кои согласно општите услови за вработување во Министерството за внатрешни работи, неопходно е да поседуваат диплома за завршено средно образование) имаат најмалку основно познавање на еден светски јазик.
За Одделот за Гранична полиција при Министерството за внатрешни работи, прашањето на познавање на најмалку еден светски јазик од страна на целиот персонал (особено ставајќи акцент на полицајците кои извршуваат гранична контрола), претставуа еден од основните приоритети. Во таа насока, во иднина ќе се прават напори да при обуката на кадри за Гранична полиција, задолжително покрај изучување на останатите стручни области, дел од специјалистичката обука да претставува и изучувањето на неколку светски јазици, што секако ќе биде голем придонес за нивното натамошно усовршување.
Во овој момент во организација на Британскиот Совет во тек е реализација на два курса за изучување на англискиот јазик од страна на припадниците на Гранична полиција. Со едниот од овие курсеви се врши обука на инструктори за англиски јазик кои по завршувањето на курсот ќе започнат да вршат обука на други припадници на граничната полиција. Во таа насока се планира бројот на курсевите и на припадниците на Гранична полиција опфатени во нив (особено оние кои извршуваат работи и задачи на граничните премини) во иднина да биде се поголем.
12. Опишете го начинот на спроведување на тактичката анализа на ризикот како и на материјалот за таа намена. Во кои работни единици се користи оваа метода?
Анализа на ризикот на тактичко ниво се изработува со креирање на индикатори на ризик кое подразбира прибирање на информации, анализа на информациите (задача на разузнавачите) и дистрибуција на тие податоци до Одделот за гранична полиција но и до крајните корисници. Прибирање на информациите се врши преку сите припадници на граничната полиција, но и со користење на датотеки, ангажирање на одделението за разузнавање и размена на информации со други Министерства и агенции. Добиените информации се дистрибуираат во одделението за разузнавање каде се врши анализа на информациите и се издвојуваат изворите на ризикот. Со анализата се запознаваат повисоките инстанци но и самите учесници во граничното обезбедување (Гранични полициски станици и гранични премини). Заради зголемување на соработката и размената на информации, согласно Националната стратегија за интегрираното гранично управување и Националниот акционен план, во тек е подготовка и усвојување на меморандуми и протоколи за соработка.
Во граничната полиција, тактичката анализа на ризик се спроведува на ниво на регионалните центри на граничната полиција.
13. Опишете ја употребата на анализата на ризикот на ниво на оперативно управување и можните резултати.
Анализата на ризикот на ниво на оперативното управување се врши во Одделот за гранична полиција. Бидејќи се работи за служба која функционира неполна година, за изработка на оперативната анализа на ризик се користат и дел од податоците добиени од граничната бригада. Истата се врши со изготвување на одредени проекти од интерес на граничната служба. Со резултатите од анализата, по методот на субординација, се запознаваат регионалните гранични центри но се користат и за изработка на други анализи. Со истата се дефинираат специјални задгранични информации, називи на специјалните цели и слично. Од анализата истовремено произлегуваат и можните начини на дејствување.
Во оперативното работење, за слични кривични дела или инциденти се изработуваат профили на ризик. Профилите се креираат од неколку аспекти кои можат да се поврзат. Со спецификација на ризикот се дава простор за слободна тактичка употреба, одредување на граничните проверки кои водат до флексибилно движење на патници без потреба од подлабоки проверки. Со оглед дека сето ова бара познавање на видовите на ризик и типичните видови на прекуграничен криминал, познавање на различни експонирани методи на работа но и професионални вештини на граничната проверка, отпочнато е и со разни курсeви за обука на персоналот. Oд ваквиот начин на работа произлегуваат и резултатите бидејќи јасно се исцртуваат заканите и дефинираат адекватните методи на дејствување на граничните службеници.
Достарыңызбен бөлісу: |