14. Опишете ја организација на органите кои се надлежни за гранична контрола и надзор
a) Правен статус и оперативна структура,
б) Број на персонал кој е вклучен во управувањето со границите; движењето на бројот на вработени од 2000 и планови за во иднина;
в) Усвојување на посебни постапки за граничната контрола;
г) Координација и соработка со другите служби (царина, ветеринарен и фитосанитарен надзор и/или други служби/органи).
A) ПРАВЕН СТАТУС И ОПЕРАТИВНА СТРУКТУРА
Одделот за Гранична полиција е составен дел на Бирото за јавна безбедност, а во негови рамки функционираат следниве организациони единици:
- Одделение за евроинтеграција, прекугранична соработка и координација на странска помош кое организира соработка со граничните полициски служби на другите земји и соработка со други надлежни министерства во врска со граничното полициско работење, врши размена на информации, итн;
Одделението за евроинтеграција, прекугранична соработка и координација на странска помош е составено од:
-
Отсек за евроинтеграција и прекугранична соработка, и
-
Отсек за координација на странска помош и развивање на проекти.
- Одделение за аналитика кое врши аналитички и информативни работи од областа на граничното полициско работење, изготвува анализи, осврти, информации и дефинира насоки за соодветно постапување на граничната полиција и сл.
- Сектор за гранични премини и надзор на државната граница кој ја следи, координира и унапредува работата на граничните премини и граничните полициски станици, врши надзорно-контролна функција, ја следи состојбата на граничните премини во однос на оделни појави и проблеми поврзани со примената на прописите и контролата на преминувањето на државната граница и информациите кои ќе ги добие од граничните премини и граничните полициски станици ги пренесува до надлежните организациони единици на Министерството за внатрешни работи.
Сектор за гранични премини и надзор на државната граница е составено од:
-
Одделение за гранични премини, и
-
Одделение за надзор на државната граница.
- Сектор за операции во чии рамки се врши координација на работата на регионалните центри и oперативниот координативен центар, собирање, обработка и анализирање податоци и информации поврзани со работата на граничната полиција, доставување на разузнавачки податоци и информации поврзани со работата на граничната полиција, надзор на тековните оперативни активности и нивна анализа, во случај на гранични инциденти и други повреди на државната граница ги координира активностите со граничните полициски служби на соседните земји и сл.
Сектор за операции е составен од:
-
Одделение за разузнување составено од 3 Отсеци:
-
Отсек за разузнување и соработка со други министерства и агенции;
-
Отсек за безбедност и контра заштита, и
-
Отсек за оперативно техничка подршка.
-
Одделение за оперативно планирање;
-
Оперативно - координативен центар.
- Сектор за поддршка на граничното полициско работење кој врши подршка на граничното полициско работење преку собирање, документирање на информации, дава насоки за спроведување на овие активности, откривање и спречување на илегалната имиграција и трговија со луѓе, организира транзитен центар, врши криминалистички полициски истраги, ги координира своите со активностите на другите надлежни министерства поврзани со граничното управување, врши собирање и обработка на податоци поврзани со прекуграничниот криминал, нивно доставување до надлежни структури, врши работи на тајно следење и набљудување, документирање со примена на фото - технички и други работи во случај на преку граничен криминал и слично.
Сектор за подршка на граничното полициско работење е составен од:
-
Одделение за илегална имиграција;
-
Транзитен центар;
-
Одделение за криминалистички полициски истраги;
-
Одделение за документација;
-
Одделение за набљудување и документирање.
- Сектор за административна и логистичка подршка кој обезбедува административна и логистичка подршка, контрола на финансиското работење, врши проценка на матерјално -техничките потреби на граничната полиција и слично.
Сектор за административна и логистичка подршка е составен од:
-
Одделение за логистичка подршка;
-
Одделение за админстративна подршка;
-
Одделение за финансиско работење;
-
Центар за логистика.
Специфичната состојба на различни делови од границата со соседните земји бара и соодветно прилагоден пристап имајќи го во предвид фактот дека секој дел има различни карактеристики во однос на криминалот, сообраќајот на луѓе, стока и слично. Најголемиот дел од полициското работење ќе се врши во рамките на локалните полициски области, односно региони, кои ќе бидат групирани во Регионални центри. Ќе се воспостават четири региони и четири центри, од кои секој ќе биде одговорен за по еден дел од границата кој кореспондира со една од соседните држави.
-
Регионален центар Југ кон Република Грција
-
Регионален центар Исток кон Република Бугарија
-
Регионален центар Запад кон Република Албанија и
-
Регионален центар Север кон Србија и Црна Гора
Секој Регионален центар ќе ги обединува и координира активностите на граничните премини и граничните полициски станици на соодветниот дел од државната граница. Во моментот функционираат два Регионални центри, Регионален центар - Југ од 01.05.2004 година и Регионален центар - Исток од 01.09.2004 година.
Регионален Центар - ЈУГ
-
Одделение за операции, гранични премини и надзор на државната граница;
-
Одделение за разунавање;
-
Одделение за борба против организиран криминал, илегална имиграција и врска со локалната заедница;
-
Одделение за административна и логистичка подршка;
-
Отсек за аналитика;
-
Гранична полициска станица - Маркова нога;
-
Гранична полициска станица - Солунски пат;
-
Гранична полициска станица - Старавина;
-
Гранична полициска станица - Ниџе;
-
Гранична полициска станица - Богородица;
-
Гранична полициска станица - Стар Дојран;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Меџитлија;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Богородица;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Стар Дојран;
-
Граничен премин за железнички сообраќај - Гевгелија.
Регионален Центар - ИСТОК
-
Одделение за операции, гранични премини и надзор на државната граница;
-
Одделение за разунавање;
-
Одделение за борба против организиран криминал, илегална имиграција и врска со локалната заедница;
-
Одделение за административна и логистичка подршка;
-
Отсек за аналитика;
-
Гранична полициска станица - Берово;
-
Гранична полициска станица - Ново Село;
-
Гранична полициска станица - Македонска Каменица;
-
Гранична полициска станица - Делчево;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Ново Село;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Делчево.
Регионален Центар - СЕВЕР
-
Одделение за операции, гранични премини и надзор на државната граница;
-
Одделение за разунавање;
-
Одделение за борба против организиран криминал, илегална имиграција и врска со локалната заедница;
-
Одделение за административна и логистичка подршка;
-
Отсек за аналитика;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Деве Баир;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Пелинце;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Табановце;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Долно Блаце;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Јажинце;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Стрезимир;
-
Граничен премин за железнички сообраќај - Табановце;
-
Граничен премин за железнички сообраќај - Волково;
-
Граничен премин за воздушен сообраќај - Аеродром Скопје.
Регионален Центар - ЗАПАД
-
Одделение за операции, гранични премини и надзор на државната граница;
-
Одделение за разунавање;
-
Одделение за борба против организиран криминал, илегална имиграција и врска со локалната заедница;
-
Одделение за административна и логистичка поддршка;
-
Отсек за аналитика;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Блато;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Ќафасан;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Свети Наум;
-
Граничен премин за патен сообраќај - Стење;
-
Граничен премин за воздушен сообраќај - Аеродром Охрид;
-
Гранична полициска станица за езерска контрола.
НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ
Со цел да се постигне ефикасна координација, заедничка поддршка, олеснување на проток на информации и поголема интеграција во сите аспекти на граничното управување, Граничната полиција како најповикана служба во граничното управување ќе основа Национален координативен центар за гранично управување. Овој центар е централен елемент на Националната стратегија и централна точка на оперативната интеграција, соработка и координација. Преку него 24 часа ќе се надгледува состојбата на целокупната границата и ќе овозможи брза размена на информации помеѓу различните Министерства вклучени во граничното управување. При тоа ќе се координираат заедничките активности, операции и справување со инциденти на овие субјекти на регионално и национално ниво. Иако Граничната полиција е основна агенција за гранично управување, таа ќе нема надлежност над сродните агенции за гранично управување.Таа ќе ја помага соработката и координацијата преку обезбедување на услуги и подршка на тие агенции, базирано на принципот на административна помош.
Б) БРОЈ НА ПЕРСОНАЛ ВКЛУЧЕН ВО УПРАВУВАЊЕ СО ГРАНИЦИТЕ, ДВИЖЕЊЕ НА БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД 2000 И ПЛАНОВИ ЗА ВО ИДНИНА
2000 година............................577
2001 година............................660
2002 година............................652
2003 година............................670
2004 година..........................1276
План за 2005........................2746
В) УСВОЈУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ПОСТАПКИ ЗА ГРАНИЧНА КОНТРОЛА
Граничната полиција во моментот своите активности и работни задачи на државната граница ги реализира согласно Законската регулатива, Уредби, Правилници, Упатства и други писмено издадени инструкции за работа во вид на Наредби и инструктивни телеграми. На 17.09.2004 година во Одделот за гранична полиција врз основа на изготвен Проект документ (бр.33-416/1 изработен од Одделот за Гранична полиција, а одобрен од Директорот на Бирото за јавна безбедност) формирана е работна група за изработка на стандардни процедури за постапување на припадниците на Граничната полиција. Согласно овој проект, изготвувањето на процедурите треба да биде завршено до крајот на 2005 година.
Г) КООРДИНАЦИЈА И СОРАБОТКА СО ДРУГИТЕ СЛУЖБИ (ЦАРИНА, ВЕТЕРИНАРЕН И ФИТОСАНИТАРЕН НАДЗОР И/ИЛИ ДРУГИ СЛУЖБИ И ОРГАНИ)
Министерство за финансии
Царинска управа
Царинската управа е водечки орган за процесирање на легалните стоки, откривање на нелегални стоки и за истраги поврзани со царински прекршоци и кривични дела од областа царинско работење. Согласно Законот за Царинска управа „Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04), непосредно е надлежна за спроведување на царински надзор и контрола, царинење на стока и преземање истражни и разузнавачки мерки за спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела.
- Граничната полиција и царинските служби на граничните премини, ги вршат своите редовни активности согласно своите законски надлежности, а во посебни случаи и по посебни сознанија преземаат координирани активности за преглед на лица, возила и багаж.
- На состаноци кои се одржуваат пред почетокот на туристичката сезона, домашни и меѓународни манифестаци, спортски активности и други настани и појави кои можат да ја зголемат фрекфенцијата на сообраќајот ја разгледуваат состојбата на граничниот премин и заеднички предлагаат и договараат активности за олеснување и побрз проток на патиници и возила.
- По претходно дадена иницијатива на една од службите одржуваат состаноци за разрешување на тековни и новопројавени проблеми на граничните премини во надлежност на граничната полиција и Царинската управа.
Царинската управа е водечки орган за откривањето на нелегални стоки и истраги поврзани со царинските прекршоци и кривични дела од областа на царинското работење.
- Имајки ја во предвид целта за зголемување на протокот на стоки и патници како и спречување на нелегалното внесување на стока во царинското подрачје (на целата територија) на Република Македонија предвидено е изготвување на Меморандум за соработка меѓу Царинската управа и Граничната полиција. Во него ќе се прецизираат процедурите за координација, ќе се усогласат надлежностите за постапување и можноста за пренесување на надлежностите во одредени ситуации на Граничните премини и зелената граница.
- Координацијата помеѓу Царината и Граничната полиција во иднина ќе се реализира во рамките на одговорностите на Националниот координативен центар каде царинската управа ќе има свој преставник.
- Потребата за соработка помеѓу полицијата и царината е особено изразена во справувањето со најтешките облици на организиран криминал. Царината по природа на работите што ги обавува има допирни точки од оваа проблематика. Од тие причини е планирано поврзување на системите за информирање, анализа и разузнавање на полицијата и царината.
- За борба со најтешките облици на криминал, како што е недозволената трговија со дрога и друг вид организиран криминал каде Царината и полицијата во својата работа имаат допирни точки, ќе формираат наменски мешовити тимови кој ќе работат на специфични разузнавачки насочени операции.
- Националниот координативен центар, Граничната полиција и Царинската управа ќе работат на создавање на внатрешни механизми и стандардни оперативни процедури за реакција, кои ќе допринесат за брзо и ефикасно постапување по добиено известување од Националниот Координативен центар.
Министерство за одбрана
Армија на Република Македонија
Согласно Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас („Службен весник на РМ“, бр. 36/92, 12/93, 11/94 и 19/04), контролата на преминување на државната граница и контрола на движењето и престојот во граничниот појас врши Министерството за внатрешни работи, додека Граничната бригада на Армијата на Република Македонија преку Граничните баталјони на регионално ниво ја обезбедува државната граница и врши контрола на движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населените места и граничните премини. Во согласност со направените измени во овој закон процесот на предавање на надлежностите за обезбедување на државната граница ќе биде целосно реализиран до крајот на 2005 година. Во овој момент контролата на државната граница и престој во граничниот појас на границата кон Република Грција, Република Бугарија и дел од границата кон Државната заедница на Србија и Црна Гора, се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за Гранична полиција, додека обезбедувањето на државната граница и контрола на движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населените места кон Државната заедницата на Србија и Црна Гора во делот кон Косово и Република Албанија е во надлежност на Армијата на Република Македонија.
Соработката помеѓу Граничната бригада и Граничната полиција се реализира преку следниве форми:
-
Редовни состаноци на локално ниво на кој меѓусебно се запознаваат и информират за состојбата на државната граница, безбедносно интересни настани, појави и сознанија;
-
Согласно споменатата законската регулатива и пропишаните надлежности, предлагаат и договараат преземање на потребните активности за обезбедување на државната граница;
-
Правовремено информирање за одреден настан кој се случил на државната граница каде согласно надлежностите е потребно преземање на понатамошни активности од страна на Граничната полиција или други служби во Министерството за внатрешни работи;
-
Постапување по случени гранични инциденти на зелената граница и учество во Секторската комисија за гранични инциденти на регионално и централно ниво за разгледување утврдување и решавање на граничните инциденти.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во контролата на преминување на државната граница своите активности ги презема преку Управата за ветеринарство, задолжена за ветеринарно санитарниот надзор и контрола при увоз, извоз и транзит на пратки од животинско потекло и Државниот Инспекторатот за земјоделие и Управата за заштита на растенијата задолжени за надзор и контрола на пратки од растително потекло и средства за заштита на растенијата. Нивните надлежности произлегуваат од законската регулатива која е веќе наведена во прашањето број 1 од оддел А - Надворешни граници, поглавје 24.
Координацијата и соработката со другите служби се одвива на централно ниво и на Граничните премини (локално ниво) преку секојдневен контакт, периодични состаноци, информирање, давање стручна помош и слично. За олеснување на трговијата, прометот и протокот на овој вид стока, Министерството ќе ја измени методологијата на покривање на Граничните премини концентрирајќи повеќе инспектори од прва категорија. Промената во начинот на работа ќе биде имплементиран и во начинот на соработка за што и ќе биде изготвен Меморандум за соработка. Со овие мерки ќе се зголеми ефикасноста на граничната контрола, ќе се забрза протокот на земјоделски производи, а застоите во сообраќајот на комерцијалните возила ќе се намалат.
Министерство за здравство
Министерството за здравство преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Бирото за лекови во рамките на граничните работи е надлежно за безбедноста на храната, производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, заштита од јонизирачко зрачење и радијација, заштита од заразни болести, превоз на прекурзори, опасни материи и отрови. За надлежностите на ова Министерство види подетално во 24_А_01. На граничните премини и царинските терминали се врши инспекциски надзор на одреден вид на (прекурзори, опасни материи, отрови итн) но и санитарен и здравствен надзор на патници и превозни средства кои доаѓаат од земји во кои владеат епидемии и заразни болести.
Соработка на централно ниво се реализира преку одржување на меѓуминистерски состаноции на кој се договараат преземање на активности во надлежност на двете министерства. Министерството за здравство редовно го информира Министерството за внатрешни работи за забрана на увоз на одредени видови стока во Република Македонија. На Граничните премини соработката е составен дел од секојдневното извршување на работните задачи преку зајакната контрола на сите субјекти кои се занимаваат со транспорт на овој вид стока. Од тој аспект размената на информации за одредени настани и појави, и давање стручна помош при контролата, преставува битен фактор за правовремено откривање и попречување на инкриминираните активности од овој вид.
Согласно Законот за преминување на државната граница и за движење во граничниот појас(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/92, 66/92, 12/93, 15/93, 31/93, 11/94 и 19/04), а заради усогласено вршење на одделни работи од заеднички интерес за повеќе надлежни државни органи во областа на преминувањето на државната граница, министерот за внатрешни работи со надлежните државни органи може да формира заеднички комисии и други работни тела.
Координацијата и соработката на надлежните министерства, во иднина ќе се реализира преку Националниот систем за граничен мониторинг кој ќе овозможи сигурни и брзи комуникации врз целосно интегриран механизам за оперативен договор и планирање. Националниот координативен центар на принципот на административна помош ќе обезбедува услуги, подршка и координација на активностите на сродните министерства за гранично управување. За реализација на овие активности во центарот ќе бидат вклучени офицери за врска од сите министерства кои согласно надлежностите вршат одредени работи на државната граница.
Достарыңызбен бөлісу: |