Правда и внатрешни работи


На кој начин вашата земја соработува со соседните земји (формални билатерални спогодби како и практични договори за дејностите на царинската служба и граничната полиција)?



бет11/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   7   8   9   10   11   12   13   14   ...   51

18. На кој начин вашата земја соработува со соседните земји (формални билатерални спогодби како и практични договори за дејностите на царинската служба и граничната полиција)?

Прекуграничната соработка со соседните држави се одвива врз основа на склучени билатерални/меѓународни договори со кои се регулира соодветна област на соработка како и преку формирање на заеднички тела кои имаат обврска да соработуваат во одредена област која е од интерес на државите потписнички на договорот. Покрај соработката предвидена со меѓусебните договори, соработката со соседните држави се одвива и преку одржување на разни редовни и ад-хок состаноци и средби на кои се разговара, се унапредува постојната соработка и се изнаоѓаат решенија за проблемите од најразличен вид кои можат да се појават во односите помеѓу двете држави. Во таа насока состојбата во однос на соработката со соседните држави е следна:



Република Албанија

Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско - албанската државна граница од 04.12.1997 година, ратификувана на 11.02.1998 година(„Службен весник на Република Македонија“ бр.9/98)

Во согласност со спогодбата формирана е главната мешовита комисија и две секторски комисии за обновување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско - албанската државна граница, првиот состанок го одржа на 04.12.1998 година во Скопје.

Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за регулирање на малограничниот сообраќај на лица во пограничната зона од 04.12.1997 година, ратификувана на 19.03.1998 година.

Со Спогодбата се формира Постојаната мешовита македонско-албанска комисија, се определуваат нејзините надлежности, задачи, начинот на состанување и работата на комисија.

Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за спречување и решавање на инцидентите на македонско - албанската државна граница од 04.12.1997 година, ратификувана 11.02.1998 година.

Врз основа на оваа спогодба формирана е Главна мешовита македонско - албанска комисија за гранични инциденти и две секторски мешовити комисии за гранични инциденти, за двата гранични сектора.

Договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија од 16.07.2000 година

Врз основа на овој Договор, на 16.07.2000 година, потпишан е и:


  • Протокол за определување на насоките, начинот и редот на соработка во областа на пограничната контрола и спречување на илегалната миграција меѓу Министерството за јавен ред на Република Албанија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија од 16.07.2000 година.

  • Протокол за соработка во областа на безбедноста помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија и Националната информативна служба на Албанија од 05.06.1992 година.

  • Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Албанија за соработка и унапредување на контакти од 05.02.2003 година.

  • Од значење е да се спомене Проект документот “Данида“ за зацврстување на граничната соработка меѓу Република Албанија и Република Македонија во делот на граничната линија Дебар-Дибер, потпишан во јануари 2004 година помеѓу Министерството за јавен ред на Република Албанија и Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија.



Целта на овој Проект документ е зацврстување на безбедноста и воспоставување на реципрочна доверба на граничната линија Дебар - Дибер меѓу Република Македонија и Република Албанија, преку тесна соработка во идентификувањето, превенцијата и борбата против прекуграничниот криминал и нелегалните активности, преку:

  • Подобрување на размена на информации и комуникација;

  • Обезбедување на образование и обука;

  • Подготовка и зацврстување на заеднички акции и заедничка контрола и ;

  • Подготовка на законска рамка - Меморандум за разбирање.



Во тек е усогласување на ставовите околу Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Република Албанија, за унапредување и зајакнување на соработката во областа на граничното обезбедување (чие што потпишување ќе се реализира на почетокот на 2005 година) .

Република Грција

Привремена спогодба од 13.09.1995 година, со која Република Македонија и Република Грција ја потврдија меѓусебната постојна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница.

Протокол за гранична соработка од 23.06.1998 година.

Со наведениот протокол, двете страни се согласија, до потпишувањето на билатерален договор, во меѓусебните односи во врска со прашањето на државната граница меѓу двете држави, да се раководат во согласност со одредбите на Спогодбата меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на Кралство Грција за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и водени) на југословенско - грчката граница и за предупредување, спречување, начинот на испитување и решавање на граничните инциденти, потпишана на 17.12.1958 година. Врз основа на наведената формирана е мешовита комисија за чување, обнова и обележување на граничните ознаки и решавање на гранични инциденти која одржува редовни состаноци. Покрај претходно наведеното во овој момент со Република Грција веќе е воспоставена пракса на одржување на редовни работни состаноци помеѓу службите непосредно вклучени во обезбедувањето на државната граница и истовремено воспоставен е линк за размена на информации кои се однесуваат на граничната безбедност.



Србија и Црна Гора

Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за протегање и опис на државната граница од 23.02.2001 година, ратификуван во март 2001 година.

Врз основа на овој договор формирана е мешовита комисија за демаркација и истовремено започнато е со демаркација на државната граница при што досега од тромеѓето на Република Македонија, Србија и Црна Гора и Република Бугарија до граничниот премин Табановце, поставени се сите главни гранични ознаки и околу 90 % од помошните гранични ознаки. Демаркацијата продолжува и понатаму.

Протокол за отварање на гранични премини за пограничен сообраќај меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора од 29.03.2003 година, како и модалитети за спроведување на истиот.

Меморандум меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во борба против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, нелегална миграција и други кривични дела, потпишан на 25.07.2003 година.

Договор меѓу Влада на Република Македонија и Влада на Република Црна Гора за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, нелегална миграција и други кривични дела, потпишан на 10.06.2003 година, ратификуван на 22.07.2003 година.

Во тек е усогласувањето на ставовите по Предлог Спогодбата за основите за соработка во обезбедувањето на државната граница меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора.

УНМИК

Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија и УНМИК од 2001 година.

Протокол за соработка со полицијата од 29.08.2002 година.

Врз основа на Протоколот за отварање на гранични премини за прекуграничен сообраќај меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора потпишан е Привремен Протокол за утврдување на привремени гранични премини за пограничен сообраќај меѓу Република Македонија и УНМИК (Танушевци и Стрезимир).

Во однос на погранична соработка со УНМИК како мошне корисна ја цениме воспоставената пракса на одржување на редовни работни состаноци помеѓу претставниците на граничните служби на Република Македонија и УНМИК, со цел размена на информации околу проблемите што се јавуваат околу секојдневното функционирање на граничните премини. Истовремено определени се и офицери за врска за размена на информации кои се однесуваат на граничната безбедност.

Република Бугарија

- Договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија од 20.10.1992 година, ратификуван 1993 година.

Врз основа на овој Договор, меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија, на 20.10.1992 година потпишан е:

- Протокол за определување на насоките, начинот и редот на соработка во областа на пограничната контрола и спречување на илегалната имиграција.

- Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за преземање на лица со незаконски престој од 04.06.2001 година, ратификуван 2002 година.

- Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за мерките за спречување и решавање на граничните инциденти на Македонски - Бугарската граница од 15.05.2000 година, ратификувана на 23.01.2002 година.

Со Спогодбата се формира Главната мешовита македонско-бугарска комисија за гранични инциденти, како и две Секторски мешовити комисии за гранични инциденти, кои одржуваат редовни состаноци.

- Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните белези на македонско - бугарската државна граница, потпишана на 15.05.2000 година, ратификувана на 23.01.2002 година.

Врз основа на наведената спогодба формирана е Мешовита комисија за чување, одржување, обновување и обележување на македонско-бугарската државна граница.

- Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурзори, нелегална миграција и кривични дела од 26.02.2002 година.

Врз основа на овој Договор потпишан е Протокол меѓу Одделот за полиција - Сектор за гранични премини при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Националната служба Гранична полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија за соработка во текот на 2003 година.

- Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отварање на два нови меѓународни патни гранични премини меѓу двете земји, ратификувана 1999 година.

Како Министерството за внатрешни работи така и Царинската управа на Република Македонија постојано настојува да ја унапреди меѓународната соработка и да развие пријателски односи со другите царински служби, каде од посебен интерес се јавува развојот на односите со царинските служби на соседните земји.

Соработката со сите соседни земји успешно се реализира, пред се, преку склучување и ратификување на спогодби за царинска соработка на билатерално ниво. Во таа насока, Законот за Царинската Управа ја регулира соработката со царинските управи на други земји на полето на царинското работење, која што се заснова на ратификувани меѓународни договори („Службен весник на Република Македонија“, бр. 46/04).

Во продолжение се наведени спогодбите за царинска соработка, врз основа на кои Владата на Република Македонија остварува соработка со Владите на соседните земји:

Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија за царинска соработка и взаемна помош (склучена на 4 септември, 1996 година; „Службен весник на Република Македонија“, бр. 8/97);

Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за взаемна помош и соработка меѓу нивните царински органи (склучена на 15 јануари, 1998 година; „Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/98);

Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка и взаемна помош во царинските работи (склучена на 14 јуни 1999 година; Службен весник на РМ 44/1999).

Царинската соработка со Република Грција се реализира согласно Протокол 5 од Договорот за стабилизација и асоцијација, потпишан меѓу Република Македонија и Европската заедница на 09.04.2001 година.

Соработката со царинската служба на Времената администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК) се остварува врз основа на потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Царинската служба на Времената администрација на Обединетите нации на Косово на ден 30 јуни 2000 година.

Взаемната царинска соработка опфаќа:

- Соработка на полето на поедноставување на царинските формалности, усвојување на мерки се цел да се поедностават царинските постапки, како и да се забрза протокот на стоките помеѓу договорените страни;

- Размена на информации за спроведување на царинското законодавство, кои ќе овозможат точно утврдување на царинските и други увозни и извозни давачки, како и точно одредување на класификацијата, вредноста и потеклото на стоката од страна на царинските органи;

- Размена на информации и документи во најкраток можен рок кои ќе овозможат спречување на појавата на сите видови царински прекршоци;

- Размена на информации податоци за движење на: стоки кои преставуваат опасност за околината и здравјето: оружје, муниција, експлозивни и отровни материи, експлозиви; предмети со историска, уметничка, културна или археолошка вредност;

- Со цел засилување на активностите во врска со спречување, истражување и борба против недозволена трговија на наркотични средства, психотропни супстанции и нивни синтетички производи, царинските органи меѓусебно си доставуваат информации, во најитен можен рок за лица и транспортни средства за кои постои сознание дека се користени или можат да се користат за недозволена трговија;

- Соработка и превземање на мерки во рамките на своите надлежности со цел да овозможат соодветна примена на контролирана испорака на меѓународно ниво, како и да се разоткријат лицата инволвирани во недозволена трговија и да се преземат законски дејствија против истите;

- Воспоставување на ефикасна координација помеѓу царинските органи, вклучувајќи размена на кадри и експерти од одредени области, давање на стручна, научна и техничка помош.

Согласно потпишаните договори за царинска соработка со соседните земји и времената администрација на Обединетите нации на Косово, се врши размена на Информативни листи за акцизна стока, со што се врши взаемно известување за пратките со акцизни стоки, со директно предавање на стоката и пропратната документација меѓу одговорни царински работници, на кој начин се спречува можноста за криумчарење на ваков вид стоки.

Соработката со соседните земји континуирано се одвива преку постојани средби на сите нивоа, учество на меѓународни состаноци и делување во работни групи, проекти и програми од регионален и поширок карактер.

Во однос на соработката помеѓу Граничната полиција и Царинската управа важно е да се напомене дека Граничната полиција и Царинската управа редовно соработуваат преку размена на информации и одржување на работни состаноци на кои се планираат и договараат активности кои се однесуваат на границата, а кои потоа заеднички се реализираат.



Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   7   8   9   10   11   12   13   14   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет