Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има господинот Илија Китановски, повелете.
Илија Китановски: Благодарам.
Почитувана колешке Бендевска под два сегменти ќе ви реплицирам.
Прво, веројатно и вие лошо сте го разбрале предлагачот на законот, околу можноста за зголемување на каматната стапка по истекот на три години, 10% се мисли од каматната стапка. Тоа во индексни поени значи дека од 4,95% може да се зголеми за 0,49% повеќе и тоа не 15 туку ќе дојде 5,5%. Тоа само за да не ги доведуваме во заблуда граѓаните, ако веќе вие сте во заблуда. Втората работа околу критериумите. Уште еднаш сакам да објаснам дека поквантифицирани и попрецизни критериуими не може да има во еден закон од критериуми со бројки. Значи, критериумот за извор на корисници на кредити се висината на месечните приходи на барателот. Тоа се бројки и тука лага нема. Нема нисубјективизам. Вкупните месечни приходи на барателот и неговиот брачен другар и висината на бараниот кредит. И тоа се бројки и тие со букви не се објаснуваат. Бројките со букви како и да сакате да ги толкувате остануваат бројки, не можете да ги објасните со зборови или да ги извртите при што предност имаат барателите со пониски примања и барањата на помал износ на кредит за да добијат кредит што повеќе баратели. Значи, многу се јасни и цврсти критериумите и во самиот закон што не е многу вообичаено дури и за законско решение, обично со подзаконски акти и со уредби се допрецизира. Меѓутоа овде и во самото законско решение се толкул прецизни што не верувам дека може да се најде пообјективен начин на критериуми за добивање на кредити на корисниците.
Кажавте една реченица ВМРО-визација на добар проект. Сите добри проекти во Република Македонија се од Владата на ВМРО ДПМНЕ, барем во последните 6 години, бидејќи таа Влада и функционира во овие години. Не се плашете од тоа, не е тоа страшно, дури и проектите да добиваат ваков предзнак дека се ВМРО-вски, не е тоа многу лошо. Кажете ми вие, бидејќи сте припадник на СДСМ, кој проект СДСМ го реализира кога беше на валст. Јас мислам дека сте полни со идеи кога сте опозиција, кога ќе дојдете на власт ви пресушуваат идеите и се занимавате со се а најмалку со граѓаните кои ви ја дале довербата. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Контра реплика има госпоѓа Весна Бендевска, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Колега Китановски, јас немам дилема дека вие сте експерт за станови, особено на оние четирите на мајката на Груевски, затоа мислам дека сте компетентен на оваа тема.
Јас посакувам, најискрено посакувам, но апсолутно се сомневам дека ВМРО има добра и племенита идеа да го подобрува домувањето на социјално ранливите групи. Повторно овде се крие желба за вашите елитни припадници од ВМРО ДПМНЕ да имаат погодности. Зошто? Вчера ја изгласавме европската социјална повелба. Владата на Груевски се откажа од примена, од обврска да го применува членот 30 кој се вика право на домување, во кој меѓу другото требаше да се обезбеди, да се направи пристапна цената и можноста на домување на лицата кои немаат соодветни ресурси. Тоа од вчера ВМРО го одби и денес мислите некој ќе ви поверува дека наеднаш станавте загрижени за социјалните случаи?
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Збор има Надица Танчева Тулиева, повелете.
Надица Танчева Тулиева: Благодарам претседателе,
Почитувани пратеници би сакала да ја искажам мојата поддршка во однос на потребата од донесување на овој закон затоа што ние денес на ова прво читање треба да ја утврдиме потребата од донесување на закон за субвенционирање на станбен кредит. Денес ние овој закон го имаме пред нас како Предлог закон и овој закон според мене е за поздравување и потребата за негово донесување, сите ќе се согласите, дека е евидентно, затоа што со донесувањето на овој закон ќе се овозможи постепено да се решава овој проблем кој провејува со децении во Република Македонија, а кој ги тишти младите луѓе, младите брачни парови кои не можат да си обезбедат сопствен дом, односно не можат да го решат своето станбено прашање како резултат на тоа што некој од нив ја немаат таа куповна моќ.
Владата на Република Македонија знаеме дека и досега излегуваше во пресрет на разни категории на граѓани во Република Македонија, како и на младите брачни парови и постепено ги решаваше овие проблеми и овој пат Владата на Република Македонија, имајќи чувство за проблемит ена граѓаните повторно излегува во пресрет на Младите луѓе со поднесувње на овој Предлог закон до Собранието на Република Македонија, младите брачни парови да земаат кредити под многу поволни услови за да можат да си го решат своето станбено прашање. Тоа за прв пат се случува во Република Македонија. Всушност, се работи за два проекти на Владата и тоа пола-пола рата во првите пет години, за кредити наменети за купување на стан или изградба на куќа и 50% учество за купување на стан или градење на куќа што не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит односно не повеќе од 6250 евра во денарска противвредност.
Со законот се уредува начинот, постапката и условите за субвенционирање на кредити кои граѓаните на Република Македонија ги земаат од комерцијалните банки за купување на стан или изградба на куќа за решавање на станбеното прашање, но и за поддршка на градежништвото во Република Македонија.
Со законот е определено дека право на користење на субвенционирани кредити имаат сите физички лица кои ќе ги исполнат условите утврдени во овој закон. Средствата за субвенционирање на кредитите од овој закон ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.
Почитувани колеги, многу од претходните дискутанти навлегоа и во материјална расправа по законот. Јас ќе се задржам само на членот 5 од Законот заради јавноста во кој што прецизно е утврдено кои се условите кои што едно физичко лице мора да ги исполнува за да може да се стекне со правото на станбен кредит. Имено, прво и основно е да биде државјанин на Република Македонија, да има постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, да ги исполнува условите за добивање на станбен кредит пропишани од деловната банка, да нема во негова сопственост, или во сопственост на неговиот брачен другар, односно куќа на територијата на Република Македонија. Да има во негова сопственост, односно во сопственост на негивиот брачен другар стан, или куќа, меѓутоа куќа која ја продава заради купување на поголем стан, односно заради купување на поголема куќа за потребите на неговото сопствено домување. Потоа лицето или неговиот брачен другар да не користи друг стабен кредит на денот на поднесување на барањето за субвенционоран стенбен кредит. Вкупниот месечен приход на лицето и неговиот брачен другар да не надминува 900 евра месечно во денарска противредност пресметани по средниот курс на Народната банка на Република Македонија и да има дадено изјава заверена на нотар дека нема да го издава станот, односно куќата под закуп, нема дополнително да ја оптоварува недвижноста со хипотека и дека нема да го оттуѓи станот во периодот од првите пет години од исплата на кредитот. Во врска со ова имаше многу забелешки од страна на колегите на опозицијата. Меѓутоа, јас ќе кажам дека овие кредити кои што се даваат на младите брачни парови кои што немаат можност на друг начин да купат свои свој сопствен стан, значи тие го купуваат станот за свои потреби, тие не го купуваат станот за понатаму да прават бизниси со тие станови. Инаку во законот понатаму се определени и сите други услови за одобрување, склучување и спроведување на договорот за кредит, начинот на принудна наплата во случај на неплаќање, рокот за донесување на подзаконските акти, регулирањето на договорнит односи согласно со Законот за облигациони односи.
На крај, почитувани колеги, сметам дека сите ние треба да го подржиме овој закон, затоа што овој закон е исклучително добар, да гласаме позитивно да ја потврдиме потребата од донесивањето на законот, да му дадеме проодност за понатамошно постапување. Затоа што верувајте дека граѓаните на Република Македонија со нетрпение го очекуваат донесувањето на овој закон. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има збор господинот Стојко Пауновски, повелете.
Стојко Пауновски: Благодарам претседателе.
Кога се носи било какво законско решение, ние овде и сме за тоа да дебатираме меѓу себе. Иако како пратеничка група и ние сме заинтересирани овој закон да помине и едноставно да се имплементира. Секој закон кој што се носи како такво решение, истиот многу е битно како и дали ќе се имплементира и дали ќе биде спроведлив во практиката. Она што сакам на почетокот да го кажам. Ќе прочитам едно соопштение од ВМРО ДПМНЕ, ама ќе земам еден пасус каде што токму се работи за: купи куќа, купи стан. И таму велите дека ние сме можеле да следиме како се реализираат проектите. Значи, ние би требало по ваше да седиме и да следиме како вие реализирате проекти. Сите тие проекти почитувана господа, па посебно кога се работи за купи куќа, купи стан, треба на сите да ни биде јасно бидејќи овде има и повозрасни генерации, знаеме колку станови се купуваа и колку станови се даваа и бесплатно и со минимални учества во претходниот систем. Знаеме дека дестици илјади станови тогаш беа поделени, а ние таквите луѓе денес ги нарекуваме како да сме ние буквално жртви на тој комунистички систем кој што владеел тогаш. А знаеме дека тогаш работникот можеше комотно и безбедно да дојде до стан. Она што овој закон, како Предлог на закон е кажано во останатите членови. Нема да се задржувам на она што беше претходно кажано. Ние овде да кажуваме дека ВМРО ДПМНЕ ги реализира нивните проекти, ќе испадне не баре дека овие проекти се финансираат од штабот на ВМРО ДПМНЕ, или од касата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа се средства на граѓаните и од тие средства нормално ние треба да знаеме како и колку средства ќе се имплементираат. Ние тоа од министерот за финансии не го добивме како одговор. Значи, не добивме колку средства Владата планира да ги подели за субвенционирање на вакви кредити.
Втора работа е што овие средства, ние само пред два три дена овде разговаравме за пописот каде што малтене во некои градови каде што е метар квадратен стан помалку вреден во вредност, сигурно дека 500 станови ги изедовме за тие 11 дена од нереализираниот и прекинат попис. Што значи редно е барем да не сослушате кога се зборува за пари од граѓаните, редно е меѓусебно да имаме доверба кога разговараме за трошењето на средствата од граѓаните, затоа што како што имаме можност да се фалиме за донесување на одредени решенија, утре, задутре по тие законски решенија треба да имаме и одредена одговорност. Затоа што со самото донесување на ова законско решение потребно е и те како да се следи неговата реализација, бидејќи реализацијата ќе оди преку Министерството за финансии и преку Владата. Кога како држава сме задолжени буквално кај секоја банка, не верувам дали е разговарано со банките, дали допрва ќе се разговара, дали има одредени банки кои што веќе се понудиле да излезат во пресрет на Владата, ние тоа не го добивме како одговор на Комисијата за финансирање од министерот за финансии. Дури во самиот Предлог закон стои дека каде што е дадена каматата, дека каматата може да изнесува до 4,9%. Значи, може, а може и повеќе. Значи кога ќе го гледаме самиот член 9, кога ќе ги гледаме членовите поврзани помеѓу себе како пратеници должни сме не само да ги гледаме како такви како што се дадени, туку да извршиме и одредено толкување и на некој начин да дадеме некакви сугестии за самото тоа во наредниот период да се поправи.
Во членот 9 многу добро стои дека средствата од субвенционирање, значи имаме два вида на давање на кредит. Едниот е субвенционирање во права смисла на зборот. Другиот начин на субвенционирање не гледам дека е субвенционирање, туку еден вид на заем. Затоа што со самото завршување на периодот од 20 години истиот тој треба да се врати. Значи, имаме враќање на еден заем, без разлика дали тие максимум од 6 250 евра се со камата, или се без камата. Она што како заем ќе се даде на тоа лице, петте години кои што Министерството за финансии ќе ги финансира пола од каматите, односно пола од ратите. Зборуваме дека максималниот износ на кредит кој што Владата може да го субвенционира е 50 илјади евра и за тие 50 илјади евра максималниот износ на субвенција е 6 250 евра. Сега ако имаме кредит од 50 илјади евра со најминимална камата, еве нека биде и оние 5% кои што се овде прикажани во Предлог законот, најмалку за 20 години секое лице треба да врати 72 илјади евра. Тие 72 илјади евра поделени на 240 рати доаѓа секој месец граѓанинот треба да плаќа по 300 евра.
Дали ние почитувани колеги пратеници во нашава држава каде што имаме 32% невработеност, каде што од вработените преку 35% примаат плата под 300 евра ќе можат да ги исплатуваат овие давачки. Што значи ние не донесуваме закон за посиромашнит слоеви, не донесуваме закон со кој што ќе можат на некој начин точно оние слоеви и категории на население кои што не можат да дојдат на поинаков начин до стан, или куќа, истите тие не можат и да си ги реализираат.
Во член 10 се дадени сите услови кои што треба д ги соберат од нотари, од изјави, од собирање на уверенија и известување од Управата за јавни приходи за да на крај начинот на постапувањето и изборот на кориснитците, челн 10 точка 11, стои дека ќе го врши министерот за финансии. значи доаѓаме до нешто што банката ќе го даде, нешто што е поврзано со кредит. Не е тоа давање на нешто што нема никогаш да се врати, туку со давањето на кредит буквално ќе дојде до тоа министерот за финансии, односно Министерството за финансии да биде оној кој што ќе одлучува кој може да добие субвенцииониран кредит. А сите оние кои што нема да добијат веќе се изложеиле на одредени трошоци и веќе трошоците се направени и нема да им бидат надокнадени на никаков начин.
Она што посебно ги загрижува луѓето, колку што има луѓе што се заинтересирани да добијат ваков субвенциониран кредит, толкуима и луѓе кои што прашуваат да не е и ова некоја игра. Прочитајте го само член 13, посебно во алинеја 4, ќе видите дека правото на деловната банка во случја кога корисникот на кредитот ќе доцни најмалку 90 дена во измирување на било која обврска, во тој случај кога корисникот на кредитот има право, значи банката има право да го раскине кредитот и буквално станот му оди на продажба. Дали оние лица кои што ќе купат на ваков начин станови, кои што ќе добијат на ваков начин кредити има некаква гаранција дека тие луѓе наредните 20 години во оваа држава ќе можат самостојно, достојно и пристојно да си заработуваат да ги плаќаат ратите, или ќе се случи ако три рати едно по друго не ги платат да им дојдат извршиители. А знаеме како во нашава држава во последно време се ревносни извршителите и за едни минимални суми па успеваат заради тие нивни приходи кои што си го добиваат и те како ги извршуваат сите работи. и сега ќе дојде станот кој што е купен за 900 евра, банката станот да го продаде за помалку од 500, 60 евра зависно кој ќе се јави како купувач.
Како пратеничка група, како луќе, како пратеници треба да ги гледаме сите овие услови кои се предвидени овде. Да не дојде да се најдеме во случаи како оние јагниња од Битола што земаа кредити на времето да купуваат крави за да го развиваат млечното произвидство во Република Македонија, за да на крај ги изгубат и кравите и куќите и да бидат сиромашни. Без здравје со нарушени меѓучовечки и меѓусемејни односи. Затоа се она што се зборува денес е во прилог на самиот Предлог закон, а како пратеничјка група од СДСМ дека ќе го подржиме ова законско решение, секогаш сме биле кога се работи за граѓаните и било каква помош да доаѓа од било кое место од Владата, ние ќе го подржиме.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има господинот Драган Цуклев, повелете.
Драган Цуклев: Колега Пауновски, ќе се задржам на два моменти од вашата дискусија. Најпрво, околу учеството, 50% од учеството на кредитот за купување на стан, или изградба на куќа што се обезбедува со овој Предлог закон како субвенционирање на станбениот кредит. Не ми е јасно како економист како не сфаќате дека давањето на 50% од учество кое што треба да се врати после 20 години е субвенција. Знаете некој да ви даде 6 250 евра, да му ги вратите после 20 години без паричен надомест дополнителен. Постои ли некоја таква институција што ќе ви даде 6 250 евра без камата, а треба да го вратите кредитот после 20 година на пет еднакви годишни рати. Значи, сета камата за тие 6 250 евра е субвенционирана.
Околу критериумите за избор. Значи Министерството за финансии спроведува постапка за избор на корисници за субвенциониран станбен кредит преку електронски систем за избор по завршувањето на јавниот повик. Колега Пауновски, не знам, и на Комисијата и денеска и колегата Китановски ви објасни, значи во ситуација кога ќе се јава повеќе апликанти од предвидениот буџет во таа година субвенционирање на станбените кредити се врши избор. Значи, ако средствата од буџетот се предвидени за 1500 апликанти, ако има 1600 пријавени, значи од тие 1600 ќе се изврши избор на 1500. А критериумите, по чисти критериуми и појасни од апсолутни износи изрезени во бројки не можат да постојат. Два не може д биде поголемо од 5. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Контра реплика има господинот Стојко Пауновски, повелете.
Стојко Пауновски: Благодарам претседателе.
Колега Цуклев, 6 250 евра што ќе ги дадете сега, а ќе ги врати после 20 години можат да бидат и многу повеќе може да биде и многу помалку. На времето со 10 илјади марки можеше да се купи стан, а сега и со 50 илјади евра не може да се дојде до кров над главата. Што значи, ирелеватно е таквото однесување дека 6 250 евра некој ќе ги даде, после 20 години истите да ги врати. Значи, тоа е заем. Се сеќавате кога имаше заем на државата кога ги дававме исто без камата кога ни ги враќаа по 20 денари. Сега може да биде обратно, затоа што се ни е поврзано со евра. А дека има 2 начина на плаќање, на давање на субвенционирани кредити, сигурно дека едниот начин не е субвенционирање, туку давање на заем бидејќи и самите кажавте дека 6 250 евра по истекот на 20 години треба да ги врати. И згора на тоа при предвремена исплата на кредитот должен е да ги врати и субвенционириот износ кој што му бил даден.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има збор госпоѓа Билјана Казанџиска, повелете.
Билјана Казанџиска: Благодарам господине претседателе, почитувани колеги пратеници,
Пред нас е уште еден закон кој е спротивен на Деловникот и спротивен на Уставот на Република Македонија. Бидејќи имаше дилема зошто и како, а многу малку читате. Во Уставот на Република Македонија во членот 30 се вели дека се гарантира право на сопственост и право на наследување. А овде во членот 13 од законот ставот 1 и 5 се вели дека, забрана за корисникот на кредитот да го оттуѓи станот, односно куќата, купен или изградена со средствата од субвенционираниот кредит во период од првите пет години од исплата на кредитот. Се ограничува уставно гарантираното право на сопственост со овој закон. Зошто велам дека е спротивно на Деловникот. Во членот 135 од Деловникот стои дека, во алинејата три дека во воведот на секој закон треба да стои оцена за финансиските последици од Предлог законот врз буџетот и другите јавни финансиски средства и дека треба да има процена на финансиските средства потребни за спроведување и начинот на нивно обезбедување како и податоци дали спроведувањето на законот повлекува материјална обврска итн. Гледајќи го законот ниту има финансиска конструкција, ниту има одредени во воведниот дел согласно Деловникот оцена на финансиските последици итн. и согласно членот 136 до колку се работи за една правна држава претседателот на Собранието согласно овој член истиот треба да побара од предлагачот да го усогласи со одредбите од Деловникот односно преведено Собранието мора да знае колку ќе чини овој проект што овде со овој проект не е случај.
Овој закон за кој тврдиме дека е украден од програмата на СДСМ за бескаматно кредитирање на граѓанинот кој е наречен поблиску прв стан е полн со пропусти и недоречсности и истиот без финансиска конструкција преставува една голема популистичка мерка.
Во членот 9 во ставовите 2, 3 и 4 се вели дека каматната стапка на кредитот од овој став, алинеја 1 од овој член кај се субвенционира месечен ануитет може да изнесува најмногу 4,99% годишно во првите три години.
Понатаму, во наредниот став се вели дека по истекот на период од три години во следните две години може да се зголеми најмногу за 10% итн, во интерес на времето да не ги читам до крај. Овде на банката се остава можност да ја зголемат каматата по истекот на трите години од одобрување на кредитот и тоа за цели 10%, според ставот 3 на овој закон. Тоа практично значи дека по истекот на првите три години каматната стапка може да се зголеми од првобитните 4,99% на 14,99%.
Понатаму, во истиот член во ставот 7 се вели дека средствата за субвенционирање на кредитот од став 1 алинеја 2, тоа се однесува на кредитирање на половина од учеството за станот или куќата, што не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 6250 евра, корисниците се должни да ги вратат до Министерството за финансии по истекот на 20 години од денот на одобрување на кредитот на пет еднакви годишни рати. Од овој став станува јасно дека воопшто овде не станува збор за никаква субвенција, туку за крајно популистичка мерка. Доколку Владата сакаше навистина да го реши станбеното прашање на македонските граѓани, а особено на младите брачни парови, ќе обезбедеше бесповратни средства наместо да понуди вакво класично кредитирање со грејс период од 20 години.
Исто така овде со овој закон се остава простор процесот на селекција и одлука за доделување на станбени кредити да биде ставен исклучиво во надлежност на Министерството за финансии. Овде лесно може да дојде до нерамноправен третман на граѓаните или пак нивна дискриминација. Пред да се донесе едно вакво законско популистичко решение најдобро би било да се земат искуствата и примерите од нашето опкружување, кои исто така имаат донесено едно вакво законско решение во текот на 2011 година, да се земе искуството од Србија или од Хрватска и за разлика од овој проект каде што се се централизира во Министерството за финансии, и во Србија и во Хрватска се основани посебни органи на државната управа за осигурување и гаранција на субвенционираните кредити. Во Србија е формирана Националната комисија за осигурување на станбени кредити, а во Хрватска Агенцијата за правен промет и посредување со недвижности. И во двете држави субвенционирањето е вистинско субвенционирање, со точно утврдена каматна стапка и прецизно наведени буџетски импликации.
Сега се поставува прашањето зошто Владата без никаков проблем и без никаква одговорност фрли во вода 14 милиони евра за пописот, зошто не издвои од Буџетот пет милиони евра годишно за целосно или делумно да субвенционира камата за одреден период за станбени кредити за граѓани на возраст од 45 години кои немаат стан или во моментот на користат станбен кредит.
Овој закон воопшто не е во интерес на граѓаните на кои постојано се повикуваме, тој е крајно популистичка мерка, а дека се работи за тежок популизам почитувани колеги, ако ја свртите првата страна на законот, ќе видите изненадување, потпишат е премиерот Никола Груевски. (смеење)
Да, многу е смешно колеги, ама во негово име вие го гласавте Законот за амнестија, Законот за попис, Законот за знаме, Законот за јазик, каде што никаде не стоеше потписот на премиерот Груевски, а овде бидејќи треба да се сликаме пред камери и да шириме популизам, да ги лажеме граѓаните, овде е потпишан премиерот Груевски. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Благородна Дулиќ има реплика, повелете.
Благородна Дулиќ: Благодарам.
Колеги, што се мачите со дискусиите, гласајте против, отворено кажете дека сте против овој закон и да завршиме работа! Сте се наредиле тука 30 души за дискусија и велите ќе го подржиме „ама“. Војвоѓаните велат: оно али што девојци среќу квари. Ајде сега, што дискутираме ние денес. Секоја седница чици 6000 илјади евра. Се исплати ли вие 30 души колку сте се пријавиле да го зборувате истото па истото. Што сме ние и граѓаните должни тоа да го слушаме, на крајот на краиштата. Дајте соодветно да дадеме, тројца ние, тројца вие, ама 30 спрема двајца дискутанти не е исто.
Според тоа колеги, бидете мажи, кажете ние сме против овој закон и готово, да завршиме, а ние ќе ги кажеме добрите страни на законот, па граѓаните нека гледаат и ценат што ќе прават во иднина. Тука основно е да им се овозможи на младите брачни парови наместо кирија да вршат отплата на стан и на тој начин да се стекнат со право на сопственост на стан или куќа. Дали условите се добри или лоши ќе проценат сами, меѓутоа, колку што знам ова се очекува со раширени раце од граѓаните, да се донесе законот и да се утврдат условите за кредитирање на становите. Според тоа, бидете доблесни еднаш, повлечете се од дискусија, концентрирајте се каде мислите да интервенирате со амандмани. Добро е тоа да го сторите, драго ќе ни биде нешто да прифатиме ако е добро и во интерес на граѓаните, меѓутоа, повеќе не не малтретирајте.
Достарыңызбен бөлісу: |