Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени



бет4/8
Дата06.07.2016
өлшемі480 Kb.
#181748
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7   8

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Билјана Казанџиска има контра реплика, повелете.



Билјана Казанџиска: Благодарам.

Колешке Дулиќ, ајде да го затвориме Собранието, зошто да дебатираме. Зошто вие секоја наша дебата и секоја наша сугестија ја сфаќате како некоја критика? Соберете си ги пратениците кои шетаат по ГТЦ, нека дојдат овде, нека прочитаат еден закон и нека дадат свое мислење, па да дебатираме. Ако вие мислите дека овие компаративни искуства што ги понудив од останатите земји се лоши, многу сте грешка, не знам каде го најдовте проблемот и грешката во тоа што ги понудив компаративните искуства на земјите кои веќе имаат вакво законско решение. Посочете и на колешката Танчева, Кузмановска, заменик министерот, зошто зборуваат за законот! Нема потреба, ќе гласаме и готово!



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Илија Китаноски има процедурално, повелете.



Илија Китаноски: Благодарам претседателе.

Сакам да интервенирам процедурално на она што колешката сакајќи да дебатира и се залага за демократија ги навреди пратениците пред се од парламентарното мнозинство и сите други дека за време на работата шетаат низ ГТЦ. Ако е така, ги молам камерите да ја прикажат целата сала да видиме чии седишта се празни и колку пратеници има на страната на опозицијата, ако веќе одиме така, на тој начин.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Би ве замолил колеги да не се оговараме, не е коректно да се оговараме кој каде одел и што правел, не е доблесно.

Господинот Димков Трајче има реплика, повелете.

Трајче Димков: Благодарам.

Почитувани колеги, почитувана колешке, првото што го кажавте противзаконско, противуставно, ќе гласате - не можам да ве разберам, ако е така зошто би гласале.

Ќе бидам краток, само неколку моменти за волја на вистината и на граѓаните да им кажеме, скоро сите пратеници од опозицијата до сега, вклучувајќи ве и вас кажавте дека тој проект е копиран и украден од вашата програма. Само ќе ви кажам една работа, во текот на кампањата, во текот на предизборието имав забелешка во однос на нашиот штаб зошто доцни Манифестот, не беше испратен. Одговорот беше затоа што ако го пуштиме сега пред почетокот на изборите, голем дел од проектите ќе ги украдат, ги крадат и ги препишуваат и после ќе ги пласираат како нивни. Тоа беше факт што го докажавме тогаш. Имавме и отчет и Манифест и го сработивме тоа што им го нудиме на граѓаните.

Би сакал да ви кажам една работа, а тоа е кога зборуваме за вистината многу работи излегуваат на виделина, дали некого навредувал, напаѓал, дали му се заканувал, дали некој крадел струја, дали не платил данок, дали имал неплатен данок итн, се ќе излезе на виделина. Ме обвинивте многу пати за работи што не сум ги направил, ја изманипулиравте вашата пратеничка група и вашиот координатор да зборува против мене, што не беше фер, меѓутоа, кога зборуваме за вистината и тогаш и сега ќе излезе на виделина што е вистина, кој го предложил овој проект, кој се залагал за граѓаните. Јас би сакал да кажам и морам да констатирам со жалење бидејќи вие еден ваков закон кој ќе биде во функција на граѓаните, на младите луѓе, на младите брачни парови на кои треба да им се помогне во животот понатаму, во стартот на животот да тргнат и да најдат подобар живот и бидат посреќни, вие сега наоѓате забелешки, па велите ќе гласаме, па нема да гласаме. Сега ќе гласате или нема да гласате? Не узурпирате цел ден, трошите пари, не обвинувате дека трошиме пари (реакција) каде се вашите пари што ќе седиме тука со часови, еден куп работи што ќе ги направиме. Не е фер, не обвинувате нас, а всушност ...

Ќе ве молам само да докажам уште една реченица, госпоѓата Шекеринска и Марјанчо ако може да се искажам.

Би сакал само да ги замолам, доколку се грижат и водат сметка за сопствените граѓани и сакаат да им помогнат, треба да имаат еден друг и поинаков приод кон работата. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Се извинувам колеги, на секого му е дозволено да се пријави согласно Деловникот и ќе добие можност да зборува.

Госпоѓа Билјана Казанџиска има контра реплика, повелете.

Билјана Казанџиска: Благодарам.

Колега Димков, не знам зошто ми реплициравте, она што ви лежеше на срце сакавте да го кажете. Јас ви ги посочив членовите од Уставот и Деловникот зошто овој закон е противуставен и противделовнички, а бидејќи сакате да излезе вистината на виделина, колега Димков ќе ве прашам: дали ги плативте законски парите на луѓето кои издржуваат казна затвор, а им следуваат со Законот или им пративте луѓе за да ги замолчат. Еве, ако сакате вистината да излезе на виделина. Бидејќи не сакате да учествувате во никаква расправа а вашите реплики се насочени само кон лична дискредитација, зошто воопшто доаѓате на седници. Очигледно ви е здодевно на седниците. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Колеги пратеници, тука ја прекинувам седницата.

Продолжуваме во 15,15 часот.

(Пауза)

(По паузата седницат продолжи во 15,23 часот)

Светлана Јакимовска: Продолжуваме со работа.

Има збор госпоѓа Кузмановска Лилјана, повелете.



Лилјана Кузмановска: Почитувана потпретседателке,

Почитувани колеги пратеници, почитуван заменик министер, денес пред нас е закон што со своите законски одредби и предложен од Владата на Република Македонија се разбира ќе донесе позитивни импликации на голем дел на граѓаните на Република Македонија, а пред се на онаа ранлива категорија на граѓани кои немаат сопствен дом, сопствено живеалиште.

Се однесува на млади брачни парови, пред се и тоа луѓе кои се со ниска куповна моќ и оваа група на граѓани до сега не биле во можност, согласно нивната економска куповна моќ, да си обезбедат свое живеалиште.

Целта на овој закон е субвенционирање на станбени кредити и надминување на овие проблеми и во таа насока Владата на Република Македонија го реализира она што во периодот изборен го презентираше пред граѓаните на Република Македонија го спроведува тоа и ќе биде донесено се разбира со прифаќање и на опозицијата, а во изминатите неколку часови слушнавме и од опозицијата и ако во сите сегменти од нивното излагање навистина слушаме негативни критики, ако се однесува на овој закон кој тие ќе го прифатат.

Значи од периодот од 2011 до 2015 година ќе се започне со реализација на два проекти и тоа изборот ќе го вршат граѓаните согласно нивната желба, односно оние проекти кои сметаат ќе им донесат поволности.

Првиот проект ќе се однесува пола пола рата за првите пет години. А вториот проект е 50% учество за купување стан, односно изградба на куќа. Иако неколку дискутанти ова го кажаа, јас ќе го повторам затоа што интересот на граѓаните е доста голем, и се разбира Владата прва влада во овој изминат период наназад многу години, работи директно на субвенционирање и значи подршка на граѓаните за купување на свое сопствено живеалиште.

Услови за користењето на субвенциониранот кредит се максималниот износ на кредитот да не биде поголем од 50 илјади евра и секој поголем износ всушност ќе го субвенционираат односно ќе го вложуваат самите граѓани. Рокот на отплата е 20 години максимален рок на отплата, што значи помали рати за лицата што ќе го земат овој кредит. Каматната стапка во периодот од 3 години ќе изнесува 4,99%, а во наредните години до петте години ќе биде максимално до 10% од утврдениот износ. Значи ќе се зголеми најмногу за 10% од утврдениот износ. Тоа се поволни услови кои граѓаните со нетрпение ги очекуваат, донесувањето на овој закон, продажната цена на станот не треба да биде поголема од 900 евра за квадрат.

Се разбира со предложениот закон ќе се овозможи и развој на градежништвото како гранка, се разбира поголемо учество и на вработени во таа дејност и со тоа во економијата ќе се направи една поголема лепеза на чинители кои ќе се вклучат во реализирањето на овие два проекти.

Вториот проект 50% учество за купување стан односно изградба на куќа и во овој случај максималниот износ на станот не треба да биде поголем од 50 илјади евра, но во овој случај не смее да надминува од учеството на кредитот 25% од кредитот, значи, доколку ратата и учеството на лицето што го зема кредитот е 12 илјади и 500 евра 6.250 е учество на државата. Рокот на отплата е исто 20 години, ако се работи за кредитот да не надминува повеќе од 900 евра.

Понатаму, во законот точно е наведено кои членови го дефинираат и е многу важно што членот 8 го задолжува односно Министерството за финансии објавува јавен повик за прибирање понуди за избор на банки. Многу важно затоа што банките сепак работат во својот дел за стварање на профит. Меѓутоа во договорот, слушнавме и преку медиумите, и позитивната клима она што сака да го направи Владата многу банки ќе се јават на овој јавен повик и ќе учествуваат во делот на давањето на станбени кредити, а се мотивирани затоа што навистина ќе биде поголемото земање на овие станбени кредити.

Во членот 10 е дефинирано да Министерството за финансии објавува јавен повик и ги повикува заинтересираните лица да аплицираат за добивање на овој субвенциониран кредит. Зошто е ова вака и зошто во претходните дискусии слушнавме дека не треба да се јавува Министерството како уште еден чинител, треба да ги оставиме само банките да ги завршат оваа задача, значи, ќе потсетиме, бидејќи се работи за парични средств, за работи што се одвојуваат од буџетот, секоја година, се разбира дека треба да постои селекција и избор на лица кои ќе ги исполнуваат критериумите за да можат да добијат кредит. Не се работи за никакви привилегии, односно привилегирани лица да го добијат овој субвенциониран кредит. Оние категории на лица кои ќе бидат во најкритична состојба, односно имаат многу ниски парични примања кои ќе достават документи, дека немаат во своја сопственост дом, односно живеалиште, тие лица ќе бидат први односно ќе имаат примат при изборот за добивање на ваков субвенциониран кредит.

Во ставот 10 е дефинирано, да по завршувањето на јавниот повик и добивањето на сите одлуки за предодобрување на субвенционираниот станбен кредит Министерството за финансии спроведува постапка на избор на корисници по електронски систем за избор. Значи со самото ова се исклучува секоја друга манипулација дека ќе се прави на листа на привилегирани лица. Се вклучува најреалниот електронски систем за избор.

Со овој закон и овие два проеки Владата ја потврдува посветеноста и целосната подршка кон решавање на проблемите од нашето секојдневие, подобрување на животниот стандард и подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија и се разбира поттикнување на повеќе сегменти од економската сфера кои ќе донесат позитивна клима за развој на системот односно на економијата во земјата. Благодарам.

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавен господинот Милетиќ Драгиша, повелете.



Драгиша Милетиќ: Благодарам.

Почитувана колешке,

Никој од вас ни на говорница, ни во реплика не кажа колкави се средствата што се издвоени. Затоа што е тоа еден основ за да видиме колку ќе го чини Буџетот на Република Македонија овој проект, за да се знае колку од прилика граѓани може да реплицираат.

А тоа што велите дека нема да биде селективно, дека ќе биде по електронски пат имавме искуство од минати случаи кога се доделуваа социјални станови и имаше многу забелешки, па потоа се исправаше па некои луѓе добија стан што порано не добиле. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор госпоѓа Евтимовска Јовковска Дивна, повелете.



Дивна Евтимовска Јовковска: Благодарам.

Почитувана потпретседателке на Собранието, почитуван заменик министер, колеги пратеници.

Сметам дека законски проект кој има за цел да помогне околу обезбедување на покрив на глава на одредена категорија на граѓани заслужува и внимани и сериозна дебата.

Како пратеник на СДСМ впрочем и како останатите колеги од нашата пратеничка група, со внимание го анализирав предлогот на Владата и во таа анализа во сите можни аспекти го споредував со проектот „Поблиску до прв стан“ кој СДСМ го промовираше пред една година.

Без никакви претензии или лоша намера го правев бидејќи се работи за една иста идеја што е разработена на два сосема различити начини.

Гнерално, целта на двата закони е државата да им помогне на младите брачни парови и другите млади лица со ниски месечни примања да можат да дојдат до сопствен стан. Околу една таква хумана и благородна цел нема и не би требало да има никакви дилеми дали и колку е издржана или не. Сепак едно е да се дебатира оклу проекти од изборните програми, а друго е да се дебатира за проект што претндира да стане законско решение.

Зошто го говорам ова? Од едноставна причина што, колку и да сака човек без збор да даде подршка на предлог закон од ваков тип, решенијата до кои дошол предлагачот во ова фаза на прво читање оставаат многу простор за дискусија. Толку многу простор што се проблематизира и самиот предлог кој, вака како што е срочен повеќе личи на проект од Медија план за рекламирање на Владата отколку на издржано законско решение што нуди трајни и квалитетни решенија за евидентен и присутен проблем.

За да не бидам пограшно сфатена и за да не испадне работава дека мене, вака какошто е даден овој предлог не ми се допаѓа и не ми е прифатлив само затоа што сметам дека СДСМ нуди ногу подобар проект и дека наоѓајки недоречености, лоши решенија и сл. сакам да искритикувам затоа што припаѓам на опозицијата, се потрудив, како примери за компарација ги зедов најсвежите примери од нашето најблиско опкружување.

Имено, субвенционирање на станбени кредити со закони од оваа година се регулирани во соседна Србија и Хрватска. Кога ќе се земат во рака сите 4 проекти кога навистина ќе се направи една сериозна акализа на сите нив, излегува дека овој на нашата Владата по кој расправаме денеска, е најразличен од сите нив.

Прво, во него премногу претенциозно е нагласена централистичката улога на државата преку министерство за финансии што се јавува преку повеќе својства. Покрај фактот што се работи за закон од сферата на финансиите, Владата не дава ниту првлижни показатели за финансиските инпликации и, згора на се, ваквиот закон како што е предложен е најголема замка за несигурност на граѓаните на кои би требало да им се помогне.

Но, еве да одам со ред со забелешките за што се надевам дека предлагачот ќе ги земе во предвид во понаамошната постапка на подобрување на ова првично решение. Се разбира до колку сака и до колку има сериозна намера овој првичен материјал што е даден за денешната расправа повеке личи на синиопсис за снимање на реклама за достапноста на станови отколку на закон што реално може да го овозможи тоа.

Првата моја сериозна забелешка е фактот што предлагачот ни наметнува ситуација да ние пратениците расправаме за нешто без да знаеме за што. Значи, како и некои колеги што спомнаа претходно и јас ќе нагласам дека Собранието, според Деловникот за работа на највисокиот законодавен дом во државата, мора да знае колку ќе чини овој проект. Иако мора, таква информација, овој предлог не нуди.

Второ, доста дискутабилни и за мене неприфатливи се одредбите содржани во членот 9 од Предлогот и тоа по неколку основи. На пример во ставот 6 во кој се дефинираат условите под кои средствата можат да бидат неповрати ја отворам дилемата, што ако заради објективни услови или условно речено виша сила или намалена кредитна способност на корисникот, што не е за чудење во сегашниве услови и времиња, исплатата не биде рeдовна.

Уште подрастичен пример, со кој што во старт се побива благородната цел на законот или се девцалвира истата е ставот 7 од истиот член. Имено, со овој став се регулира обврската на корисникот на кредитот, средствата што како субвенција ги добил од државата да ги врати по 20 години без камата во 5 еднакви рати.

Дали ова значи дека ние нисиме законски решенија за некаков вид на позајмица, а заради популарност на законот во народот му даваме звучно име субвенционирање? Ова не е во ред.

Има и други некоректности, као на пример неизвесноста со каматите.

Да не должам со времето, сакам генерално да ги сублимирам моите забелешки во една до две завршни реченици.

Прво, недопустливо е, некоректно и против правната логика , како пратеници да бидеме ставени во ситуација да се определуваме дали сме или не сме против овој предлог на закон што, иако има финансиска суштина,иако мора, сепак не кажува за копја сума на финансиски импликации по Буџетот се однесува.

Второ, во првичните решенија, иако не би требало ни да се помисли на таква варијанта, пренагласена е улогата на Владата што повторно сака, на терен, со неутврдени и матни правила да биде главен играч.

Трето, со вака замислените павила услови, ако сакате и критериуми не само што не се гарантира, туку и сериозно се задира во правната сигурност на граѓаните, идни корисници на овие божемни субвенции.

Поентата ми е, до колку Владата има искрени и сериозни намери за побрзо доаѓање на стан на определени категории на граѓани, треба да утврди конкретна сума во Буџетот, со која ќе се обезбеди примената на овој закон, јасно да ги утврди правилата и критериумите и да сфати дека законските решенија треба да се креираат и носат според можностите на државата за да им служат на граѓаните, а не според маркетинг потребите на власта здравството ада служат за ПРстратегија на власта.

Многу искрено очекувам дека во следната фаза предлагачот ќе има слух за овие забелешки. Благодарам на вниманието.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Велјановски Митре, повелете.



Митре Велјановски: Благодарам потпретседателке.

Колеги пратеници, верувам ќе се согласите со мене дека во секоја цивилизирана земја чин на пристојност е, доколку се користи туѓа идеа, да се соопшти чија е таа идеа и во најмала мера повторно чин на пристојност е да се изрази благодарност за таквата идеја.

Факт е дека пред повеќе од една година СДСМ имаше доблест да и понуди на Владата на ВМРО-ДПМНЕ проект наречен Стан за секого и сеуште сметаме од СДСМ дека тој проект, таа идеја беше многу подобра. Доблест е на власта да ја разгледа и таа идеја, да размисли, да го повлече ова законско решение и да се определи за варијантата што ја предлагаше СДСМ, се разбира, доколку Владата има навистина искрени намери да им помогне на луѓето кои не можат да дојдат до стан.

Се сомневам дека со ова законско решение дека ќе се помогне многу во тие намери, затоа што дефинитивно оние категории, социјални категории, најбројните се во најтешка позиција да дојдат до стан. Доколку се направи математика, ќе се дојде до сознание дека луѓето кои остваруваат или семејствата кои оставруваат приход од 500 до 600 евра месечно, дефинитивно овој закон не им значи ништо.

Матрицата е направена, некаде оптимална просечно околу 900 евра минимум да се има во семејство, за да може некако да се земе овој подарок од Владата. Инаку, ова личи на Данајски подарок, што апсолутно, на оние на кои најмногу им треба, ништо не им значи.

Еве една проста математика, семејство што има приходи 600 евра и ако се одлучи да го земе овој кредит, во првите пет години додека Владата плаќа половина од ануитетот, некако и ќе може семејството да ги подмирува обврските по кредитот. Што ќе се случи во наредните 15 години? Јас не верувам дека тоа семејство, дај Боже приходите да му се зголемат пет пати, десет пати, ќе нема никаков проблем. Ако останат истите приходи, а поведено од популизмот на Владата дека ова е многу олеснителна околност, се реши да го земе кредитот, што ќе се случи после третата година, дополнително ќе ги заглавиме огромен број семејства. Зтоа, почитувани пратеници немојте да поставувате апсурдни прашања за што тоа дискутирала опозицијата. Посебно власта треба да дискутира. Немојте да земате здраво за готово работите дека предлагачот што го направил овој закон дека и господ бог, дека е безгрешен и дека нема проблем. Од друга страна, немојте да мислите дека во секое семејство има по еден експерт кој ќе може до не знам која децимала се да пресмета и да знае колку треба да плаќа или да враќа по 20 години.

Спориме овде субвенција е, не е субвенција, другиот дел од проектот. Другиот дел од проектот е класичен заем, безкаматен заем, да бидеме точни и прецизни, кој треба да се врати после 20 години. Но, попроблематичен е оној првиот проект пет години каде Владата субвенционира половина од ануитетот. Затоа треба на нашите граѓани, ако имаме навистина чесни намери, целата математика треба до крај да им ја кажеме бидејќи она што го реков, да не повторувам, семејство со 500-600 евра приход ќе се дрзне да го земе овој кредит. Пет години додека плаќа во ред. Што после тие 15 години натаму.

Понатаму околу што треба да размислиме е следното. Зошто семејството да не може да го врати кредитот. Зошто, ако имаме искрени намери, кого штитиме овде, дали власта ја штитиме или граѓаните ги штитиме. Зошто да не може, тој што го земал кредитот да го врати пред време. Ако го врати не важи субвенцијата од Владата. Дали тоа го правиме за банките да им биде подобро или го правиме за граѓаните. ако го правиме за граѓаните чиста логика е секој оној што смогнал од икс причини, добил наследство итн., да може кога сака да го врати кредитот и без потреба да не плаќа 15 или 10 години дополнително трошоци, реков доколку имаме искрени намери. Но од овие работи гледаме дека не се до крај искрени намерите и ние не сакаме на оние на кои навистина не можат да обезбедат од сопствени приходи кров над глава да им го овозможиме тоа. Верувајте со 900 евра, тие луѓе можат и самите да си го обезбедат станот без да им помогне Владата. Има уште многу дилеми за кои може да се зборува, но најпроблематичната дилема, повторно доаѓаме таму каде што повторно се замешува политиката.

Во член 10 ставовите 10 и 11 каде изборот ќе го прави Министерството за финансии, повторно имаме политика, а таму каде што имаме политика нема многу искреност и нема многу да им помогнеме на оние на кои навистина тоа им е потребно. Истото беше со социјалните станови и таму политиката ги замеша прстите и таму се направија многу повеќе кавги, многу повеќе незадоволства и станови добија многу повеќе луѓе кои се во подобра материјална состојба од оние најзагрозените. Ќе ви посочам само еден пример од Охрид.

Човек од Кичево вработен во Агро Охрид, замина од Аеродром со пристојна отпремнина, вработен како директор на ДОЕЛ ЕМО и тој човек зема социјален стан и тоа во зградата каде што премиерот Груевски се сликаше и го презентираше проектот за социјалните станови. И овде доколку има политика, доколку одлучува министерството, не може никој да остане имун на тие политички притисоци, на тие партиски келии, кои ќе ги прават списоците. Значи доколку имаме искрена намера да им помогнеме на оние на кои насушно им е потребен кров на глава, најсиромашната категорија, сметам дека овој закон треба да претрпи многу измени и сметам дека предлогот на СДСМ во таа насока е многу покоректен и подобар.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Има збор господинот Емилијан Станковиќ, повелете.



Емилијан Станковиќ: Благодарам.

Очигледно денешната дебата кај владеачкото мнозинство буди мал интрес иако овој проект за кој денес разговраме, кој е преточен во еден Предлог закон, беше бомбастично најавен како еден многу важен проект што Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе госпроведува во пракса.

Искрено верувам дека сите дискусии на пратениците на СДСМ, вклучително и мојата, претставникот на Владата, а посебно пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе го сфатат добронамерно бидејќи сепак како пратеници имаме обврска и одговорност да ги исполнуваме барањата на граѓаните односно решавањето на нивните проблеми за проблемот за кој денес разговараме, а тоа е станбеното прашање.

Моите колеги во претходните дискусии говореа за начинот на кој ВМРО ДПМНЕ се однесува кон проектите што СДСМ ги предлага. Јас сакам само да отворам една дилема и еден сомнеж, зошто, ако е толку важен овој проект за ВМРО ДПМНЕ, зошто, ако тој токлу бомбастично се најавуваше во изминатиот период дека ќе биде клучен проект на Владата на ВМРО ДПМНЕ, денес министерот Ставрески не е тука присутен како предводник на финансиската политика на оваа Влада туку тука ја претставува Владата заменик министерот кој што е патем претставник на ДУИ.

Една колешка од ВМРО ДПМНЕ ми дофрла дека имал работа. Да биде претставик во Парламентот исто така е работа, но еве денес што работи министерот Ставрески.

Иако вети, денес објавува дека Министерството за финансии ќе се задолжи или ќе се позајми уште 14 милиони евра од домашниот пазар на капитал со продавање на тримесечни записи. Да ве потсетам дека нешто што беше ветување на министерот за финансии Зоран Ставрески дека нема повеќе да се задолжува на ваков начин и дека нема да ги исцицува парите на стопанството туку ќе ги инвестира за развој и отворање на нови работни места. Дополнително се планира, тоа вели денес министерот Ставрески, дека ќе се издаде и пет годишна обврзница со која од економијата дополнително ќе се извлечат уште најмалку 50 милиони евра.

Зошто го цитирам тоа што денес го прави Ставрески. Се плашиме дека проектот кој денес е преточен во Предлог закон всушност е уште еден маркетиншки трик или гол популизам на ВМРО ДПМНЕ, дека така како што е предложен апсолутно не дава за право да веруваме дека ќе биде целосно имплементиран во пракса и дека на таков начин ќе се реши овој горлив проблем на граѓаните.

Иако моите колеги кажаа, јас ќе се вратам малку наназад. Кога го предложивме овој проект односно претседателот на СДСМ го предложи пред повеќе од една година, тогаш му дадовме работно име стан за секого што поточно во програмата беше преименуван поблиску до прв стан, беше дел од изборната програма на СДСМ, тогаш потпаролот на ВМРО ДПМНЕ се смееше и се обидуваше да прави некаква алузија со тоа што реагираше и вели, вака како што тргнува СДСМ ветува се и сешто, а псолутно ништо не оствариле во пракса. Кога наеднаш ВМРО ДПМНЕ, на ист начин како што тоа беше случај со легализацијата на дивоградби, како што беше тоа случај со СОС продавниците, со Законот за справување од енергетска сиромаштија и со минималната плата, кога СДСМ ги предлагаше а ВМРО ДПМНЕ се смееше, Владата ги фотокопираше и тие проекти ги претсавуваше како свои. Но, тоа не е проблем. Проблем е, очигледно за да не биде идентичен предлогот како што е предложен од страна на СДСМ, Владата на ВМРО ДПМНЕ се обидува да го модификува, но очигледно на полошо. Ако овој предлог е толку сериозен како што тврди министерот за финансии и ВМРО ДПМНЕ, министерот кој не е тука, а така одговараше на нашите предлози и прес конференции, зошто овој предлог денес нема финансиска рамка колку точно ќе има издвојување од буџетот на Република Македонија за оваа потреба. Ние во нашиот предлог направивме пресметка дека тоа на годишно ниво ќе чини 5, 2 милиони евра субвенции од буџетот, дека тоа ќе значи три пати зголемување на станбените кредити кои ќе овозможат Владата и банките да станат партнерви во овој процес, што е неизбежно, доколку сакаме да ги избегнеме шпекулативните камати кои како можност се јавуваат во ова законско решение, зошто оваа Влада не излегува со конкретна пресметка. Ова дава за право да се зомневаме дека оваа Влада нема апсолултно никаква намера овој проект доследно да го оствари, бидејќи ако тоа сакаше да го направи, ако земеме во предвид дека во изминатите четири години или пет, потроши 4 милијарди евра повеќе од сите претходни влади, и досега можеше овој проект да го спроведе, а можеше да почне да го спроведува и во 2011 година ако се откажеше само од еден проект, да не ја градеше триумфалната капија тоа ќе беше доволно овој проект веќе во тековнава 2011 година да се спроведува во интерес на граѓаните.

Почитувани колеги, ќе завршам со неколку конкретни забелешки. Мислам дека ќе имаме можнмост во текот на втората фаза на овој закон да ги видиме искрените намери на Владата бидејќи ќе се обидеме да интервенираме амандмански и да го подобриме предложениот текст, ќе дадам неколку забелешки кои се најбитни и сметам дека се најштетни за граѓаните.

Не можам да разберам и тоа заменик министерот за финансии не одговара, што значи предлогот или член 9 став 3 од Предлог законот каде што се овозможува, после истекот на три години од користење на кредитот, банките за 10% да ги зголемат каматите на овие кредити. Ова е токму тоа што го зборувавме. Значи во нашиот предлог кој ВМРО ДПМНЕ погрешно го ископира, постоеше можност или постои механизам да се спречат овие т.н., шпекулативни камати кои не одат во прилог на граѓаните. Ако остане ова вака, ако земеме предвид дека каматната стапка може да рипне од 4,99% на 14,99%, каква услуга ние денес им правиме на граѓаните. Тие и во нормална процедура, согласно условите што ги имаат комерцијалните банки во Република Македонија, може да земат станбен кредит. Државата нема да помогне туку ќе одмогне, ќе ги стави во неповолна ситуација.

Не сакам да говорам за тоа што граѓаните во случај на предвремена отплата ќе треба да ги вратат сите средства.

Сакам да искоментирам уште една забелешка што мислам дека е клучна и што ВМРО ДПМНЕ свесно ја поставува сега во пресрет на локалните избори. Тоа беше случај со социјалните станови. Истиот начин за ловење на гласови и начин и механизам за отценување на граѓаните ќе биде и ова што го предвидува сега во Предлог на законот. Со кое право Министерството за финансии ќе прави дополнителна селекција на граѓаните кои, без разлика што ги исполниле условите на банките, ќе треба да поминат уште еден филтер, ќе поминат филтер на институција предводена од висок функционер на ВМРО ДПМНЕ каде што ќе треба да се направи список на граѓани кои ќе може да ги користат правата што ги нуди овој закон. Тоа значи апсолултно мешање на политиката и значи привилегирање на едни за сметка на други. Тоа не е целта на овој закон. Законот треба да важи за сите подеднакво, а не да се користи и да се злоупотребува за политички цели.

Нашите намери се искрени, добро е што ВМРО ДПМНЕ го презема овој проект бидејќи навистина е автентичен, социјалдемократски проект и се надеваме дека во второто читање, ако има искрени намери Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе ги прифати нашите амандмани за конечно заеднички со консензус да донесеме еден закон што навистина ќе реши еден голем проблем како што е станбеното прашање.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет