Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени



бет2/8
Дата06.07.2016
өлшемі480 Kb.
#181748
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7   8

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Николов Марјанчо има контра реплика, повелете.



Марјанчо Николов: Благодарам претседателе.

Јас се согласувам исто така со колегата Изет Зеќири дека немаме анализа на Владата дали овој проект ќе придонесе за зголемување на цените на становите по м2. Реков во дискусијата во Велес цената по м2 изнесува 550-650 евра. Еве, да речеме дека е 600 евра, со овие услови што ги предлага Владата можете да купите еден стан од 60м2 по цена од 54 илјади евра. Ако цената во Велес заради зголемениот интерес се зголеми од 600 на 700 евра, за 60 м2 едниот стан ќе биде поскап за 6000 илјади евра, или онолку колку што Владата планира да субвенционира еден кредит. Тука нема субвенција, пак парите ќе ги земат оние што ги продаваат становите додека граѓаните нема да поминат поефтино, ниту Владата ќе придонесе за некој ефект.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Илија Китаноски има реплика, повелете.



Илија Китаноски: Благодарам претседателе.

Почитуван колега Николов, и од вашето излагање сите добивме впечаток дека СДСМ и опозицијата ќе го подржи воој проект и тоа е добро, бидејќи ова е проект што треба да се подржи бидејќи го подржуваат граѓаните на Република Македонија. сите тие на избори гласале повеќе за нас отколку за вас, меѓутоа гласале и за вас. Затоа треба да се подржи, бидејќи граѓаните го подржуваат.

Околу тоа чие е авторското право на проектот, јас не знам точно да ви кажам, знам само дека е составен дел на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, Манифестот за реформи, во него е напишан и законот и сега е дел од владината програма за работа во наредниот четиригодишен период.

Сакам да реплицирам во три сегменти од вашето излагање и ќе се обидам тоа да го направам во овие две минути што ми преостануваат. Едниот дел е во поглед на предолгиот рок на отплата на кредитот, што според вашето кажување не е во интерес на корисниците на кредитот. Напротив, можете да направите анкета и да прашате било кој корисник на кредит дали му е во интерес подог рок на отплата на кредитот. Секој барател на кредит, граѓанин или институција, бара кредит со подолг рок на отплата за да може ануитетот месечен да му биде поподнослив, бидејќи го исплаќа од редовните примања.

Второ, зошто не е дозволено пет години после отплатата да се отуѓува станот. Затоа што Владата или државата ги субвенционира оние кои немаат сопствен стан за да добијат сопствен стан, а не да дозволи можност со тие станови да се прави трговија. Тоа ќе може да го прават пет години откако ќе станат сопственици на тој стан. И третото, принципот за кој вие се залагате, а го критикувате принципот кој што е востановен во законот што е многу егзактен, квантифициран, со квантитативни показатели, за изборот на, бидејќи претпоставуваме ќе има многу, бидејќи граѓаните го подржуваат проектот, ќе има многу заинтересирани, принципт прв дојде прв услужен вие за кој што се залагате е најмногу подложен на субјективизам и вие тоа добро го знаете и е исто така подложен на можна коруптивност, затоа што нема квантитативни податоци ниту некоја можност за мерење на кој начин ќе се мери, кој тоа прв дошол, луѓето ќе чекаат ред, ќе земаат ливчиња како во Мобимак или Космофон, па ќе им биде тоа откуцано електронски или како. Отвора големи можности за коруптиност и за субјективизам.

Додека во законот е точно кажано кои се критериумите, месечни приходи на барателот и неговиот брачен другар, висината на бараниот кредит, барателите со пониски примања или барателите на помал износ замаат кредит, се се тоа кванитфицирани критериуми со бројки каде што најмалку има простор за субјективизам.

И околу цената за квадрат, цената во самиот закон е ограничена, 900 евра по квадратен метар многу ретко можете да најдете стан во Скопје. Можеби ќе се најде, тоа ќе биде веројатно во помалку атрактини локации и со тоа и она што го кажа колегата Изет ќе биде елиминирано во самиот закон. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господин Николов Марјанчо контра реплика, повелете.



Марјанчо Николов: Благодарам.

Колега Китаноски, прво околу дискриминацијата што ја воведувате со законот со можноста за дополнителна селекција од страна на Владата. Прв дојден, прв услужен е многу јасно. Владата одобрува 1000 субвенционира кредити, се пријавува 1000-тиот заинтересиран граѓанин за учество, не примаме више пријави. Сите се услужени. Дали ме разбирате. Нема субјективизам, тие 1000 први дошле, си завршиле работа, си ги земале кредитите. Тој ваш електронски систем гледаме како функционира на социјалните станови. Луѓето плачат и ги исполнуваат условите, ги давате социјалните станови на луѓе кои што имаат подобра материјална положба од тие што не добиле. Тука има субјективизам иако вие се криете зад електрониката. Јас знам редица пример. Не викам дека е тоа масовна појава, меѓутоа има редица, така да прв дојден, прв услужен на 1000, после 1000-дитиот не се примаат веќе барања.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор господинот Орцев Панче, повелете.



Панче Орцев: Благодарам претседателе.

Почитувани колеги, почитуван заменик министер,

Сигурно дека ако се анализира состојбата во Република Македонија во делот на тоа колкав број на луѓе, фамилии живеат во туѓи станови, живеат под кирија, или колкав е бројот на млади луѓе кои што немаат свој сопствен дом и живеат со своите родители, а исто така млади луѓе кои што не се усудуваат, не се решаваат да влезат во брачните води поради тоа што немаат можности да имаат свој дом каде што ќе ја одгледуваат својата фамилија, со сигурност можеме да кажеме дека донесувањето на овој закон за субвенционирањето на станбен кредит се наметнува како една неопходна потреба каде државата треба да помогне и да го стимулира тоа решавање на овој круцијален проблем, посебно за луѓето кои што се на воздраст до 45 години.

Веднаш мора тука да се надоврзам и до претходните дискусии и да кажам дека сметам дека овој предлог закон, со решенијата што ги нуди во него, не го решава на прав начин овој навистина голем проблем во Република Македонија.

Очигледно, исто така и мое мислење дека ВМРО-ДПМНЕ ги превзема проектите на СДСМ го прави на вистински начин, не го прави тоа на начин кој што ние сме го напишале или ставиле во своите изборни програми. Како на пример и Законот за минимална плата кој што сигурно дека овие месеци до Нова Година ќе го донесуваме овде, но со сите најави дека овој закон нема да го реши проблемот на сите на кои што им е потребен. Значи, беше кажано од премиерот и од синдикатот дека имаме 65 илјади луѓе на кои им е потребна оваа минимална плата т.е. ќе ги осетат покачувањата од оваа минимална плата, а 46 илјади од тие 65 или 74% нема да го добијат тоа сега ведаш, или во почетокот на 2012 година туку ќе го добијат после три години кога сигурно многу работи ќе се промени.

Што се однесува до самиот кредит, јас би почнал со некои мои забелешки посебно во делот на субвенционирањето, т.е. сметам дека ова не е субвенција.

Прво, не е субвенција затоа што е позајмица и затоа што после 20 години кога вие ќе го вратите тоа што треба да го вратите, го враќате и тоа што ви го дала Владата, државата во почетокот. Значи, беше објаснето и од заменик министерот и од мојот колега Марјанчо, дека има два начина, едниот е со почетното учество од 50%, другото беше првите 5 години се плаќа половина од учеството. Значи, 25% проценти од вкупниот кредит што го зимате половината или 50% во почетокот во првите пет години или во учеството ви го плаќа Владата, државата.

На крајот кога ќе го вратите тој кредит што сте го зеле, после 20 години, вие ги враќате на 5 годишни рати и тие 6.250 евра кој што ви ги позајмила, така да кажам, Владата во почетокот, единствен ќар е што не плаќате камата на тие пари кои што ви се дадени на почетокот за учество.

Исто така за мене не е логично што се бара да биде рокот максимален 20 години бидејќи на секој може да му се случи да поради одредени финансиски промени во неговата состојба да може да го врати кредитот пред време и тогаш би требало да има можност постепено пак на рати да ги врати тие пари кои што му ги субвенционирала, така да кажам, Владата. Значи, тој ако го врати кредитот пред време, може ведаш да ги врати и тие субвенционирани пари.

Исто важи и ако касни со враќањето, на пример 90 дена на кредитот и во тој случај мора да ги врати парите што му се субвенционирани на почетокот, реков дека тоа се 6250 илјади евра, таа е максимална сума која што е дадена во законот од 50 илјади евра, ако не го враќа редовно кредитот, тогаш банката си презема свои активности, доаѓа до извршување, а не посакувам на никој да дојде до тој процес.

Во делот кој што се однесува на каматната ставка јас имам друго мислење и убедем сум дека банките ќе се согласат на оваа каматна ставка од 4,99% колку што е предложена затоа што, прво банките ќе имаат можност да пласираат многу кредити.

Второ, имаат причина имаат во законот решение дека после 3 години имаат можност да ја покачат таа каматна стапка за 10% и

Трето, тоа што е минмален рок , е рокот на враќање од 20 години. Кажа и мпјот колега,јас ќе ги кажам бројките точно, на максималната сума од 50 илјади евра вие внесувате 6250 евра, државата ви дава 6250 евра. Остануваат 37.500 евра за враќање. После 20 години вие ќе вратите 75.000 евра, плус вие ќе морате да вратите и 6250 евра што ви ги позајмила во почетокот Владата за да можете да го земете овој станбен кредит.

Во овој дел, проектот на СДС тој што ја има нашата програма, имаше решение што велеше дека ќе има бескаматен кредит, т.е. каматата на кредитот што би го зеле за решавање на своето станбено прашање, посебно за младите луѓе ќе беше целосно субвенционирана од Владата, ако имавме можност да ја формираме. Се надеваме дека на наредните избори тоа ќе бидат, дека ќе имаме можност да го реализираме тој наш проект што беше „Поблиску до првиот стан“.

Се приклучувам кон забелешките дека недефиниран предлог закон е кога немаме дефинирана финансиска конструкција колку средства ќе се оделат во Буџетот на Република Македонија за 2012 година. Министерот за финансии ни кажа дека во Буџетот на Република Македонија за наредната година, кога ќе го разгледуваме, ќе биде дефинирана таа бројка, но во секој случај, кога во Собрането се носи закон треба да ја има таа бројка затоа што во наредната година поради одредени причини може да се случи да Владата, државата не може да го субвенционира тоа што ќе го напише во Буџетот и подобро е да бидат дефинирани бројките на колку луѓе ќе се субвенционира таков станбен кредит.

Исто така, објаснувањето на министерот дека ова е можност за сите наши граѓани, зборувам за дискусии од Комисијата на сите наши граѓани што имаат минимални до средни приходи. Не држи затоа што ретки се и многу малку граѓани во Република Македонија кои имаат приходи до 900 евра. Никој кој има приход над 900 евра не може да биде корисник на овој кредит. Тоа се многу малку луѓе. А многу се малку и кои имаат приближно околу 900 евра приход во своето семејство. Сигурни дека, согласно Законот, преддоговорите, нацрт договорите ќе ги склучуваат банките. Кога банките ќе ги бираат граѓаните кои би можеле да добијат ваков кредит, сигурно дека ќе ги бираат сите што имаат посигурни примања, посигурна финансиска ситуација или како што знаат банките да гледат тие кои се вработени во установи што со сигурност ги делат платите. Тоа ми предизвикува сомнеж дека овој кредит ќе заврши многу работа токму на оние луѓе кои во последните неколку години се вработија во државната и јавна администрација. И токму овие луѓе ќе го земат овој субвенциониран кредит, бидејќи согласно креитериумите на банките тоа ќе бидат луѓе со сигурни и опостојани примања.

Сакав само на крај да кажам дека таков закон е потребен на Република Македонија, но со амандмани ќе се обидеме и се надеваме дека Владата ќе има слух да го подобриме во деловите што сметам дека ќе биде поповолно за граѓаните на Република Македонија.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господин Гошев Славе има реплика, повелете.



Славе Гошев: Благодарам.

Почитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, колега Орцев,

Навистина не можам да ве разберам ниту вас ниту вашата пратеничка група, до каде ќе оди оваа хипокризија. Закон, што е општо прифатен од целиот македонски народ, особено од помладите граѓани кои немаат решено станбено прашање, закон за кој што се дискутираше воглавном во предизборната кампања, го подржуваа не само гласачите на ВМРО ДПМНЕ туку и обичните граѓани кои на овој начин гледаат полесен начин за решавање на нивниот проблем, со субвенционирање од страна на државата, што од ваша страна беше кажано дека единствената привилегија е што после 20 години кога ќе се вратат нема камата. Па јас не знам некој да дал средства на 20 години без камата. Ова прв пат се случува.

Исто така особено, немате прво вие да дискутирате затоа што не само вие туку сите пратеници кои доаѓаме од внатрешноста, кавдратниот метар на станбената површина е многу понизок од 900 евра, на пример во Струмица се движи, знае колешката Цветанка уште подобро, се движи од 500-600 евра квадрат, така што и плус примањата под 900 евра се на ниво на струмичани или битолчани или другите граѓани кои доаѓаат од внатрешноста и на тој начин мислам дека голем број станови што се градат во Струмица, како и другите делови на Македонија, ќе бидат продадени токму благодарение на овој проект на Владата на Република Македонија. Од друга страна сме сведоци дека благодарение на најавите на овој закон квадратот станбен простор во Скопје почна да паѓа. Еве веќе гледаме низ улиците на Скопје билборди каде цената оди до 888 се со цел да се запази оваа стапка од 900 евра по квадратен метар.

Затоа за вашиот закон, што велите бил во вашата програма за право чудо сите тука прв пат слушаме, имавте шанса да го промовирате, меѓутоа, исто така треба да знаете дека програмата што се право за избори треба да биде поделена на граѓаните, треба да биде прочитана и прифатена за да може да победите на истите тие избори и потоа програма да ја реализирате. И затоа не можам да ве разберам како сте изнаредени овде 15-20 души за збор за закон кој што е навистина добар кој што и вие самите велите дека ќе го подржите, а од друга страна го критикувате. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Господинот Орцев Панче има контра реплика, повелете.



Панче Орцев: Благодарам претседателе.

Колега Гошев, очигледно вие сакате да станеме како вас да ги притискаме само копчињата и законите да минуваат. Нема тоа да го дочекате, сигурно. За се што треба да дискутираме ние ќе дискутираме и реков два пати ако ме слушавте во мојата дискусија дека сметаме дека има потреба од донесување на ваков закон. Но дека сметаме дека одредени делови, одредени решенија во овој закон можат да бидат и подобри и затоа ние со амандмани ќе се обидеме да го подобриме истиот.

Што се однесува до Струмица, можете слободно да пресметате, значи токму за Струмица се однесува, еден стан од 70 квадрати ќе биде околу 45-50 илјади евра, колку што ќе субвенционира оваа Влада. Колку луѓе во Струмица имаат од 250-300 евра месечно, 20 години да плаќаат за да ги плаќаат ануитетите за враќање на кредитот. Тоа ќе ми го одговорите.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Госпоѓа Карапетрова Светлана има реплика, повелете.



Светлана Карапетрова: Благодарам претседателе.

Јас колега Орцев, би сакала да напоменам дека штета е вака добар закон да се критикува и да се омаловажува. Знам дека и ваша подршка и баш затоа очекував позитивни реакции повеќе околу овој закон. Вистинскиот начин за решавање на проблемот околу можноста да се дојде до сопствен дом е тоа што Владата го донесоа овој закон за да им помогне на сите млади брачни парови.

Околу тоа што вие го изнесовте во врска со начинот на кредитирање, значи имаме два начини, две можности и затоа барателите имаат можност да изберат дали ќе го изберат субвенционирањето со намалување на ратите во првите пет години или ќе го изберат субвенционирањето во можност за да се даде учество од 50% од вредноста тоа е 6250 евра. Затоа барателите сами ќе одлучат дали ќе одберат првиот модел или вториот модел.

Околу каматите дека ќе се зголемуваат. Јас не верувам во тоа бидејќи знам дека банките сакат да опстојат на пазар, нема да ги покачуваат каматните стапки, бидејќи треба да бидат конкурентни на пазарот и тие се занимаваат со долгорочна политика така да сметам дека ќе се држат каматните стапки во граница на нормалата.

Околу тоа кои категории на граѓани можат да аплицираат за овие барања, за овие станбени кредити, кажувате дека социјалните групи немаат можност и немаат средства или примања за да можат да бидат конкурентни за да добијат ваков кредит, Владата мисли и за такви луѓе бидеќи има во својата програма, изградба на социјални станови и баш за тие луѓе имаат можност да аплицираат за сите социјални случаеви и ранливи категории на групи на луѓе каде што можат да добијат станови од таа програма. Програмата е во Манифестот зацртана, еве јас за манифестот ќе кажам дека 50 станови за социјално ранливи категории на луѓе дека сигурно ќе се спроведе тој проект, значи ќе имаа и можност оние луѓе, оние граѓани каде што имаат пониски примања да аплицираат во овие кредити. Еве една пресметка. Имено јас многу сум изненадена позитивно, од прифатеноста на овој закон од граѓаните на Република Македонија, од мојот град секојдневно се интересираат луѓето за Законот, доаѓаат и лично да добијат информација околу ова. Направивме една група пресметка. Становите во Тетово се движат околу 30 илјади евра. Кога би ги ставиле субвенционирањата на ратите со 4,99% камата, изнесува 197,82 евра, 50% субвенционирање за петте години, тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат во првите пет години 98,91 евро за месечен износ. Предноста на ова е тоа што овие граѓани живеат под кирија, плаќаат ќирија од 150 евра и така парите им одат во неповрат. Вака, инвестираат во својата иднина и во својот дом. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Контра реплика има пратеникот Орцев Панче, повелете.



Панче Орцев: Благодарам.

Најпрвин за каматите. Во Законот стои дека банките после три години каматата од 4,99 можат да ја покачат за 50% во наредните две години. Дали сметате дека некоја банка ќе се откаже од тоа да има поголема добивка отколу што имала. Никако. Значи, тие имаат можност да ги покаќат каматите и тие тоа сигурно ќе го прават.

Што се однесува до социјалните групи, сигурно дека Владата не може да изгради толку колку што имаме ние социјални групи со 31% сиромаштија. Значи имаме огромен број на граѓани на кои им е потребен таков стан. Сигурно дека имаме и огромен број граѓани кои не можат да ги плаќаат тие 250 до 300 евра месечна рата.

Тоа што рековте вие за Тетово стан од 30 илјади евра, колкав е тој стан 35 или 40 метри квадрати.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор госпоѓа Весна Бендевска, повелете.



Весна Бендевска: Благодарам претседателе.

Почитувани колеги, ќе дозволите денес да дебатирам околу Предлог законот за субвенционирање на станбени кредити, со факти. Апсолутно не држи тезата што се обидувате, пратениците од ВМРО ДПМНЕ да ја наметнете работата дека сме критикувале еден добар проект.

Факт број 1, овој проект за прв пат го обелодени пред цела година претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. На своја прес конференција кога говореше на тема невработеност и сиромаштија, како најсериозни проблеми со кои се соочува Република Македонија, а во услови на слаб економски развој и значително ниско ниво на странски директни инвестиции, господинот Црвенковски како предводник на СДСМ многу одговорно и многу визионерски предложи на Владата на ВМРО ДПМНЕ, за која сметаше дека е безидејна, безиницијативна, игнорантска кон главните проблеми, а тоа е нискиот социјален стандард на граѓаните, пред јавноста на ВМРО ДПМНЕ му понуди на реализација и на прифаќање два проекти кои ВМРО ДПМНЕ односно Груевски и Владата требаше да ги преточат во закон кои апсолутно ќе ги прифативме. Првиот проект беше инвестиции сега, а вториот проект за кој говореше Црвенковски беше стан за секого, или тн., безкаматни станбени кредити. Се разбира дека во ваш стил игнорантски, следниот ден на прес конференција таа идеја на Црвенковски беше изложена на потсмев. Денес, гледаме дека е преточена во законско решение, иако во манифестот нема ни с, од субвенција на станбени кредити. Меѓутоа тоа е добро, а бидејќи е доблесно треба да признзете дека голем дел од ваши проекти идеата ја најдовте во нашто значи понуда на СДСМ. Се надевам дека сеуште имаме една заедничка цел, да го олесниме тешкиот живот на граѓаните на Република Македонија. затоа ќе говорам за разликата помеѓу нашиот предлог за безкаматно кредитирање на станови и вашиот денешен предлог.

Предложивме субвенција на каматата на секој станбен кредит, со што нашата проекција говореше дека нивото на бројот на станбени кредити ќе се зголеми за три пати, значи три пати повеќе граѓани ќе дојдеа полесно до стан. Во нашиот предлог предвидувавме заштитни механизми за граѓаните кои ќе се одлучат да го користат овој проект, заштеда во камата, а не како што предвидува вашиот закон за кој ќе се освнам подоцна.

Она што беше најважно, пресметавме дека тоа Владата ќе ја чини 5 милиони евра на годишно ниво, точно толку колку што чинеше триумфалната капија. Вие потрошивте средства за триумфалната капија, наместо три пати повеќе граѓани да си обезбедеа кров над глава. Тоа беше нашата понуда која јавно ви ја понудивме иако беше дел од нашата предизборна програма. Денес, се соочуваме со ВМРО-визација на една добра социјална идеа што ви ја понудивме. Истиот принцип како што ви понудивме и законите за минимална плата, за енергетска сиромаштија, за социјални продавници, така и тоа го понудивме. Само да прикажете дека вие сте идејниот автор ги направивте да не обезбедуваат она што е главна цел, помош на социјално ранливи групи. Затоа, прво што ми паѓа во очи и она што треба денес да дебатираме, дали Владата го погодила точниот назив на законот. Законот се вика Закон за субвенционирање на станбени кредити. Ќе се согласите, терминот субвенција го користиме секогаш кога сметаме дека државата дава безповратни средства од буџетот, ама во Законот ќе видиме дека средствата од буџетот ќе бидат безповратни единствено само во строго редовна отплата на субвенционираниот кредит. Тука нема заштита на граѓанинот во случај на виша сила, апсолутно не. Тогаш граѓанинот ќе мора веднаш да ги враќа овие средства што ги земал како субвенција од страна на државата.

Понатаму, она што значи субвенција на дел од влогот за стан, а изнесува максимум 6250 евра ќе мора да се враќа со грејс период од 20 години на пет еднакви годишни рати. Ајде да дебатираме. Да не треба тоа да се вика Закон за субвенција и крдитирање на станбени кредити. Дури ќе одам и понатаму, правото одземено, право на располагање со приватна сопственост за пет години од почеток на отплатата на кредитот, наликува и на лизинг. Ајде тогаш да го преименуваме законот. Ова е закон што ВМРО ДПМНЕ го предлага и на овој начин се регулира субвенционирање, кредитирање и на крајот купување на стан под лизинг. Се тоа заедно значи граѓанинот кога ќе се одлучи да ја користи оваа погодност нема да има никаков законски систем на заштита ниту од преголема камата, бидејќи гледаме дека каматата е гарантирана само за првите три години и изнесува 4,99% и тоа е добро. Ако просечната камата на станбените кредити во овој момент е околу 8%, првите три години граѓаните ќе имаат пониска камата за кредитирање. Но, веднаш по истекот на првите три години каматата, согласно предлогот на Груевски може да се зголеми за дополнителни 10% и да изнесува 15%, двојно повисока од сегашните комерцијални станбени кредити. Кажете ми сега на која категорија граѓани е наменет овој проект или колку ВМРО ДПМНЕ е искрен во намеата да помага на граѓани кои немаат кров над глава. Затоа ќе треба многу сериозно да пристапиме, за тоа моите колеги кои се членови на Комисијата за финансирање и буџет апсолутно многу покомпетентно ќе навлезат во одредибите на законот каде што се кријат овие проблематични точки во законот кои ќе предизвикаат сериозен проблем. И она што е најсмешно, колкав број граѓани ќе може да ја користи оваа погодност.

Дали почитувани колеги забележавте дека во образложението на Предлог законот стои дека станува збор за два проекти кои ќе се реализираат 2011-2015 година. Уште три неполни месеци имаме до завршувањето на 2011 година. Тука очиглендо станува збор за уште една популистичка лага на ВМРО ДПМНЕ. Денар нема во сегашниот буџет за 2011 година да го отпочнете како прва година за реализација на овој кредит, а она што значи недефинирање колкав број средства ќе се издвојуваат во сите наредни буџети, започнувајќи од овој 2012 година кога ќе почнеме да го разгледуваме по неполн месец дена станува збор дека повторно Владата на Груевски ќе промовира еден популистички проект. Нема дефинирани с редства. Има добра идеа, видоизменета и уништена со социјална идеа, промовирана од страна на СДСМ за ко ја Владата нема намера да издвои сериозни буџетски средства. истото се случи со Законот за енергетска сиромаштија. Кога говоревме дека 1000 денари е минималниот износ за субвенционирање, го намаливте за 40% или 600 денари и наместо 50 илјади корисници немаме повеќе од 3000 корисници. 47 илјади корисници на социјална помош сеуште, заради бирократски пречки останаа да не го користат тоа право. Се плашам дека истото ќе се случи и при начинот на кој ќе бидат доделувани овие станови, со оглед на тоа што Ставрески и само Ставрески, не со закон туку со невидлив подзаконскји акт ќе го утврди можниот корисник на оваа погодност и се знае тоа ќе бидат блиски луѓе на семејството и на партијата, но не на оние на кои оваа погодност им е најнеопходна.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет