Закон за субвенционирање станбен кредит прво читање Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија во се доставени, односно поделени



бет7/8
Дата06.07.2016
өлшемі480 Kb.
#181748
түріЗакон
1   2   3   4   5   6   7   8

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Следен за збор е господинот Села Зијадин не е тука.

Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор констатирам дека општата расправа по Предлогот на законот е завршена.

Врз основа на извештаите на Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело и Законодавно правната комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниот заклучок.

1. Предлогот на закон за субвенционирање на станбен кредит е прифатлив и може да се даде на натамошно односно на второ читање.

2. Овој заклучок, заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието, да се достави до Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правна комисија на Собранието на Република Македонија.

Предложениот заклучок го ставам на гласање.

Ве повикувам да гласаме.

Благодарам.

Вкупно гласаа 62 пратеници, од нив за предложениот заклучок гласаа 61, воздржан нема, еден против.

Констатирам дека Собранието го усвои предложениот заклучок.

Минуваме на точка 14. - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем - прво читање.

Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за транспорт врски и екологија како матично работно тело и Законодавно-правна комисија ви се доставени, односно поделени.

Отворам општа расправа.

Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на законот да се пријават за збор.

Благодарам.

Има збор заменикот министер за транспорт и врски, повелете.



Тахир Хани: Благодарам почитуван претседастел, почитувани пратенци,

Условите и начинот на безбедноста на железничкиот систем во Република Македонија се уредени со Законот за безбедност во железничкиот систем, кој што е донесен во април 2010 година.

Во текот на спроведвуањето на законот во предминатиот период, се констатираше дека одредени одредби од законот не се целосно уредени и затоа се појавија одредени проблеми и тешкотии во имплементирање на одредбите во целост. Поради ова, со измените и дополнувањето на законот, всушност се предлагаат решенија со кои што ќе се уредат одредени прашања, со цел да се овозможи имплементација без пречки на одредбите од Законот. Значи во Предлог законот за измени и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем се предвидени одредби со кои се утврдуваат во целост следните работи: субјектот кој е обврзан за одржување на железничките средства за тоа ќе треба да даде потврда дека тие средства се одржуваат во согласност со досието за одржување на тие возила и во согласност со одредбите.

Субјектот кој е обврзан за оваа работа треба да поседува сертификат за одржување на машинските возила кој се издава според барањето на субјектот кој е обврзан за одржување на железничките возила, од страна на Дирекцијата за безбедност во железничкиот систем како орган за безбедност. За да се добие тој сертификат за одржување на машинските возила субјектот кој е обврзан за одржување треба да има најмалку пет лица вработено со високо образование, да има соодветен работен простор, опрема и апарати.

Сертификатот кој е издаден од субјектот кој е обврзан за одржувње на машинските возила се издава во временски период од пет години со можност за обновување.

Со измените на законот се предвидуваат и условите кои треба да ги исполнува правното лице, центрот за обука кој ќе врши обука на машиновозачи за општа способност, за да добијат сертификат за вршење на овие дејности. Исто така, да поседува простор за одржување на обуката, да поседува соодветна технологија, информатичка технологија за реализација на обуката и за водење на евиденција, потоа да има стручна литература во согласност со програмата за обука и за обучување, потоа да има вработено најмалку тројца кои поседуваат авторизација за вршење на обука за оспособување и да има вработено најмалку тројца со авторизација за контролори за професионално остручување.

Авторизацијата за овластување на правното лице, Центарот за обука, со писмено барање го поднесува Дирекцијата за сигурност и Дирекцијата донесува одлука според поднесеното барање за издавање на овластување за вршење на обука, за општо стручно оспособуваање во најкраток временски рок, меѓутоа не повеќе од еден месец. По поднесувањето на сите податоци може да се покрене постапка пред Судот во Република Македонија, во временски рок од 30 дена од денот на прием на одлуката.

По завршувањето на одлуката на кандидатите им се издава потврда. Условите кои треба да ги исполнуаат овластените обучувачи кои ќе ддржат обука за машиновозачите за општостручно оспособување, потоа и обука за стручни познавања во однос на машинските возила и за железничката инфраструктура. За да се добие вакво овластување за вршење на обука за стручно оспособување, за професионални знаења и надлежност во однос на машинското возило и за стручни познавања во однос на железничката инфраструктура, лицата кандидати треба да ги исполнуваат лица што имаат високо образование, факултет за градежништво, машински факултет или пак електротехнички факултет, со степен 7/1 од професионалната подготовка и најмалку пет години работно искуство во областа на железничката инфраструкткура и познавање на најмалку еден странски јазик, англиски, француски или пак германски.

Овластувњата за обучувачи за општо професионално оспособување за професионални знаења и надлежности во однос на машинското возило ги издва Дирекцијата за сигурност по барање поднесено од заинтресираните лица кандидати.

Условите што треба да ги исполнуваат овластените педагози кои ќе ги контролираат машиновозачите за општо стручно оспособување за професионални познавања и во однос на железничкото визлило и за железничката инфраструктура за добивање на овластување, овластен педагог за општопрофесионално оспособување, за професионални знаења и надлежности во однос на железничкото возило и стручни познавања во однос на железничката инфраструктура. Лицата кадидати треба да ги исполнуваат слдните услови: да имаат високо образование, градежен, машински или електротехнички факултет или пак телекомуникации со степен 7/1 од стручната подготовка и најмалку пет години работно искуство во областа на железничкиот сообраќај односно инфраструктура и познавање на најмалку еден странски јазик англиски, француски или германски.

Овластувањата за обучувачи за познавање на надлежности во однос на железничкото возило ги издава Дирекцијата за сигурност по барање поднесени од лицата кои се заинтересирани, односно кандидатите.

Условите кои треба да ги исполнуваат другите вработени во железничкиот сообраќај, кои учествуваат во реализација на истиот, од професионален или здравствен аспект, значи другите работници во железницата, во зависност од работата што ја вршат треба да имаат завршено средно образование, техничко образование, да имаат вршено практична работа или пак положен стручен испит за тој вид на работа, во согласност со програмата за стручно оспособување.

Исто така со предлог законот се предлага Комисијата за истражување на сериозни несреќи што се случуваат, други несреќи или пак инциденти, како постојано тело да биде составена од најмалку двајца кои ќе бидат во постојан работен однос и во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Со преодните одредби даден е временски рок од 60 дена од денот на легување во сила на овој закон, Комитетот да се основа.

Со претходното законско решение се предвидуваше членовите на Комисијата да се именуваат од страна на Владата на Република Македонија. меѓутоа, сепак искуството покажа дека ова решение не е практично и поради оваа причина се предложи овој Комитет да се организира при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, со цел овие лица да бидат секогаш достапни, блиски и брзо да одговорат на барањата.

Почитувани пратеници, ова се причините за иницијативата за измена и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем. Истовремено сакам да кажам дека со овој Предлог на закон не се прави понатамошно усогласување со директивите на Европската унија и затоа очекувам усвојување на потребата за измена и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Збор има госпоѓа Станка Анастасова, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам.

Денес имаме Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот сообраќај.

Јас би апелирала до Владата, наместо Закон за сигурност во железничкиот систем, мислам дека беше подобро да разговараме за закон за несигурност во железничкиот систем. Дали воопшто можеме да зборуваме за некаква сигурност во железницата.

За тоа колку е важна железничката линија во Република Македонија, посебно онаа на Коридорот 10, од која навистина Република Македонија изгуби многу финансиски средства и постои опасност, а веќе и се прави тоа да бидеме заобиколени како држава низ која место да биде транспортна линија меѓу Европа и Република Грција, ние овде секојдневно губиме многу средства. Но, жално е што граѓаните во Република Македонија не можат да ја користат железницата за вршење на нивните потреби затоа што железницата во нашата држава мислам дека е хаотична, дека е опасна. Тоа го имавме како потврда во минатите месеци гледјќи колку работи се случија на нашите железници. Имавме случај кога возовите доцнеа под два до три часа каде луѓето се надеваат единствено на тој транспорт или најефтин транспорт, а не можеа да стигнат на работното место, како што беше случајот во Велес, има могу луѓе што работат во Скопје и не можеа да стигнат на работните места. Тоа можеби е по бенигно од онаа што може да ве најде, ако тргнете на пример од Скопје кон Овче Поле, може да се соочите три пати, или да удрите во воз, а ако вие го промашите, тогаш тој вас ќе ве удри.

Кога веќе имаме закон за сигурност во железничкиот сообраќај, овде на Владата и е поважно какво ќе било барањето за определување на субјект кој ќе се грижи или правно лице кое ќе се грижи за сигурост во сообраќајот, односно кој ќе ја сноси вината кога ќе се случи некоја несреќа. Овде имаме предвидено казни за тоа кога би се случило, но никаде немаме нешто во превенцијата за ова да не се случи. Значи, да не донесуаме само законски решенија и да расправаме за некакви работи кои институционално треба да се уредат со закон, закони за кои не се потребни финансиски средства, за кои не се одвојува ниту денар од буџетот, мислам дека не е смешно туку е дури и жалосно ова што нис е случува. Како може да имаме нешто подобрено во железницата кога од буџетот не се одвојува ниту денар. Денес ништо не може да се подобри без пари. Доколку Владата не си го сфати тоа сериозно и да почне да одвојува средства за железницата, дотогаш ние всушност нема да имаме железница, или уште полошо ќе имаме толку опасна железница што навистина човек треба да се замисли дали да патува во со возовите во Република Македонија почнувајќи од нивната нехигиена, искршени прозори. Во медиумите имаше доста написи за тоа со што се се соочуваат граѓаните кога би се качиле во еден воз. Може да патуваат на пример по 30-40 километри за пет шест часа.

Како што реков претходно, ако тргнете со воз од Скопје на железничката пруга кај село Лозово поминува преку регионален пат, патот М-5, што вози спрема Република Бугарија, таму 5-6 години не работи ни светлосната сигнализација, ниту пак има рампа. Понатаму, на другиот премин кај село Сарамзалино, за среќа, имаме совесни машиновозачи кои застануваат кога видат дека на патот има возила, возот чека најпрвин да поминат возилата по патот. Ваква апсурдна ситуација мислам дека нема никаде во светот. Од како ќе заминат возилата тогаш поминува возот. На пругата на Овче Поле одамна нема рампам, таа е скршена, нема ни светлосна сигнализација, таму нема ни сијалица за да видите дека воопшто има премин на железничката пруга. Најлошо од се е што возовите застануваат токму на патот. Доколку имате слабо светло на возилото можете слободно да удрите во возот без да го забележите. Сега јас забележав дека се реновира односно се фасадира само зградата на железничката станица. Ако за Владата тоа е најрпоритетно, не знам што би рекле за тоа што нема никаква сигнализација. За каков сигурносен систем можеме да зборуваме во Република Македонија.

Владата сега дава приоритет какви ќе бидат документите односно барањата кои ќе ги поднсе правен субјект за да добие право на стопанисување на железницата односно да се грижи за сигурноста во железничкиот сообраќај, за деловен простор, за опрема, за технички персонал. Ве молам, како ќе изгледа барањето за полагање стручен испит на машиновозачи, потоа какви прегледи ќе се правеле, како ќе се правела проверка за алкохол на машиновозачот. Не знам дали Владата жиее во некој друг свет, во некоја друга држава а не во Република Македонија. тоа е навистина иронично да расправаме за некакви барања, кој министер од кој ресор ќе ги формулира барањата за било што од ова претходно што го напоменав.

Исто така, иронично е да се зборува за Комитет за водење на истраги. Тој Комитет би имал последична улога односно ќе чека Владата да се случи некоја несреќа за тој Комитет потоа што би се формирал после 60 дена од донесување на ова законско решение, тогаш овој Комитеет ќе води истрага за случаји сериозни несреќи и инциденти во железничкиот систем и ќе се основа во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, а притоа, нема да одвои ниту денар од Буџетот на Република Македонија.

Мислам дека овој Предлго на закон е поднесен до Собранието само лицемерно да се покаже, како што сега имаме случај на комисиите на кои расправаме за Европскиот Извештај од Европската комисија, да се прикаже дека Република Македонија во секкторот железница нешто работи, а тоа се однсува на законски решенија, но денар не сака да вложи во железницата бидејќи си ги чува најверојатно за некои нови споменици.

Време е, почитуван министер да почнете да мислите парите да ги вложувате за она што им е неопходно потребно на граѓаните, за нивната сигурност, за нивното слободно движење и безбедно движење на луѓе, стока итн. Мора да признаете дека тоа е не само важно за здравјето и сочувување на животот на граѓаните, туку тоа е многу важно и за економскиот раст на нашата држава.

Оваа влада кога дојде во 2006 година на власт, ветуваше економски бум. Ние тоа и после 6 години не можеме да го почувствуваме. Се прашувам како може да има економски бум кога ние имаме ограничување на движење на луѓе и стока, кога не одминуваат сите, и возови и патничкји возила и товарни возила, не поминуваат низ нашата земја, како можеме да имаме развој на нашата економија. Сето тоа паѓа во вода, сите декларативни залагања, па и ова би го рекла декларативно залагање дека Владата се грижи за железничкиот соображај во Република Македонија. Всушност, се сака да се каже нешто лицемерно за Европската комисија да види дека ние нешто сме сработиле во овој сектор, а на терен немаме ништо. Граѓаните немаат никаква корист од ваквите наши законски решенија за кои однапред се гледа дека ништо реално не сеправи во железничкиот сектор бидејќи немаме финансиски средства, а без финансиски средства ништо не може да се направи. Апелирам до Владата покрај донесувањето на законски решенија, навистина сега кога ќе влезе во собраниска процедура буџетот за 2012 година сериозно ова да го сфати и да се одвојат повеќе средства за подобрување на железничката како и патната инфраструктура во Република Македонија што ќе ни донесе и повеќе работни места и економски раст.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Реплика има господинот Димитар Стевананџија, повелете.



Димитар Стевананџија: Благодарам господине претседателе.

Колешке Станка Анастасова, мислам дека малку е несреќно решение вие да зборувате за проблемите во железничкиот сообраќај, бидејќи јас сум длабоко убеден дека последниве 20 години ниту еднаш ги немате користени услугите на Македонски железници. А она за кое што дискутиравте последниве 10 минути, хаотичната состојба, искршените стакла, нехигеината во возовите сигурно важеле за тој период. Бидејќи сте добар познавач на сите железнички постојки во Република Македонија кои што ги има отприлика 400, ви треба една информација дека новиот директор на Македонски железници воведе бесплатна линија на која што можете да ги пријавите сите овие дефекти во врска со техничките недостатоци на пероните. А по однос на она што го искажавте како констатација за лошото работење, односно каснењето на возовите. Според законот за железници во летните периоди, бидејќи логично е температурите да се многу високи заради ширење на шините не е дозволена поголема брзина од 50 км. на час да се движат возовите, со што ако се пречекори таа брзина би се намалила безбедноста на патниците. Знаете дека каснењето во тој период, во летниот период е исклучиво заради безбедност на патниците. Благодарам.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Контра реплика госпоѓа Станка Анастасова, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам претседателе.

На почитуваниот колега да му кажам дека кога студирав патував и со воз и да ви кажам право уживав во патувањето со воз, а сега се плашам и да помислам да се качам на воз бидејќи железницата е толку несигурна и навистина додека државата не обезбеди услови, граѓаните ќе немаат шанса да патуваат со воз. Дали некој родител би се осудил да ги качи децата на воз? Би ги качил само ако мора да ги носи на здравствен преглед бидејќи нема друг начин. Немојте да се залажувате сега дека сте кажале големи работи. Граѓаните на Република Македонија не треба да ги убедуваме дека е многу добра железницата. Потрудете се тоа навистина да биде за да навистина граѓаните уживаат во возењето.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Реплика има госпоѓица Ана Лашкоска, повелете.



Ана Лашкоска: Благодарам претседателе.

Почитувана колешке за вас стана вообичаено кога ќе се јавите да дискутирате за некој закон ад зборувате за се освен Предлогот на текстот на законот кој што е точка на дневен ред. Истото се случи и денес. Меѓутоа морам да ви признаам дека навистина составивте една добра приказна за мали деца, човек просто да добие впечаток дека секојдневно патувате со возови и ви е премногу мачно. Препорака за друг пат кога ќе зборувате за некој закон, ако немате време да го прочитате, барем обрнете внимание на тоа што го зборува преставникот од Владата, за да добиете општ впечаток за што станува збор. И не е лошо само една информација да ви дадам, дека овој закон на Комисијата за транспорт, врски е екологија од вашата пратеничка група беше подржан и оценет како добар закон.



Трајко Вељаноски: Благодарам.

Контра реплика госпоѓа Станка Анастасова, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам претседателе.

Почитувана колешке, кажав дека уживам во патување со воз и имам патувано. Би било добро да кажете и вие кога последен пат се имате качено на воз и тогаш можете да зборувате дека ви било многу убаво.

Што се однесува до Предлогот на закон, до колку вие внимателно ме следевте и до колку го имате прочитано законот, јас се осврнав на неколку члена, на неколку работи за кои што се зборува во овој закон и внимателно го слушав министерот. Точно некои работи го потенцирав што се однесуваат на Предлогот на овој закон. бидејќи вие не ги читате законите, тоа е ваш проблем и затоа не можете да ја следите мојата расправа. Исто така, имам право да ја кажам, да ја соопштам состојбата со железницата, бидејќи за ќал, тоа е реалност во Република Македонија. И јас не би сакала да е така. Но, вие наместо да се засрамите, вие дури сакате да го покажете тоа дека навистина е добра работата што железницата нема ниту еден исправен вагон. Благодарам.

Трајко Вељаноски: Благодарам.

Има збор госпоѓа Лилјана Затуровска, повелете.



Лилјана Затуровска: Благодарам почитуван претседателе, колеги пратеници, почитувани заменик министер.

Сосема на кратко да ги поздравам измените и дополнувањата во Законот за сигурност во железничкиот систем, бидејќи истите се направени од аспект за допрецизирање на одредбите од постојниот закон, како и нивно дополнување, се разбира за поефикасна имплементација на истиот на терен. Со оглед на констатацијата дека постојат извесни несогласувања со потребите и барањата, секако и проблемите кои што се констатирани на терен. Железницата како значаен глобален сегмент на транспортот, особено во Европа е во фокусот на интересирањето како на стопанските, на финансиските, се разбира и на политичките европски структури. Целта е овој важен сектор да се постави на здрави основи, на добри основи заради зголемувањето на неговата конкуретност и профитабилност на глобален план. Дорегулацијата на постоечката поставеност на железницата во Европа и целосната реформа секако ја иницираше Европска унија преку своите тела и преку своите органи. Основа на сите промени во железницата беа европските директиви и тие се насочени кон обезбедување се разбира либерализација на железничкиот сообраќај, мониторинг на пазарот на железничките услуги и обезбедување квалитет на услугите и она што е најважно сигурност во транспортот. Сигурноста во секој систем, а оттукуа и во железничкиот е уште една од главните алки во синџирот на елементи за правилно функционирање на железничкиот систем. Секое нарушување на системот повлекува бројни последици како врз основа на здравјето на луѓето, врз нивните имоти и секако животната средина. Сето тоа директно негативно се одразува на состојбата во транспортните системи во државата, а при тоа повлекува и низа огромни негативни финансиски последици. На железницата секогаш се гледало како на енергетски најекономичен, а воедно и најсигурен превоз како на патници така и на стока. Но, секако овие предности треба да се одржуваат и валоризираат се разбира во текот на сите години континуирано што за железницата претставуваше огромен проблем заради конкуренцијата од другите видови на транспорт и потребата од големи вложувања. Во насока на постигнување на максимално ниво на конкуретноста на железницата се движи е европската легислатива. Меѓутоа, не станува збор само за техничка, или пак процедурална хармонизација со истата, туку е потребно да се обезбеди и практична имплементација и реализација на националните законски одредби. Ова бара промени во постоечките практики за сигурност во државата и заради тоа се предлагаат измените и дополнувањата конкретно во Законот за сигурност во железничкиот систем. Во тој контекс сакам да ги поздравам измените и дополнувањата во постоечкото законско решение бидејќи на тој начин се овозможува допрецизирање на обврските кои што ги имаат железничките превозници и управителот на инфраструктурата во насока на подобрување на сигурноста во работењето се со една единствена цел да се промовира едно повисоко ниво на сигурност, а со тоа секако ќе се зголеми и довербата кај патниците кон железничкиот сообраќај. Со новите измени и дополнувања се предлага воведување услови и критериуми кои треба да ги исполнуваат субјектот за одржување на возилата како и рокови за издавање на сертификати за одржување на железничките возила. Една од главните поенти која говори дека враќањето на довербата кон железницата како основно и се разбира сигурно превозно средство единствено може да се постигне, или оствари до колку во железничкиот систем се вклучат постапки и стандарди кои би довеле до зголемување на сигурноста на железничкиот систем. Тоа би значело и би требало секако како што е и во останатите земји дека секој работник кој што е надлежен за сигурноста на железниците било во врска со железничкиот превоз, или возниот парк во врска со сигурноста на железничката инфраструктура да биде компетентен, се разбира професионалец при извршување на својата работа. Во таа насока измените поставуваат основа за оспособување и на другите работници кои што непосредно учествуваат во работата на железничкиот сектор, начин постапка и програма за стекнување стручна способност, стручно усовршување, како и редовно и периодично проверување на знаењето на овие работници. Акцент во измените на законот за сигурност во железничкиот систем е ставен на Комитетот за истрага на случајни сериозни несреќи, несреќи и инциденти. Предвидено е во овој Комитет да бидат врабитени стручни лица и Комитетот за функционира во рамките, или во составот на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија. комитетот ќе работи без влијание и целосно независно од железничките превозници, управителот на инфраструктирата, Министерството за транспорт и врски, Управата за сигурност во железничкиот систем и Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Истиот ќе биде формиран заради водење на постапка за истрага, а во насоки на подобрување на сигурноста на железничкиот систем и заради спречување на несреќи. Значи воведувањето на предложените решенија во Законот за сигурност во железничкиот систем ќе овозможи допрецизирање на надлежностите и активностите на сите учесници во железничкиот систем институционални и поединечно. Јасна е интенцијата на предлагачот за подобрување на системот преку обезбедување ефикасност во работењето на институциите надлежни за сигурност во железничкиот сообраќај и треба ова законско решение да биде подржано. Благодарам.


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет