ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ И
ЗАШТИТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ
ЈАСЕН
Интегрален текст за press 31.01.2014
Информација за постигањата во ловството на ЈПУЗПП Јасен
Почитувани најпрво сакам да Ви се заблагодарам за присуството!
Ловот во Државните ловишта ЈАСЕН се спроведува исклучиво врз основ на годишни Договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите се дадени т.н. ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира. Резервацијата на терминот и бројот на дивеч за застрел се извршува со авансно плаќање. Со овие Договори на ловецот му е се обезбедно. Од таксите кои треба да ги плати при влез во државата, формалностите околу ловното оружје, транспортот до ловниот дом и назад, сместување на база полни пансиони, животното осигурување кое секој посетител во ЈАСЕН автоматски го добива. Во текот на самиот лов му се обезбедени два ловни водичи, транспортни средства до различни локации (теренски возила, коњи), личен готвач со голем избор на органска храна (во голем дел произведена во самиот ЈАСЕН), обработка на застреланиот дивеч во специјано за тоа регистриран објект ТАКСИДЕРМИЈА каде се изготвува трофејот и се издава сертификат со меѓународно признат извозно кланичен број без кој не е можен транспортот на освоениот трофеј.
Во однос на ловните тур-оператори не требаше многу време да помине, агентите, ловците да ги забележат новините во ЈАСЕН. Први беа преставниците од САД и Русија кои и ден денеска се наши најредовни гости а подоцна, 2010 година почнаа да пристигат и ловците од Европа така да сега имаме гости дословно од целиот свет. За да го одржиме интересот, во соработка со нашите дипломатски представништва и промотори низ светот, заедно со Агенцијата за промоција на туризам вршиме интензивен маркетинг прилагоден на подрачјето каде се презентираме. Моментално, Државните ловишта на Република Македонија се лидери на Балаканот (веќе три години позади нас се Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска..)
Врз основ на програмата на Владата на Република Македонија за забрзан развој на ловниот туризам добиваме финансиски средства за интензивна продукција на автохтон дивеч преку набавка но и започнување со сопствено производство на храна за истиот. Веднаш ја зајакнавме ловочуварската служба. Го подигнавме нивото на услуги. Согласно владината програма за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот во репроцентрите секоја година добиваме дополнителна финансиска помош.
Во склопот на активностите ЈАСЕН се врши заштита и на сиот див свет присутен на подрачјето, вклучувајќи го рисот. Веќе неколку години имаме плодна соработка со невладиниот сектор и непрофитни странски организации врз база на мемоморандум за соработка во делот заштита на балканскиот рис и секако на сите други загрозени видови од црвената листа. Со техничките помагала кои ги обезбедуваат овие организации ( камери, замки, клопки) се врши мониторинг врз бројноста на рисот, се следи движењето, репродукцијата. Не случајно токму ЈАСЕН беше избран од CIC за промоција на владините политики во однос на заштитата на овој автохтон и редок дивеч.
Меѓународната активност на ЈАСЕН изминативе три години е особено интензивна. Веќе спомнав, 2011 год на покана од Интернационалниот Совет за заштита на дивиот свет и дивечот (CIC Wildlife – најголемата интернационална организација за лов) а по одобрение од Владата на Република Македонија, пристапивме кон оваа престижна организација како Државна членка, под нашето уставно име - Република Македонија со право на три гласа во Советот. Ваквото членство, морам да потцртам е огромен успех за Република Македонија на меѓународно ниво. Веќе 2013 год. ни беше доделена организацијата на 14-ти Форум на CIC кој се одржа во Скопје со присаство на 17 национални ловни делегации, представници од Европската комисија за натура Б, три европски институти и неколку меѓународни организации за заштита на дивиот свет. Теми беа заштитата на балканскиот рис и одржливо ловство со ловен туризам. Нивото на организација, успехот на форумот, бројноста на учесниците, низ европските медијуми беше оценета со ласкави оценки – што беше доволно Република Македонија да биде веднаш прогласена за нова ловна дестинација.
Би сакал да Ве информирам дека на 14-ти Форум на CIC, од претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија (специјален гостин на Форумот) беше официјализирано ребрендирањето на заштитниот знак на фудбалската репрезентација на Македонија со знакот на балканскиот рис.
На минатогодишната средба на ловни федерации од регионот каде Владата на Република Македонија беше генерален покровител, потпишавме два важни меморандуми со две членки од Европската Унија. Во 2014 година соработката ќе ја прошириме и со Хрватска и Романија, а сме повикани и да учествуваме во годишното собрание на CIC кое се одржува во Милано - Италија, каде со нашето стекнато право на три гласа ќе учествуваме во важните одлуки кои се однесуваат на севкупното ловство во светот.
Измените на Законот за ловство, особено во делот, учество на сите домашни и странски лица преку електронски систем на надавање за добивање на концесија на дивечот во ловиштата поднесени од Владата на Република Македонија, ја лансира Република Македонија меѓу државите низ светот со најуреден и единствен таков пример на можност и транспарентност во светот.
Но, не треба да бидеме задоволни од постигнатото. Заради комплетната запуштеност на ловството во Република Македонија во периодот пред 2006 година ќе ни биде потребна една деценија доколку сакаме да ја вратиме на природен начин оптималната бројка на дивеч во ловиштата. Ако сакаме забразан развој на ловството, дел од дивечот треба да го набавиме од странство. И тоа од овластени центри кои се должни со соодветна и кај нас пропишана документација да гарантираат за здраствената состојба, генетскиот потенциал на дивечот а по пристигањето на таквиот дивеч истиот да има третман низ карантин за да може да се распредели низ ловиштата. За оваа цел Владата на Република Македонија не задолжи да изготвиме акционен план за набавка на жив дивеч, неопходно потребен заради побрзо постигнување на природниот баланс, заради негово населување секаде онаму низ државата каде е потребен. Овие чекори на Владата ќе допринесат за забрзан развој на ловниот туризам, а и на руралните средини.
Ви благодарам!
линкови до видео матерјали:
https://www.youtube.com/watch?v=a4OiZm0hR5I Лов, дивокоза и елен
https://www.youtube.com/watch?v=tGpA5kBveRs Државни ловишта ЈАСЕН
https://www.youtube.com/watch?v=KSeRtU2M4Eo 14-ти Форум на CIC во РМ
Достарыңызбен бөлісу: |