Национално Здружение на Сопственици на Приватни Шуми



Дата11.07.2016
өлшемі16.79 Kb.
#190030



Национално Здружение на Сопственици на Приватни Шуми

Ул: Кеј Младина бб, 2330, Берово / Тел: 033-471-053, 070-381-549, macprifor@yahoo.com



www.naps.com.mk

До: Региони и Општински Ограноци на НЗСПШ



Предмет: Извештај од промоција на книгата „99 Билки и Бобинки од Малешевијата“
На 5 Мај 2013 година, НЗСПШ оддржа јавна промоција на книгата „99 Билки и бобинки од Малешевијата“. Издавач на книгата е НЗСПШ, што во едно претставува прво дело издадено од страна на здружението. Афтор на текстот и сликите е г-дин Стојан Арменски, поранешен секретар на НЗСПШ, сегашен секретар на Општински Огранок Берово и активен член од самото основање на здружението до денес. Книгата е во Б6 формат (џебно издание), на висококвалитетна хартија во боја. На 207 страни афторот дава краток осврт на 99 билки и бобинки кои можат да се најдат во Малешевијата. За секое растение е даден негов опис, делови на растението кои се собираат, временски период кога се собира, како се обработува, за што се користи и местата каде може да се најде во природа. Оваа дело е плод на една долгогодишна и макотрпна работа. Текстовите и сликите се исклучително дело на самиот афтор, а податоците за растенијата се земени од доверливи и општо прифатени извори, надополнети со локалната народна традиција за собирање и користење на билки и бобинки. Во промоцијата се вклучи и даде помош локалната самоуправа на Општина Берово со луѓе и опрема. Промоцијата беше изведена за време на велигденските празници, при крајот на денот на централниот плоштад во Берово. На промоцијата беа поканети над 100 гости, но таа беше отворена за сите добронамерни посетители. Средствата за печатење и промоција на книгата се целосно покриени од донациите на 46 правни и физички лица од Берово, вклучувајќи ги Советот и Градоначалникот на Општина Берово. Книгата е издадена во тираж од 300 броја. Во моментот афторот и НЗСПШ работат на издавање на англиска верзија. Сите заинтересирани можат да ја купат книгата во просториите на НЗСПШ или во поголемите маркети во Берово по цена од 250 денари.
Дарко Скендерски

Национален Координатор на НЗСПШ



Национално Здружение на Сопственици на Приватни Шуми

Ул: Кеј Младина бб, 2330, Берово / Тел: 033-471-053, 070-381-549, macprifor@yahoo.com



Сметка: 240140000882819 Уни Банка, ЕДБС: 4017998155155



Достарыңызбен бөлісу:




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет