Правда и внатрешни работи



бет44/51
Дата29.06.2016
өлшемі3.39 Mb.
#166383
1   ...   40   41   42   43   44   45   46   47   ...   51

J. ДРОГА



1. Ве молиме да наведете информации за законите или други прописи кои го регулираат ова подрачје како и за нивната усогласеност со соодветните меѓународни конвенции

Во согласност со принципите на УНГАСС, со Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Националната програна за борба против дрогата и илегалната трговија со дрога, Владата на Република Македонија презема активности за хармонизација на националното законодавството со ЕУ acquis за дрогите.

Република Македонија ги има ратификувано Единствената конвенција за наркотични дроги (1961), Протоколот за дополнување на Единствената конвенција за наркотични дроги(1972), Конвенцијата за психотропни супстанции(1971) и Конвенцијата на Обединетите нации за контрола на незконската трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции (1988)

Правната рамка за спречување и контрола на наркотичните дроги, психтропните супстанции и прекурзорите е определена во следниве национални закони:



  • Закон за производство на наркотични дроги (“Службен лист на СФРЈ“,13/91) , преземен како Републички пропис, со член 5 од Уставнот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија)

  • Закон за контрола на прекурсори (“Службен весник на Република Македонија“,бр.37/04),

  • Закон за определување на органи за вршење одредени работи во областа на производството и прометот со наркотични дроги (“Службен весник на Република Македонија“,21/83)

  • Одлука за список на опојни дроги (“Службен лист на СФРЈ“,70/78, 14/81, 39/82, 28/85, 10/87, 53/88, 2/89 и 7/90)

  • Закон за лековите, помошните лековити средства и медицински помагала (“Службен весник на Република Македонија“,бр..21/98)

  • Одлука за список на опојни дроги што смеат да се пуштаат во промет за медицински и ветеринарни намени (“Службен лист на СФРЈ“,бр.70/78, 52/83 и 47/85).

Кривичниот законик на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04) во глава 21 Кривични дела против здравјето на луѓето ги инкриминира дејствијата кои со оглед на обемот, масовноста и начинот на загрозување можат да имаат тешки последици по здравјето на однапред неопределен број на луѓе. Злоупотребата на дрогата е инкриминирана со кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори (член 215) и овозможување на употреба на наркотични дроги и прекурсори (член 216).


Со одредбата од член 215 од Кривичниот Законик, се инкриминираат дејствијата со кои неовластено се произведува и пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Делото може да биде извршено од страна на секое лице. За сторителите на сите облици на ова кривично дело е пропишана казна затвор од една до 10 години. Со оваа одредба се предвидува и ослободување од казна на сторител на делото, со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или битно ќе придонесе за негово откривање. Во овој член е пропишано задолжително одземање на наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните или недвижнитре предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање.
Делото од член 216 од Кривичниот законик, се извршува со наведување, давање, ставање на располагање простории или на друг начин овозможување на друго лице да употебува наркотишни дроги. За сторителите на сите облици на ова кривично дело е пропишана казна затвор од три месеци до пет години.
Прашањето за конфискација на имот и имотната корист, е регулирано со одредбите од член 97-100 од Кривичниот законик на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04).
Согласно член 97 од Кривичниот законик, е определено дека никој не може да ја задржи непосредната или посредната имотна корист прибавена со кривично дело. Имотната корист ќе се конфискува со судска одлука со која е утврдено извршување на кривично дело под услови определени со Кривичниот законик. Одлука за конфискација судот може да донесе и кога од фактички или правни пречки не е можно водење на кривична постапка спрема сторителот на казненото дело. Под услови определени со ратификуван меѓународен договор, конфискуваниот имот може да биде вратен на друга држава.
Согласно член 98 од сторителот ќе се конфискува имотната корист прибавена со кривично дело што се состои од пари, подвижни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост, имот или актива, материјални или нематеријални права, а ако нивната конфискација не е можна на сторителот ќе му се конфискува друг имот што одговара на прибавената имотна корист.

Имотна корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без соодвеен надоместок, ако не знаеле, а биле должни и можеле да знаат дека е прибавена со кривично дело.


Законот за кривичната постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 15/97, 44/02 и 74/04), востановува посебни одредби за примена на специјалните истражни мерки (членовите 142-б, 142-в,142-д и 142-ѓ), што се во согласност со европските барања за примена на современите мерки неопходни во откривањето, гонењето и пресудувањето на сторителите на кривичните дела, а посебно на делата на организираниот криминал, корупцијата, перењето на пари и други тешки форми на криминал.

Во Главата XVIII – Истражни дејствија од Законот за кривичната постапка (“Службен весник на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” бр. 15/97, 44/02 и 74/04), со новите одредби (членовите 202, 203-а, 203-б, 203-г и 207) се предвидува постапката за примената на мерката привремено обезбедување на имот или средства кои се во врска со кривичното дело, а која се однесува на привремено замрзнување, запленување, задржување на фондови, банкарски сметки, финансиски трансакции или приноси од кривично дело.


Овие нови законски решенија се имплементирани и усогласени со ратификуваните конвенции од оваа област, Конвенцијата за перење пари, заплена и конфискација на имотната корист прибавена со кривично дело (Службен весник на Република Македонија, бр.58/99); Конвенцијата на ООН против транснационален организиран криминал (Палермо Конвенцијата) со Протоколите (Службен весник на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, бр.70/04) и Конвенцијата на ОН против незаконит промет на дрога и други психотропни супстанции и прекурсори (Виенската конвенција).
Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04) ја регулира постапката за ефикасно откривање и гонење на сторителите на кривичните дела поврзани со организираниот криминал и корупцијата. Согласно член 29 во рамки на Јавното обвинителство на Република Македонија се основа посебено Одделение специјализирано за борба против организираниот криминал и корупцијата. Во функција на ефикасност во кривичниот орган, со овој закон се зајакнува соработката на надлежните органи, при што е утврдено дека во постапката јавниот обвинител може да побара одделни работници на Министерството за внатрешни работи и други надлежни органи (царина, финансиска полиција и др.) да му бидат ставени на располагање во остварувањето на својата функција (член 21).

2. Кои се главните насоки на политиката на вашата земја во борбата против дрога?

Стратешка определба на Република Македонија е осовременување на постоечкото законодавств во оваа област, со цел негово усогласување со Европската регулатива и научните достигнувања. Oпределба е и осовременување на постоечката инфраструктура за борба против нелегалната трговија со дрога; континуираната едукација на кадрите, задолжени за борба против нелегалната трговија со дрога; преземањето на инфоРепублика Македонијаативно-пропагандни, превентивни и репресивни мерки.

Во 1996 година, Владата на Република Македонија, донесе Национална програма за сузбивање на злоупотреба на дрогата и недозволената трговијата со дрога (Службен весник на Република Македонија број 35/96), чии цели се:


  • Усогласување на легислативата со барањата на конвенциите на ОН за контрола на дрогата,

  • Формирање на Меѓуресорска државна комисија за борба против илегалното производство, трговија и злоупотреба на дрогата

  • Создавање централен информативен систем за дрогата и злоупотребата на дрогата,

  • Јакнење на институционалните капацитети;

  • Развивање програми за лекување, рехабилитација и општествена реинтеграција на корисниците на дрога врз основа на зголемена партиципација на заедницата,

  • Подобрување на оперативните способности на органите за спроведување на законот преку обука и подобрување на опремата и зголемување на партиципацијата на заедницата во превентивните програми.

  • Основање на мрежи од совети на општинско ниво со учество на локалната управа, полицијата, судството, здравството, образованието,образовните организации и приватниот сектор во поглед на формулирањето на соодветни локални превентивни програми,

  • Информативни активности насочени кон подигнување на свеста против злоупотребата на дрогата.



Согласно Програмата, Владата на Република Македонија во 1998 година формира Државна меѓуресорска комисија за борба против недозволеното производство, трговија и злоупотреби на дроги. Таа пофготвува Програма за контрола на недозволеното производство и трговија со наркотични супстанци и прекурсори и превенција на злоупотреба на дрогата и ја поднесува на Владата.

Основни цели на Комисијата се намалување на достапноста и намалување на побарувачката на наркотични дроги и психотропни супстанции. Основни приоритети на програмата се: меѓуресорска координација и соработка на органите и агенциите за контрола и репресија, координација на активностите за рано откривање, лекување и рехабилитација на лицата што употребуваат дроги и превентива на ширењето на заразни болести кај нив, координација на активностите за социјална интеграција на лицата кои употребуват дроги, како и на активностите од областа на воспитанието и образованието. Комисијата врши активности од областа на информирањето, меѓународната соработка и соработка со невладините и други организации.




3. Кои се најважните мерки кои се користат? Како функционира координацијата помеѓу органите надлежни за спроведување на законите? Дали постои јасна распределба на задачите и координација:


a) помеѓу органите одговорни за намалување на побарувачката на дрога.
b) помеѓу надлежните органи вклучени во намалувањето на понудата на дрога.

Република Македонија, во борбата против злоупотребата на наркотички дроги се води од потребата за избалансирани мерки и активности за смалување на понудата на дрога и на побарувачката на дрога. На репресивен план, Министерството за внатрешни работи и Царинската управа преземааат континуирани мерки и активности за попречување на меѓународните илегални криминални групи за транзит на дроги и психотропни супстанции и прекурзори како и за дистрибуција на дроги и психотропни супстанции на нарко пазарот во земјата.

Меѓуресорската државна комисија за борба против недозволеното производство, трговија и злоупотреба на дрога е надлежна за остварувањето на хоризонталната координација на активностите на министерствата на Владата на Република македонија за контрола на дрогата. Комисијата е составена од претставници на ресорните министерства (Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за здравство, Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика, Агенција за млади и спорт, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство). Таа истовремено ја координира соработката со меѓународните организации за контрола на дрога. Националната програма за сузбивање на злоупотребата на дрога и недозволената тррговија со дрога како и Програмата за контролата на недозволеното производството и трговија со дрога, психотропни супстанции и прекурзори и за превентива на злоупотребата на дроги и психотропни супстанции ги определуваат главните мерки и задачи на сите субјекти во Република Македонија одговорни за реализирањето на активностите за намалување на побарувачката и достапноста на дрога.
На превентивен план Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика согласно своите законски обврски и годишни програми за работа- превземаат мерки за информирање и едукација на младите и останатото население во земјата, за лечење, рехабилитација и ресоцијализација на лицата кои употребуваат дроги.

Органите за спроведување на законот врз основа на законските овластувања ги реализираат обврските на гонење на криминалот поврзан со дрогата. Покрај тоа, тие учествуваат во рализација на мерките за ресоцијализација на лицата зависни од дрога со доследна примена на алтернативните мерки на казнувањето.

а) Координација помеѓу органите одговорни за намалување на побарувачката на дрога.

Меѓуресорската комисија во својата програма го дефинира подрачјето на дејствување на субјектите носители на реализација на програмските активности за превентива на употребата и злоупотребата на дроги и психотропни супстанции.

Министерството за здравство и Министерстовото за труд и социјална политика, ги реализираат активностите за рано откривање, лекување и рехабилитација на лицата што употребуваат дроги, како и активностите за превентива од ширењето на Хепатитис и СИДА.

Министерството за труд и социјална политика изготвува програма на активности за социјална интеграција на лицата што упогребуват дроги и истите ги реализира во соработка со невладини организации активни на овој план.

Министерстовото за образование во наставните програми во основното и средното образование вгради програмски активности за едукација на младите во врска со опасностите и последиците од употребите на дроги.

Заради натмошно подобрување на меѓуресорската координација и соработка, како и заради зголемување на ефикасноста на останатите активности, меѓуресорската комисија ќе изготви Национална стратегија за контрола на дрога.

б) Распределба на задачите и координација помеѓу надлежните органи вклучени во намалувањето на понудата на дрога

Министерството за внатрешни работи во рамките на своите законски надлежности за попречување и сузбивање на илегалната трговија со наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори постојано соработува и ги координира своите активности со Министерството за финансии-Царинска управа на Република Македонија, Министерството за здравство и Министерството за земјоделие. Со оглед на тоа што Министерството за внатрешни работи и Царинската управа се основни носители на мерките за смалување на понудата на дроги соработката се одвива преку директни контакти меѓу специјализираниот Сектор за НТ со дрога во Криминалистичката полиција во МВР и Царинската управа, преку размена на информации и изведување на заеднички оперативни мерки и активности.

Со Меморандумот за соработка потпишан на 18 ноември 2004 година меѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии подетално се регулираа меѓусебната соработка на службите за спроведување на законот во рамките на двете министерства во борбата против криминалот. Притоа, се утврдуваат областите од заеднички интерес заради избегнување на преклопување или дуплирање на материјалните или човечки ресурси, се изградува систем на континуирано договарање во случаи од заедничка надлежност, се утврдува постапка за размена и заштита на оперативни податоци и разузнавачки сознанија и се утврдуваат критериуми за користење на податоци од базите на податоци во двете министерства.

Соработката континуирано се остварува и со јавното обвинителство и истражните судии во случаите на илегална трговија со дроги при што се постигнува задоволувачко ниво на содејство во превземањето на активностите.


4. Како функционира соработката и размената на информации со другите државни тела? Дали постојат меморандуми за разбирање или взаемни договори помеѓу различните служби за спроведување на законите чија одговорност е да се справат со понудата на дрога? Дали постојат слични договори со релевантни индустрии? Ако има, ве молиме да наведете детали.

Согласно Националната програма за сузбивање на злоупотреба на дрогата и недозволената трговија со дрога („Службен весник на Република Македонија“ број 35/96) формирана е Меѓуминистерска координативна комисија при Владата на Република Македонија за следење и контрола на активностите сврзани со спречување на употребата на дрогата и илегалната трговија со дрога. Во работата на Комисијата учествуваат претставници од сите министерства кои имаат надлежност во смалување на понудата и побарувачката на дрога, при што се разменуваат податоци и информации и се надополнуваат одделните акциони програми на министерствата.

Министерството за внатрешни работи ги координира своие активности и со Министерстовото за образование, труд и социјална политика и Министерство за здравство кои се надлежни за намалување на побарувачката на дроги и за третманот, рехабилитацијата и реинтеграцијата на лицата кои злоупотребуваат дроги.

Секторот за Недозволена трговија со дрога во Министерство за внатрешни работи соработува со инспекторите од Министерстовото за земјоделие,шумарство и водостопанство пред се во контролата на легалните засади на афион и во откривањето на илегалните насади на афион и канабис сатива, а со Министерството за здравство во контролата на прекурсорите како и попречувањето на пренасочувањето на легалните дроги во илегални цели, пеку заеднички контроли на аптеките и фармацевтската индустрија. Секторот учествува во едукативните програми на Министерството за образование и Агенцијата за спорт и млади со одржување на предавања и пезентирање на негативните последици од употребата на дроги врз младите односно опасностите од нивна криминализација и асоцијализација.

Министерството за внатрешни работи преку Секторот за недозволена трговија со дроги во рамките на соработката истата најблиску ја остварува со Министерство за Финасии односно Царинската управа со тоа што од Август 2004 година се одржуваат редовни состаноци, помеѓу Секторот, Гранична полиција, Секторот за контроли и истраги при Царинската управа, во соработка со ЕУРОПОЛ - “Проксима“ и CAFAO- МАК-мисијата. Целта на состаноците е подобрување- олеснување на меѓусебната соработка, скратување на процедури за размена на информации и олеснување на меѓусебната координација на оперативно ниво.

Министерството во рамките на своети надлежности соработува и со невладини организации кои работат во оваа област како и со медиумите преку континуирано инфоРепублика Македонијаирање за движењето на состојбите во криминалот со дрога, трендови и за актуелна состојба со злоупотреба на нови видови дроги.

Во моментов не постојат меморандуми за разбирање или взаемни договори помеѓу различните служби за спроведување на законите чија одговорност е да се справат со понудата на дрогата, но во тек се активности за изготвување на такви акти со содветените служби.

Во Република Македонија не се склучени ниту договори со релевантни индустрии кои се занимаваат со производство на дроги, психотропни супстанци и прекурсори.


5. Како стојат работите во врска со соработката на меѓународно ниво (Офицери за врска)?

Министерството за внатрешни работи во борбата против криминалот со дрога во рамките на своите надлежности развива широка меѓународна соработка со полициите од Балканскиот регион, Европа и пошироко. Владата на Република Македонија досега потпиша, а Собранието ратификува шест договори за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недзоволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори со Турција (ратификуван во 1992 год.), Романија (ратификуван во 2004 год.), Република Албанија (ратификуван во 1992 год.), Бугарија (ратификуван во 2003 год.), Словенија ратификуван во 1995 год.) и Хрватска (ратификуван во 1997 год.). Покрај тоа, Република Македонија има склучено и спогодби со Руската Федерација, Република Франција, Украина и Република Црна Гора. Во постапка на потпишување се договори со Швајцарија и Унгарија.

Полициската соработка со други земји се остварува преку офицерите и каналите на Интерпол, офицерите за врска на СЕКИ Регионалниот центр за борба против прекуграничниот криминал (Иницијатива за соработка на Југоисточна Европа) и офицери за врска назначени во Република Македонија од трети земји.

Република Македонија има свои претставници од Царинската управа и Министерството за внатрешни работи како офицери за врска во седиштето на СЕКИ Регионалниот центр за борба против прекуграничниот криминал во Букурешт-Романија, додека во Република Македонија има постојани офицери за врска на Бугарија, Грција и Франција, а има воспоставено соработка и со офицери за врска од Скандинавските земји, САД (Агенцијата за борба против дрога ДЕА), ГеРепублика Македонијаанија чии седишта се наоѓаат во соседните земји. За детали види 24_G_10)

Меѓународната соработка се одвива и преку ИНТЕРПОЛ и на оперативно ниво каде што Министерството за внатрешни работи има остварено контакти и реализирано успешни оперативни акции со соодветните служби на Бугарија, Хрватска, Словенија, Австрија, СР Геrmанија, Холандија и Р Турција.

6. Како соработувате со меѓународните тела кои работат со дрога, како што се UNODC (Канцеларија на ОН за дрога и криминал), INCB (Меѓународен тело за контрола на дрога), Комисија за наркотични дроги, Помпиду групата, СЗО и тн.?

Република Македонија, како учесник на главните меѓународни инструменти за борба против дрогите, е вклопена во меѓународниот систем на следење и известување за настаните и активностите поврзани со контролата на дрогите.

Во овие активности се вклучени надлежните органи на Република Македонија, а координацијата на оваа соработка се остварува преку Меѓуресорската комисија, како и Министерството за надворешни работи.

Оттаму, Република Македонија е обврзана да доставува редовни извештаи за имплементацијата на конвенциите до Меѓународниот борд за контрола на наркотиците (INCB). Во поднесувањето на бараните информации и пополнување на прашалниците на INCB се вклучени неколку институции. Министерството за здравство доставува податоци за извозот и увозот на наркотични дроги и психитропни супстанци, подготвува годишни статистички извештаи за произвоството, потрошувачката, складиштењето, извозот и увозот на наркотични дроги и психотропни сусптанци, а го подготвува и делот од годишните прашалници на ОН - дел I и II за злоупотребата на дрога. Министерството за внатрешни работи води Национален регистар за корисници на дрога, а располага и со податоци за престапи поврзани со дрогата и недозволената трговија со дрога, заплената на дрога и со тоа поврзаните лишувања од слобода. Околу прашалниците на ОН, МВР поднесува податоци во делот III за недозволената понуда на дроги и заедно со Царинската управа одговара на прашалниците на ОН во делот на своите надлежности. Министерството за правда поседува податоци за престапите поврзани со дрогата, а ги подготвува податоците за вториот дел од годишните прашалници на ОН за легислативните и административните мерки.

Поинтензивната соработка со УНДЦП- Програмата на ОН за контрола на дрогата, започна во 1997,1998 година. Соработката се одвива преку конкретни проекти што имаат за цел јакнење на институционалните капацитети на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, јакнење на контролата на граничните премини во Република Македонија, обука на персонал, студиски посети, обезбедување литература, прирачници, методолошки упатства, како и поддршка на невладиниот сектор.

Во 1998 година заедничкиот проект на УНДЦП и ФАРЕ - “Јакнење на капацитетите за контрола на дрогата во Република Македонија“ помогна за хаонизирање на македонското законодавство со меѓународните стандарди за решавање на проблемот со дрогата. Овој проект се надоврза на меѓународните напори за јакнење на националните капацитети за имплементација на законите од оваа сфера во Југоисточна Европа.

Во март 1999 година започна заеднички проект на УНДЦП и програмата ФАРЕ за јакнење на полициските капацитети во ЈИЕ - сузбивање на криумчарењето на дрогата помеѓу Република Македонија, Бугарија и Романија. Овој проект заврши во декември 2002 година, а се однесуваше на зголемување на националните капацитети за контролата на граничните премини за спречување на криумчарењето на дрога по воздушен (аеродромите во Република Македонија, Бугарија, Романија), воден и копнен пат; развој на национални ситеми за прибирање разузнавачки податоци и анализа за помош во кривичните истраги; организирање координирани, контролни мерки и хармонизирање на капацитетите за откривање дрога на патните гранични премини меѓу Бугарија и Македонија за да се прекине криумчарењето на хероин (по т.н. Балканска рута).

До крајот на оваа година ќе биде финализиран уште еден регионален проект на UNODCCP за сузбивање на криумчарењето на дрога. Освен Македонија проектот ги опфаќа и БиХ, Бугарија, Хрватска, Романија, Словенија и СиЦГ. Проектот треба да обезбеди помош за јакнењето и унапредувањето на националните капацитети за собирање и анализа на разузнавачки инфоРепублика Македонијаации околу главните истраги поврзани со криумчарење на дрога во спомнатите седум земји. Доколку во односните земји не постојат посебни одделенија за разузнавање поврзани со дрогата, со помош на проектот е предвидено, да се воспостават такви структури, да се обучат и опремат со база на податоци и аналитички софтвер што е наполно компатибилен со стандардите на Еуропол и на Интерпол.

Во рамки на соработката меѓу Република Македонија и UNODC во подготовка има нови проекти, како на пример националниот проект за обука на царински кучиња за откривање на дрога и регионален проект за ХИВ/СИДА.

Од 1999 година УНДЦП формираше Подрачна канцеларија за операции во Софија, Бугарија, која иницијално ги покриваше и активностите во Република Македонија, а подоцна ги прошири своите надлежности во останатите земји од регионот- тогашна СРЈ, Хрватска, БиХ и Словенија. Кон Подрачната канцеларија во Софија е приклучена мрежа од искусни национални проект офицери во Тирана, Сараево и во Скопје.

Во работата на Комисијата за наркотични дроги (CND) во Виена учествуваат македонските претставници од Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи и од Меѓуресорската државна комисија за контрола на дрогата. Република Македонија беше членка на CND во периодот од 2000-2003 година.

Република Македонија не е членка на Помпиду групата, меѓувладино тело на Советот на Европа во кое членуваат 34 земји. Министерството за надворешни работи подготвува предлог до Владата на Република Македонија да донесе одлука за пристапување во членство на Помпиду групата. Се очекува оваа одлука да биде донесена во 2005 г.

Соработката со Европската комисија се реализираше преку имплементација на неколку ФАРЕ програми во рамките на ФАРЕ мултикорисничката програма за дроги. Македонија учествуваше во имплементација на проектите „Информационен систем за дрогите и информациони мрежи“, „Техничка помош за намалување на побарувачката на дрога – субрегионална програма “, ФАРЕ проектот за прекурсори, фаза 4 и 5 и Фаре Прокектот за синтетички дроги.

Соработката со Светската здравствена организација се одвива преку Министерството за здравство.

Во 2000/2001 год. започна со реализација Заедничкиот проект на Министерството за здравство на Република Македонија, СЗО и УНИЦЕФ-“ Децентрализација на службите за превенција и третман на злоупотреба на дроги, во насока на подобрување на третманот на лицата зависни од дроги и превенција на ХИВ меѓу истите”. Со проектот беше планирано отварање на регионални центри, но во истото не се успеа поради бројни субјективни и објективни потешкотии.

Во декември 2003 год. Владата на Република Македонија потпиша двегодишен договор за соработка, за периодот 2004/2005 год, со Регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Со договорот се планира подршка за развивање и подобрување на проекти од областа на здравството. Планираните активности се собрани во три клучни сегменти: обезбедување на здравствени услуги (стручно технички интервенции во земјата), развој на инфраструктурата во здравствениот систем и здравствена политика и други раководни елементи. За една од приоритетните активности се планира подршка за отварање на нови служби за третман на лица зависни од опијатни дроги.

Владата на Република Македонија, преку Министерството за здравство, во септември 2004 год. со Глобалниот фонд за борба против СИДА, потпиша двегодишен договор на програмата “Градење на Координиран одговор против ХИВ/СИДA, број на грантот МКД-304-Г01-Х”. Во делот Превенција на ХИВ трансмисија меѓу интравенски корисници на дрога планирано е подобрување и поголема достапност на Програми со субституциона терапија за интравенски корисници на дрога, преку отварање на 4 нови центра во следните 2 години.

7. Дали имате општи насоки во борбата против трговијата со дрога?

Во напорите за сузбивање на нелегалната трговијата со дрога се преземаат превентивни и репресивни мерки.

Надлежните органи за контрола на дрогата, Министерството за внатрешни работи и Царинската управа преземаат континуирани оперативни активности за намалување на понудата на дрога и растурање на криминалните грѕпи поврзани со недозволената трговија на дрога по „Балканскиот пат.

Борбата против недозволената трговија со дрога се заснова на следниве закони: Кривичниот закон на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03 и 19/04), Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/97), Законот за Јавното обвинителство („Службен весник на Република Македонија„ бр. 38/04) и Законот за прекурсори („Службен весник на Република Македонија„, бр. 37/04) Имено,

Главните цели во областа на намалувањето на достапноста на дрогата се континуирана реализација на оперативните методи (стратешки и оперативни анализи на информации: истражни постапки и прибирање, анализа, размена и ширење на податоци и информации за заплената на дрога; унапредување на прекуграничните безбедносни мерки, воспоставување на ефикасна межуресорска соработка меѓу полицијата, царинските служби и судството; решителна акција против поединците и криминалните групи, вклучувајќи ја конфискацијата на средствата, користење на техниката на контролирана испорака и други специјални истражни методи, развивање на меѓурегионалната соработка меѓу органите за спроведување на законот, редовна размена на информации со ЕВРОПОЛ и ЕВРОКАСТОМС; соработка со органите и телата на ООН и со други полициски организаии како ДЕА и БКА.

8. Дали постои соодветен и доволен административен капацитет за борба против кривичните дела поврзани со дрога?

Согласно усвоената Стратегија и Акциски план за реформа на полицијата, се формира Оддел за организиран криминал со специјализиран Сектор за борба против недозволената трговија со дрога. Секторот има 29 извршители, од кои 20 во централните служби и 9 деташирани во подрачните Сектори за внатрешни работи. Во рамките на Секторот постојат две одделенија: одделение за недозволена трговија со опијати, кокаин и канабис и Оддление за недозволена трговија со синтетичлки дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Еден дел од извршителите имаат посетувано обуки и семинари од областа на борбата против дрогата, организирани од страна на Сојузната служба на ГеРепублика Македонијаанија- БКА, Американската агенција- ДЕА, Француската и Британската служба како и Академијата на ФБИ (FBI) - ILEA во Будимпешта.

Исто така, во Секторот за истраги при Царинската управа, најнепосредно на проблемот со дрога работат 6 извршители и 4 водичи на службени кучиња за откривање на дрога, и истите имаат поминато обука за дрога- основна и специјализирана- во организација на CAFAO - MAK мисијата, Бугарската царинска служба, Турската амбасада во Република Македонија во соработка со ТADOK - Република Турција ( Меѓународна академија за борба против дроги и организиран криминал), царинската служба на Република Германија и во Академијата на ФБИ (FBI) - ILEA во Будимпешта.

Со Законот за Полициската академија („Службен весник на Република Македонија„ број 40/03) се исполнети и сите правни претпоставки за континуирана обука на кадри за потребите на Министерството за внатрешни работи и други органи.

Се очекува натамошно унапредување на капацитетот со активирање на специјалните истражни техники, по создавањето на формално-правна основа во Законите за заштита на сведоци и Законот за следење на комуникации, кои се во собраниска процедура.


9. Кои се релевантните структури и овластувањата на полицијата, царинските служби и правосудните органи? Ве молиме образложете го нивното функционирање при секојдневното работење.

Во Република Македонија релевантни структури кои се задолжени за непосредно превземање на мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дроги, психотропни супстанции и прекурсори се Секторот за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Министерството за финансии.

Во рамките на Одделот за Криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи, систематизиран е Сектор за недозоволена трговија со дроги, а во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи систематизирани се Одделение за недозволена трговија во Секторот завнатрешни работи Скопје а во останатие Сектори за внатрешни работи Отсеци за недозволена трговија.

Овластувањата на овластените службени лица кои во секојдневното работење превземаат мерки и дејствија, за попречување на кривичните дела од областа на нелегалната трговија со дрога, психотропни супстанции и прекурсори, произлегуваат од Законот за внатрешни работи („Сл.весник на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„ бр. 19/95, 55/97, 38/02, 33/03 и 19/04), Правилникот за вршење на работите на Мнистерството за ванатрешни работи („“Службен весник на Република Македонија“,„ бр.12/98 и 15/03 ) и Законот за кривична постапка („Сл.весник на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„ бр.15/97, 44/02 и 74/04):



  • легитимирање на лица заради проверка или утврдување на идентитетот,

  • повикување на граѓани со писмена покана заради собирање потребни известувања,

  • барање на потребни известувања од граѓани,

  • преглед на превозни средства, лица и багаж ,

  • пренасочување, насочување или ограничување движење на лица и превозни средства,

  • влегување во туѓ дом или просторија со претходно легитимирање и презентирање на судска одлука односно наредба,

  • обезбедување на местото на настанот и вршење на увид,

  • трагање по лица и предмети заради пронаоѓање и фаќање на сторители на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, психотропни супстанци и прекурсори, пронаоѓање на предмети што се во врска со такви кривични дела и собирање на податоци за лица или предмети.



Во прибирањето на сознанија и превземање на конкретни мерки и дејствија во борбата против дрогата, овластените службени лица од Секторот секојдневно соработуваат со унифоРепублика Македонијаираните службени лица. За подобрување на нивните познавања во борбата против дрогата Министерството во соработка со ОБСЕ за Република Македонија од 2002 година до сега пеРепублика Македонијаанентно организира тродневни курсеви на тема „Идентификација на дроги, правна процедура и вршење на претреси„.

Во делот на превенцијата Секторот и подрачните организациони единици превземаат активности за запознавање на учениците во средните и основните училишта со опасностите од користењето на дрогата, со организирање на разни предавања, трибини и разговори, а исто така во содејство со унифоРепублика Македонијаираната полиција превентивно работи на спречување на собирање на лица на отворени простори, напуштени објекти или организирани манифестации, кои имаат намера да злоупотребуваат односно продаваат дроги, а со постојана контрола над истите.

Царинската Управа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии.

За сузбивање на криумчарење на дроги на централно ниво надлежен е Секторот за контрола и истраги при Царинската управа.

Овластувањата на Царинската управа се утврдени со Законот за Царинската управа (“Службен весник на Република Македонија“,бр. 46/04), Законот за царини (“Службен весник на Република Македонија“, бр. 21/98, 26/98, 63/98, 86/99, 25/00, 109/01, 4/02 и 55/02) и други прописи.

Царинската управа е надлежна за спроведување на царинскиот надзор над граничните премини во стоковиот и патничкиот промет, од аспек на сузбивање на криумчарење на опојни дроги, како и за спроведување на царинскиот надзор на прометот со психотрони материи во увозот, извозот или транзитот. На граничните премини царинските службеници се овластени да вршат преглед и претрес на сите лица, возила и стоки. Во случај на откривање на илегална пратка на опојни дроги царинската управа преку Секторот за контрола и истраги спроведува истражни дејствија врз основа на Законот и поднесува кривична пријава преку Јавното Обвинителство до надлежниот суд.

Во внатрешноста на државната територија царинските службеници се овластени да запираат и вршат преглед и претрес на возила за превоз на стоки врз основа на Законот за царинска управа и Законот за царина.

Кај увозот и извозот на прекурсори Царинската управа проверува дали за одредена пратка е издадена посебна дозвола од страна на Министерството за здраство. Доколку се утврдат било какви неправилности Царинската управа ќе ја стопира таа пратка и ќе го извести Министерството за здраство и Секторот за контрола и истраги за спроведување за понатамошна истрага.

Секторот за контрола и истраги самостојно или во соработка во Секторот за недозволена трговија со дроги при Министерството за внатрешни работи ја следат состојбата и појавите на криумчарење на опојни дроги на подрачјето на целата држава, планираат или непосредно спроведуваат акции на зголемена контрола на граничните премини или контрола на возила за превоз на стоки во внатрешноста на државата.

Јавното Обвинителство во однос на кривичните дела за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ги има истите овластувања за откривање и гонење на сторителите како и за другите кривични дела и нивните сторители.

Со новиот Закон на Јавното Обвинителство и со измените со Законот за кривична постапка (“Службен весник на Република Македонија“,74/04) и со предложениот Закон за условите и постапката за следење на комуникациите, се прошируваат посебните истражни мерки, а и овластувањата на јавното Обвинителство бидејќи во определени случаи тоа е надлежно да ги одобрува. Се проценува дека меѓу другото со тоа ќе се зајакне и борбата против кривичните дела кои ги опфаќаат наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите.

10. Кои мерки се усвоени на државните граници?

Со “Националната стратегија за интегрирано гранично управување“ генерално се дефинираат надлежностите на полицијата и царината во однос на откривањето на обидите за нелегално внесување односно изнесување дрога на граничните премини.

Имајќи го предвид одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/95, 55/97, 38/2002, 33/2003 и 19/2004) со кои е дефиниран делокругот на одделните служби во Министерството за внатрешни работи, при контролата на преминување на државната граница од страна на Одделот за Гранична полиција се преземаат континуирани мерки насочени кон откривање и попречување на обиди за недозволена трговија со дрога.

Мерките кои се преземаат во основа се:



  • Изработка на планови од страна на полициските станици на граничните премини во кои се предвидуваат мерки насочени кон откривање на обиди за недозволена трговија со дрога

  • Вршење на т.н селективна контрола над возила и лица кои имаат сомнително однесување

  • Вршење задолжителна контрола над лица под зајакната републичка, локална и меѓународна оперативна контрола

  • Преземање активности врз основа на распишаните оперативни акции

  • Прибирање на оперативни сознанија во врска со недозволената трговија со дрога и нивно дистрибуирање до надлежните служби на министерството

  • Тесна соработка и координација на активностите со Одделот за криминалистичка полиција и тоа како на локално ниво со подрачните СВР - ОВР така и на централно ниво со Секторот за недозволена трговија со дрога

  • Тесна соработка со царинската служба при вршење на прегледи на лица и возила

  • Вршење обука на припадниците на граничната полиција кои вршат контрола на преминување на државна граница

  • Опремување на граничнните премини со соодветни технички помагала наменети за детекција на разни видови на дрога и нивна употреба во секојдневното работење на граничните премини.

  • Обука на водичи на службени кучиња како и обука и користење на службени кучиња.



Полицијата остварува оперативна соработка со Царинската управа која е надлежна за контрола на увоз, извоз и транзит на стоки. Соработката е сврзана со давање на податоци за криумчарскиот синџир, модусот користените средства, лицата вмешани во криумчарење и сл. Контролата и прегледот на превозните средства со кои се врши транспорт односно увоз, извоз и транзит на стоки го врши Царинската управа која располага со потребни податоци за стоката, испраќачот и превозникот (интересен поради можноста за криумчарење на опојни дроги). На барање на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, согласно горе наведените причини може контролата и прегледот да го извршува во соработка со претставниците од Министерството за внатрешни работи.

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги врши анализа на протокот на стоки (испраќач, превозник, возар, возач и превозно средство) со кој се превезува стока во патничкиот, железничкиот и авионскиот превоз.

Горе наведеното се превзема со цел да, со зголемениот надзор на државната граница (патнички и стоков промет) во насока на намалување на понудата и побарувачката на сите видови на опојни дроги, се постигне пресекување на меѓународниот канал на транспорт на дрога. При преземањето на мерките кои се спроведуваат со меѓусебна соработка помеѓу Граничната полиција, Царинската управа и Секторот за недозволена трговија со дрога се води сметка со ваквите превентивно - репресивни мерки да не се влијае негативно на отвореноста и протокот на сообраќајот како и на туристичката ориентација на Република Македонија.

11. Дали имате создадено електронска база на податоци која опфаќа запленета дрога во последните три години и други статистички податоци?

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија има создадено електронска база на податоци за сторени кривични дела и сторители поврзани со криминалот со дроги согласно Правилникот за вршење на работите на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ број 12/98) и Упатството за работните и оперативните евиденции што се водат во полициските станици.

Податоците за кривичните дела се водат во соодветни програми во централниот информационен систем на Министерството за внатрешни работи каде што постојат статистички показатели за бројот на кривичните дела, сторителите и видот на дрогата, додека податоците за одземените и запленетите количини дроги се евидентираат од поднесените кривични пријави посебно на мануелен начин. Со натамошна обработка на податоците се изготвуваат статистички податоци (тримесечни, деветомесечни, полугодишни и годишни) за обемот на криминалитетот од областа на недозволената трговија со дроги на територијата на целата земја.

И податоците за прекршоците и лицата кои поседуваат и кои се оддаваат на уживање на наркотични дроги се водат посебно, на мануелен начин согласно Упатството за водење на статистички податоци и начинот на известување за појавите и состојбите во областа на јавната безбедност.

Се водат и посебни евиденции на мануелен начин со податоци за откриените меѓународни канали, количините на одземените видови дроги на територијата на Република Македонија, за бројот на македонските државјани лишени од слобода во други држави поради инволвираност во случаи со недозволена трговија со дрога, за зависниците, како и за видот на дрогите што ги консумираат.

Република Македонија од 1993 година е членка на Националното биро-Интерпол, а од 1999 година членка на СЕКИ Регионалниот центар и има обврска за известување за покарактеристичните случаи на заплени на дроги.

Во табелите што следат, презентирани се податоци за вкупниот број на регистрираните кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции„ по член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија, за сторителите (табела 1), за видовите и количините на одземените наркотични дроги (табела 2), како и за трендот на движење на уживателите според полициската статистика (табела 3).

ТАБЕЛА 1


КРИВИЧНИ ДЕЛА

2001 год.

2002 год.

2003 год.

Кривично дело по член 215 од

КЗ: „неовластено производство

и пуштање во промет

наркотични дроги, психотропни

супстанции и прекурсори




287



216



306

Кривично дело по член 216 од

КЗ: „овозможување на употреба

наркотични дроги и психотропни

супстанции и прекурсори„





61



66



100

СТОРИТЕЛИ

Кривично дело по член 215 од

КЗ: „неовластено производство

и пуштање во промет

наркотични дроги, психотропни

супстанции и прекурсори„




400



307



412

Кривично дело по член 216 од

КЗ: „овозможување на употреба

наркотични дроги и психотропни

супстанции и прекурсори„





70



71



105


ТАБЕЛА 2

Видови и количини на одземени наркотични дроги

Години

Хероин

Марихуана

Хашиш

Кокаин

Суров опиум

Екстази

Ацетик

анхидрид

2001

110 кг. и 882 грама

99 кг и 115 гр; 606 стебла 122 гр.и 186 семки

309 кг. и 846 грама

5 кг. и 860 грама

3 кг. и 494 грама

45 таблети

/


2002

28 кг. и 572 грама

29 кг.и 234 гр.; 815 стебла и 298 семки

258 кг. и 406 грама

342 грама



22 кг. и 930 грама

18.341 таблета

/


2003

66 кг. и 145 грама

180 кг.и 681 гр. 858 стебла и 217 гр.семки

423 кг. и 504 грама

6 кг. и

502 грама



17 кг. и 947 грама

9.646 таблети

400 литри




ТАБЕЛА 3

Регистрирани уживатели на дрога

Година

2001

2002

2003

Уживатели

5.030

5.222

6.034

Извор на статистичките податоци е Министерството за внатрешни работи.



12. Дали имате склучено Меморандум за разбирање со релевантни партнери (пристаништа, услуги за брза испорака итн.)?

Соработката со јавните претпријатија и трговските друштва кои вршат сродни дејности (пошти, брза пошта, телефонски провајдери и сл.) се одвива согласно Законот за кривична постапка ( ““Службен весник на Република Македонија“, 15/95, 44/02 и 74/04“ ) Според член член 142, од овој Закон Министерството за внатрешни работи може да бара потребни известувања од правни лица и институции што вршат јавни овластувања, за да оствари увид во определена-документација или да изврши преглед на определени - објекти и простории.

Досега во Република Македонија нема потпишано Меморандуми за разбирање со релевантни партнери надвор од државната управа со цел за регулирање на заедничко и координирано делување за контрола на дрогата.

13. Дали Вашите органи користат систематска анализа на ризикот? До кој степен се потпираат на финансиските истраги и на контролираните испораки?

Во текот на секојдневното работење,во Министерството за внатрешни работи не се користи систематска анализа на ризикот, туку се прави анализа на ризикот за секое сознание пооделно, односно од добиените сознанија се издвојуваат само оние кои даваат доволен основ дека постојат основи на сомневање за сторено кривично дело и за нив се прави поодделно анализа на ризикот.

Финансиски истраги во Министерството за внатрешни работи, се во надлежност на Секторот за финансиски криминал, кој во својот делокруг на работа собира сознанија и податоци за извршени финансиски малверзации,со цел стекнување на противправна имотна корист.

При тоа, Секторот соработува со Дирекцијата за спречување перење пари. Со Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело (“Службен весник на Република Македонија“,број 46/2004) е определена обврската на субјектите преку кои се вршат финансиски трансакции во износ од 15000 евра или повеќе, да го утврдуваат идентитетот на вршителот на таа трансакција, како и на поврзаните трансакции во износ од 15000 евра или повеќе.

Финансиските истраги во делот на недозволената трговија со дрога претставуваат само индиција дека одредено лице или организација оствариле и остваруваат приход кој потекнува од трговија со дрога.

Република Македонија со донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка („Службен весник бр. 74/04 од 22.10.2004 год.) ја предвиде контролираната испорака и превоз на лица и предмети како посебна истражна мерка.

Во досегашното работење Министерството за внатрешни работи има одредено искуство во превземање и изведување на контролирани испораки на наркотични дроги при што се постигнати задоволителни резултати и запленети поголеми количини дроги, а лишени се од слобода поголем број лица.

Министерството за внатрешни работи преку надлежните организациони единици континуирно соработува и разменува информаации со полициите од земјите во Европа и пошироко и учествува во полициски операции водени преку ИНТЕРПОЛ и СЕКИ (Југоисточна европска иницијатива). При овие полициски операции се јавува потреба за преземање на истражна мерка контролирана испорака .


14. Дали сте запознаени со Акциониот план за дрога на ЕУ за периодот од 2000-2004 година?

Меѓуресорската државна комисија за борба против недозволеното производство, трговија и злоупотреба на дроги, и другите надлежни институции во Република Македонија се запознаени со Акциониот план за дроги на Европската Унија за периодот од 2000-2004 година.

Именуваната државна комисија, во 2003 година го циркулираше Акциониот план за дроги на ЕУ како и нацртот на работната верзија на Акциониот план за борба против дрогата во Република Македонија, којшто е целосно усогласен со Акциониот план за дрога на ЕУ(2000 – 2004).

Комисијата, согласно Акциониот план за Европско партнерство на Владата на Република Македонија до јуни 2005 година треба да подготви Национална стратегија за контрола на дрогата која ќе биде усогласена со Акциониот план за дрога на ЕУ 2005-2009.

Тековните Активности за контрола на дрогата во Република Македонија се темелат и се усогласени со принципите постулирани во Акциониот план за дрога на Европската Унија 2000 – 2004.

15. Дали постои ,,Национална програма за борба против дрогата“? Како се реализира?

Владата на Република Македонија со цел да се интензивираат и координираат активностите на надлежните министерства на планот на контролата на дрогата донесе Национална програма за сузбивање на злоупотребата на дрогата и недозволенаѕта трговија со дрога.(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/96). Во согласност со оваа Програма Владата во 1998 година основа Меѓуресорска државна комисија за борба против недозволеното производство, трговија и употреба на дрогата, која подготвува програма за контрола на недозволеното производство, трговија со наркотични дроги психоотропни супстанци и прекурсори и за превенција на злоупотребата на дрогата и ја поднесува на Владата на Република Македонија.

Програмата ги определува активностите на надлежните министерства одговорни за остварување на активности усмерени кон намалување на достапноста на дрога (drug supply reduction) и активностите за намалување на побарувачката за дрога (drug demand reduction) . Во програмата се предвидени и дефинирани активностите за апроксимкација на националното за кондавство за дроги со Акиусот за дрога на ЕУ , алктивностите за создавање на систем за собирање и анализа на податоците за дрога, активностите за обука на кадри за активности за сузбивање на достапноста и побарува~ката на дрога, како како и активности од областа на примарната, секундарната и терцијарната превентива на употребата на дрога.

Програмаta за контрола на производството и трговијата со дроги, психотроипни супстанции и прекурзори и за превентива на злоупотребата на дроги, психотропни супстанции и прекурзори се состои од три основни поглавијаЧ



  • Активности за намалување на достапноста на дрогите, психотропните супстанции и на прекурзорите,

  • Активности за анмалување на побарувачката на дроги и психотропни супстанции и

  • Меѓуресорска координација и соработка.

Програмата јасно ги дефинира националните приоритети поврзани со контролата на дрогата и ја дефинира улогата на надлежните министерства и други органи.

Во програмата на Меѓуресорска државна комисија за борба против недозволеното производство, трговија и злоуотреба на дрога. од одделно значење се активностите за интензивирање на примарната превентива, унапредувањето на социјалната и здравствената заштита на лицата со проблеми предизвикани со употреба на дрога, подршката на грѓанскиот сектор во активностите за намалување на побарувачката за дрога, апроксимација на законодавството за дрога со ЕУ акиусот за дрога и меѓународната соработка.

16. Иако во европското законодавство не се наведуваат административни структури, како вие имате намера да се подготвите за учество во EMCDDA (Европскиот центар за надзор на дрогата и зависниците од дрога) и во Европската информатичка мрежа за дрога и зависност од дрога (REITOX)? Дали планирате да поставите национални контактни точки?

Во Република Македонија не постои единствена инфоРепублика Македонијаитивна мрежа и систем за собирање, обработка и публикување на податоците за дрогите и за употребата на дрога. Податоците за лицата лекувани поради здравствени проблеми предизвикани со употреба на дрога се внесуваат на образец Болничко-статистики лист што се испраќа во Републичкиот завод за здравствена заштита. Податоците од болничката статистика за лицата со здравствени проблеми предизвикани со употреба на дрога не се обработуваат.

Министерството за внатрешни работи води регистер на лица што сториле кривични дела за поседување дрога и за нудење и овозможување на употреба на дрога, додека Државниот завод за статистика собира податоци за лица осудени за кривични дела во врска со дрога.

Република Македонија беше вклучена во Проектот за инфоРепублика Македонијаациони системи за дрога (Drug Informatioin Systems and networking-DIS) во рамките на ФАРЕ поеќе-корисничкиот проект за борба против дрога (Phare Multi-Beneficiary Programme for Fight against Drugs (1997 – 1999). Во 1999 година беше воспоставена национална фокус –точка при што со донација од програмата ФАРЕ беше реализирана иницијална обука на персоналот на националниот фокус и беше обезбедена потребната логистика. Во 1999 и 2000 година беа подготвени Национални извештаи и испратени до ЕМЦДДА, меѓутоа поради немање финансиски средства тој после една година работа престана да функционира.

Важно е да се истакне дека со Акциониот план за Европско партнерство, Владата на Република Македонија планира институционализирање на националната фокусна точка.

Исто така, со цел да се обезбеди соодветно функционирање на Националниот фокален поинт Владата на Република Македонија ќе преземе активности за зајакнување на институционалните капацитети за контрола на дрогата на министерствата и институциите кои се надлежи за остварување на активностите за контрола на дрогата, односно за создавање информационен систем за дрога според стандардите на Европскиот центар за мониторинг на дрога и злоупотреба на дрога (EMCDDA – European Monitoring Center for Drugs and Druig Addictions). На тој начин Република Македонија ќе се вклучи во Европската инфоРепублика Македонијаатичка мрежа за дроги и токсикомании REITOX (Rèsau Européen d’information sur le Drogues et Toxicomanies).






Достарыңызбен бөлісу:
1   ...   40   41   42   43   44   45   46   47   ...   51




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет