Во врска со Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на обсе


Зајакнување на институциите одговорни за Ромските прашања



бет7/8
Дата25.06.2016
өлшемі0.85 Mb.
#157599
1   2   3   4   5   6   7   8

Зајакнување на институциите одговорни за Ромските прашања
Се препорачува Земјата домаќин да:


  • Ја разјасни улогата на секој чинител вклучен во спроведувањето на политиките за Ромите, особено на Министерот без ресор и неговиот Кабинет и на Одделението за спроведување на Националната стратегија и акционите планови за Декадата за вклучување на Ромите

    • Потребно е да се постигне конструктивен дијалог, со цел да се обезбеди најсоодветната поделба на надлежности и ефективна координација, имајќи ги предвид интересите на ромското население во земјата

    • Кога ќе се бараат решенија за спроведување, треба да се има предвид компаративната предност на секоја институција: долгорочно планирање и оддржливост; човечки и финансиски ресурси; капацитети и знаење; пристап до повисоки институции; врски со локалните актери




  • Откако ќе се дефинираат надлежностите и потребите на Министерот и неговиот Кабинет, како и на Одделението, да им се пристапи на меѓународните и локалните институции и да се побара обука или друга помош за зајакнување на капацитетите




  • Да се разгледаат препораките дадени во професионални студии и од меѓународни организации во врска со вработување и / или обука на квалификувани лица во релевантните институции

Се препорачува меѓународните чинители да:




  • Ја поттикнат земјата домаќин дополнително да не го должи процесот на редефинирање на институционалната поставеност за спроведување на политиките за Ромите




  • Да и се помогне на земјата домаќин при дефинирање на надлежностите на секоја институција

    • ОБСЕ треба да обезбеди да се најде оддржливо решение во согласност со принципот „За Ромите, со Ромите, од Ромите“. Клучно за обезбедување на легитимност и оддржливост на новата институционална поставеност е Ромските лидери да го прифатат таквото решение

    • ОБСЕ и меѓународната заедница треба да се воздржат од предлагање решенија според желбите на Министерот без ресор или на Одделението во Министерството за труд и социјална политика

    • ОБСЕ треба да го поттикнува дијалогот меѓу институциите, да понуди техничка помош и да ги информира институциите за добрите практики




  • Во соработка со другите релевантни организации, да понуди помош и да го сподели своето знаење со цел зајакнување на капацитетот и ефективноста на институциите



Препораки за спроведување на Акциониот план на ОБСЕ
Борба против расизмот и дискриминацијата
Се препорачува земјата домаќин да:


  • Да се посвети на спроведување на законодавството против дискриминацијата, и да го искористи позитивниот момент создаден со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

    • Тој треба да се примени во сите димензии: во јавната администрација, образованието, здравството и медиумите

    • Со цел законодавството да го постигне посакуваниот резултат, потребно е тоа да се спроведе, исто како и предвидените постапки и санкции (Акционен план, препораки 8, 17; MC.DEC 8/09)

  • Да се овозможи ефективна работа на Комисијата за заштита од дискриминација и да и се обезбедат потребните ресурси

    • Комисијата треба да е проактивна и да започнува на истраги

    • Комисијата треба да работи на транспарентен, темелен и навремен начин, и редовно да известува до релевантните институции

    • Комисијата уште од почеток на своето функционирање треба да воспостави јасен и систематски начин за прибирање податоци, како и механизми за мониторинг и евалуација (Акционен план, препорака 11)

  • Да се обезбеди Законот за бесплатна правна помош да им биде од помош на сите ранливи лица кои имаат потреба од бесплатна правна помош, а критериумите за квалификување за истата треба да се лесно достапни и јасни (Акционен план, препорака 18)

  • Да се информира јавноста и ромската популација, за своите права и постапки во однос на борбата против дискриминацијата (Акционен план, препораки 8-10, 18-19)

  • Да се усвојат сеопфатни активности за борба против дискриминацијата и предрасудите кон Ромите, и вклучување на ваквите прашања во релевантните стратегии и проекти (пр. сиромаштија, образование) (Акционен план, препораки 8, 36, 58, 61, 67, 73, 76, 110; MC.DEC 6/08)

  • Да се унапреди соработката помеѓу полицијата, претставниците на Ромите и граѓанските организации со цел да се зближат полицијата и граѓаните. Целта е полицијата да функционира како служба за граѓаните (Акционен план, препораки 26, 28, 30, 31)

  • Да се охрабри образованието и вработувањето на новинари Роми со цел да се поттикне плурализмот и да се елиминираат стереотипите во медиумите (Акционен план, препорака 37)

  • Да се искористат медиумите на ромски јазик за пренесување на информациите и да се зголеми информираноста на ромското население за прашањата кои ги засегаат (пр. регистрација, законодавство против дискриминација, можности за стипендии, пристап до услуги) (Акционен план, препораки 36, 61, 92)

За меѓународните чинители се препорачува:




  • Јавно да ја поттикна земјата домаќин да го подобри спроведувањето на законодавството против дискриминацијата




  • Да ги следи, особено во првичната фаза, спроведувањето на законот против дискриминацијата и активноста на Комисијата, со цел да и помогне на земјата домаќин, на почетокот, да ги реши евентуалните слабости (Акционен план, препораки 21-22)

  • Да продолжи и да се зголеми нивната вклученост во успешни активности за градење доверба кои ќе ги вклучат полицијата, ромските заедници и претставниците на граѓанското општество. Одделот за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје треба да продолжи со учество во дискусиите на граѓанските советодавни групи и локалните совети за превенција (Акционен план, препорака 33)

  • Да се продолжи со обуката за човекови права и етика во полицијата, како и со интервенции при случаи на насилство против Ромите




  • Да придонесат да се зголеми професионализмот и капацитетот на медиумите на ромски јазик, особено редакцијата на ромски јазик во јавниот дифузер МРТВ, со цел подобрување на нејзината ефикасност за пренос на информации кои ги засегаат Ромите (Акционен план, препорака 42)


Социо-економски прашања
Се препорачува земјата домаќин да:


  • Усвои сеопфатни програми за решавање на проблемите со домување, вработување, здравство и образование кои се меѓусебно поврзани. Треба да се поттикне координација и синергијата помеѓу чинителите вклучени во решавањето на проблемите со сиромаштијата и социјалната инклузија. Земјата домаќин, особено треба да се фокусира на зајакнување на соработката помеѓу институциите во следните области

    • Имунизација и образование

    • Здравство (мајка и дете) и пријавување / обезбедување на лични документи за идентификација

    • Образование и вработување




  • Да се зајакне капацитетот на засолништата за бездомници во Љубанци и Чичино Село и да се развијат програми за адекватно решавање на проблемите кои ги засегаат нивните корисници (семејно насилство, трговија со луѓе, криминалитет, здравство, едукација итн.)




  • Бара трајни решенија за подобрување на условите за живеење на Ромите, како и да најде решение за семејствата без дом (Акционен план, препораки 43, 46)

  • Да се продолжи со принципот на правична застапеност во јавната администрација, и да се вработат Ромите кои ги исполнуваат критериумите за вработување (Акционен план, препораки 46, 95)

  • Да се најдат начини подобро да се вклучат Ромите кога се изготвуваат програми / проекти за вработување

    • Да не се инсистира на условите за учество (на пр. завршено основно училиште) доколку бројот на лица кои се пријавиле за слободните работни места е премал

    • Подготовка на кампањи за информирање на граѓаните Роми за програмите за вработување и за конкретните постапки за вработување

    • Изработка на проекти за вработување на жените Роми или пак нивно вклучување во редовните проекти за вработување на жените (Акционен план, препорака 51)

  • Проведување на квалитетни теренски активности за легализирање на бизнисите на Ромите во сивата економија (Акционен план, препорака 52)

  • Нацрт Законот за здравствено осигурување, предложен во ноември, 2010 година, да не влијае негативно врз најранливите групи, вклучително и врз Ромите (Акционен план, препорака 58)

  • Да се обезбеди адекватно финансирање за спроведувањето на приоритетните програми во делот на здравството, за 2011 година (здравствените медијатори за Ромите)

    • Навреме да се решат недостатоците во креирањето и спроведувањето на програмите поради кои средствата не се искористуваат и тие без доцнење треба да се пренасочат кон други активности за Ромите (Акционен план, препорака 61)

  • Со помош од меѓународните институции, да се креираат бази на податоци кои ќе овозможат следење и регистрација на имунизацијата на граѓаните

    • Медијаторите ќе му помогнат на Министерството за здравство да ги пронајде и вакцинира децата Роми. Особен акцент треба да се стави на децата на улиците, децата без документи и здравствено осигурување и децата кои не се вклучени во редовното образование

Се препорачува меѓународните чинители да:




  • Ја поттикнат земјата домаќин да усвои сеопфатно да ги реши социо-економските прашања кои се однесуваат на ромското население




  • Да се поттикне земјата домаќин да започне активности за подигање на свеста и теренски активности, со цел да ги обезбеди условите за успешно спроведување на програмите кои се фокусираат на социјална инклузија




  • Да се поддржи усвојувањето на Законот за легализација на дивоградбите, кој треба да содржи соодветни мерки за решавање на прашањето на Ромските населби




  • Зајакнување на капацитетот на општините да аплицираат за и да управуваат со инфраструктурни проекти за ромските заедници




  • И понатаму да и се помага на земјата домаќин да ги исполнува обврските од Охридскиот рамковен договор во однос на правичната застапеност во јавната администрација


Образование
Се препорачува земјата домаќин да:


  • Креира сеопфатни, но реалистични мерки за подобрување на пристапот на ромските деца до образованието, и да им обезбеди соодветното ниво на образование, внимавајќи на социо-економската димензија (Акционен план, препорака 77)

  • Да се оцени сегашната состојба со малиот број на деца Роми запишани во училиштата, како и проблемот со отпишувањето од училиштата и да се креираат сеопфатни програми за решавање на ова приоритетно прашање преку вклучување на релевантните национални и меѓународни чинители (Акционен план, препораки 69, 75, 77, 80)

  • Да се усвојат мерки за зголемување на бројот на деца Роми кои се запишуваат и да се намали бројот на тие кои се отпишуваат од училиштата и да не се занемарат последните години од основното образование (Акционен план, препорака 69, 75, 77, 80)

  • Да се усвои сеопфатна и итна стратегија за решавање на проблемот со децата на улица

    • Да се зајакнат капацитетите на дневните центри, кои треба: да вработуваат специјализиран социјален работник и медијатор Ром (со полно работно време); да спроведуваат програми за интегрирање на децата во формалното образование и да најдат начини да се обезбеди нивното присуство; и да ги третираат сите социјални, образовни, психолошки и здравствени проблеми со кои овие деца се соочуваат

    • Креирање на сеопфатни и оддржливи мерки за запирање на овој феномен, преку соодветни кампањи за едуцирање на родителите, децата и сите релевантни државни институции (Акционен план, препораки 75, 77, 78)

  • Да се ревидираат механизмите за работа на Комисијата која е одговорна за оценување на состојбата на децата и нивно преместување во училишта или одделенија за деца со посебни образовни потреби

    • Вклучување на наставници, педагози или социјални работници Роми во работата на Комисијата, со што ќе се гарантира посигурна оценка на вистинските образовни потреби на детето

    • Треба да се воведе механизам за повторно испитување на посебните образовни потреби на детето. Употребата на ваквите механизми треба да е редовна, со цел детето повторно да се интегрира во редовното образование доколку нема потреба од посета на посебни образовни установи (Акционен план, препораки 67, 73)

  • Да се обезбеди системски пристап при обезбедување на јазична помош за децата Роми во прво одделение од основните училишта (Акционен план, препораки 75-76)

  • Продолжување со активностите во предучилишното образование и зголемување на бројот на деца од целата држава кои учествуваат во таквите активности (Акционен план, препорака 75; MC.DEC 6/08 и 8/09)

  • Навремено спроведување на програмите, размислувајќи за начини со кои можат да се надминат редовните пречки во спроведувањето (недоволната координација и недоволни активности во некои од општините, административни доцнења итн.) (Акционен план, препораки 75, 84)

  • Координирање на активностите со граѓанските организации и донаторите со цел да се избегне удвојување на напорите, и да се обезбеди максимален број на учесници и размена на најдобрите практики и знаења

    • Создавање на механизам за систематско известување и информирање на останатите засегнати страни за нивните активности и резултати. Соодветно решение можат да бидат и периодичните координативни состаноци, со кои ќе претседава Дирекцијата




  • Зајакнување на капацитетот и авторитетот на Дирекцијата, која може да извршува координирачки, мониторинг и советодавни функции во однос на мултикултурното образование




  • Вработување на Роми во Јазичното одделение во Дирекцијата, во Бирото за развој на образованието и во Државниот образовен инспекторат (Акционен план, препорака 68)

  • Да се воведат одлучни акции за унапредување на мултикултурализмот во училиштата. Наставниците треба да имаат јасни обврски да ја промовираат взаемната почит и да ги решаваат епизодите на дискриминација, сегрегација и стереотипизирање во одделенијата (Акционен план, препораки 71, 75)

  • Воведување на интегрирано образование во образовниот систем

    • Вклучување на елементи од содржината на изборниот предмет, особено културата на заедниците и историски теми, во редовните и задолжителни наставни програми за сите ученици. Подеталните теми и јазичната компонента ќе останат дел од изборниот предмет (Акционен план, препораки 71)

  • Стимулирање на младите дипломирани Роми да работат како наставници, а наставниците кои веќе да се мотивираат да прифатат нови пристапи за предавање (Акционен план, препораки 75)

За меѓународните чинители се препорачува:




  • Јавно да ја поттикнат земјата домаќин, преку програмски активности, да развие навистина мултикултурно образование во кое ќе посветува поголемо внимание на взаемното разбирање, човековите права и позитивните аспекти на различниот етнички состав на земјата

  • Да се поттикне земјата домаќин да го подобри управувањето со програмите и да обезбеди нивно навремено спроведување




  • Своето знаење да го стават на располагање институциите вклучени во образовниот систем во земјата домаќин (Акционен план, препорака 86)

  • Да ја продолжат обуката на наставниците пред вработување




  • Да и пружат поддршка на земјата домаќин при собирање, обезбедување и следење на податоците од образованието разделени според етничката припадност на учениците



Учество во јавниот и политичкиот живот
Се препорачува земјата домаќин да:


  • Биде проактивна во евидентирање и обезбедување на лични документи за ромското население

    • Пописот во 2011 да се искористи за подигање на свеста на Ромите и при истиот процес да се идентификуваат лицата кои немаат лични документи

    • Без дополнително доцнење да се спроведат препораките дадени од страна на работната група за превенција и решавање на идните случаи на лица без лични документи (на пр. отстранување на административните такси и казните, улогата на институциите) (Акционен план, препорака 86)

  • Да се спроведат одредбите кои спречуваат незаконски практики на изборните места за време на изборите и при кампањите (Акционен план, препораки 92-94)

  • Ја поттикне соработката помеѓу претставниците на различни политички партии на сите нивоа на власт (Акционен план, препораки 88, 90-91)

  • Ја зголеми координацијата помеѓу централното и локалното ниво на власт, да развива интегрирани стратегии со јасно дефинирани краткорочни приоритети, да алоцира средства и одговорности на секој чинител за спроведување на социо-економските политики за ромското население (Акционен план, препораки 88, 91)

  • Да го поттикне дијалогот со Комисиите за односи меѓу заедниците, со цел согледување на приоритетите и грижите на заедниците кои немаат свои претставници во советите на општините (Акционен план, препорака 88)

  • Вклучување на граѓанските организации активни на локално ниво во редовните консултации, разменување на добри практики, а особено внимавајќи на претставувањето на различните ромски заедници низ земјата (Акционен план, препорака 88, 89, 91)

За меѓународните чинители се препорачува:




  • Да ја поттикна земјата домаќин да усвои проактивна стратегија за обезбедување на лични документи за Ромите (АП преп. 99)

  • Продолжување и засилување на нивните напори, во координација со другите релевантни чинители, за набљудување на изборите, со цел спроведување на фер и транспарентни кампањи (Акционен план, препорака 103)

  • Зајакнување на активностите за едуцирање на гласачите Роми со цел да станат свесни за долгорочните придобивки за ромската заедница од фер и слободни избори (Акционен план, препорака 101)

  • Засилување на активностите за градење на капацитетот на ромските политички партии, како и на останатите етнички партии кои имаат потреба од помош, за да им се овозможи ефективно учество во носењето на одлуките, почитување на демократските принципи и нивно пренесување до населението (Акционен план, препорака 105)

  • Поттикнување на дијалог меѓу претставниците на Ромите од различни партии, нагласувајќи го институционалниот карактер на нивната позиција

    • За поврзување и постигнување на мирна соработка помеѓу претставниците на Ромите, потребни се активности за градење на капацитетите, слични на обуките на ОБСЕ и Националниот институт за демократија за време на претходните избори


Ромите во кризни и пост-кризни ситуации – Бегалци
Се препорачува Земјата домаќин:


  • Да преземе уште поголема одговорност и грижа за бегалците и внатрешно раселените лица, учејќи од пристапот на UNHCR, со цел да обезбеди трајни решенија за ова прашање (Акционен план, препорака 109, 112)

  • Да се залага на Ромите од Косово, кои се лица од интерес за UNHCR, да им се обезбеди исто ниво на услуги кои UNHCR до сега им ги обезбедуваше




  • Соработка со UNHCR и другите релевантни чинители за обезбедување на соодветен статус и документи за раселените Роми (Акционен план, препорака 107)

  • Да ја зајакне соработката со останатите земји во регионот и, кога е потребно, да бара помош од ODIHR и другите чинители за поттикнување на соседните земји да овозможат безбедно враќање и трајно решение за Ромите бегалци од Косово (Акционен план, препорака 109)

За меѓународните чинители се препорачува:




  • Да ги поттикнуваат и координираат регионалните пристапи за обезбедување трајно и оддржливо решение, па и безбедно враќање на Ромите бегалци од Косово (Акционен план, препорака 114, 116)


КОРИСТЕНИ МАТЕРИЈАЛИ:
Устав на Република Македонија, Сл. Весник на РМ бр. 52/91.
Попис на РМ, година 2002. Може да се најде на: http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18
Податоци од Советот на Европа, може да се најдат на: http://www.coe.int/t/dg3/romatravellers/archive/documentation/strategies/statistiques_en.asp
OHCHR, Меѓународна конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација. Available at: http://www2.ohchr.org/english/law/cerd.htm
Закон за спречување и заштита од дискриминација, Сл. Весник на РМ бр. 50/2010.
Закон за измена и дополнување на Кривичниот закон на РМ Сл. Весник на РМ бр. 114/2009.
UN OHCHR (2007), Заклучни согледувања – Разгледување на извештаите поднесени од државните страни согласно член 9 од Конвенцијата: Поранешна Југословенска Република Македонија, CERD/C/MKD/CO/7.
Европски Суд за човекови права, СЛУЧАЈОТ НА ЈАШАР против ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Апликација бр. 69908/01); СЛУЧАЈОТ НА СУЛЕЈМАНОВ против ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Апликација бр. 69875/01); СЛУЛАЈОТ НА ЏЕЛАДИНОВ И ДРУГИ против ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Може да се најде на: http://www.coe.int/t/DGHL/Monitoring/Execution/Themes/Roms/Roma_en.asp
Форум за правата на Ромите Арка (2010), Ромски монитор – Состојбата на правата на Ромите во Македонија 2009-2010, Може да се најде на: http://www.arka.org.mk/Final%20Raport%20print%20form.pdf
OSCE, Истражување за полицијата во заедницата 2010.
Министерство за труд и социјална политика (2005), “Стратегија за Ромите во РМ”. Може да се најде на: http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/strategija_romi.pdf
Институт отворено општество (2010), “Нема податоци – нема напредок, Собирањето на податоци во земјите кои учествуваат во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015”. Може да се најде на: http://www.edumigrom.eu/sites/default/files/field_attachment/news/node-17841/OSI_No-data-no-progress-country-reports_2010.pdf
Комисија за европски заедници (2009), Поранешна Југословенска Република Македонија 2009 Извештај за напредокот. Може да се најде на: http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/2009/mk_rapport_2009_en.pdf
Стејт Департмент (2010), 2009 Извештај за човековите права: Македонија. Може да се најде на: http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2009/eur/136044.htm
Народен правобранител на РМ (2009), Годишен извештај 2009. Може да се најде на: http://www.ombudsman.mk/comp_includes/webdata/documents/Annual%20Report-2009.pdf
Европска Комисија (2010), Поранешна Југословенска Република Македонија 2010 Извештај за напредокот. Може да се најде на: http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/2010/package/mk_rapport_2010_en.pdf
Институт отворено општество Иницијативи за Ромите (2010), Пат до напредокот? ЕУ и инклузијата на Ромите во Западниот Балкан. Може да се најде на: http://pdc.ceu.hu/archive/00006297/01/pathways-progress-20100402.pdf
Институт Отворено општество (2007), Програма за мониторинг и застапништво на ЕУ.
Агенција за вработување на РМ, информациите може да се најдат на: www.avrm.gov.mk
Народен правобранител на РМ (2010), Студија за спроведувањето на препораките за соодветна и правична застапеност и дискриминација.
UNICEF и Државен завод за статистика (2007), Истражување со кластер од повеќекратни индикатори 2005-2006. Може да се најде на: http://www.childinfo.org/files/MICS3_Macedonia_FinalReport_2005_Eng.pdf
Министерство за образование, Дирекција за развој и промоција на образованието на јазиците на заедниците (2010), Моменталната состојба со основното образование на учениците од етничките заедници во РМ.
Министерство за образование и наука (2009), Чекори кон интегрирано образование во РМ.
OSCE, Возраст, контакт, перцепции: Како училиштата ги формираат односите помеѓу етничките заедници. Може да се најде на: http://www.osce.org/skopje/item_11_42650.html
Доналд Бисон (2010), Оценка на капацитетот на ромските информативни центри за обезбедување на бесплатна правна помош за ромската заедница.
UNICEF (2009), Мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието. Може да се најде на: http://www.unicef.org/tfyrmacedonia/Study_ENGsm.pdf
UNICEF, Децата Роми – испитување на пречките за задржување во образованието во Поранешна Југословенска Република Македонија. Може да се најде на: http://www.unicef.org/ceecis/Roma_Children.pdf
Фондација Институт отворено општество Македонија (2010), Анализа на спроведувањето на Ромски јазик и култура како изборен предмет. Може да се најде на: http://soros.org.mk/dokumenti/FIOOM-Jazik-i-kultura-na-Romite-ANG.pdf
Национален ромски центар (2010), Прирачник за спречување и заштита од дискриминација во образовниот систем во РМ.
Ромски образовен фонд (2007), Унапредување на образованието на Ромите во Македонија – Оценка на земјата и Стратешките насоки на Образовниот фонд на Ромите. Може да се најде на: http://www.romaeducationfund.hu/documents/Macedonia_report.pdf
Јоана Лаурсен Брукер, Децата Роми – Испитување на пречките за задржување во образованието во Поранешна Југословенска Република Македонија, (UNICEF , документи „Децата надвор од училиштата во Централна и Источна Европа и во Комонвелтот на независни држави”)
Совет на Европа, Роми и патувачи. Може да се најде на: http://www.coe.int/t/dg3/romatravellers/archive/documentation/strategies/statistiques_en.asp
Државна изборна комисија, информациите може да се најдат на www.sec.mk
UNDP (2006), Национален извештај за ранливоста за Македонија.
OSCE/ODIHR (2008), Меѓународна мисија за набљудување на изборите, Предвремени парламентарни избори – ПЈРМ, Изјава за прелиминарни наоди и заклучоци.
Институт за социјални промени (2010), Извештај за имплементација на Декадата за вклучување на Ромите во РМ 2010. Може да се најде на: http://www.insoc.org.mk/publications/DW_MK_2010_EN_1.pdf
Министерство за труд и социјална политика, Сектор за еднакви можности и UNIFEM (2009), Дури и ако се жалам ќе нема ефект
Хајдрун Ферари и Самиа Лиакват Али Кан (2010), Финансиска помош од ЕУ за Западниот Балкан: Преглед на CARDS и IPA фокусиран на малцинствата, Меѓународна група за права на малцинствата
Бугарија – ПЈРМ IPA Програма за прекугранична соработка 2007-2013. Може да се најде на: http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=MEMO/09/38&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en. (Accessed on 18 December 2010).

Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет