За дијагностичките постапки и оцена на привремената спреченост за работа поради болести и повреди или потребата за нега на болен член од потесното семејство


ГЛАВА XIX - ПОВРЕДА, ТРУЕЊЕ И ДРУГИ ОДРЕДЕНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НАДВОРЕШНИ ПРИЧИНИ (S00-Т98)



бет11/11
Дата10.06.2016
өлшемі0.5 Mb.
#126928
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11

ГЛАВА XIX - ПОВРЕДА, ТРУЕЊЕ И ДРУГИ ОДРЕДЕНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НАДВОРЕШНИ ПРИЧИНИ (S00-Т98)

Површински повреди (S00, S10, S20, S30, S40, S50, S60, S70, S80 и S90)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена : Преглед од хирург/ортопед/трауматолог. (СЗЗ, ТЗЗ)



Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето над 15 дена.

Потрес на мозокот (S06.0)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, РТГ на глава, преглед од хирург. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 недели од почетокот на боледувањето.

Нагмечување на мозокот (S06.2) и Интракранијални повреди (S06.9)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, РТГ на глава, преглед од хирург/неврохирург/ невролог/офталмолог. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со отпусно писмо до 6 месеци по хоспитализацијата.

Отворени рани (S01, S11, S21, S31, S41, S51, S61, S71, S81 и S91)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од хирург/трауматолог/ортопед. (СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај при амбулантско лекување до 1 месец од почетокот на боледувањето, а при болничко лекување до 2 месеци по хоспитализација. Во случај на отворени рани со компликации (фрактури, дислокации, инфекции и сл. ) до 6 месеци по хоспитализација или според критериумите за дијагнозата која ја комплицира отворената рана.

Фрактури (S02, S12, S22, S32, S42, S52, S62, S72, S82 и S92),

Фрактури на ребро(а) (S22)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: : РТГ на граден кош, преглед од хирург/трауматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец од почетокот на боледувањето, а во случаи на компликации (незараснување, бавно зараснување, fractura male sanata и посттрауматска остеопороза) до 2 месеци од почетокот на боледувањето.
Фрактура на вратот (S12), Фрактури на стернум и торакален 'рбет (S22), Фрактура на лумбалниот 'рбет и карлицата (S32)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/торакален хирург/трауматолог/ неврохирург. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување спреченоста за работа се продолжува во периодот на лекувањето (оперативно или конзервативно) и рехабилитацијата до 12 месеци за рбетен столб; до 6 месеци за карлица и стернум, од почетокот на боледувањето. Во случаи на компликации (незараснување, бавно зараснување, fractura male sanata и посттрауматска остеопороза) уште 1 месец.


Фрактура на рамото и надлактицата (S42)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/ортопед/трауматолог. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување. Спреченоста за работа се продолжува во периодот на лекувањето и рехабилитацијата до 4 месеци од почетокот на боледувањето, а во случаи на компликации (незараснување, бавно зараснување, fractura male sanata и посттрауматска остеопороза и др.) до 5 месеци од почетокот на боледувањето.

Дислокација, шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите на рамениот појас (S43)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/ортопед/трауматолог. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месец од почетокот на боледувањето.

Фрактура на лакотот, подлактицата, рачниот зглоб и шепата (S52, S62, S69)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ).

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување спреченоста за работа се продолжува во периодот на лекувањето и рехабилитацијата со траење до 3 месеци за лакт и подлактица; до 2 месеци за изолирана фрактура на радиус или улна; до 2 месеци за малите коски на шепата; до 5 месеци за коските на коренот на шакатa, од почетокот на боледувањето.

Фрактура на фемурот (S72)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 5 месеци од почетокот на боледувањето.

Дислокација, шинување и истегнување на зглобот и лигаментите на колкот (S73)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 2 месеца од почетокот на боледувањето.

Фрактура на потколеницата, вклучувајќи го и глуждот (S82), Фрактура на стапалото, освен глуждот (S92)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена : Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување спреченоста за работа се продолжува во периодот на лекувањето и рехабилитацијата до 4 месеци за подколеница; до 4 месеци за глужд; до 4 месеци за калканеус и до 2 месеци за останатите коски на стопалото, од почетокот на боледувањето.

Дислокација, шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите на коленото (S83)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 3 месеци од почетокот на боледувањето.

Дислокација, шинување и истегнување на зглобови и лигаменти на ниво на глуждот и стапалото (S93)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија во два правци, преглед од хирург/труматолог/ортопед. (ПЗЗ,СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до 1 месеци од почетокот на боледувањето .
Повреди што зафаќаат повеќе телесни регии (Т00-Т14)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: РТГ на повредената регија, преглед од хирург/трауматолог/ортопед/ неврохирург. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ)

Над 15 дена: Спреченоста за работа се продолжува до максималното времетраење за спреченост за работа од соодветната регија со шифра на дијагноза S.


Ефекти од туѓо тело што навлегло низ природен отвор (Т15-Т19)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Преглед од специјалист од соодветната дејност (интернист/хирург/уролог/

офталмолог/оториноларинголог/гинеколог/пулмолог/гастроентерохепатолог). (ПЗЗ,СЗЗ, ТЗЗ)

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледувањето.


Изгореници и корозии (Т20-Т32)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од хирург или содветен специјалист во зависност од зафатената регија. (офталмолог/оториноларинголог/интернист/пулмолог/ гастроентерохепатолог/уролог/гинеколог). (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ).

Над 15 дена: Со отпусно писмо и препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација.

Труење со лекови, медикаменти и биолошки супстанци (Т36-Т50)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од интернист/токсиколог. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ).

Над 15 дена: Со отпусно писмо и препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација.

Токсични ефекти од супстанци, главно немедицински, според изворот (Т51-Т65)

До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите , само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, преглед од интернист/токсиколог/специјалист по медицина на трудот/невролог/психијатар. (ПЗЗ, СЗЗ,ТЗЗ).

Над 15 дена: Со отпусно писмо и препорака за боледување до 1 месец по хоспитализација.

ГЛАВА XX - НАДВОРЕШНИ ПРИЧИНИ ЗА МОРБИДИТЕТОТ И МОРТАЛИТЕТОТ (V01-Y98)


Транспортни несреќи (V01-V99), Други надворешни причини за случајна повреда (W00-X59), Компликации од медицинска и хируршка нега (Y40-Y84)


Оваа група овозможува класификација на настаните и условите во надворешната средина кои предизвикуваат повреди, труења и други неповолни ефекти. Таму каде што е применливо, овие шифри се користат покрај основната шифра која укажува на основното заболување и оваа група, сама по себе, не може да биде причина за привремена спреченост за работа.


ГЛАВА XXI - ФАКТОРИ ШТО ВЛИЈААТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА И КОНТАКТ СО ЗДРАВСТВЕНИТЕ СЛУЖБИ (Z00-Z99)

Овие фактори може да бидат причина за привремена спреченост за работа кај лица кои може, но не мора да бидат болни, а ја користат здравствената служба од одредени специфични причини (пр. давање на органи или ткива, примање на профилактички вакцини или советување за проблем кој, сам по себе, не е болест, ниту повреда).


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Зависи од факторот кој се утврдува, а го одредува надлежниот специјалист. Спреченост за работа во времетраење од 7-15 дена.

Над 15 дена: Нема основ за продолжување на боледување, освен кај лица бацилоносители (Z22 – Носител на инфективна болест) кои на работното место се во контакт со деца и храна до добивање на негативен резултат.
За шифрата на дијагнозата Z35-Надзор на високоризична бременост, не следува спреченост за работа.

Во случај на патолошка состојба во текот на бременоста се користи шифрата на дијагнозата на основното заболување кое довело до патолошка состојба.

Спреченоста за работа трае согласно критериумите утврдени со шифра на дијагноза за основното заболување.

Оплодување In vitro (Z31.2)


До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ)

До 15 дена: Со лекарски извештај за извршено In vitro оплодување.

Над 15 дена: Со лекарски извештај за извршено In vitro оплодување и препорака за боледување до 3 месеци по успешно спроведена БПО постапка (биохемиска потврда за бременост - βHCG во крв/урина).

Проблеми поврзани со зависност од лице што пружа нега (Z74)

Доколку боледувањето се издава за негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, неговото траење е најмногу до 30 дена. Критериумите кои треба да се исполнат зависат од основното заболување на членот на семејството за кое се зема боледување по основ за нега на член.

ПОСТОПЕРАТИВНИ СОСТОЈБИ

Операции на ушна школка, надворешен ушен канал (отопластика, меатопластика и др.)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 недели по заврување на хоспитализација.

Операции на ушното тапанче (имплантација на вентилаторни цевчиња, репозиција на ушно тапанче, амбулантска ревизија и сл.)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 1 недела по заврување на хоспитализација.

Операции на средно уво и мастоид (мастоидектомија, разни видови тимпанопластики)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршување на хоспитализација, а во случаи на компликации според мислење на ОРЛ хирург до 6 недели по завршувањето на хоспитализацијата.

Операции на стапес, фацијалис и внатрешно уво (стапедопластика, лабиринтектомија, декомпресија на n.VII / неуросутура/ неуропластика)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршување на хоспитализација, а во случаи на компликации според мислење на ОРЛ хирург до 6 недели по завршувањето на хоспитализацијата.

Операции на нос (тампонада при епистакси, репозиција на фрактура и сл.)


Спреченоста за работа е оправдана со специјалистички извештај и/или отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 15 дена по интервенцијата/операцијата.

Операции на носната преграда и носни школки (септопластика, мукотомија и др.)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 3 недели по завршувањето на хоспитализацијата.

Операција на крајници – Tonsillectomia


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 недели по завршување на хоспитализацијата.

Операции на носни полипи и на етмоидни синуси (Polypectomia, ендоназална етмоидектомија)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 3 недели по завршување на хоспитализацијата.

Операции на максиларен синус (Caldwell- Luc, Denker)

Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршување на хоспитализацијата

Операции на фронталните синуси (остеопластични, радикални)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршување на хоспитализација, а во случаи на компликации според мислење на ОРЛ хирург до 6 недели по завршувањето на хоспитализацијата.

Ендоларингеални операции во микроларингоскопија (Отстранување на полипи, едем на гласилки и сл.)


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 недели по завршување на хоспитализацијата.

Инцизија и дренажа на флегмона на вратот


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 недели по завршување на хоспитализацијата.

Сложени реконструктивни операции на ларинксот


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 месеци по завршување на хоспитализацијата, во случаи на компликации со конзилијарно мислење од 3 специјалисти ОРЛ хирурзи од болничка здравствена установа.
Операција на штитна жлезда – Strumectomia

Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршената хоспитализација, во случаи на компликации според мислење на соодветен специјалист.


Операција на жолчно кесе – Cholecystectomia


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 6 недели по завршената хоспитализација во случаи на компликации според мислење на хирург.

Операција на желудник - Resectio ventriculi


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 месеци по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации, според мислење на хирург.

Операција на бубрег – Nephrectomia


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 месеци по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации според мислење на хирург.

Операција на слепо црево – Appendectomia


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршената хоспитализација во случаи на компликации според мислење на хирург.

Операција на препонска кила – Hernioplastica


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации, според мислење на хирург.

Операции на гениталните органи на жените: инцизија, биопсија, аблација на полип, продувување на јајникот со контрастно снимање, абразија, конизација на грлото на матката,


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 2 недели по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации според мислење на гинеколог.

Операции на матка и јајници - Hysterectomia totalis cum adnexectomia


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 6 недели по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации според мислење на гинеколог.

Хистероскопски интервенции


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации според мислење на гинеколог.

Лапароскопски интервенции


Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 4 недели по завршената хоспитализација. Во случаите каде се јавиле компликации според мислење на гинеколог/хирург.
Операции на срце - бај-пас, поправка и замена на срцеви валвули, хируршко затварање на септални дефекти (ASD, VSD) , затворање со „чадорче“и затворање на перзистентен дуктус (PDA)

Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 3 месеци по завршување на хоспитализација.


Операции на големи крвни садови – операција на абдоминална, торакална или абдоминално-торакална аорта

Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување 3 месеци за абдоминална или торалкална аорта, односно 4 месеци за абдоминално-торакална аорта по завршената хоспитализација.


Операции на периферни крвни садови (периферен бај-пас) – каротида и крвни садови на екстремитети

Спреченоста за работа е оправдана со отпусно писмо од болничка здравствена установа со препорака за боледување до 6 недели по завршената хоспитализација.






Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет