Стенографски белешки



бет8/10
Дата27.06.2016
өлшемі0.64 Mb.
#161403
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Светлана Јакимовска: Благодарам.

За реплика е пријавена госпоѓа Димевска Катерина, повелете.



Катерина Димеска: Благодарам.

Почитуван колега, не се согласувам со вас дека овој буџет е базиран врз база на нереални претпоставки, затоа што лично сметам дека овој буџет е проектиран врз база на очекување за забрзување на економскиот развој во Европската унија, како партнер на Република Македонија во трговската размена.Во таа насока и македонскиот раст на економијата ќе биде поддржан, исто така и од домашните политики на Владата на Република Македонија, пресликана токму во овој буџет со висок пораст на капиталните инветиции, ќе се дојде до поддршка на индустријата, градежништвото, услугите итн.

Би сакала да се осврнам и во делот каде што се обративте дека не се води рачун и не се прават заложби за инвстиции и во железничката инфраструткура. Почитуван колега, предвидени средства во буџетот на Република Македонија во висина од 122 милиони и 620 илјади денари, за ремонт на пругата во Република Македонија. Сега сакам уште еден сегмент да потенцирам од вашата дискусија каде што кажавте дека не се изградени ниту еден километар од патна инфраструтура. Исто така, вашиот колега Горан Сугаревски, не повика нас пратениците од Прилеп за патната делница Прилеп-Градско. Само да ве потсетам дека токму оваа Влада и токму овие пратеници максимално се заложија и направија максимално се заложија и направија значително подобрување баш на таа делница и тука се направи третата лента во добар дел што во значителна мера ја подобри патната инфраструктура и можноста на граѓаните побезбедно да патуваат точно на оваа патна делница. Не заборавајте во тој сегмент, и неблагодарно е пратениците од СДСМ, пратеникот од СДСМ од Прилеп, кој што не повика баш за оваа делница, на која што ние максимално се заложивме и напрвивме подобрување на можноста за патување баш на оваа патна делница. Во година на светска економска криза се прават максимални заложби за подобрување на патната инфраструктура, затоа што оваа Влада, е максимално посветена на подобрување на инфраструктурата во Република Македонија.

Светлана Јакимоска: Благодарам.

Контра реплика господинот Чинговски Томе, повелете.



Томе Чинвоски: Благодарам потпретседастелке.

Почитувана колешке, тоа и ве повикував и овој пат со поднесувањето на амандманите да ги поддржите оние предлози кои што ги даваме ние, наместо да одат средства за Скопје 2014, наместо да одат средствата за жичарата до Средно Водно, да одат средствата за тој пат за кој што колегата Сугаревски поднесе амандман. Истото важи и за другите пратеници од градот од каде што доаѓам јас. Имавме добри амандмани, издржани амандмани, кои што ако се реализираат ќе го направат токму тоа и вие што се фалите и јас го поддржувам тоа што сте презеле вие иницијатива и се изградила таа лента. Зошто да не поддржите и други иницијативи, да се изградат и други патишта.Јас ве сфаќам не може се, меѓутоа не може од 537 амандмани да не биде ниту еден прифатен од опозицијата и тоа не е добро. Значи ако заеднички вложиме напори, во тој случај ќе најдеме решени како да допринесеме што можеме повеќе. Благодарам.



Светлана Јакимоска: Благодарам.

За реплика е пријавена госпоѓа Ѓелова Стојанова Соња.



Соња Гелова Стојанова: Благодарам почитувана потпретседателке.

Почитуван колега дека оваа Влада се грижи за инфраструктурата во Македонија, треба да се потсетиме на неколку проекти кои течат се во континуитет, некои се завршени и затоа сметам дека треба да се потсетиме на водоснабдувањето на Прилеп проектот кој во целост е завршен, реализацијата на првата и втората фаза од проектот водоснабдување Свети Николе, во тек е реализацијата на водоснабдување на осум општини во Македонија, изградени се водоснабдиделските системи за населените места Центар, Жупа и Броштица. Имаме реализирани проекти за управување на отпадните води на градот Скопје, со основни цели, реализација и програма на социјалната инфраструктура. Во 2007 година донесена е одлука за распределба на 94 милиони денари за изградба на водоснабдителни канализациони системи во 45 општини. Во 2008 година е донсена исто таква одлука за 38 општини, во 2008 година исто така донесена одлука за префрлање на 70 милиона денари за изградба на водоснабдителни каналилзациони системи во 7 општини. Во 2009 година донесена е одлука за распределба на 90 милиона денари за изградба на водоснабдителни и канализациони системи во 36 општини и тн. итн. Сметам дека треба да го потсетиме почитуваниот колега дека и буџетскиот дефицит како процент од брутодомашниот производ во Македонија за 2009 година изнесува -2,6% за 2010 година изнесува -2,5%. Со тоа почитуван колега го побивам вашето излагање дека имаме висок буџетски дефицит. Благодарам.



Светлана Јакимоска: Благодарам.

Контра реплика господинот Чинговски Томе, повелете.



Томе Чинговски: Почитувана колешке, прво жалам што не се пријавивте за збор ,за сето тоа што се откажавте од збор, затоа што тоа што ви го имаа спремено ќе можевте да го прочитате и да постигнете подобар ефект. Вака нешто реплициравте недоволно на она што јас го кажав и мислам дека наредниот пат кога ќе реплицирате добро е да зборувате за она што глупаво , а не нешто што ви е спремено од центарот за комуникации. Благодарам.

Светлана Јакимоска: Благодарам.

Следен за збор е господинот Алити Рафис, не е тука, го губи правото на збор.

Следен за сбор е господинот Даневски Томе, не е тука, го губи правото на збор.

Има збор госпоѓа Станка Анастасова, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам потпретседателке, почитувани колеги пратеници, почитуван минситер за финансии.

И оваа година како и претходните четири години Владата на ВМРО ДПМНЕ ни предлага мега буџет, огромен буџет од кој никако не може да се откаже, а всушност нема да се смени ништо од досегашното во нашата држава.

Каде се фабриките што ги ветивте? Лага. Каде се амбулантите во руралните подрачја? Лага. Каде се автопатиштата? Лага. Затоа, овој народ излезе на улица, ги имаше и од македонска и од албанска и од труска и од сите националности во Република Македонија. Оваа Влада поради тоа го изгуби легитимитетот само останува легална но не е легитимна. Но ова нема да сопре овде, бидејќи ниту предложениот буџет за 2011 година не ни покажува дека ќе имаме некои драстични промени кон подобро во нашата држава.

Пвоеќе од очигледно е дека оваа Влада предводена од господинот Никола Греувски сака да троши многу, а тоа го покажуваат и предвидените расходи за 2011 година во висина од фантастички 2 милијарди и 722 милиона евра. Предложениот буџет воопшто не одговара на потребите на граѓаните. Секое трето семејство во Република Македонија е сиромашно. Секој трет работоспособен во оваа држава, нема работа, но ова не допира до актуелните креатори на овој буџет, воопшто не им е приоритетно ублажувањето на последиците од оваа сиромаштија, воопшто не им е приоритетно поттикнување на вработувањето со градење на фабрики, инвестиции нема. Понатаму, прогамите кои што ги предвиделе , средствата кои што се одвоени за овие програми, за вработување на млади лица изнесуваат само мизерни 8 милиона евра.Изгледа дека навистина оваа Влада не е загрижена од фактот што над 31, 32% во Република Македонија се сиромашни, а над 30% се на работ на сиромаштијата.

Дали овој буџет е развоен. Секако дека не е. Тоа најмногу зависи од износот но и од квалитетот на капиталните ивнестиции. Кога ќе го погледнеме износот ќе видиме дека за 2011 година, со овој Предлог на буџет се предвидени капитални расходи во износ од 370 милиони евра. Исто толку беа предвидени и за минатата година, за 2010 година, но ништо од тоа не беше реализирано. Ако го погледнеме квалитетот на капиталнтие инвестиции, ќе забележинме дека во ставката на расходите се опфаќа се и сешто. Споменици, жичари, триумфална капија, владини згради, тениски игралишта, список на желби на Владата кој што список ја први целата земја заложник на проектот Скопје 2014 и кој што очигледно ги јаде народните пари. За триумфална капија предвидени се 3,5 милиони евра. А кому му е потребна. Пет пари не дава власта за тоа што мислат сиромашните граѓани дакли го оправдуваат овој проект. Дали ја дале довербата на изборите на оваа Влада за да се спроведе оваа програма. Да ја дале довербата за спроведување на нивната програма но за жал во програмата проширена и надградена воопшто не беше предвиден проектот Скопје 2014.

И бидејќи, почитуван заменик министер, бидејќи замина министерот за финансии, очигледно не му е интересна расправата за буџетот. Зошто не распишете референдум дали со парите од буџетот граѓаните сакаат во 2011 година да продолжи реализацијата на проектот Скопје 2014 или се за изградба на патиштата на пример. Тоа нека го кажат граѓаните. А не вие сами да одлучувате. И во овој буџет нема да се решат проблемите на граѓаните, ниту пак на стопанството.

Повратен ефект од трошењето на буџетот врз домашната економија досега нема. Зошто Владата не ги покаже патриотските фискални сметки за да видиме дали на нив превладува македонското сонце. И колку пари од буџетот ќе завршат во домашните производствени фирми, или пак скапо платената реклама за купувајте македонски домашни производи, не важи за Владата. Време е македонската јавност, да дознае колку од парите вложени во проектот Скопје 2014 останале во државата а колку се прелеале во странство, во Италија, во Србија во Украина итн.

За 4 години во Министерството за култура потрошени се стотици милиони евра, па потоа се знае ќе им исчезнуваат документите. Предвидувате повторно големи суми за економска промоција и за технолошки индустриски зони. Скапо платената реклама „Македонија вечна“ се уште се врти на СИНН, но до сега не донесе ниедна инвестиција. Не изградивте ниту еден километар автопат, а ветивте. Ниту пак со овој буџет за 2011 година не планирате да изградите, СДСМ поднесе амандмани, но за жал, ништо од тоа не беше прифатено.

За 2011 година, значи не планирате да изградите ниту еден километар автопат, само некои регионални патчиња, безначајни, некаде со гребење како што вели министерот, некаде со крпење, дупки со лопата, итн. Се крпат со лопата, постојано, секојдневно и дупките на автопатот Велес-Скопје. Не знам дали вие патувате почитуван заменик министер или членовите на Владата по овој автопат, или само се возите со авиони. Доколку патувате навистина по оваа делница ќе видите зошто ни гинат луѓето на оваа делница и по сите други патишта на Република Македонија. Колку црни точки има во Република Македонија и тоа не ве засега, колку млади животи се загубија во последните три месеци. Нема предвидено пари ниту за железница, па затоа ќе останеме изолирани, бидејќи веќе се здружија Словенија, Хрватска и Србија и навистина ќе ја развијат својата мрежа, но ние ќе останеме само едно изолирано место или слепо црево наместо да бидеме крстосница за патниот и железничкиот сообраќај на Балканот, бидејќи Република Македонија има извонредна местоположба за тоа. Но, сега дури ќе се плашиме да поминеме едно обично регионално патче, да не не удри воз, бидејќи нема пари ниту за една обична рамка, камо ли за семафор. Само во Република Македонија може да се види кога се сече патот наместо да чекаат автомобилите пред уредно поставена рампа или сигнализација. ние сме сведоци секојдневно дека возовите застануваат за да можат патниците да поминат односно да поминат камионите, автомобилите, бидејќи возот тоа може да го направи, се движи со брзина од 20 км на час, среќа што имаме совесни машиновозачи, и навистина чекаат да поминат сите возила за да не се случи некоја тешка сообраќајна несреќа, за да не се загубат животи, бидејќи нема никаква сигнализација дека таму всушност патот е пресечен од железничка пруга.

Понатаму, сите кои што одат од Европа кон Азија, ќе не одминуваат бидејќи нашите соседи интензивно градат и железница и автопатишта, тоа се случува и во Србија и на Косово, во Албанија, во Бугарија, наместо проекти за развој во оваа наша држава и оплодување на парите, вие почитуван заменик министер градите објекти кои што дополнително ќе создаваат трошоци за нивно одржување. А тоа се на пример Музејот на ВМРО ДПМНЕ и други музеи, административни зград, згора на тоа 2010 година се задолживите кон фирмите некаде од 400 до 600 милиони евра. Овие обврски ги префрлате за наредната година и тоа значи дека веќе од буџетот за 2010 година, веќе се потрошени однапред 20%. Имате, дефицит или потрошени пари повеќе отколку што се планирале за 2010 година, а тоа е околу 375 милиони евра за напродуктивни трошоци.

Доколку овие пари,се вложат во инфраструктурани проекти, кои што долгорочно можат да носат профит, како што се автопатиштата, железница, хидроцентрали и тн., но никако за восочни фигури, за музеи, за мостови на уметноста, мост око, триумфална капија, жичара, тениски игралишта итн., ние тоа не можеме да го поддржиме. Проширената и надградена програма на ВМРО ДПМНЕ и донесе само прошпирена и надградена сиромаштија, проширени и надградени задолжувања.

Ја видовме морничавата слика во бараките Медицинар, каде што живеат идните лекари, кои што знаат што значи хигиена, но што да прават тие, бидејќи за нив кои што немаат партиска книшка, мора да седат во тие неподносливи, под достоинствени услови, бидејќи оние кои што имаат партиска книшка на ВМРО ДПМНЕ или ДУИ живеат во подобростоечките студенски домови, како што е Гоце Делчев, а го слушнавме и државниот инспектор за образование како кажа, господинот Ѓорѓе Арсов, дека можеби некои во моментот кога станале студенти, па можеби се вработиле. Па ние сега сме декември месец. Како може, само што почна студентската година, да добијат место како студенти, а веќе се вработени, и дури дека има и некои странски студенти. Значи, за нашите деца ќе нема место во студентските домови каде што има барем какви такви услови за живот, но тие ќе мора да одат по приватни станови, да плаќаат повисока цена, ако можат да издржат, или ќе седат во бараките како што е во Медицинар, во услови каде што не треба ни животни да се чуваат.

Понатаму во училиштата, зборувавме повеќепати како крововите покиснуваат, но сега веќе и ветер ги носи, не само да прокиснуваат. Во подовите имаат дупки, опасни се за дечињата, за учениците. Во здравството се изнаслушавме што се се планира да се направи. А во меѓувреме здравствениот систем тотално се распадна. Најпрвин го растуривте клиничкиот центар. За потоа да сфатите дека сте згрешиле. Најавивте подобри услуги за пациентите. Всушност во болнциите се владе хаос, недостасуваат медицински материјали, лекови, па затоа болните и сами си ги купуваат, но богами и се натпишуваат болнички денови за кои што, пациентите не престојуваат во болницата не се лечат, за да можат здравствените установи да извлечат повеќе пари од Фондот. Но тоа е пак на грбот на пациентите. Постојано се јавуваат како им се наплаќа денот, а тие седат во ходник на столче и чекаат да бидат испуштени, но всушност, тој ден им се води како болничко лекување.

Замислете, ако некој од Берово, или од Делчево, или од Охрид или Струмица, колку време тој ќе мора да престојува во ходникот додека да дојдат неговите домашни да го земат, бидејќи непланирано е испуштен од болница.

Понатаму, пред секоја, скоро пред секоја интервенција на пациентите им се нуди согласност да потпишат дека нема да бараат рефундација на средствата за оние материјали кои што ги купиле, односно доколку треба да им се вгради некоја протеза, сами си ја купуваат и мораат да потпишат согласност дека нема да бараат рефундирање на средствата од Фондот за здравство, па потоа подлегнуваат на оперативен зафат. Некои гладуваат, некои се смрзнуваат, чести дефекти во греењето, понатму, сите овие мизерни услови за пациентите можеби придонесува и преголемото вработување на технички лица. Во Штип на пример, може бербер да стане и болничар, но затоа веќе се крена гласот на медицинските лица, имавме веќе штрајк во болницата во Штип. Јас се надевам дека сите мои колеги, бидејќи сум лекар ќе се свестат дека понатаму ниту за медицинскиот персонал, ниту за пациентите ќе нема подобри денови. Треба на време да си го дигнат својот глас и да кажат доста е од вака неподносливите услови во здравството, бидејќи не води за добро, ниту за медицинскиот песонал, ниту за болните. Значи, незадоволството кај медицинскиот персонал постојано расте, но и кај пацинетите, а тие се најважниот дел овде бидејќи секоја Влада треба да се грижи за најдобри што може услови за лекување на своите граѓани, па пота сето друго е секундарно. Примарно е здравјето на граѓаните.

Понатаму се другите желби и можности. Владата со години зборува за нова медицинска опрема, на која што и беше зголемена уште во стартот набавната цена за 28 милиони евра, наместо 40 сега ќе се плати 68 милиони.

Понатаму, во овој Предлог на буџет е предвидена набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи во вредност од 900 милиони денари или само 14,6 милиони евра. Тоа значи дека само оклу една петина од вредноста на опремата што се најавуваше тоа е планирано за наредната година со овој Буџет.

Понатаму, агонијата во јавното здравство ќе продолжи и во 2011 година. Подобри денови ќе нема ниту за болните ниту за лекарите. Неопходни се неопходните вакцини кои што недостасуваат постојано, ги нема, но затоа пак ХПВ вакцината ја имаме во изобилство, полни се магацините, таа се воведе како задолжителна и се набави во огромни количини без консултации од стручната фела.

Во Фондот за здравство најавуват дека со документ кој што е откриен од Фокус се известува Министерството за здравство дека доколку во 2011 година не се обезбеди редовно позитивно салдо од тогаш секое потфрлување на придонесите целосно ќе се ефектуира врз сите плаќања на здравствените установи. Тоа значи креирање на несигурност кај најмалку 22 илјади здравствени работници односно околу 3500 јавни и приватни здравствени установи со кој Фондот има склучено договор. Тоа се вели во извештајот кој што е пратен до Министерството за здравство, а сега од Фодот за здравство демантираат дека воопшто постоел таков документ. Но, за жал, постои.

Министерот Бујар Османи најави дека во здравстената каса исто така ќе има дупка од 50 милиони евра, а дополнително во Фондот некаде околу 17 милиони евра изнесува недостатокот и тоа мора да се пополни со нешто, а кој друг ако не осигурениците. Затоа министерот Бујар Османи предлага покрај задолжителниот здравствен придонес да плаќаат осигурениците дополнително осигурување и повисоки партиципации за здравствени услуги.

Зошто министерот пред да бара повеќе пари од пациентите не провери дали фодот ги троши рационално народните пари. Како се трошеле до сега. Стручните лица за јавно здравство велат, дека на крај некој мора да ја плати сметката. Во овој случај тоа ќе бидат граѓаните кои и до сега ги плаќаат трошоците со тоа што сами си ги купуваа лековите, медицинските материјали бидејќи ги нема овие потребни материјали во болниците или пак со тоа што ќе се лекуваат во приватните болници, оние кои што можат. Оние што не можат не знам кој може да им помогне. Никој.

Значи токму граѓаните се тие што ќе ги трпат последиците од недомаќинското работење на оваа влада, а тоа го потврдува и конечниот извештајот на Државниот завод за ревизија за кој што се констатира дека Министерството за здравство на здравствените установи им плаќало поскапи услуги од цените утврдени со државните здравствени програми со што државниот буџет е оштетен за околу 2,3 милиони евра. Ова го констатирале државните ревизори и покрај другите непавилности кои се утврдени при реализирање на програмите и на севкупното работење во Министерството за здравство. Од несодветна евиденција и контрола до премногу набавени вакцини, поради што некои пратки веќе им поминал рокот на употреба.

Државните ревизори, исто така, откриле и бројни пропусти и недоследности во постапката за изградба на дијагностичкиот центар во Тетово односно клиничката болница во Тетово при што утврдиле дека првичната вредност на договорот била надмината за 30% поради дополнително утврдени трошоци. Но ревизорот не се уверил во причините за поскапување на таа изградба. Недоследности се утврдени во проектот за амбулантите во руралните подрачја. Од предвидените во предвидениот рок не е изграден ниту еден објект. Ова исто така го констатира Државниот ревизор.

Пратеничката група на СДСМ поднесе над 100 амандмани како за да покаже како конкретно, транспарентно, разумно треба да се трошат парите од државниот буџет за изградба на нов клиничкиот центар, за изградба на конкретни патни правци, автоправци, автопатишта, енергетски објекти, кои ќе придонесат за економски развој и повисок стандад на граѓаните, но за жал ниту еден амандман не беше прифатен. Благодарам.



Светлана Јакимовска: За реплика е пријавен господинот Пачемски Миле повелете.

Миле Пачемски: Благодарам потпретседателке.

Почитувана колешке Анастасова, тоа што што не го подржувате Буџетот за 2011 година тоа е сосема нормално, тоа е очекувано и тука не спорам ништо. Меѓутоа, станав да реплицирам затоа што искажавте еден куп невистини во однос на овој Буџет.

Како прво рековте дека тој буџет е неразвоен. Јас тврдам дека овој буџет е развоен.

Рековте дека капиталните инвестиции се исто како лани. И тоа не е точно и тоа не е вистина. Во тој поглед да ви кажам дека во овој буџет имаме убедливо најголеми капитални инвестиции. Тие изнесуваат точно 380 милиони евра или 13% од целокупниот буџет. До сега убедливо најголема бројка. Оваа 2010 година овие капитални инвестиции беа 300 милиони евра. Значи 80 милиони евра имаме во 2011 повеќе инвестиции отколку од 2010 година.

Рековте дека со Буџетот не се предвидени пари за железница и тоа не е точно. Погледнете добро дека во Буџетот има обнова на инфраструктурата за железница во висина од 436 милиони денари на Коридер 10. Исто така има предвидено средства за доградба на Коридорот 10, односно за автопатот на Коридорот 10, еден куп регионални и локални патишта низ цела Македонија.

Ќе зборувам малку за здравството. Рековте дека здравствениот систем се распраѓа, тоа апсолутно не е точно, факт е дека има проблеми во здравствениот систем, такви проблеми имало во минатото кога вие сте биле на власт, такви проблеми ќе има и во иднина. Примерите што ги кажувате како поединечни примери ги имало и ќе ги има за жал, но секој од вас тежнее овие примери да ги намали и да ги сведе на минимум.

Рековте дек ќе се направи огромна дупка во фондот за здравство и во Министерството за здравство притоа не кажавте дека со овој буџет навистина имаме големи дотации и во Фондот и во Министерството за здравство, вкупно 43 милиони евра. Тоа е огромна пара, тоа е таа пара што ја бараше Фондот за здравство преку тој документ што вие рековте, тоа е таа пара што ја бараше министерот за здравство. Значи, за здравството во 2011 година идат многу подобри денови. И во поглед на лекови и во поглед на плаќање на здравствените услуги итн.

Јас очекував вие како лекарка да искажете задоволство дека навистина парите во здравството ќе бидат поголеми него во 2011 година, но вие го премолчавте на некој начин, тоа е ваше право. Благодарам.



Светлана Јакимовска: Благодарам.

Контра реплика госпоѓа Анастасова Станка, повелете.



Станка Анастасова: Благодарам потпретседателке.

Почитуван колега Пачемски,

За буџетот реков дека е неразвоен и не се тоа само мои зборови тоа го вели и стручната јавност. Не може да гледате само колкава е сумата 380 милиони евра одвоена за капитални инвестиции. Другата страна што е уште поважна е квалитетот односно структурата на капиталните инвестиции. Како планирате да ги трошите овие народни пари. Воопшто не се работи за капитални инвестиции бидејќи планирате да ги трошите за жичара, за споменици, за тениски игралишта, планирате да ги трошите за некои непродуктивни цели кои што нема да ја развијат Република Македонија. Наместо за автопатишта, железници итн. Здравствениот систем, жалам што навистина пропаѓа. Тоа го велат граѓаните, нема потреба јас или вие да им кажувате. Тие веќе сами го чувствуваат. Тоа е жалосно, сами почуствуваа на свој грб. Но, некој треба да им помогне, тешко дека оваа Влада ќе им помогне.



Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5   6   7   8   9   10




©dereksiz.org 2024
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет