Извештај за состојбата
(во врска со)
Спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ
Џорџа Демарчи
Скопје, декември 2010
Овој Извештај е изготвен од меѓународниот експерт Џорџа Демарчи во тесна соработка со Рамадан Берат / Виш асистент за ромски прашања во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и со помош на г-ѓа Мабера Камбери/ Министерство за труд и социјална политика.
Експертот ја изразува својата благодарност на двете институции за нивната значајна помош, особено на Министерот Неждет Мустафа / Национален координатор на Декадата и на Стратегијата за Ромите.
Извештајот за состојбата е поддржан од Министерството за труд и социјална политика и финансиран од Набљудувачката мисијата на ОБСЕ во Скопје.
СОДРЖИНА
Признанија......................................................................................... 1
Кратенки……………………………………………………………. 7
Извршно резиме…………………………………………………….. 9
I. Вовед……………………………………………..………………. 11
Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите
и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ (2003) ………. 11
Извештај за статусот на спроведувањето на „Акциониот план
за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа
на дејствување на ОБСЕ“ во земјата домаќин на
Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје …………………… 12
Методологија …………………………………………………….. 13
II. Каде е земјата сега?.................................................................... 15
Напредок по усвојувањето на Акциониот план на ОБСЕ …… 15
Сегашна состојба во однос на спроведувањето ……………… 18
Борба против расизмот и дискриминацијата …………… 18
Законодавство и спроведување на законот ……. 18
Полиција ………………………………………….. 26
Масовните медиуми .....………………………….. 29
Социо-економски прашања ...……………………… 32
Домување и животни услови ……………………. 32
Невработеност и економски проблеми ………… 33
Здравствена заштита ……………………………. 37
Подобрување на пристапот до образование …………......41
Зголемување на учеството во јавниот и политичкиот
живот .....................................................................................55
Ромите во кризни и посткризни ситуации …………… 61
III. Научени лекции и идни приоритети …………………………….. 65
Што помогна, а што го попречи спроведувањето на АП……… 65
Како да се продолжи понатаму ………………………………… 69
IV. Заклучоци и препораки ......………………………………… 70
Заклучоци ………………………………………………………… 70
Препораки..………………………………………………… 71
Користени материјали …………………………………………………. 82
ПРИЗНАНИЈА
Во име на меѓународниот експерт, г-ѓицата Џорџа Демарчи, Набљудувачка мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за труд и социјална работа би сакале да ја изразат својата благодарност на следните лица за нивната поддршка, совети и коментари дадени за време на изработката на овој Извештај за состојбата во земјата домаќин во врска со спроведувањето на Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ:
МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР: Министер Неждет Мустафа
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА: Министер Џелал Бајрами
Мирјанка Алексовски
Младен Фрчовски
Елена Грозданова
Мабера Камбери
Ирена Казаковска
Душко Миновски
Мирдита Салиу
Стојан Трајанов
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА: Реџеп Али Чупи
Љупчо Спасовски
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Ленче Бајакова
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Ибрахим Ибрахими
Љубица Караманди
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: Тони Станковски
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Сенад Мемеди
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Васка Мустафа Бајрамовска
Уранија Пировска
ДРЖАВНА АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Виолета Димитриева
Јуран Велјка
СОВЕТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО: Зекрет Казимовски
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО: Џулиета Мемедова
МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА: Атиџе Селман
Даниел Петровски
АКАДЕМИЈА ЗА ОБУКА НА СУДИИ
И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Анета Арнаудова
НАБЉУДУВАЧКА МИСИЈА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ: Амбасадор Наталија Дрозд
Доменико Албонети
Лола Анседе Луна
Рамадан Берат
Аким Емурли
Исмаил Ферт
Тицијана Гарсија Тапија
Кристоф Хербст
Жанета Поповска
Јохан Шустередер
Натали Тран
Хаиме Ваљес
ОБСЕ / КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ Анджеј Мирга
ИНСТИТУЦИИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА: Дан Доги
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Елвис Али
ФОНД ЗА ДЕЦАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: Фору Фојузат
Александар Лазовски
Зоран Стојанов
ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: Михаела Стојковска
Афердита Имери
ВИСОК КОМЕСАРИЈАТ НА ОН ЗА БЕГАЛЦИ: Владимир Василевски
Тихомир Николовски
Маја Каланоска
Весна Лујиќ
НАЦИОНАЛЕН ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА: Крис Хеншо
Филип Чапароски
Слаѓана Марјановиќ-Пановска
ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО МАКЕДОНИЈА: Споменка Лазаревска
Ајсел Мемет
УСАИД: Лела Јаковлевска
АЛИЈАНСА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА: Наташа Постоловска
АМБРЕЛА: Љатифе Сиковска
Аида Мустафовска
ЦЕНТАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РАЗРЕШУВАЊЕ НА
КОНФЛИКТИ: Мирјана Најчевска
ДРОМ НВО / РОМСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
КУМАНОВО: Ахмет Јашаревски
АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕДУКАЦИЈА И ИСТРАЖУВАЊЕ
(ХЕРА): Мила Царовска
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ (InSoC): Александра Бојаџиева
МАКЕДОНСКИ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ: Гордана Несторовска
МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ (МИМ): Петрит Сарачини
МАКЕДОНСКИ ЦРВЕН КРСТ: вработените во општинскиот едукативен центар во Шуто Оризари
МЕСЕЧИНА : Мухамед Точи
НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР: Ашмет Елезовски
ОТВОРЕНА ПОРТА / LA STRADA: Јасмина Рајковска
Марија Тодоровска
РОМСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ШУТО ОРИЗАРИ: Рамадан Скендер
Серхан Ахмед
РОМАВЕРСИТАС: Ајет Османовски
СУМНАЛ: Фатма Бајрам
Станче Димковска
Билјана Анчевска– Институт за здравје на мајки и деца, Скопје
Доналд Бисон – Правен експерт, Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје, Проценка на капацитетот на Ромските информативни центри да пружат правна помош на Ромската заедница
Ебен Фридман – Поранешен Директор на Европскиот центар за малцински прашања, Скопје
КРАТЕНКИ
AHRPR / АХРПР
|
Здружение за правата на Ромите
|
AP
|
Акционен план на ОБСЕ за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ
|
BDE / БРО
|
Биро за развој на образованието
|
CAG / ГСГ
|
Граѓански советодавни групи
|
CPRSI
|
Референтна канцеларија за ромски и Синти прашања
|
CSO / ГО
|
Граѓанска организација
|
EU / ЕУ
|
Европска Унија
|
FOSIM / ФИООМ
|
Фондација Институт отворено општество Македонија
|
ID / ДИ
|
Документи за идентификација
|
IDP / ВРЛ
|
Внатрешно раселено лице
|
InSoC / ИОП
|
Инцијатива за општествени промени
|
LGI / ИРЛВЈС
|
Иницијатива за реформа на локалната власт и јавната служба
|
LPC / ЛСП
|
Локален совет за превенција
|
MC.DEC / ОМС
|
Одлука на Советот на Министри
|
MES / МОН
|
Министерство за образование и наука
|
MIM / МИМ
|
Македонски институт за медиуми
|
MKD / МКД
|
Македонски денари
|
MLSP / МТСП
|
Министерство за труд и социјална политика
|
MoH / МЗ
|
Министерство за здравство
|
MoI / МВР
|
Министерство за внатрешни работи
|
MoTC / МТВ
|
Министерство за транспорт и врски
|
MTV / МРТВ
|
Македонска радио телевизија
|
NDI / НИД
|
Национален институт за демократија
|
NRC / НРЦ
|
Национален ромски центар
|
ODIHR / ОДИХР
|
Канцеларија за демократски институции и човекови права
|
OFA / ОРД
|
Охридски рамковен договор
|
OSCE / ОБСЕ
|
Организација за безбедност и соработка во Европа
|
OSI / ИОО
|
Институт отворено општество
|
PDD / ОРП
|
Оддел за развој на полицијата
|
REC / ПРЕП
|
Препорака
|
REF / РОФ
|
Ромски образовен фонд
|
RIC / РИЦ
|
Ромски информативен центар
|
RMUSP
|
Програма за стипендирање на студенти Роми [Roma Memorial University Scholarship Program]
|
SIOFA / ССРД
|
Секретаријат за спроведување на рамковниот договор
|
SMMS / НМС
|
Набљудувачка мисија во Скопје
|
UN / ОН
|
Обединети нации
|
UNDP / УНДП
|
Програма за развој на обединети нации
|
UNHCR / УНХЦР
|
Канцеларија на Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации
|
UNICEF / УНИЦЕФ
|
Фонд за децата на Обединетите Нации
|
UNIFEM / УНИФЕМ
|
Развоен фонд за жените на Обединетите Нации
|
USAID / УСАИД
|
Агенција за меѓународен развој на САД
|
ИЗВРШНО РЕЗИМЕ
Овој Извештај за состојбата изготвен за земјата домаќин содржи сеопфатен преглед на сегашната состојба во однос на спроведувањето на заложбите на ОБСЕ во земјата домаќин за подобрување на состојбата на ромската заедница. Тој го истакнува напредокот, како и недостатоците во исполнувањето на конкретните препораки, покривајќи ги прашањата од социјална инклузија па се до политичко учество и дискриминација. При оценувањето овие области, Извештајот ги истакнува напорите на државните институции, меѓународните учесници и граѓанските организации да создадат позитивни промени во состојбата на една од најранливите групи во земјата домаќин.
Оценувањето на спроведувањето на Акциониот план на ОБСЕ почнува со анализа на сегашната состојба во полето на дискриминацијата, законодавството и спроведувањето на законите. Потоа продолжува со оценка на социо-економската состојба во ромската заедница, опфаќајќи ги областите на домувањето, вработувањето и здравството, и прашањата поврзани со образованието. Анализата потоа ги опфаќа и прашањата поврзани со учеството на Ромите во јавниот и политичкиот живот во земјата. На крајот, ја разгледува состојбата со раселените Роми, од кои повеќето се бегалци од кризата во Косово од пред една деценија.
Секоја препорака од Акциониот план на ОБСЕ во моментов е во различна фаза од спроведувањето и одразува специфичен напредок и пречки. Најзначајниот напредок е забележан во полето на законодавството и во некои аспекти, во образованието, додека најголемите пречки се забележуваат во однос на социо-економските прашања.
Сепак, неколку општи заклучоци може да се извлечат во врска со генералната состојба на политиките кои се однесуваат на Ромите.
Прво, земјата домаќин презела значителни чекори за создавање на институции, стратегии и законодавство за исполнување на меѓународните обврски и за решавање на проблемите на ромската заедница. Сепак, поради слабата координација, ограничениот капацитет на институциите и чинителите, и неадекватното финансирање, постои неусогласеност помеѓу посветеноста и праксата.
Второ, подобрувањето во социо-економските димензии по усвојувањето на Акциониот план на ОБСЕ е незначително: циклусот на сиромаштија не е прекинат. Потребно е да се вложат поголеми напори и да се креираат сеопфатни политики за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата. Поради ова, поголемо внимание треба да се посвети на теренските активности и да се примени пристапот од дното нагоре, кои досега во голема мера беа запоставени од страна на институциите. Нагласокот треба да е на активностите за зголемување на свесноста кај ромската заедница со цел таа да се оспособи да земе учество во општествениот и економскиот живот, и да придонесе за позитивни и оддржливи промени.
Трето, механизмите за мониторинг и евалуација се недоволни, најмногу поради немање на службени податоци, систематско мапирање и оценка на потребите на локално ниво, како и поради немање институционализирана комуникација помеѓу засегнатите страни. Овие механизми треба да се зајакнат, и да се изработат политики кои ќе ги одразуваат потребите на ромските заедници низ земјата.
Анализата на спроведувањето на Акциониот план на ОБСЕ ги истакнува факторите кои го потпомагаат или го попречуваат напредокот во состојбата на ромското население во земјата домаќин. Земајќи го ова предвид, како и недостатоците идентификувани во исполнувањето на Акциониот план, дадени се препораки за идни активности. Тие може да се од корист на државните институции и на сите други засегнати страни при креирањето политики и пристапи кои се специфични за земјата, кои видливо може да ја подобрат состојбата на ромската заедница во земјата и ќе придонесат за нејзино ефективно вклучување во општеството.
I. ВОВЕД
Акционен план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ (2003)
Уште од своите почетоци, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја согледа важноста на инклузивните општества за одржување на мирот и безбедноста во областа на дејствување. Човечките димензии на безбедноста, прифатени од ОБСЕ, се развиваат при обидите на земјите учеснички да ги промовираат еднаквите можности и зајакнувањето на маргинализираните групи, а во исто време да се борат против социјалната ексклузија (општествената исклученост) и сиромаштијата. При појавата на овие размислувања, Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ODIHR), институцијата на ОБСЕ за човекови димензии, го прифати предизвикот и презеде одговорност да посвети посебно внимание на прашањето на Ромите и Синтите.
За значително вклучување на состојбата на Ромите и Синтите во агендата на организацијата придонесе формирањето на Референтна канцеларија за прашања за Ромите и Синтите (CPRSI) во 1994 и усвојувањето на Акциониот план од Советот на министри во Мастрихт (2003). Одлуката на Советот на министри од Хелсинки (MC.DEC6/08) и таа од Атина (MC.DEC8/09) покажуваат постојан ангажман за ова прашање во текот на 2008 и 2009. Целта на овие одлуки е зголемување на напорите на ОБСЕ за спроведување на Акциониот план и постигнување на трајна интеграција на Ромите и Синтите. Овие документи покажуваат дека земјите учеснички се свесни за потребата од сеопфатни, координирани и итни акции за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во Европа.
Со цел „ Ромите и Синтите да имаат целосно и еднакво учество во нашите општества, и да се искорени дискриминацијата против нив“, Акциониот план на ОБСЕ им нуди на земјите учеснички јасен приказ на активностите кои се препорачуваат за подобрување на состојбата на заедниците на Ромите и Синтите во рамките на нивните граници.
Содржината на Акциониот план произлегува од свесноста дека Ромите и Синтите се меѓу најсиромашните и најмаргилизираните групи во областа на дејствување на ОБСЕ. Тие често се жртви на дискриминација и злоупотреба на нивните човечки права, немаат пристап до услуги и можности, често се под влијание на ограниченото познавање на сопствените права и ретко се вклучуваат во политичкиот живот и во креирањето на политиките.
ОБСЕ препознава дека меѓусебната поврзаност на таквите состојби бара сеопфатни и координирани активности низ широк спектар на димензии. Признавајќи дека Ромите треба активно да се вклучени во креирањето и спроведувањето на политиките кои ги засегаат, Акциониот план започнува со препораката националните политики и соодветните стратегиите да бидат „за Ромите, со Ромите“ (Поглавје II). Потоа предлага активности за „борба против расизмот и дискриминацијата“ (Поглавје III), покривајќи прашања од законодавството и спроведувањето на законите, па се до полицијата и медиумите. Искоренувањето на дискриминацијата и обезбедување почитување на човековите права на Ромите и Синтите се важни предуслови за подобрување на нивото на инклузија и зголемување на моќта на овие народи во општеството. Само на тој начин мерките чија цел е борба против социјалната ексклузија и прекинување на циклусот на сиромаштија можат да го постигнат својот целосен потенцијал. „Решавањето на социо-економските прашања“ (Поглавје IV) е важен чекор за интеграција на Ромите во општествата на земјите учеснички. Според препораките на Акциониот план, за да се постигне ова, потребни се активности во подрачјето на домувањето, вработувањето и здравствената заштита. Акциониот план во однос на пристапот до услугите и можностите за Ромите ги содржи препораките за „подобрување на пристапот до образование“ (Поглавје V). Квалитетното образование во главните образовни текови би им овозможило на ранливите групи, како Ромите, да ги надминат пречките за нивното „учество во јавниот и политичкиот живот“ (Поглавје VI). Поради регионалните хуманитарни кризи, како онаа која се случи во Западниот Балкан во 1990-те и грижата за внатрешно раселените лица дадени се препораки за „Ромите и Синтите во време на кризни и пост-кризни ситуации“ (Поглавје VII).
Институциите на ОБСЕ и теренските мисии може да понудат значителна помош за исполнување на целите на Акциониот план што се гледа и во конкретните препораки насочени кон нив. Како што е предвидено и во Акциониот план, клучни области во кои треба да учествуваат и институциите на ОБСЕ се обезбедување помош за земјите учеснички, олеснување на соработката и размената на добрите практики, координирање на напорите со другите меѓународни чинители и оценување на спроведувањето.
Извештај за состојбата во однос на спроведувањето на „Акциониот план за подобрување на состојбата на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ“ во земјата домаќин на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје
Во согласност со Поглавјето X од Акциониот план „Спроведување: преглед и оценка“ (препорака 137), и MC.DEC8/09 (точка 6), Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје (СММС) го иницираше изготвувањето на Извештајот за состојбата во однос на спроведувањето на Акциониот план во земјата домаќин. При ова, со цел поефективен пристап кон клучните прашања, потребно е приспособување на спроведувањето на Акциониот план кон единствената ситуација во една земја учесничка како и кон специфичните потреби на ромските заедници. Мисијата на ОБСЕ, во тесна соработка со државните институции, реагираше во согласност со својот мандат и го поддржа спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, кој се однесува на немнозинските заедници во земјата, вклучително и Ромите.
Оваа инцијатива добива уште поголемо значење поради се поголема загриженост во ЕУ во врска со миграцијата и интеграцијата на Ромите и Синтите. Политиките за подобрување на состојбата на Ромите во нивните матични земји се уште позначајни поради неодамнешните настани во ЕУ, честите манифестации на расизам и ксенофобија и ефектите врз миграцијата кои ги предизвикаа минатите рунди на проширување на ЕУ.
Посебно внимание заслужува земјата домаќин, како земја од која потекнуваат голем број Роми емигранти. Таа е дом на 53,879 Роми,1 и на Ромите им додели статус на уставотворен народ во сопствениот Устав. Треба да се има предвид дека поради конкретната ситуација на земјата домаќин на Набљудувачката мисија на ОБСЕ, извештајот се фокусира исклучиво на ромската заедница и покрај тоа што во Акциониот план се споменуваат „Ромите и Синтите“. Во земјата домаќин нема присутни Синти.
Земјата домаќин често е добар пример за интеграција на Ромите во општеството, и покрај неколку слабости во спроведувањето на политиките насочени кон Ромите и се уште тешката состојба на Ромите. Земјата има поднесено барање за членство во ЕУ, кое ќе следи по сегашниот статус на земја кандидат, и соодветно на ова прашањето на вклучувањето на Ромите треба да се стави на врвот на политичката агенда кај домашните и кај меѓународните чинители.
При оценување на сегашната состојба и утврдување на проблемите кои се надминати, овој извештај има три цели. Прво, да ја поддржи земјата домаќин за подобро креирање и спроведувањето на националните политики. Со оглед на слабите механизми за мониторинг и евалуација во земјата, ова е од особена важност. Второ, Извештајот за состојбата ќе биде корисен и за Набљудувачката мисија на ОБСЕ и другите меѓународни институции. Ќе им помогне во идентификација на недостатоците и приоритетите во спроведувањето на политиките за Ромите, и ќе помогне во планирањето на идните активности. И на крај, овој извештај за состојбата изготвен конкретно за земјата домаќин, првиот од ваков вид, може да стимулира размена на добри практики во регионот на Југоисточна Европа.
Достарыңызбен бөлісу: |